Честитки до сите нови мамички За искуството, страшно е што можеме да преживееме. Јас кога дознав дека сум бремена, колешка на мојата старосватица почина на пораѓај во Чаир едвај ме смирија дома. Еве за 3-4 месеци и мене ме чека Чаир. Ме нервираат и плашат многу работи, како прво односот нехуман на мед. сестри и докторите. Ме нервира тоа што морам да имам врски за да донесам човек на свет. Ме нервира тоа што од бабица до чистачка сите очекуваат да ги подмачка маж ми со некоја шушка или поклонче (има и такви што ако не им дадеш сами си земаат, на пријателка нови рачно извезени бенкици за бебчето и ги снема, па со крпи до дома го донесоа). Ме плаши тоа што пола од бабиците и сестрите препишувале на испит и стигнале таму кај што се (има и доктори такви). Доктор и медицинско лице порано беше најхуманата работа во свет, а денес се научени да бидат носени во скапи ресторани, гоштевани со прасиња, да имаат колекција од скапи вискија по дома и да земаат бакшиш колку наша годишна заштеда. Извинете ако забегав малку од темата, ама последнив искуства навистина се страшни. Треба да се забранат коментирања на лична основа од страна на медицински персонал и треба да внимаваат кога паничат, има женички со слабо срце и многу лесно во такви моменти може да и се предадат на болката.
Најдобро е да се заборават сите лоши искуства и на пораѓај да се отиде со чисти мисли и сила за да се издржи сето тоа и на крај да се гушне ангелот кој сте го чекале толку време
Ајде еве ме и мене да си раскажам На 16 јануари скоро месец дена пред термин во 3 и 30 сабајлето пред да легнам да си спијам отидов до тоалет и така јас мислам дека си мочкам тоа тече ли тече, се облеков и додека да стигнам до соба што да види мм утоп, и пустиот паника го фати незнаеме што да правиме, па решив јас да звонам во Чаир дека таму се породив да прашам кога треба да одам накај болница тие ми викаат веднаш. Се спремивме и правец накај болница, на мм пустиот почна да му се лоши и повраќа незнаеше што да направи. Стигнав во болница накај 4 и 30 и одма ми рекоа да си облечам спавача, си го бацив мм и ме качија горе.Прво ме прегледа една докторка и ми вика аууууу ти само 1 прст си отворена ќе јадеш цезареа,а јас онака бледо ја гледам, од таму ме качија на патолошка, притисокот рипнат ми даваат апчиња да пијам тој не паѓа. Околу 11 почнаа некои болки, јас жива ненаспана неможам да ги издржам , тие ме ставаат на ЦТГ и ми викаат нема болки некои а јас збеснувам. После дојде друга сестра и вика абе ова ЦТГто не работи како што треба. И така си се мачев докај 5 лево десно низ ходникот а никој не реагира, на крај побарав доктор дојде ме виде и ми вика 4-5 прста си отворена, и им кажа да ме симнат во породилно. Таму ми ставија цревце да си се исчистам и ме легнаа пак на ЦТГ ми ставија и инфузија, а јас како мрдната урлам се виткам, викам по сестрата дека иам болки, грозница почна да ме тресе ама никој ништо не реагира. Незнам точно колку саат беше кога ме качија на бокс е таму беше нешто што не се трпи, јас готова мислам дека ќе се породам ми доаѓаат напони а сестрата на тел си збори се дерам јас по неа дека ќе се породам таа ми вика е ако де породисе и си продолжи на тел.По некое време дојде уште една сестра и 4 доктори, и имаше што да се види кај мене сонцето ми се качило нагоре, па почнаа да ми ставаат провокации, јас напнувам тие по стомак одозгора над мене, па ми летна иглата од рака ми се измрда, ја гледам раката крвови, тие боцкаат на дриго место провокации, а едниот доктор ми кажува што да правам, незнам по колку време и колку напони се роди малото, ама знам дека збеснав три пати мораа да ме сечат, и пак на крај сонцето не сакаше да се спушти и се мислеа дали да ме носат на царски, и за крај ми дадоа уште една провокација се напнав колку што можев мислам дека ќе се онесвестев од што напнував и конечно по толку саати во 21 и 40 мој мал Стефанчо дојде на свет со 2,880 и 50 долг. Кога ме качија горе после два саата неможев да се смирам цела вечер како мало бебе плачев, ама сега кога си е крај мене си размислувам и пак би поминала низ истото за него ако треба...
