Знам деκа нема збоρови што ќе те утешат! Нема што да сенапρави да ти олесни на душата! Ама веρувај во Господ и ρечи си: Таκа тρебало да биде! Да ти даде господ тρпение мила! Да ти подаρи и бебенце што побρзо! Испρави ја главата и одново почни! Саκам да пρочитам пρеубава поρодилна пρиκазна туκа напишана со ρадост и насмевκа! Ти посаκувам да станеш мајκа од се сρце!
Lele mnogu mi e zal Prokleti da se tie na Gak, zatoa i sigirna bev deka ne sakam NIKAKO tamu da ragjam bez vrski... Cair si e Cair samo pofalni zborovi imam za tamu... Vo soba imase majka koja se imase porodeno porano so bebe vo inkubator ama pa davase nejzino mlekce, doagjaa sestri, doktori i kazuvaa kako e bebeto kako napreduva i nosea maska na majkata i ja zimaa sekoj den da si go vidi... A za sestrive na gak samo loso slusam, zar tolku se losi be c c c imaat li srce... ili bas im e gajle utre oni so vrski kje ragjaat -.- Mnogu zalna prikazna vo sekoj slucaj i sekoj koj ti napravil loso so loso da mu se vrati! Da ti dade gospod sto poskoro bebufce ❤
Леле душо низ пекол си поминала. Се расплакав кога те прочитав. Не можам да разберам како не остана човечност во некои луѓе, ни еден грам. За да се бавиш со медицина, треба да си голем филантроп, па нели е тоа поентата - да помагаш на луѓето?? Нема утеха. Знам. Толкав револт ми се наполни душата што не ти дале ни твое млекце да и дадеш, уште па и те обвинувале дека си ти крива за се! Јас не знам како си издржала во тие болки кога ти рекле 8 прсти да не го земеш тоа металното од инфузијата и главата да им ја скршиш! Клетници. Едно е да навредат некој и да немаат осет, ама таа индиферентност се покажала погубна!!! Е од вакви приказни не ми се стапнува на државно!! Нема утеха, особено некој странец вака што ќе ти ја пише, но се надевам дека нашите желби ќе те втасаат за брзо! Ти посакувам за брзо да си го исполниш срцето со љубов со бебушче, и да ни пишеш нова позитивна породилна приказна!! Само храбро!!
Долгоочекуваните две цртички, ги добивме со помош на инвитро. Двенеделното исчекување, резултираше со позитивен тест од крв. На среќата и немаше крај... Многу посакуваното бебе се дуплираше и станаа две бебиња, две машки бебиња. Убава и мирна бременост, која што се знаеше дека ќе се заврши со царски рез, бидејќи опција за природен немаше, ем дека близначка бременост, ем дека они карлично наместени. Ги примив инекциите за зреење на плуќата за секој случај иако др беше сигурна дека ќе издржам до крај, сепак не и се оставаше така. Мирна глава и за мене. Некако од 32-33 недела бев спремна дека секој момент може да се случи нешто (нели близначките бремености порано завршуваат), меѓутоа догурав 35недела, и мојата докторка замина на двонеделен одмор....ме префрли кај друг доктор за тој период, а се молев на Бога да издржам и да ја долекам нејзе, довербата која што ја имав во неа не можеше ни најдобриот на свет да ја замени. Од 35недела одев секој втор ден на цтг, се беше мирно, бебиња си уживаа. Ја дочекав, тој понеделник кај нејзе на контрола ми беше мислам најубавиот ден )) она дојдена на работа, а јас уште трудна. Ми вика, ајде во среда да ги вадиме, викам ајде...кога сакате. Во средата влагав во 37 недела, вика доста е, они се супер, нема потреба да се мачиш веќе. Во вторникот вечерта ме примија во болница, вообичаени процедури, крв, цтг....сабајлето клизма и веќе во 8ч чекав да ме земат за на царски, спремна! Докде во меѓувреме др ме прегледа на ехо да види да не измрдале бебиња за да знае за резот и ме провери дали случајно сум се отворила, не бев. Му се јавив на сопругот, му викам јас чекам, он вика сега ќе дојдам да те видам....он додека дојде мене ме земаа. Се качивме во сала, припреми...