Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Nemam zborovi ostanav nema :shake:
    Mm stalno vika nedaj boze nesto da se sluci ili nekoj/a vo bolnica taka da se duja jas ce mu presudam..zalno neznam sto da kazam :|
     
    На tamarce.j и LUCERKA им се допаѓа ова.
  2. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Преку моб сум неможам убаво да пишам, после еден саат ме будат и ми велат прескокнаме ја дупката а маж ми беше одма до салата и го наговарале да части што ме спасиле, и што тој прв го видел бебето, и мојот маж од радос незнам што не купил, потоа во извештај само ми беа напишале дефекна постелка, ништо од пресечена аорта што можев да ги тужам, а имав конци до подоле и од препоните. Ама во тие моменти само ми беше битно дека керката беше добро и јас, затоа велам само Господ голем ме спаси.
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.985
    Допаѓања:
    133.671
    Кристинче душо, сигурна ли си дека аортата ти ја пресекле? Гледам веќе 2 пати пишуваш.

    Некое девојче страшно многу ќе го испаничиш.
     
    На Jagoda123, jacqueline.s, joy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Јас затоа несакав да пишувам за да не исплашам некој, ама кога прочитав други за жал тешки порагаји мислев дека не е многу страшно што се случи,а инаку до боксот се беше ок, се брзо со 3напони се роди керка ми, и да напоменам , артерија можеби малце ми ја секнале, а сигурност, сум сигурна зошто кога прсна крв исто ко од шприц да прскатие почнаа да викаат по доктори артерија прсна, крв итно , само тоа се секавм ама потоа на трет.ден на испишување те прегледуваат и таа ме праша зошто толку доле крпена, и притисок 40-60 паднав,несакаа да ме пуштат со молење и со врски ме пуштиа,за жал кога ми требаа тие најмногу не беа на смена.
     
    Последна измена: 7 февруари 2016
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Артерија Кристинче, не аорта :rofl:
     
    На buba4e89, ocicka2014, jacqueline.s и 10 други им се допаѓа ова.
  6. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Јас се извинувам што пак ке пишам, ама ке сум кратка, сакм да кажам на сите бремени жени дека секој пораѓај е различен, дури една мајка два пати три пати кога се пораѓа па секој пат е различен, а каде до каде од една до друга бремена жена, јас несакав да знам ништо што ме чека ни читав, ни прашував, сметав така полено ке ми е и помалце страв ке имам, и не згрешив зошто едиствена поукаа што ја имам е дека секој може различно да помине само со Господ напред и се добро да биде на крај, сите со полни раце да излеземе од болница, и лесено на сите идни мајки.
     
    Последна измена: 7 февруари 2016
    На Olgica.bu, girl-miri, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Епа ај кога пишувам од моб и ми само го дава тоа , пак бришам пак тоа зошто првпат згрешив набрзина и сега кога претиснем а само излегув ама сега од тебе го ископирав, стврно глупо незнам каде да исклучам тоа нов ми е моб.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :rofl: nisto ima da te maltretira toj mobilniot i kaj mm e taka pa edvaj go razbiram koga mi prajca sms :D
     
    На MilaP, rose60 и kristince51 им се допаѓа ова.
  9. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Да ама сепак аорта и артерија е исто кој знае подобро медицина затоа се изразив првпат така ама сакав да сменам зборчето да ме разберат ,затоа што повеке знаат како артерија.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
  11. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Od opsta kultura poveketo znaat sto e aorta a sto arterijata.
    I ok,objasni kade si zgresila.
    Da ne me razberes pogresno,dovolno se doobjasnuvas,ne ja optovaruvaj temata.
    Bitno sega si ziva,zdrava...
     
    На kukla21, joy1, kallias и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Dollyy

    Dollyy Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
  13. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека ја оптоварува темата? Мене пример сакам да ја читам и се што им се случило и како поминале. Ако сака да се објасни нека се објасни која си ти воопшто такво нешто да кажиш на некого.
    А Тебе ако те оптоварува жената што пишува не мораш воопшто да ја читаш отколку да и се обраќаш така јавно пред сите, малку е невкусно некој за себе да прочита такво нешто :)
     
    На fina erika, Olgica.bu, MilaP и 5 други им се допаѓа ова.
  14. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Jas sum kako i poveketo feminki da spodelam i razmenam iskustva,mislenje,sovet...
    Po se izgleda ti loso go protolkuva mojot komentar.
    Jas i se obrativ za objasnuvanjeto okolu aorta i arterija a ne za celata slucka.
    Vprocem,mislam deka i taa i poveketo feminki me razbraa sto mi znacese toa preopteretuvanje na temata.
     