Е ова јас го слушнав точно 3 недели пред да се породам. Буквално бев престрашена, испаничена... и како што сакав царски ,по ова неможев ни да помислам на царски и анастезија, бев убедена деке ќе се пораќам природно. Но, не беше како што јас сакав и замислував, па пак завршив на царски. Фала му на Бога, поминав одлично. Сега кога те читам се присеќам дека бев во иста ситуавија како тебе, затоа сакам да те охрабрам, да ти кажам дека секој организам не е ист, дека секој пораѓај е различен и воопшто да не размислуваш за вакви случки. Приметив дека оние кои не се замараат, не читаат по форуми колку и да им е страв раѓаат за 2мин, без никаква епизотомија. Абе Марфи упм Ич да не береш гајле, а за Чаир конкретно имаше само една која ми спомна да сум и донела парфем од Фришоп, и јас “аха, важи бе нема проблем, ќе донесе маж ми, ич да не се секираш“, па дури ја прашав и кој го сака, ама муабетот си остана на толку. Од што сакав само дадов по една бомбониера на двете сестри кои ми го облекоа бебето и на чистачката (која беше премногу фина), која не симна долу, пред да си одиме. Мравче да сте живи и здрави, а тоа нивните ЦТГ-а ми доаѓаше од глава да им ги треснам Потполно истата приказна. И јас бев со ужасни болки и напони, а они ништо немало
Јас пак да си ја раскажам мојата породилна приказна по опширно. На 29ти септември цел ден чистев дома додека дојде мажето од работа кога дојде се спремивме и отидовме да се прошетаме малку.. вечерта останав на Чат овде на фемина до 2 часот, потоа си легнав ама никако сон не ме фаќаше и гледав филмови до 5 часот конечно заспав.. Се разбудив после 2 саати и како по навика отидов одма во Вц, на гаките видов малку мокро ама ај си викам не е ништо. Само што легнав нешто ме натера повторно да станам и кога станав целата бев лом мокра. Го разбудив мажево сирот солзи му потекоа кога ме виде, ја разбидив и мајками и влетав во соба и и викам АЈДЕЕ ГОТОВОО ЕЕЕ она само стана и ми вика ЧЕКАЈ БРЕ ШТО Е ГОТОВО Кога ме виде и стана јасно и така од тогаш ми почнаа болките јас си се напив Спазмекс , додека се средам наваму натаму почнаа болките на 10 минути одиме накај болница и мислам дека со секое мое ОФ мм стискаше на гас стигнавме во 8.30 на ГАК и до 10 чекав да ме примат и само шетав натаму наваму.Испив уште еден Спазмекс Конечно дотичниот господин доктор ме викна да влезам за да ме прегледаат и уште јас се соблекувам а тој ми вика ајде ма побргу , не е ова чекална , имаше уште една со него и буквално си се учеше на мене брцни раката извади , па на ехо не знаеше да гледа сиротата јас им се раздрав и во тој момент влезе мм и почна да им се дере и мајка и шајка се им нареди хахаха. Конечно Ми облекоа спавача се поздравив со мм и мајками и и м реков да бидат тука зошто јас бргу ќе се породам. Во 12 ме прегледаа и бев 5 прста отворена, среќа не ме ставиа на ЦТГ само еднаш цело време си седев се клацкав и си мислев уште оваа болка и ке помине. По 1 саат почнав постојано да идам во ВЦ и после некое време сватив дека уствари добивам напони и кажав на сестрата дојде докторката и ми вика оо браво ти си 9прста отворена ме префрлија на бокс и бабицата почна да ми дава инструкци ме среди се и ми вика ајде сека почекај уште 2-3 напони и ќе дојдам да те породам, јас не можав да издржам ми дојде многу силен напон и и викам еј ало кај идете јас раѓам хаах ова ми беше најсмешно кога се стрчаа сите и така после 2-3 напони ми ја ставија мојата принцеза на гради ја видов и после дури утрето дента во 2 ми ја донесоа, бев горе кај тие со царски немаше место доле. Единствено многу ме болеше шиењето 3-4 недели не можев да седам како што треба ама се помина и се заборавив, Исто и јас молев за вода не ми дадоа за да не сум го помочала бебето , кога се породив ми даде малку бабицата. И голема благодарност до нејзе Елена со црна коса од Гак Утрето дента кога ми ја донесоа Ана цела бев изгубена не знаев што да правам ама ете се помина Мојата ќерка се роди на 30.09.2012 во 13.55 едит: и намерно не сакав да фаќам врски, кога ме задржаа првиот пат заради ЦТГ имав врски и заради врските мои на секој саат доаѓаа да ме проверуваат колку и дали сум отворена. Затоа како што е Господ никој не е. Ви посакувам на сите пораѓај како мене
Браво за храбрата мајкичка!!!!Мајките се трансформираме во нешто силно и снажно издржуваме се за нашите најмили,се молам на бога само да не почитуваа и ценат кога ќе дојде време...