спинална...и почнаа, од многу муабети што слушав дека се осеќало, чекам да осеќам и јас и почнувам да паничам...анестезиологот ме смирува ама џабе и викам мислам дека срцето ќе ми излезе, вика: гледам ) и ајде одма диазепамче и тоа не едно, три по 5мг, значи 15мг ) е после песна....почнавме да си разговараме у сала, опуштено и оп едно бебе излезе, за некоја секунда и другото....ги средија и ми ги дадоа да си ги видам, ми викаат насмеј се еве заврши еве ви бебињата, им викам со волку диазепам вие да се смеете. Едниот 2750гр и 49цм, другиот 2530гр и 48цм. Во шок соба бев 4-5саати, умрев од досада и ги молев да ме симнат доле, меѓутоа мора да пушти анестезијата. Ме однесоа во соба, и одма ми ги донесоа бебињата. Првото станување беше тешко, секое следно се полесно....првите две станувања ми беа со сестра, а после сама, на првиот обид сама, стигнав до тоалет ама не можев да се вратам, па си паднав малку и незнам како собрав сили стигнав до креветот, па после пак морав да имам надзор уште беколку пати и после веќе немав гајле, го шетав ходникот по цел ден (таков совет добив, шетај колку можеш, побрзо поминува) и стварно, дома си отидов како нова, нит рана ме болеше, нит ништо...си ги кревав децата и се си правев без проблем. Договорен царски, не е толку возбудлив, како спонтан и пукање на водењак и контракции....меѓутоа сакав да ви го кажам моето искуство, за убав царски пораѓај...јас сум поише по ножот отколку по 8-10 часа континуирана и голема болка
Blagodaram. Da tocno malite bebinja se podlozni na infekcija, no moeto bebe 22 dena napreduvase so kacuvanje na kilazata, sekoj den imase po nekolku grama poveke, napreduvase i odednas go zarazija so bakterija i toa za vreme na vikend. Gi hranat so cevcinja i tie ne se cisti i gi zarazuvaat bebinjata, ne e samo moeto mnogu bebinja umiraat od negrizata na doktorkite vo GAK kaj inkubatorite. Edna cistacka sakase od mene da izvlece pari ama ne i dadov, a mi rece taa cistachkata deka sekoja vecer gleda kako umiraat bebinjata i deka voopsto ne se grizat za niv. Moeto bebe bese bez moe prisustvo, bez moe mleko i kako da prezivee ja nemase majcinata toplina sto trebaase da mu pomogne da zivee. A bebeto go zarazija toa ne mozam da go dokazam, zasto bolnicite se stitat mnogu i ne e vozmozno spor da dobies so niv, zatoa vaka samo javno mozam da kazam deka bebinjata gi umiraat vo inkubator voopsto ne se grizat za niv. Gospod da im plati na nivnite deca na doktorkite, tie da si docekaat nivnite deca da im umiraat. Mozam da im poracam na idnite majki so predvremeno poroduvanje, zemete si gi doma decata i zavitkajte gi vo ovca koza kako sto pravele nasite babi i dedovci. Cabe im se novi inkubatori se e cabe koga nema doktori da odgleduvaat deca vo niv.
Mnogu mi e zal sto si pretrpela bolka,uste postrasno e nikoj da ne ti obrnuva vnimanie. Ne se poragjaj vo drzavna bolnica nikogas veke. Dobro e sto se dobro se zavrsilo. Mene so bolki me civaa od 16 h do 06 h utroto ama se toa se zaborava. Vazno ste dobri so bebeto, neka vi e zivo i zdravo.
Abe ne se normalni... Vo drugi drzavi pa odma predrodenite bebinja im gi davaat na majkite i toa kontakt koza na koza, odma golo bebeto da lezi na gradi na majkata. Bas citav edna statija pred nekoe vreme majka se porodila so 3ka pred vreme sekoe bebce dali tezelo po 1kg i gi viknale tatkoto i uste edno malo since vo bolnicata za bebinjata da im lezat golicki na gradi (imase slika majkata, tatkoto i sincevo takvi so bebinjata na gradi pokrieni stopleni so kebence). A kaj nas kje gi piknat vo inkubator i ne se grizat... da ti e strav da se porodis vo drzavnive kliniki, osobeno na GAK bez vrski...