    На joy1 и rose60 им се допаѓа ова.
  15. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Во ГАК што да кажам на на први спрат се ај до некаде добри и човечни, ама кога те носат на другиот спрат многу се дрски може сега со нов систем се подобри јас пред 5год бев, ама и кажав кога дознаа преку кој сум веднаш станаа поинакви подобри, поуслужни, лебарки насекаде пајажини колку сакаш па и едно од светлата не се гаснеше за жал беше над керка ми , цело време и ставав крпа на главчето од што е јако светлото па кога кажаа уште два дена да останам абе ко сила да добив во нозе почнав почнав да ги убедувам дека сум добра, ама и јас бев крива маж ми, ми велеше да земем двокреветна соба ама јас не, трошоци имавме правевме кука плус детенце на пат.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја раскажам мојата породилна приказна после 2 години :).
    Не дека е нешто посебно интересна, ама да си ја имам црно на бело (како викаат, будалиот памти, паметниот запишува :D).

    Прво, да кажам дека бременоста ми беше беспрекорна. 90% од болките што ги читам дека ги имате кај мене не се појавија. Ни грчеви, ни болки во стомакот, ни отоци, ни киселини, ништо...
    Крвната слика и брисевите секогаш беа ок, а црвчето беше толку мирно што со страв одев на гинеколог дали е се' како што треба (јас никогаш не осетив удар од неа во стомак).

    Крајниот термин ми беше 09.12.2013 г., а најголема желба ми беше да се породам ПРИРОДНО.
    Ама како викаат: Кажи му ги на Господ плановите ако сакаш да го насмееш :).

    На 29.11.2013 г. отидов на редовна контрола кај матичниот гинеколог.
    Ме прегледа и рече дека се' е во ред и да дојдам наредната недела. Ама не знам што ме натера да побарам да ми го мери притисокот (иако немав никаков симптом за висок притисок, читав тука на форумот дека е опасен во бременоста, а таа ретко ми го мереше и секогаш ми беше нормален).
    Го измери и што да види, не висок, превисок (не се сеќавам колку :)).

    Веднаш ме прати во Државната болница каде ме задржаа и ме држеа под терапија.

    И така си лежев јас во болница до 02.12.2013 г. кога на дежурна смена дојде најозогласениот доктор во Струмичката болница (не знам дали смеам да го именувам :lol:). Ако се погодиш на негова смена, те пораѓа без разлика на се' (причина - 50те евра нормално :nod:)

    Влезе во соба додека ми беа на посета мм, сестра ми и мајка ми и ги избрка нив надвор ( а јас останав со уста полна сутлијаш, баш јадев тогаш :D). Мм му рече ако треба нешто со него да се договара, мене да не ме вознемирува.
    Почна да ни зборува за ризикот од одлепување на плацентата и загушување на бебето од хипертензија и на мене (паничарка прва класа) толку ми требаше. Притисокот ми летна до небото.
    Му рече на мм ако не сакаме да ме породи денес да потпишеме документ дека превземаме одговорност за што и да се случи.
    Во тој момент дојде анестезиологот и рече дека и крвната слика не е сјајна и дека најдобро е да се спремам за ЦАРСКИ РЕЗ !!

    Во тој момент се претворив во робот кој извршува наредби.
    Почекавме да ми се исчисти јадењето (златен сутлијаш :D) и почнаа со процедурите (бричење, клизми, катетар...).

    Ме однесоа во операциона сала во 21.30 и влезе мојот "омилен" доктор, а во асистенција друга "омилена" докторка. Значи "тим снова" :rofl:.
    Само си се прекрстив и си реков: Господе, чувај не', сега сме во твои раце!
    Потоа не се сеќавам на ништо (бев со целосна анестезија).
    Сепак, се' помина во најдобар ред.

    Кога се освестив, околу мене беа најблиските и мм само ми шепна: Ни се роди најубавата ќеркичка :inlove:. Почнав да плачам, што од среќа, што од болка и сум заспала.