Леле моето искуство не е нај, знам дека кога отидов нели одма клизми, мизми, бев веќе 5 прсти отворена, беше петок навчер, после имав само болки, и шетав наваму - натаму, ама ова моето се предомисли не сака да излегува, така јас скоро цел ден седев во болница, сабајлето не ми дадоа храна, за да не треба клизма да ми ставале пак, бев прегладнета и им се јавив преку прозор да ми дадат храна зошто не можев немав енергија. Жени шетаат по ходник, и јас се туфкам со нив, луѓе нит доктор, нит сестри мислам така грдо се однесуваа не знам што да кажам, ми пукна негде водењак накај 20 саботата значи, ама уште бев малку отворена, и ми рекоа шетај, поминаа неколку 2 саати, ги слушав нив како си зборат за детски љубови, собрани во едно собче, меѓу време една жена се породи, се заврши чинот и сите ги снема, никој нигде. Накај 03 епетен јаки болки имав, ме бутаа на земја, му тропав на докторот на врата, не отвори нормално, и помина женичка оставаше навлаки, и и реков јас се качувам на бокс викај некој, умирам, не спиев цела ноќ, малку јадена, легнав на боксов, и дојде една бабица, и почна а ми вика ајде, почнало да искача, давав нап ама немав енергија во мене, нит инекција за нап ништо не ми дадоа, и виде дека сестрава ќе има проблем, го викнаа докторв, јас паѓав буквално, и само ми рекоа ако не бутнеш силно ќе го угушиш бебето, погледни му штрчи главчето, кога видов косичка малку, дека Мила имаше коса кога се роди, не знам од каде таа енергијам напнав и само осетив како цела планина да извадија од мене, само гледав со поглед каде ја носат, дека до мене уште една почна да се пораѓа ама истворемено скоро децава ни излегоа, и ја будала да не ми го измешат детето хаха. И после тој докторот, ме шие инаку не викав такви работи кога седнав на бокс воопшто, ме шиеше без анастезија ми вика зошто не викаш? Му реков што да викам, кога ми беа најголемите болки, вие бевте во канцеларијата не покрај пациентите и се замолче, ми беше многу болно зошто се пораѓав на суво, водењакот ми пукна неколку саати пред тоа. Се сеќавам само дека сестрата рече многу убаво бебе, ми ја стави на гради, беше ептен мирна розево / црвена во лице, со црни очиња. Ах. Станав мама, и знам дека пцуев по татко, оти он не раѓа.. Додека сестра ми сосема спротивно од мене, топ пораѓања, одма на нозе и се смешкаше..
Еј сега ме уфрпавте Сега се молам да не ми се сврти бебево и царски да се породам... А цел ден ме клоца во ребра изгледа сега напречно е се врти за надоле па мрда клоца нема место да се сврти
Не се секирај, како што рече MeU секој со своето. Секој различно си поминува, никогаш не може се да е совршено. Само храбро! Јас едвај чекам да ја раскажам мојата породилна приазна, затоа што каква и да е на крај секогаш се пропаѓа во големите очиња на малото делче што излегло од нас а сме го растеле под срцето.
