Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    ед
    едно чупе баш ме израдува нека ти е жив и здрав синот голем да расте...супер.си поминала...лесно и убаво..ај сега.чувајте се...
    п.с претпоставував дека си некаде од битола или прилеп по зборчето чупе....кажи колку е убаво да си мајка....
     
    На juli rak, m.i.g, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.068
    Пол:
    Женски
    Поубаво нема дефинитовно срцка смислата на животот се децата за 1 ден то го менуваат целиот тек на животот на поубаво се разбира.можи малце спијам ама знам зошто сега и порано не спиев за да дремам на фејсбук шо се вели.СЕ најубаво да се враќа кај тебе :hug::*
     
    На galapce, mama89, Mekuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Мамички еве после два месеци и јас стигнав да ја напишам мојата породилна приказна.
    На 05.07 сабајле во 9 ч станав да идам до wc и гледам неможам да престанам да мочам,го викам мм и му викам леле незнам што е работава неможам да престанам да мочам.Он почна да се смее и вика ти пукнал водењакот и јас почнав да се смеам на цел глас, а тоа си тече по малку по малку.Тој почна да ми ја пакува торбата за во болница,а јас влегов да се туширам.Се средив и тргнавме во 11 ч на ГАК.Во себе си викам кај баш недела,викенд.
    Кога стигнавме таму ме примија во приемна амбуланта и ме ставија на ЦТГ.Се покажаа контракции, др ме прегледа и вика 4 см отворена,те ставаме во предродилна сала.Ми дадоа спаваќа и мм и болничарот тргнаа да ме носат во предродилна,јас одев побрзо од нив двајца и се смеев на цел глас.Влегов таму и сите со болки се жалат а јас само шетам и ми дадоа клизма се прочистив и на сите што беа таму ги прашував што и треба,дали вода,дали да и дадам перница да се потпираат си зборував со сите по ред и само шетав.Во 12 ч дојде др за преглед и ми вика отворена 5 см,јас радости целата и после почнаа болките на 5 мин,па на 3 па на 2 мин а јас се шетам, се смеам ич не ме болеше,дури менструалните болки ми беа поголеми.На мм викам во 15 ч донеси вода и излегов надвор со него муабет си правев и во 15:30 ч дојде пак др на преглед и ми вика 8 см отворена спремна за бокс,јас леле радости целата, со акушерката се смееме она вика трчи на прв бокс да не ти го зафатат,а јас тргнав и торбата да си ја земам,они викаат остави ние ќе ти ја донесеме,јас пресреќна трчам на прв бокс хахаххаха.Таму ми ставија провокација за побрзо да се отворам,е само тогаш неколку мин ме болеше и викам на сестрата сакам епидурал а она се смее и ми вика бебето веќе излегува ти сакаш епидурал,и јас на целата мака се изнасмеав и додека да трепнам за мин се собра цел тим,акушерката ме провери колку сум отворена дали бебето е спуштено и се јави на др да дојде на првиот бокс.За сек се појави др и ми вика сега напни,а јас му викам докторе а како требаше да дишам,тој ми објасни јас напнав излезе главата на бебето,ми вика ајде уште еднаш и излезе целото бебе.Како од песна пораѓај.Се роди мојата среќа тешка 3250гр и 50 см,излегувањето на бебето траеше 20 секунди.Многу лесно поминав до 16:35 ч се се заврши.После следуваше шиењето е тоа многуууу ме болеше но помина и тоа.Од целиот персонал на ГАК сум презадоволна и поминав супер.На секој би му посакала лесен и убав пораѓај како мојот.На мм не му се веруваше дека се роди принцезата наша,кога во 15 ч стоев со него и шетав а во 16:35 ч се се заврши убаво фала му на бога.Позз мамички и со лесно на сите.Сега сме два и пол месеци и се гушкаме со среќата моја.
     