    Другиот ден ми го донесоа црвчето да си се погушкаме и со секој изминат миг се' повеќе го засакував тоа мало, нежно, мирно суштество со најубавите очи. Е, тоа ти е љубов на прв поглед :inlove:. Срцката на мама е она :l:.

    Лежев во болница до 06.12.2013 г. Сакаа да ме задржат уште еден ден, ама му реков на докторот дека ќе скокнам од прозорецот ако останам уште еден ден :D ( заради "прекрасниот" однос на сестрите паднав во блага депресија :().

    Дома почнав брзо да се опоравувам, раната брзо ми заздраве, само најголема болка ми беше и ми остана до ден - денес тоа што не успеав да ја дојам ;(;(.

    Црвчето се роди на 02.12.2013 г. во 23.35 ч., тешка 3кг. и долга 51см :l:.
    Од тогаш таа е мојата смисла за живеење :l:.
    Животот си го делам пред и после неа :inlove:.

    Нема поголем благослов од тоа да си МАЈКА (колку и клише да звучи :)).

    Ви посакувам лесно породување и заздравување како моето и на вас :).
     
    Последна измена: 10 февруари 2016
    На vitamina, stejsi2005, MilaP и 39 други им се допаѓа ова.
  17. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Мојата приказна започна на 26 мај 2015 година, денот кога сфатив дека циклусот ми доцни неколку дена! Несмеев да се радувам бидејќи двапати предходно после радоста плачев многу!
    Но имало Господ па најнеочекувано и непланирано ја започнавме авантурата "мајка по втор пат"! Осум месеци поминаа со грутка на срцето, живеење до следната контрола, следните резултати, тупкање на срцето со сите лекарства, инекции, контроли! Среќа што имав прекрасна докторка, целиот тој пат го поминав со помош и поддршка од докторка Весна Ливринова! Жената мислам беше ангел пратен од бога да ми даде сила да издржам!
    На 28.01.2016 започна мојата породилна приказна, од утрото приметив дека ми истекува бистра проѕирна течност, не премногу, но постојано ми беа влажни гаќите. Не обрнав многу внимание на тоа цел ден, дури си бев и во Сити Мол на кафе со пријателки, а после тоа и на бурек!
    Но, кога дојдов дома, имаше што да видам - влошката и гаќите беа утоп мокри!!!
    Се избањав, средив, торбата во рака и околу полноќ право на ГАК! Ме примија во ургентната амбуланта и докторката што беше на смена потври дека се работи за високо пукнак водењак. Ме примија на патолошка бременост и таму ја поминав ноќта. Утрото помина визита и после прегледот ми ставија вагиналета за предизвикување контракции и ми рекоа да лежам и да чекам...и чекав, заврши прва смена, се сменија и доктори и сестри но јас нит болки нит контракции...чекам!!!
    Вечерта кај 7 дојде мојата докторка, среќа се погоди дежурна и ми стави уште една вагиналета за провокации и пак чекав но се јавија само многу слаби болки! Ноќта околу 1 ме качија во предпородилна и докторката побара согласност од одговорниот на оперативна сала за изведување на царски рез но човекот не дозволи со зборовите "абе толкава голема жена зарем неможе едно бебе да роди, нека ја, ќе добие болки!". И ме оставија во кревет на цтг!
    Мене ме фати паника, наближуваа 48 саати со пукнат водењак, рокот што го сметаат за максимален безбеден за бебето, а и смената на мојата докторка завршуваше!
    Плачев и липав загрижена за безбедноста на моето 12 години чекано бебе и тогаш решив дека ако до утрото не ме породат, ќе барам испис и одам на итен царски во Санте!
    Но среќа или несреќа, во 6:30 дојде докторката и ме прибра на итен царски...не било добро цгт-то па добила согласност да ме оперира! Ме одведоа во една просторија, јас поинаку ја замислував оперативната сала, ми ставија спинална анестезија - воопшто не ме болеше, и веднаш започнаа со операцијата! Ги слушав што зборуваат но ништо не чувствував, едно време ми се слоши, ми дојде нагон за повраќање па брзо изреагираа со некои инекции и ме смирија. За десетина минути го видов најубавото нешто во животот- моето мило малечко чедо, го слушнав плачот нежен и тивок, а потоа педијатарот ја однесе на преглед а мене продолжија да ме крпат.
    И после тоа стандард приказна: интензивна нега до вечерта па на одделение за акушерија и првата средба со малото девојче. Утредента првото станување со помош на болничарката и следна средба со мојата убавица.
    Веќе од следниот ден се почувствував подобро, почнав и самата да станувам па побарав да ми ја донесат и ќерка ми веќе да биде со мене и да си ја чувам и дојам. Четвртиот ден од операцијата не пуштија дома и од тогаш уживаме со новиот член во нашето семејство. Во приказната не можам а да не ја спомнам крајната немарност на персоналот од аспект - облога на рана наместо на воспалена вена на ногата, за малку ставена инекција за која докторката минатиот ден ми кажа дека нема потреба уште да се примаат, партали од чаршави, спавачи и бебешка опрема, недостапност на сестри и болничарки и да... двата позитивни моменти - достапниот интернет преку вифи мрежа и перниците за доење! Сосема неочекувано!
    И најбитното од се, од таму излеговме со сонцето што ни го осветли домот и не направи комплетно семејство!
    Болката поминува, секој ден се помалку и помалку ме болат раната и грбот, полесно станувам и се движам, полесно се чуваме со моето мало бебенце!
    Понекогаш си мислам дека можеби згрешив што не отидов во приватна болница, можеби таму сѐ ќе беше побрзо и полесно завршено...но вака требало да биде!
     