ех не се секирај, моево беше со глава надолу сега е напречно поставено. ќе се сврти до крај на бременоста не се плаши. позз
Не ме бива за раскажување ама викам да споделам и некоја позитивна приказна да не ги преплашиме идните мајки Јас од кога влегов во 9ти месец еднаш неделно одев на цтг на клиника, имав една пријателка сестра и добро и лесно поминував. Секогаш одев со позитини мисли, со насмевка и знаев дека е рано за пораѓање. Освен проблемите со дидимерите и што морав 3 месеци да се боцкам со Клексан имав баш лесна бременост без никакви проблеми. Интересно е што на сите им кажував дека ќе се породам на 01.11.11 за да има ќерка ми фин датум на ЕМБ и да знаете така и бидна. Додека одев на контролите само се надевав дека нема да ме задржат така не спремна, си имав зацртано во глава дека јас треба си добијам болки дома па да одам на клиника. Едноставно сакав бар толку малку да имам контрола над ситуацијата. На први наутро го пратив мм на работа ама му кажав ќе те барам подоцна да ме носиш на гак веќе бев 40та недела и некој ден и имав малку болки. На гак ме прегледаа околу 10-11 часот и докторот ми вика до кај 18 ќе бидеш породена сега соблекувај се облекувај спавача и носете ја во предпородилна сала. Се прошетав полугола низ цела клиника и стасав до салите конечно. (А ден или два пред моево пораѓање беа затворени сите сали на гак поради родилката со некоја опасна бактерија што ја оперирале, сакам да кажам лоши случки има секогаш) Во породилните сали беше хаос, еден куп жени, сите со својата мака викаат пискаат јас викам ако лежам овде ќе ме фати паника подобро да шетам низ ходник а и подобро е за полесно породување ако се движиш отколку да лежиш. По неколку саати ме прегледаа и ми ставија провокации од кои добив болки кои не беа така страшни но мене ми беше тешко да лежам па ги прашав сестрите дали е ок да стојам, ми викаат како сакаш ама подобро лежи, не ги послушав си стоев и шеткав низ соба колку што можев со се инфузијата. Околу 15часот ме прегледа докторката и ми го дупна водењакот, тогаш почнаа поинтензивните болки но тоа е нешто што мора да се помине. Од толку жени што се пораѓаа дента попладнето јас останав сама а по некое време донесоа една жена која во 6-7 месец го изгубила утрото бебето и сега мора да го роди мртвиот плод. Таа ми даде сила ми вика те боли ама бар знаеш зошто, за некој саат ќе си го гушнеш бебто а јас ќе се мачам за џабе. Да ја скратам приказната, ме прегледаа уште еднаш но бебето беше високо поставено и не бев доволно отворена ми кажаа дека ќе почекаат уште малку па ако не бива ќе ме носат на царски. За среќа при следниот преглед околу 19ч докторот ми рече да одам на бокс а таму поминав прилично лесно. Кога се качив бабицата ми рече, сега се зависи од тебе слушај ме то ќе ти зборам и така прави. По 2-3 напона ме засекоа и бебушко излезе. Шиењето беше одврато и болно но од кога ќе се породиш за се ти е баш гајле адреналинот е толку висок што во тие моменти можеш се да преживееш. Е после едно 2-3 недели не можев да седам од раната ама па си имаш опрадување да си легнеш почесто Од кога ме средија замолив да ми ја дадат малку на гради, а и тоа беше се од нашата дружба за вечерта бидејќи беше гужва па не бев на одделение кај бебеињата таа прва вечер. Следната средба ни беше сабајле и од тогаш сме неразделни