I jas otposle vidov deka bebinjata gi stavaat na gradite na majkata, navistina kontaktot so majkata e mnogu biten. Moeto bebe se rodi so 1800 pa spadna na 1200, a posle si pokacuvase kilaza i dostigna tezina od 2 kg, golemo bebe bese, pa i koga bese vo koma gi otvori ocite zamisli mene i soprugot ni se javija po telefon ni vikaat ako sakate dojdete bebeto e vo kriticna sostojba, "ako sakate" na sto lici toa. Ne ostavija da go gledame bebto kako umira prikluceno na aparat za disenje, zamisli i vo koma gi otvori ocite. i plus taa sto e glavna na GAK se vika Marija Haxi Lega mislam mi rece deka tie ne bile dolzni da gi cuvaat predvremeno rodenite bebinja i deka tie ne bile krivi sto sum go rodila predvreme, zosto sum go rodila predvreme moja bilo krivica, i posle izlegovme so soprugot vo dvorot na bolnicata. Vo 3h popladne pak ni zvonat i ni kazuvaat deka bebeto pocinalo i ne povikaa. Golemo bucko bebe, i uste mi veli imale mali zamrznuvaci, lele Gospode imale mali zamrznuvaci. Tie sestrite sedea na strana usta ne mozea da otvorat toa se gledase. I posle ovaa glavnava doktorka vo Gak si ja zede kiselata voda i si otide kako nisto da ne se slucilo. Jas ne mozev da go vidam povtorno bebeto i se soglasiv da go zakopaat vo zaednicka grobnica za bebinja vo Butel. Mnogu mi e tesko sto ne mu go znam grobot, no milsam deka taka e podobro. Sekoj den mnogu mi e tesko sto ne mu go znam grobot, a sega za zadusnica davavme razdavci i za bebeto. ne mozam da pisuvam ponatamu , sekoj pat koga pisuvam mnogu se potresuvam. pozdrav
Драга Саманта, ти ја разбирам преголемата болка за бебчето, но овие болдираниве зборови не ти требаа. Јас дури и на најголемиот душман не би му го посакала тоа. А тебе ти посакувам се што ќе те направи тебе среќна и догодина да си се гушкаш и милуваш со бебенце па да ни пишеш преубаво породилно искуство! Поздрав.
Blagodaram. Sega zasega ne planiram bebe, a i koga ke se poroduvam ke odam vo bolnica vo Ohrid tamu sum i jas rodena. I kazav uste sega n ginekologot kade ke me pusti vo bolnica vo Ohrid. Da umiram ne vleguvam vo drzavna bolnica, nikogas.
Nema uteha za edna majka koga ke i pocine cedoto,no i pokraj bolkata i zagubata nemoj da si ja polnis dusata so omraza,bog gleda se,ostavi se vo negovi race.nepostoi vreme koe ke te natera da zaboravis ili da prebolis,no toa sto nemozeme da go promenime najdobro e da go prifatime,veruvam deka tvoeto angelce te cuva od neboto i ti dava sila da prodolzis napred.ti posakuvam da go najdes sopstveniot mir,pozdrav..
@samantha80@*~ се пораѓав во Систина, кај др. Гордана Петровска. Ти благодарам, дај боже да ти се враќаат убавини. Иначе едното бебе фати ешарихија коли на 3месеци, дома, од чувано, почувано ама ете ја фати, лежевме во болница, ја излечивме. Сакам да ти кажам, нема утеха за тоа што ти се случило, не окривувај никого, не си ја полни душата со омраза, никогаш не знаеш што ќе се случело...затоа ти го дадов примеров со моево, нит инкубатор, нит болница па ја фати бактеријата. Знам, нема зборови кои што ќе утешат мајка која што го изгубила највредното, меѓутоа мораш да го потиснеш длабоко во себе и да си родиш ново бебенце кое што ќе ја намали болката и загубата. На гак е катастрофа, за жал...не ретко им се случуваат вакви работи, меѓутоа има и убави приказни од интензивната (другарка се породи бааѓи пред време, околу 1.600г го роди, во инкубатор беше повеќе од месец, преживеа, и даваа да го гледа, да му носи млеко...). Мојата парола е, како треба да биде, така ќе биде...ништо не се случува без причина, и ние тука ништо не можеме да сториме, Господ ни дава искушенија, кои што ние жените сме доволно силни да ги пребродиме и да се бориме за подобро утре, со надеж за најдоброто. Ништо не може да ти го врати бебушот и никој не може да ти ја затвори раната, смири болката...поминале две години, ќе поминат уште 20г празнината што ја оставило ќе биде дел од тебе, собери ги силите и побрзо со ново бебенце наполни ги рацете, тоа е она што ќе ти помогне и што ќе ти ги залечи раноте. Лошите мисли остави ги на лошите луѓе.