    На ma4e1311, vitamina, zalosna и 48 други им се допаѓа ова.
  4. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Мојот имаше ешарихија во мокрача, која што се појавува најчесто од изметот. А за око, не знам :(
     
  5. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски

    Не безгрижно заспивање, ама ете од што немав енергија, ме исцрпуваа болките и заспав. :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    Јас од што бев уморна заспивав на паузите меѓу болките :D значи една минута спиев, па болка... и се така :D затоа што во 18 часот ме задржаа, а тек 6 сабајле се породив... замисли неспиена најголемите болки во 3 саат ноќеска ми беа, среќа успеав буцко од 4ипол кила да родам хахаха :D
     
    На kjukli, juli rak, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    39.636
    Пол:
    Женски
    После година ипол да ја раскажам мојата породилна приказна :D
    Втората бременост беше планирана , пробавме и се фати од одма :lol:
    На почетокот беше во ред , после со тек на време имав проблеми со притискот . Низок постојано ,слабокрвна :doh:
    Потајно посакував девојче , имавме и име . Ана :D или Ханна
    Малата само тие имиња можеше да ги изговори и така :P
    На прегледот се покажа машко :o
    Малце разочарана бев пошто потајно женско сакав ама прифатив ...и одма после преглед бевме да купиме некое алиштенце за момченце :D

    Термниот беше 01 април. Во 38 недела гинеколот вика 1 см веќе си отворена очекувај денес утре да биде :worried:
    Си дочекав и втор роденден на ќерками :) Мајками пристигна од Мк. И така сите си чекавме да се случи нешто . Имав мала незгода , ме погоди топка директно во стомак , па ме примија и задржаа во болница на една вечер на испитување . Мал хематом само ама се друго во ред. Па ме пуштија дома.
    После пак со слаби болки ме примија и ме задржаа ама на мое барање си отидов дома. Решив да чекам додека не почнат вистинските болки

    Вечерта пред да се породам беше бабицата , ми даде еден коктел кој требаше да го пијам во 2 по полноќ и сабајлето да отидам и да ме породи.
    Арно ама ноќта ми почнаа болките , Некаде по полноќ се спремив , ја оставивме малата со мајками.
    И заминав во болница . Болките на 4 -5 мин.
    Ме примија , отворена 9 см, спремна да родам.
    Бабицата ми го пукна водењакот и така почна моето патешествие. Болки кои не се трпат ... ама ништо не се случуваше , само јас полека почнав да губам трпение . Дојде доктор и по разговорот со бабицата се решија итен царски. Бебето се подместило ... мора царски. Па за несреќа мора да чекам додека се собере тим . И така ме спремија , ми ставија анестезија.
    Ме облеа студ. Почнав да се тресам. Не осеќав болка ама некое неубаво чуство имав додека ми буричкаа низ стомак. После некое време ме фати паника , почнав да се гушам .Бебето го извадија ми го дадао да го видам... и почнаа да ме шијат.;алото тешко 4050гр. голем 58см.

    Мислам дека сум единствена која успеала да ги ослободи рацете ...и ја подигнав завесата . Уште толку ми се слоши . Па ми ставија на два пати нешто во инфузијата и се смирив и заспав. После ме однесоа во сала. Го средија бебето . Не го земав пошто имав неопишлива болка ... Ми ставија нешто за смирување. Незнам што беше ама јас бев како издрогирана. Многу убаво ми беше. ]:) Ме качија во соба ...

    После некое време дојдоа мајками и малата. Тие денови во болница ми беа убави. Опоравувањето беше брзо .Ама не и безболно. Среќа секои 6 часа добивав таблетки :$
    Вториот ден во болница доживеав шок. При рутински преглед на малото на ушињата , едното увце не давало сигнали. Вториот пат исто . Па сестрата дојде да ми каже што како ...
    Мене ми се сруши светот. Зарем моето дете да има некој проблем ...со едното увце да не слуша :x
    Можеко да биде уште не отпуштено ушното каналче од плодовата вода или или...
    Ни кажаа каде понатаму да одиме ;(
    Тие две недели чекање ми беа пеколни. На среќа се покажа се во ред :sweat::whew:
    И така тоа беше и мојата приказна. долга е знам :rofl: ама нешто сигурно сум пропуштила :rofl:
     