Се породив... Здраво мамички одамна ме нема на форумот баш ми е жал али ете вака кога имам време одма ке ви пишам.мојата породилна приказна започна вака Беше среда и сестра ми беше на гости до накај 5часот поручек и во 6 и нешто ручавме со мм и после забележав нешто мокро на гаките и ги менајв почесто за да видам што е работата и се испаничивме и одма со свекрва ми и мм отидовме у Гак, таму ме примија и ме проверија дали е воденјакот и кога ми рекоа дека паднало чепчето ме задржаа таа вечер и сабајлето во 4 часот си лежам јас така и кога осекам нешто тече и кога станав церла река тече од мене викнав една од сестрите и ми рекоа дека е воденјакот али зелено беше.Почнаа често на цтг да ме ставаат и ме проверуваа колку се отварам прво 2 сантима па ми почнаа болките кога ме качија горе мн јаки болки имав и ми рекоа за да се отварам уште ке треба да чекам појаки болки и дојде мојот др ме провери ми рече 4см и со тек на време често ме проверуваа вагинално. Потоа веке кога се појавија најголемите болки ми рекоа да шетам да не седам и јас така првев ем течам ем шетам ам морав и кога веке на крај ме проверија бев околу 8 см и веке ми доагаше напон мм беше цело време до мене и му кажав кога сестрата ми рече ајде да те носам по нужда демек и кога оп на бокс дојде др со сестрата влезе мм со мене и на три напона ете ја мојата керкичка...мн се израдував одма ми ја дадоа на гради исто и мм од радост му се насолзија очите...Па ме опија за да ме шијат пошто се распукав малку и имав болки веке 2 недели али се се заборава после таква радост..Инаку присуството на мм на порагај беше најубаво чуство и ми даде мн сила...Порагајот за мене беше многу убаво искуство.Поздрав до сите мамички и бидете срекни со вашите најмило Ве сакам...
каде ни се новите мамички со приказните?! зафатени се изгледа премногу со нивите срциња,па ќе почекаме за свежи породилни приказни...ајде,може и некои од "постарите" мамички да си се потсети на своето...знам дека не е добро многу да се чита и да се базира на туѓо искуство,ама баш е интересно да се види кој како поминал на пораѓај....а мојот се ближииииииии
ајде јас ќе почнам прва од тазете мамички. ( иако се мислам дали воопшто да почнувам ) Како што и веќе си кажав јас мислев барем дека до последен момент ке си седам дома ама не било така. На 28 јануари ноќта во 3 ми пукна водењакот. Станав, го разбудив мм , се средив, се избањав, средив торбицата арно ама пак си легнав и решив да чекам дома. Утрото нели пишав тука на Фемина дека се случило тоа и дека се подготвувам да заминам во болница. Арно ама болките што ги имав морам да признаам дека во тие моменти воопшто не беа јаки иако беа редовни од почетокот а после ги снема. И наместо во болница на пат натака отидов до работа да средам нешто од административен аспект - ласт минут ефект ( е дека сум нездрава ете ви доказ ) па бев во банка па на крај дури во 14 часот стигнав до болница. Стандарден прием, цтг отворена 2 прста, водењак пукнат ајт на патолошка да си чекам. И си чекав и си се запознав со Силк и си чекавмеееее цел ден и цела ноќ до утрото. Ете ме мене се будам утрото горам од температура, контракции редовни, отворена 3 прста. И поради температурата и страшната грозница ме префрлија во карантин. Леле ужас- сама ко куче, горам од една страна,се тресам од друга, болки појаки ..... И бидејки поминаа веќе 36 часа одкако ми беше пукнат водењакот ме качија во родилна таква никаква да се обидеме со провокација. За толку часа значи се имав отворено само 3 прста, потоа горе пред провокациите се отворив уште 2 и ете ти ги болките оние чудните..оние што од мене извадија монструм што се дере ко улав. Гледам, трите жени до мене која стенка која офка никоја не вика како јас. А од секогаш сум се класифицирала ко демек јака женска. хаха..А мој Филипчо да ти бил умотан околу вратчето два пати со папочната врвца да си седел горе и да не се спушта и да е под тотален стрес што доведе до цтг на кое кај има шарка кај нема. А мене никој не ме рецка, повеќе немав контракции имав константна болка- и ете ме викам колку што ме држи глас не можам веќе, нешто не е во ред, ке дојде ли некој.... бла бла..