На 28.06.2015 дојде мојата мала принцеза на свет. Со термин на 26.06 кој веќе одминуваше веќе ме имаше фатено некое нетрпение и бев во исчекување на големиот момент. Последните денови интензивно шеткав и се надевав дека можеби тоа ќе предизвика некоја контракција. НА 27 вечерта си легнав околу полноќ и неколку часа покасно ме разбудија болки. За чудо првиот пат не бев свесна дали ме боли или сонувам дека ме боли поради голема нетрпеливост да дојдат истите. СО некои интервали од пола саат продолжија истите и конечно решив да станам кога осетив мало количество на вода како неконтролирано протекува од мене. Си помислив мора да е водењакот..почело е почело. Го разбудив мојов, ја разбудив мама и се јавив во клиниката. Ми рекоа да отидам и веќе почнав да се спремам. Е сега малку потраа спремањево оти мојов мораше едно експресо..па уште едно, трето да испие. Па и нешто благичко да апне. За да биде присебен за големиот ден де . И ај некако тргнавме кај 06. Кога стасавме првен цтг и видоа контракции па ме пратија на преглед. Прво гледање докторката аааа ти слаба трудница со мал стомак. Мало ќе биде бебето. Ме гледаше вагинално...воопшто неотворена а мене ме боли. Почна да мере димензии и пак...а еве 2.5 кг е бебчето. Јас викам важно да е здраво па кило плус минус не е воопшто важно. И така со јаки болки и контракции на 15 минути до 12 кога конечно почнав да се отварам. До кај 15 се отворив 3 прста и ми препорачаа епидурална бидејќи контракциите ми траат многу долго и најверојатно ќе биде преисцрпувачко за мене. И ај послушав. Дојдоа удрија шприцот во грбот, а паралелно уште 3 шишиња инфузии и други некои приврзани за мене. Ми ставија и од капките за побрзо отварање бидејќи со мојот ритам на отварање предвидоа 24 часа болки и маки. Помеѓу 3 и 7 прст немав болки, само притисок и некое напрегање па можев да јадам малку, да се напијам... Али кај 16.30 почнаа болките на левата страна и анестезијата очигледно не делуваше. ПА од 7 до 10 прст го окркав стапот што би рекле ама не беше нешто неподносливо и повеќе од она што сум го слушала и читала. Хоророт почна во 18 кога целосно се отворив. Малата моја очигледно не сакаше да испадне и иако беше со главчето надоле имаше некоја лоша позиција. Пола саат со притискање и давање напони не даде никаков плод. Потоа една бабица седна на породилниот стол и со цела тежина на мене стискаше со двете раце директно на стомак, друга бабица ме стегна со едно кебе и душата а не само воздухот ми ги вадеше, докторката ми држеше нозете горе бидејќи од епидиралната цела десна страна немав никаков осет па ногата паѓање надоле и асистираше на другата докторка која првен ме ширеше со некој инструмент...па потоа прибра и вакуумот. И така до пред 20.00 они влечат, главчето не испаѓа, и почнаа да подготвуваат сала за итен царски. Од стискањето и стегањето на бабициве и плус 14 часа контракции јас во состојба на онесвестување не ни знам како со последни сили и последен напон чув детски плач. Што се се случуваше во овие 2 часа и што се доживеав ќе прескокнам детали...секако сега не се ни важни. Само прашав дали е добра...рекоа се е супер и веднаш ми ја ставија на гради. Мојов во подеднакво лоша состојба како мене, како дух уште ме држи за рака и гледам и кај него некоја солза се стркала. Во тој момент и мама влезе. Жена отечена од плачење цел ден што ме слушала надвор. Не личеше на себе. Шокираниот татко ја пресече папочната врвца а јас не ни знам колку конци фанав. Малата беше околу 2 часа кај мене на гради, дури и почна да цица, односно да вежба рефлекс на града. 50цм, 3730 грама, главче 37 цм. Денеска не испуштија од болница. Рекоа дека е најмирното бебе во цела болница дека галс и немале чуено. Само си спие и си цица. Викам послушна е. Тоа ни е тактика за побрзо дома да си отидеме па отпосле ќе се покажеме што знаеме. Ја пресоблеков, нацицав, и успав...си ја гледам како лежи во келевката и не можам да верувам. Станав мајка. Се исплатеше се и би минала пак и пак низ сетоа тоа за уште едно вакво ангелче. Им реков ќе се видиме ние пак.
Arno malku utnale, kako kaj mene celo kilo zatoa ne veruvam na toa dimenziite... A stvarno ti slabicka so malo mesence, da se cudis kaj se napikani gomcenca najubavi najbitno uspeale da ja izvadat prirodno, inaku koja maka bi bilo baska i carski da ti napravat po tolku izmacuvanje... Brzo da si se oporavite !
Честитκи мамичκе, да ти е здρава и жива пρинцезата!!! Ме ρасплаκа твојава пρиκазна, κаκо јас да сум со пρвиот поρаѓај само одземи епидуρална и додади итен цаρсκи на κρај. Но се забоρава се и сум ρаѓала паκ, а ќе ρаѓам и за бρзо паκ!