    На vitamina, rose60, ivi1987 и 29 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    леле дечко голеееееееем 58цм :D јас па мислев моето најдолго се родило хахаха :D
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Епа вака на 21 .09.15 бришев кујна и дента имав некој контракции мали и неодредени и не се испозамарав кога вечерта го гледам чепот почнал да пага. Одма палиме кола со маж ми на гак , ме ставаат на цтг болки нема и проверуваат 3 прста отворена. Ми вика дојди утре во 8 на контрола. Сабајле идам пак иста состојба и ме оставија на патолошка. На 22 цел ден таму иста состојба некој болки што цтг не ги регистрира ама онака не беа неприметни се осекаа добро.Ништп тој ден, на 23 сабајле ме проверуваат 4 прста ми ставаат спазмекс инекција и ме пракаат горе во предеодилна сала. Од 16и30 ме ставаат на цтг и провокација до 18и30 имав болки ама се трпеа е после тоа беше ненормална болка што не се поднесуваше. Почнав да повракам а никој нема да ти даде канче и викам по тие никој не доага. Кога дојдоа уште ми се испоразвикаа како мало дете сум била што сум повракала. Ме однесоа на бокс со7-8 прста отворена се собра персоналот се помачив додека да излезе неможев да напнам и кога излезе моментот што сечека цел живот..го гледате тоа мало најубаво нешто ма светот. болката одма поминува секунда. Ппсле тоа добро го осетив шиењето пошо ме заборавија т.е пиеја кафе. За персоналот на гак што да кажам ужас. Ароганција и незаинтересираност али тоа е македонско здравство. Може испуштив нешто...
    се извинуваам на долгиот пост.
     
    На vitamina, rose60, zalosna и 19 други им се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    39.636
    Пол:
    Женски
    Da golemo epten , mislev malata golema se rodi so 55cm ova me iznenadi epten
    a jas sum 158cm visoka :$
     
    На danichap, CameliaMiller, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.239
    Јас до сега не сум раѓала, ама сакам да ви споделам едно искуство на моја блиска другарка, смешно е, па ете.
    Од кога дозна дека е бремена, до денот Д, се надеваше дека било кој ден ќе се породи, само не недела. Ете, имаше страв дека немало доволно доктори во недела.

    Бременоста и беше... песна. Во 9ти влезена, излегувавме навечер, ништо не ја запираше.
    Бидна сабота, вечерта ние излезени, а таа пустата болки имала, ама страв, стегала заби, збор не кажа. Од шетња кај мене дома, во 4 сабајле си заминаа со маж и дома.
    Во 6 ми ѕвони маж и, станувај, госпожава се пораѓа :) :) :)
    Трпела што трпела, си плачела, ама не го будела, среќа па овој станал да моча и сфатил колку е саатот.

    Ајде ја однесовме во болница (ГАК), одма ја примија, чекаме секој момент.

    Накај 11 ни рекоа да појдеме да донесеме што треба, ќе ни се јават. Не помина саат ипол, ајдее породена е, доаѓајте :)

    Ја гледаме цуцка, абе, гајле нема :) И докторов ни вика, бреј, што жена ќе беше, првиот пат и викам напни, ај ме послуша, втор пат и викам напни, таа ми вика докторе ајде дома да си одам, нејќам денес :rofl: И кога сепак напнала втор пат, се породила.

    Машала бебчо и тој на неа метнат, еве го 4 години си има и уво за ништо не го боли ;)

    Јас најстрав имам од раѓање деца, ама си викам, да ми е вака како на неа, едно 3 ги раѓам без мислење.
     
    На SamovilkaH, zalosna, cresa-jagoda и 23 други им се допаѓа ова.
  12. lina-kalina

    lina-kalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Ај набрзина да ја напишам и мојата приказна дури бебуш спие :).