    На vitamina, rose60, MilaP и 29 други им се допаѓа ова.
  18. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја твојата приказна, се наежив два пати! Истрајност и толеранција од твоја страна, БРАВО за храброста!
    Уште еднаш, да е жива и здрава, и храбра како мама ❤
     
    На rose60, only44you, Girl-Rabbit и 4 други им се допаѓа ова.
  19. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Eve I jas da ja spodelam mojata porodilna prikazna. Se zapocna vo petokot na 29 01 koga otidov na kontrola na gak I za vreme na vaginalniot pregled namerno mi bese puknat vodenjakot, doktorkata napravi striping na cerviksot, a ne me ni prasa, spored nea vremeto za poragaj bilo dojdeno, terminot mi bese na 31 pa da go ubrza procesot. No slucajno go pukna I vodenjakot I me zadrzaa na patologija. Bolki ne dobivav pa utredenta kaj 2 mi dadoa vaginaleta, no povtorno nemase bolki. Potoa kaj 6 mi stavija vtora vaginaleta I foliev katetar za fizicki da mi se tegne cerviksot I da dobijam bolki. E tuka pocna makata. Bolki dobiv na 5 mini za 3-4 saati se otvoriv 4 cm. Me kacija vo predrodilna I mi stavija provokacija vo vena. Dobiv kontrakcii na minuta, jaki bolni mislam celo telo mi se kornese, me teraa da setam da se spustelo bebeto a jas mislev ke padnam od bolka. Posle nekolku saati I vaginalni proverki koibea nenormalno bolni se otvoriv samo 6 prsta. Mi ja isklucija provokacijata bidejki nemav sila veke umirav od bolki. Od 4 casot sabajle do 7 me ostavija sama na ctg nikoj ne dojde da me vidi, a jas umirav od bolki. Se molev da pomine ovaa smena, koja ne sakase carski da me porodi ida dojde narednata. Vo ,7 casot dojdoa doktorite me kacija na boks bev 8 prsti otvorena, bebeto bese seuste visoko, jas placev I molev da mi ja zavrsat najdolgata nok vo mojot zivot, da me spasat od makite. Rekoa ke me nosat vo rodilna na boks, I pokraj toa sto imam tesna karlica I sansite da se poridam prirodno se 50 50. Me stavija uste ednas na ctg I vidoa deka bebeto gubi tonovi, imase barikardija. Vednas me odnesoa na iten carski. Na moe baranje odev so celosna anestezija, koja se iskomplicira, pa me razbudija I mi stavija spinalna I prodolzija. Doktorite bea vo panika, sreka ostanavme zivi I jas ibebeto, pa vo.7 40 se rodi moeto since. Potoa prikaznata e slicna kako na sunshine. Dali se kaam sto se poragav na Gak, I toa kako se kaam, nikogas poveke ne bi stapnala moja noga tamu. Ne znam dali posle se bi ragala vtoro, ali koga bi bi otisla privatno.
     
    На vitamina, rose60, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Lele abe sto e rabotava so gak??? Site ste so slicni prikazni i pak isto se desava , gi reskiraat rodilkite, gi reskiraat bebinjata. Navistina ne mi e jasno sto se slucuva tamu??