Ти благодарам сонце, и ти посакувам лесен пораѓај,, совет од мене, ако се пораѓаш на ГАК , што и да правиш прави само не дозволувај да те одвојат од бебушка после пораѓај , Само јас знам дека ти ќе поминеш супер... Андреј е добар се раниме со Хумана а на града го ставам по 10 минути за да имаме контакт спие срце мајкино и ужива ...Ти благодарам и ти посакувам лесен пораѓај...поздравче
Ајде накратко и мојата приказна: Вечерта ме разбудија благи болки па си викам ај ќе помине поспиј си Цецилио ама не се спие... Станав одам во ВЦ и кога на хартијата крв. Го разбудив мажето му викам вака и вака а он така успано ме прашува еее сега сакаш да одиме во болница сигурно ли се пораѓаш? Мислам хелоу од кај да знам, мене ме боли и крв ми тече така да одам јас со тебе или без. Ајде се спремив земавме торбици и гледам на саат контракци на 15 мин, па на 10 следната на 8 и за пола саат контракциите стигнаа на 5 мин, дури смешно ми бее колку се брзо се одвиваше. Стигнавме во болница, на ургентно ме пречека сестра, не внесоа во соба и ме ставија на цтг, маж ми до мене и си правиме муабет (болките не беа толку големи). Дојде анестезиологот (во досието веќе стоеше дека сакам анестезија) и ми ја стави анестезијата. После тоа се беше супер муабети смешки сами со мажето мое си кажувавме вицови. Ме прегледаа после еден саат јас 4 см отворена и ми го пукнаа водењакот и ме оставија на цтг, после еден саат пак преглед и ми викаат ооооо готово 9 см. Под итно го трансформираа креветот во бокс и дојде главната акушерка и ми даде инструкции како да буткам, а една студенка ми вика ние може ќе ти се дереме ама ти не се лути не е ништо лично . Ми кажаа кога да буткам (јас пошто без болки сила еден куп за буткање, буткам ли буткам) и во еден момент акушерката ме вика за секоја сигурност (бебето почнало да се возбудува) ќе те сецнам малце, и викам прави што сакаш само бебето здраво и живо да го донесеш на свет. И дури и кажував јас она веќе завршила работа и ми ја стави на гради ќерка ми и ми честитаа. Си ја изгушкавме 2 минутки и ми ја земаа, отидоа со маж ми да ја дотераат а јас лежев на бокс за да ја извадат плацентата и да ме сошијат. Цело време го слушав ММ како и пее на малата во другата соба милини. После ми ја донесоа убава чиста дотерана и си лежевме сите тројца заедно уште едно саат време и после не однесоа во соба. Во собата си бевме сите тројца четири дена. Во болницата услуга на ниво!!!! Мислам медал би им дала на сите до една вработена таму. За мене пораѓајот беше едно многу убаво искуство и ви посакувам на сите да се породите брзо како мене. И ако имате можност за анестезија не се двоумете.
Не се пораѓав во МК но бев во државна болница (значи плативме по 20 евра од ден за дополнителен кревет за ММ и за неговите оброци инаку за мене и бебето се беше покриено од генералното здраствено осигурување). Во секој случај доколку пораѓајот се одвива без компликации, без огромни и долготрајни болки и најважно во позитивна атмосфера со помош и поддршка од партнерот секоја од вас би имала позитивно мислење. Ви посакувам лесен пораѓај на сите идни мамички
и мојата породилна приказна нее многу убава, а цела бременост си мислев дека како што ми беше лесна бременоста, така ке имам и лесен порагај, ама не било така... Испадна на крај она непишано правило, лесна бременост, тежок пораѓај саботата на 12 јануари си бев сабајлето на редовна контрола на цтг, и нели ви пишав дека си помиавме супер, ми рекоа дека почнало да омекнува грлото на матката. Така срекни си дојдовме дома со мажето дека кај и да е ке се роди бебушко, ама јас сакав да почека до наредниот ден за да се породам кај другата докторката, а не кај таа што беше дента на смена... ама не испадна како што сакав јас. Цел ден осекав како менструални болки ама ги издржував затоа што имам мн болна меструација и си велев не се оние вистинските, ама почнав да ги осекам на 5, и помалку минути, а и мн често имав нагон за голема нужда, одев само во во вц и се вракав. му велам на мажево денес ке се роди бебушко, чекај се смеам да си се издепилирам, и налакирам за да сум му убава а тој ме зафкава тамам за утре за парето ке се роди цел ден трпев и кон 16 часот отидовме во болнница да видиме што е работата, и како за малер само што се слекував за преглед осетив нешто топло ми потече по нозете, ми прсна водењакот, и одма ме задржаа на болница. е од тука почнува мојот кошмар, а не најубавото искуство во мојот живот за жал од 17 х па натака јас имав огромни болки, а за жал докторката не ми даде ништо што би го олеснило порагајот туку цела вечер си ја преспа и таа и сестрите ( се мислам овие денови да ги пријавам ) трпев и тоа огромни болки а таа на секое доагање ми велеше кај и да е ке се породиш, до кај 3-4 сатот сабајле ке биде... ама ништо од тоа, помина 4, помина 5 сатот јас умирам од болки ја молев да ми даде нешто, да потпишам за царски но не и не... некаде кај 5 сабајле ми викаат сестрите кои со тешко срце стаанаа на моите офкања, немој да седнуваш ке му го згмечиш главчето на бебето е кога ме фатила паника , му се јавив на мажето дојдоа со свекрвами да бараат доктори ... и дојде смената во 6 сабајлето, а оваа докторкта да ја нема одма си замина. кога ме гледа докторот ми вика ни 1 см не си отворена, а мене цела вечер ме лажеаа ке се породиш кај и да е ајде провокации, инфузиии, до кај 10 сатот се отворив 10 см, ама пак сега друг проблем, бебето од напоните се заглавило кутрото во родилниот канал и во едем момент осетив дека почнав да се губам , а и срцето на бебето не се слушаше и одма на хитен царски за да не спасат двајцата... последно беше тоа на што се секавам дека викаа сите наоколу ги губиме... така после 17 часа болка, во 10: 50 на 13 јануари се роди бубушшко мој, со кој денес се гушкаме и денес признавам кога ке ги затворам очите се секавам на таа вечер, и сеуште ми е страв да легнам на кревет, ама тоа е со тек на време се надевма дека ке заборавам се на сите ви посакувам да имате најлесен пораѓај на цел свет, и се извинувам ако ве исплашив со мојата породилна приказна...