    Попладнето околу 17-19 часот почнаа некои болки ама на саат ипол и повеќе беа.Од 20 часот брзо почнаа да зачестуваат на 20-15 мин и си реков ајде време е да се иде у болница.На ГАК дури ме прегледаат уште еднаш на приемно стаса 23 часот и брзо ме пратија горе во предродилна сала. Таму исто еден куп прашања дури пополни сестрата формуларите и ме стаија на ЦТГ и заминаа некаде. Бев сама , жив човек околу мене немаше. Апаратот мереше тонови ама од клизмата добив нагон и сама се одврзав. Се вратив и цело време стоев покрај креветот и вежбав дишење и болките навистина ми беа подносливи. Дојде сестрата и ме искара што сама сум се одврзала и пак ме легна. За кратко време осетив топла течност меќу нозе и почнав да викам по сестрата. Таа дојде и вика не е водењакот си се помочала :$. Ајде сменија постелина и за среќа ме остави да шетам. Јас како добивав болки така нешто ми течеше ама неможев да проценам дали мокрам или е водењакот. Пошто немаше жив човек зедов еден чаршаф и го ставив доле ( засекирана да не им бербатам |() и така еден саат како ми доаѓа болката така водичка ми тече. И доаѓа сестрата ме виде и вика ај на стол да видам што е со водењакот и кога навистина тој пукнал и она ме испровоцира да го доистече и вика многу брзо се отвори бре ајде брзо у сала.Е тука окапав :(. На бокс ме однесоа во 02:30 утрото целосно отворена ама пустото бадијала напињав бебе не мрдна. Докторката вика ај малце одмарај малце туркај сама и ме оставија сама на бокс. Повремено доаѓаше по некоја сестра да го провери ЦТГ апаратот. Болките станаа неподносливи и со секој напон колку и да се обидував да туркам имав чувство дека од внатре утробата ми се цепи. Веќе ни вежбите диши-издиши не помагаа. Сестрите почнаа да се довикуваат и да ми го гледаат ЦТГ апаратот и да се чудат на јачината на болките (176 покажуваше на апаратот иглата збесна !!!) а како тоа глас не пуштам. А мене пустото ми идеше главата од ѕид да си ја треснам а неможам да викам не е културно :wasntme:... Дојде и утринската смена ги слушам по ходници муабетат се договараат за кафе-мафе а ја мислам ке приумрам. Искрено @mariz сум ја мислела цело време кога она родила големо бебе се тешев и јас дека можам. Дојде новиот доктор на смена, ми бутна рака мислам до грклан абе ѕвезди избројав дури солзи ми потекоа од болка..тој ме тераше ајде напни, напни..ајде пак, ајде пак....ама ништо..И ми вика мајка мораш да се потрудиш сама ако не до утре вака ке седиш и си излезе и сите други со него :o. Пак сама ама овој пат од болките што беа чести и неподносливи почнав и да викам :tmi:. Кога ете ја од никаде се појави една докторка кај која последните неколку контроли ми се погоди на смена и она ме препозна, ме прегледа и вика аа јас ова бебе знам дека е големо џабе да се малтретираме вака поарно на царски да идеме.А докторов недава и ги слушам у ходник се препираат може-неможе...и ја почнав да викам по докторката и кога дојде таа кога сум ја грабнала за рака и и викам докторка аман за аман правете ме царски иначе ќе се фрлам од прозор ( а прозор никаде нема :rofl:) и не и ја пуштам раката..таа сирота врти на тел договара сала, ја не ја пуштам мораше она и уште една сестра под мишки да ме држат и до операциона да ме носат е тек таму и ја пуштив раката :D. Во салата се беше брзо, штом ми ставија спинална анестезија веќе ни болки ни бутур осеќав и конечно се смирив.Кога ми ја покажаа бебушка (веќе беше 10:40часот) 4 кг голема ми олесна што и со царски сепак добро заврши.Потоа следеше шок-соба , па на оддел ме однесоа па се по ред....Четвртиот ден не испуштија дома и еве сега домче се обидуваме ред да фатиме.
    Малце со млекце сме слаби комбинираме и дохрана, раната е ОК, слободно си ја кревам бебушка и замивам газе во купатило ( за бањање патронажната ми рече тек папчето кога ќе и падне) и така...

    Сума сумарум ги видов и двете страни, болки има и со царски и природно, рана има и така и така единствена разлика можеби е што во приватните болници побрзо идат на царски, ставаат појаки седативи за против болки и те тинтарат повеќе. Другото пак ти ќе си го тргаш :D.
     