викај си ти ако си немаш друга работа. Со провокации ме отворија 9 прста и ме однесоа на бокс. Упорно ме спремаат за бокс и ете им се направи ќејфот. И почнав да напнувам , почнав да повраќам неконтролирано дури и од носот ми излезе течност, се тресам од температурата и кога на цтг се виде дека плодот е во стрес ми вика таа една никаквааааааааааааааааааааааааааааааа затворај нозе не напнувај. Ајде аман заман еден за нозе друг под раменици од бокс на кревет ја у тотален хаос напони идат.. ме однесоа во сала. Молскавична брзина и оп... ништо веќе не ме болешееееее.уфффф... и ете го Фичко мој, го одмотаа од папочната па дури отпосле почна да плаче. И јас со него. И си плачам така колку што ме држи глас- ко ненормална. Го погледнав саатот беше 7 и 5 попладнето. И после 40 часа породилна приказна се роди мој Филип срце на мамичка
llele so dusicke si se iznamacila ccc ama eve sepak na krajot si si go gusnala bebenceto i se se vo red neka e ziv i zdrav so majka i tatko da rasti ,,,
Па ако е за сами да раѓаме да си седиме дома ич во болница да не одиме...ц.ц.ц.ц.. срамота и греота е Среќа што приказниве среќно завршуваат нашите најмили се добро исто и ние,а другото се останато е хорор Уживај си со принцот анчетупанче,те сваќам и знам како е,поминав еднаш низ ова сега одам пак па со господ напред...здрави и живи само и јас у 3 п.м ќе ги терам и за првиот пат им го имам собрано ќе им се заканам со тужба,а и ќе го направам тоа ако е потребно Извинете надвор од темава сум ама се изнервирав ептен
Аххххх бре душоо. викаш ќе ги отерам у 3 пм...само да знаеш што пцуење дадов, нервоза невидена. Сестрите во цела таа мака душава мислам ми ја зацрнија со коментари од типот јас ли ти го пикнав бебето внатре, убаво ти беше да шириш нозе пред мажот ти сега тука плачеш, не го моли господ за помош за таквите ко тебе ни господ не помага, аман бе од оваа више види ја повраќа на боксот недај боже како тргнала и ке се исере на него ( извинете на израз ама за да бидам оригинална во преводот ) и се кезат ко луди .......... И доага докторка згора на се ми вика ауууу што си била ти заникаде од човек, што си толку негативно настроена а, ќе ми кажеш ли сега???? Ко да сум малоумна у пм... А всушност на таа некоја си Весне на овој на оној тетка братучетка некоја си што исто се породуваше докторкава што ми се обрати како што пишав погоре и вика Ајде душо јас предлагам епидурална има да се породиш како кралица. Не ми се секирај ама иччччч!!!!!!!!! А јас со бебуле заглавено горе и замотано со папочник, и уште две жени околу обични смртнички ке умираме ама нема да смееме да бидеме негативни. ааааааа тоа никако. И викам и јас сакам епидурална кога веќе има за една нека има за сите нас- ааа она на мене ааааа тоа никако, вие ЕДНОСТАВНО НЕ СТЕ ИСТИ!!!!! И тогаш ми рече ( кога почнав да се карам ) а бре што си била ти заникаде од човек. Ајде ајде дајте и еден спазмекс и тродон да престане да вика.... Лута сум, затоа што од такво убаво исчекување се ми се претвори во кошмар и толку се истрауматизирав што на друго дете никад во животов мислам дека нема да ми текне ( добро сега викам така знам..ама...) И во право си Симона фала богу што се се завршува среќно со бебушките во раце инаку се би било бесмислено не фер и греота
simonatino mislam deka treba da se ima razbiranje i za niv neli, vo toj moment nikoj ne e pri svest i niv ne im e seedno ako izgubat edno malo nevino sustestvo zatoa i se takvi. Mora mnogu brgu da se reagira. Ova mi go raskazuvase babicata sto me poragase , moze ke ti vikam mi rece ama ti ne mi se luti i jas sum pri stres. Nekoi gi opravduvam ama nekoi navistina se katastrofa. Nikako ne go opravduvam toa UBAVO LI TI BESE KOGA SE ***** ... Mene koa mi se derea jas im se smeev Ama mojata situacija bese mnogu po razlicna. JAS SAMO SAKAM SITE TIE STO NAPRAVILE LOSO NEKOGAS MENE DA MI PADNAT VO RACE, NA STO LICI TOA.. Ova za tie so vrski poznato mi e, jas za toa od doma se napiv Spazmeks Pozdrav i so lesno neka vie e na site