Охх љубичица имало Господ па се се завршило како што треба. Ќе имаш траума и наредните неколку месеци, но ќе помине, ќе се намали стравот, верувај. Еве мене 3ипол месеца ми требаа да се повратам, но сега е веќе далеку подобро. Без грижа. Уживај и гушкај се со баткото.
Леле мајки што сте поминале , ова персоналов во болнициве ужаш На среќа добро се завршило јас многу добро поминав , се најдобро можам да кажам за сите , сестри , докторки ..сите ми се најдоа , ми помогнаа не ме оставија на момент на цедило ... болки си имаав секако не се трпеа ама па услуга имав на ниво..Ми дадоа 3 пати инфузија за болките, два пати бев во када со некое смирувачко среедство На пордодувањето помивав добро , со лесно... Потоа сестрите ми се најдоа одма околу бебето, облекување , ми покажуваа како да дојам , го земаа бебето да одморам .. И до ден денес имав убаво сеќавање ... Само пофални зборови
јас можам да кажам дека бабицата и сестрата заедно со докторот што ме породија ми го продолжија животот и цел живот ке им бидам благодарна но малку се такви како нив, за жал... а инаку во неонатологија бо битолската болница се е хаос, верувајте, ви ги носат бебињата и ништо не ви кажуваат како треба да правите, по цела нок си плачат до вас, вие немате млеко се нервирате грев вие, ама ти си спијат и на крај си земаат плата не по учинок ич не треба да земаат плата...
во болницата во битола, и се надевам дека нема да биде избришам овај коментар, сакам јавно да кажам кој ме држешше цело време така, тоа се докторката Васа Божиновска, сестрите Гордана Палашовска, и сестрата Муневер мислам дека се викаше, кои цела нок се изнаспаа и ми викаа дека се било нормално шо ми се случуваше
гадови! и да ги пријавиш..не бе државава ни е ужас..господ нека ни е напомош..па уште кога ке ми решат не се плаши коса ми се крева..си мислам јас не се плашам од пораѓај се плашам е од такви како твоиве шт ти се погодиле..а се нема пари за по приватниве...битно се поминало.сега уживкајте
Љубичица ме наежи, ама кога ке го слушнеш она ги губиме останувам без здив ,до кај одат ? до последна секунда чекаат ? оффффф ,само нека е живо и здраво бебушко па мама се друго ке заборави
Па да и за пријавување се одма би го направила тоа...Какви луѓе...таму се да им помагаат на луѓето, бебиња да раѓаме,а не да не убиваат,да не гледаат како свињи и кучиња...не ја заслужуваат работата и платата што ја зимаат.Срамота и греота е!!Се гадам од такви луѓе Ти мила ќе се средиш посвети си го вниманието на бебувчето не мисли на овој хорор што ти се случил и побрзо ќе го заборавиш.Намето пораѓајот да ни направат да ни е најубавиот ден во животот тие ни го прават хорор
навистина кога ке го видам бебушко се друго е неважно, ама ме фака нервоза за тоа какви се идиоти се вработтени во здравството, и наместо пораѓајот да тие најубаво искуство во животот тие ти го прават најтрауматичен момент за жал а да одат до крајност, демек најдобро е природно да се породиш, ама кога не може, зошто со време не те направат царки рез , како кај мене што беше случајот, па сите да се задоволни....
И јас само ќе кажам дека се катастрофа, поготово кога ќе ти го донесат бебушка, ништо не ти кажуваат само ќе ти го остават во креветче па ти снаоѓај се како знаеш и умееш, а другото не е битно, ....
A мене кога ми го пукнаа водењакот на бокс рипнав од болка може ме болеше повеќе од инфекцијата и таа ми вика не скокај ова не се болки јас незнам како ќе раѓаш...И викам добро де ме здоболе,и циничното нивно:а кога се онадеше убаво ти беше? ДА и реков, супер ми беше
Леле... Јас би земала би рипнала за коса би ја фатила така... На гинекологија на државна колку сум се дерела, а не па вака на пораѓај, уште и да ми префрла нешто? Во такви болки стварно не знам што се не би направила. Ќе му се јавам на министерот да дојде во ноќна посета, да види како работат. Шала на страна, ве читам вака и уште нетрудна се чудам како се тоа ќе помине. Ама ви се восхитувам на храбороста, навистина секоја чест, добро би било јас само половина да имам од вашата храброст.
верувај дека во тој момент ке имаш и сила, храброст и издржливост, а и самата нема да знаеш од каде доага сето тоа... ке мислиш само на бебето да е се во ред со него, и ке издржиш
Леле срц и јас го имав твоето мислење ама не било така...Зависиш од нив ,мораш да ги тинтраш Се поминува кога јас психички се оправив и одам на второ сите можат