    На vitamina, rose60, zalosna и 23 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    Хахаха јас броев се живо околу мене кога беа болките, дупки од вентилација, плочки, читав таму едни листови залепени за страната во салата кај боксот и ниеднаш не побарав царски, кај ги истрпив тие болки уште царски да ме земеа :D си буткав така сама, го фатив и стомакот еден период да го стискам со рацете :D Мене убава ми беше болката, болна ама незнам јака сум си јас и пак ќе си одам природно не се плашам :D
     
    На rose60, zalosna, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  14. lina-kalina

    lina-kalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Posle dva dena dojde d_r na vizita i mi kaza deka sum imala tesna karlica i bebe ke se maltretiralo a moze i da se zaglavelo:(
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Читам и се сеќавам на мојот прв пораѓај, леле слично сме си поминале, до наредна смена ме оставија после цела ноќ болки да чекам, и уште прво кафиња си пиеја, јас напони добив, кај мене зсглави бебето со носот свртено обратно, кај мене мораше мм да им привлезе со дерење па на крај на ехо дс видат шо било и одма царски ме допородија. На отпусното писмо ми пишува - царски рез без Поголеми или Катастрофални последици!
    И да, горе долу и државно и приватно слично ќе се помине, но кај приватното ќе ги немавме тие првите (кај мене 11 саати болки) и ќе имавме царски одма:x

    Важно родивме, живи глаци спасивме и ние и малите, допрва пак одиме на истото со насмевка на лице!
     
    На rose60, zalosna, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    I mene navistina me potrese tvojata teska prikazna...stalno mi bilo strav od bolnici I sum mislela koga ke se piragjam sto ako nivnata negriza mu nasteti na moeto bebe !? Znaci stalno go povtoruvav toa deka pokraj toa sto nasite doktori se needucirani tuku I se dzubrinja koi se pravat ako mu dades pari ! Gnasi! Gnasi doktori ! I fakultetite so vrski I so pari I'm se ! Ne e sekoj za doktor gospode dali gledas ? Mn prikazni imam slusnato poradi ovie nepismeni doktori vo makedonija !!!
     
    На Olgica.bu му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Трагично е што и јас имам многу лошо искуство, но не сакам за тоа тука. Само сакам отворено да ги прашам членките кои поминале срекно и весело во ГАК-дали со кеш или со врски така поминавте? Чисто да знам кај сум ја утнала.
     
