Да имаш тесна карлица и да неможе детето да искочи од доле да те видам колку ќе бидеш храбра или да ти се умота у папочна врвца ко моето па саати да му се бројат.Затоа не се мавај у гради и не ги навредувај другите.Има жени што идат со закажан царски од што нема можност за природен пораѓај.Еве пример моето бебе е карлично поставено и докторот рече ако не се врти до крај ќе мора со закажан царски и сега јас сум размачкана и не сум храбра?Или треба храбро да одам и да пробам да го родам природно без разлика што е со нозете надоле?Само да се зборело нешто...
Мислам мачење е да те остават сама 4,5 саати со пукнат водењак и без грам загриженост може ке умреш чекајки некој да те ѕирне,тоа е поентата а не дали имам храброст или не .Јас ете сакам и сакав природно уште од одамна,но кога се виде реалната ситуација сепак ке биде здравје царски но знам дека Докторот кој што одлучува за мене и за моите бебенца не би ме оставила да се мачам до крајност ,секоја болка секоја мака има крајна точка.Ниедна приказна и јас не чув од ГАК или јас како што викам Државна да ме охрабри да отидам таму да рагам а камоли без врски недајбоже со близнаци да отидам може нема и да ме примат.
@MargaritaD^2 баш убава приказна, уште вака да си раѓаш лесно прелесно, дури си можела после и кај свекрва ти на кафе да стигнеш се шала , да сте живи и здрави и среќни
Pa cim sme se odlucile deca da ragjame i cuvame, bez razlika kakov poragjaj toa sme site neznam sto se iznerviravte site... Mariz mariz, dosta vekje otide temava kaj sto ne treba...
Dosta e mislam, koj kako razbral toa e sto e, temava e za porodilni prikazni, dosta me citirate, nemozam da ne vratam Takva sum sto da pravam, mala sum inace da, pa recnikot na moe nivo takov e Rabotava i trgna koja e majka koja nemajka, ne se gleda po ragjanjeto toa, po cuvanjeto posle se gleda koja e majka, odma se mesaat babi i zabi i so preuvelicuvanje na rabotava otide kaj sto ne treba
Abe hrabrosta sekogas ne e doblest. Vo slucajov bi rekla poveke ludost odkolku doblest. Da si rizikuvam svesno zivot moj i na bebe ne mi e bas za pofalba. Zboram vo kontekst so nasava sredina i uslovite. Ama aj!!
Пред 2гoд. нa ГАК ми се пoгoди персoнaл милинa зa чудo зaштo oд секaкви прикaзни штo изнaслушaв стрaв вo кoски имaв нo дoбрo прoјде све , пoсле 2 гoдини истиoт месец т.е пред скoрo 2 месецa рoдив пaк нa ГАК прaктикaнткa ме пoрaѓaше a Јoсиф Ѓoрески вoдењaкoт ми гo пукнa и сите беa фини oд приемoт дo рaѓaњетo имaше 30 мин. рaзликa брзo и леснo , нo не е секoјa рoдилкa сo истo телo или истa бременoст тaквo време дoјде штo мoрaш дa бурнеш вo џеб или дa бaрaш преку рoднини или пријaтели врски зa дa прoјдеш дoбрo , секoјa женa е силнa и издржливa нo не секoјa мoже дa имa лесен пoрaѓaј се е вo Бoжји рaце (бидејќи лекaриве ни се )a вo привaтните секaкo декa е пoубaвo и пoевќе гледaaт и реaгирaaт нa време нo , немa секoј тoлку среќa дa си дoзвoли тaкoв луксуз , искуствaтa oд ГАК и oд персoнaл и oд чистaчки ми се екстрa иaкo бев без врски и без пoдплaќaњa зaдoвoлнa сум .
Sestrata so pomos na cistackata poraga i vo nokna smena samo posle vikaat anesteziolog od gore.So eden zbor Klanica.
За тие што мислат дека царскиот е лесен,да ја раскажам уште еднаш мојата приказна? Мајчинството не се состои само од начинот на породување.
Od vchera sakam ova da go pisham, ja chitam temava i pochnuva da mi doagja strav od poragjaj a do sega nemav ni malku strav Se nadevam lesno ke pominam
Слушај ме мене немој ич да читаш.Како Господ никој нее ако до сега било се во ред и на пораѓај ке биде во ред. Јас од вчера сакав да пишам нешто ама да не бидам погрешно сфатена. Вие сите што сте имале тешки пораѓаи господ ве чувал вас и вашите ангели.Породолната болка поминува ама болката по загубеното чедо не,затоа бидете среќни што покрај се имате здрави и прави деца а вие што тек треба да родите радувајтесе на вашите здрави бебиња во вас бидејки од лошо има и полошо.
Мислам дека приватниве клиники доведоа до оваа состојба со царскиот рез. За пусти профит, секоја втора е со царски, па затоа и сме дојдени до ова дереџе. Не верувам дека постои друга држава каде се изведуваат толку многу нарачани царски резови Царскиот рез не е играчка , размислете пет пати пред да се одлучите на тој чекор без да имате потреба за истиот. Нема да бидете “царици” ако се породите царски
Верувај царскиот е многу почест во странство, за пример сестра ми со првото дете беше на царски поради карлична положба на бебето и требаше да ја породат на 11.11.'11, арно ама имало толку многу закажани на царски (само заради датата) па неа ја преместија неколку дена порано.
Јас после темава се убив од паники и стравови. Да можам ќе си ја зашијам и не раѓам. Од сами породување до чистачка бабица, па сите на раб да умрат сосе бебиња... искрено, толку страв ми се наби што сета позитивност и радост и желба за лесен пораѓај и здраво бебе ми паднаа во вода. Сега само се надевам дека ќе преживееме, ако не јас, барем ќерка ми. Прво се плашев од болки, сега се плашам од смрт. Моментот кој со радост го чекав после темава ми е хорор. Не знам кој ѓавол ме натера да ја отворам. До пораѓај не ја отворам повеќе, ако преживеам после тоа ќе ви пишам.
Се слагам дека многу ја отеравме темава. Пред некој ден бев на ГАК на некое предавање, не однесоа право кај боксовите. Имаше најмалку 5-6 штотуку породени женички. Ниедна неизгледаше животнозагрозувачка!!! Така да сигурна сум дека позитивните случки се побројни!!
Ама ајде бре,@Cka толку силна жена како тебе зарем може да ја исплашат,па ова се само приказни самиот наслов тоа си го кажува. И ако веќе не може да се воздржат одредени феминки за негативните искуства тогаш темава треба да биде Позитивни породилни приказни
Има и убави искуства, задржи се на нив @MargaritaD^2 е една од последните со преубава приказна која за жал се изгуби во овој хаос. Ајде само храбро и темава да се наполни само со убави и лесни породувања, со среќни мамички и здрави бебиња