    На Olgica.bu, rose60, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Е ајде и јас да пробам да напишам...
    Имав закаќан царски за на 8 ми во 14 часот.Така констатираше докторот дека требало зошто сум имала тесна карлица а големо бебе.
    Незнам зошто ама кога си одевме накај дома се смеев и викав на маж ми еезошто 8 ми,што не рече за 7 ми среќен број ми е башка среда викам незнам јас осеќав дека 7ми ќе биде,и после од страв викам ај да не дрндам да не ме фатат болки порано па тешко мене...
    И ете ти интуиција женска.Поминува 6 ти и вечерта во 2 и 30-фактички веќе 7 ми...ме фаќа слаба болка во јајници и кичма.Си ќутев и онака не беше јака,и после пак на 40 минути па почнаа на 20 минути ама јас абер немав.Си го оставив маж ми да спие а јас си трпев си викам како не не може сега чекај 8ми,ама така од страв...ми прпаше богами.И така не заспав ич.Сабајле во 7 маж ми станува и му викам Ти ако ти зазвонам одма кревај на телефон и доаѓај.И ме прашува зошто викам абе му се искача ама не го пуштам чекај хахах,викам на 20 минути се ништо не е.И кога во 10 сабајлето почнаа на 5 и демек за со врски ќе идам ама тие беа втора смена.И викам е добро де еве кај е 2 саат...
    Замислете со болки на 4 минути трпев до 1 попладне дома (facepalm)
    Ги трпев тие болки,што знам не ми беа нешто неподносливи,едино бев нервозна па на сите се придеравав нешто,мислам ќе истепав некој :punch:
    Ме однесоа,ме проверија и 6 прста право горе во предпородилна...
    Таму на цтг,прашања триста глупости и стигнав на ред за проверка пак и кога 7 прсти,тогаш и водењакот ми го пукнаа.Повеќе боли со раце кога те проверуваат одколку водењак кога пука,мене така ми беше.
    Ми рекоа да шетам,и одев ама со болки кои беа малку појаки од тие дома ама и тие ги трпев.И да одкако ти го пукаат водењакот малку поинтензивни се болките.Ме видоа пак 8 прсти и право на бокс во 16 часот.
    Трпев и таму се поголеми се додека не ја ставија провокацијата...ее тогаш богами фаќаат болки.
    До последно глас не сум пуштила.Но кога во ходникот ги слушам мојот доктор и некој друг се расправаат.Овој инсистира да не ме мачат веќе и царски да си одиме а другиов кога се налути и им кажа остајте ја сама и исклучете и се.Само знам дојдоа и ми извадија и инфузии и се што имаше и си заминаа кафе да пијат сите.
    Болките стануваа ненормални а јас трпев и си плачев,и само викав некој за царски,молев.Ама никој не те ферма.Сама на бокс,гледам нешто на цтг то кај бебето не ми штима,и кога напони добивам...викам и сестрата вика како да не бебето горе ти е ти се качило ќе чекаме не се пораѓаш уште ти.И пак замина.И вистина наместо бебето надоле да бутка,јас моево го осеќав нагоре во ребра дури како бута...знаев и по цтг то дека нешто веќе не штима а јас нагони ептен...
    Искрено почнав да урлам не да викам,ама за помош...ми се вкочанија рацете,вилицата...почнав да се губам.А они ги гледам си седат кафе пијат не се ни вртат.
    И тука добив некоја неверојатна сила која незнам од кај ми дојде...и со едната рака земав го бутав сама бебето надоле...како што имав напон само силно туркав и стомакот го стискав...
    Рикнав на цел глас при напонот,и само ја видов сестрата се врти вика не се дери и во истиот момент следеше- лелеее доктореее трчајте главчето искачааа...
    а јас дишам едвај и добивам уште еден напон...сестрата истрча и за минута моето бебе и беше во рацете...После веќе 10 души беа околу мене ама не ми беа потребни веќе кога сама си се породив...
    Го слушнав најубавиот плач на светот...ме погледнаа најубавите очиња...и само си го благословив и реков ова е цело на мене ахахха.
    Пропратни нешта кои ми се случуваа додека бев на бокс не би сакала да коментирам од причина што само страв ќе влеам кај трудници.
    Шиењето исто го осетив но трпев гледајќи го бебето.
    Само знам дека сум шиена од крај до крај...И еве помина недела дена јас уште не можам ни да седнам ни да се мрднам ни дете да кренам...Болки имам многу доле.И за стомакот да не зборам...спуштен како уште едно бебе да носам...навистина ми смета а незнам како да го оправам...
    Тоа е тоа,извинете за долгиот пост,но сакав да доловам што повеќе....
     
    На Olgica.bu, vitamina, zalosna и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    http://forum.femina.mk/members/tweety26.13893/ Леле Твити ти САМА си се породила! Браво за тебе и срам за персоналот таму. Точно знам како е на тие боксови и како пред тебе си шетаат и пијат кафе и се понашаат ко да не вриштитш ти.
    Да, http://forum.femina.mk/members/digy.37550/ ти требаат врски. Јас имав доктор, и од предпородилна полна со трудници дојде и ме зема мене да ме пораѓа а не ги ни погледна другите со болки. На клиника се понашаат ко да пораѓаат животни а не човечки суштества. Само ради стручноста на докторот не се каам што отидов таму но тоа што се случува таму не е хумано. Ве читам со убавиве породилкни приказни и алал да ви е што сте биле способни само убавите работи за паметење да си зачувате во себе и да ги раскажете тука.
     
    На zalosna, cresa-jagoda, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    @Neodlucna ај те молам пиши ми во пп кој е тој доктор што си задоволна!? јас од една докторка така позадоволна бев на Т некако се презиваше ама незз...никој не ја знаеше.