Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.981
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Незнам дали прочита дека се работи за мртвороденчиња.
    Секоја жена која раѓа мртво бебе има дефектна постелка се прави ревизија и затоа е анестезиологот.Жените што се до 19 недела раѓаат во болнички кревет а тие што се над ги качуваат горе на бокс.
    Јас сето ова го гледав од кревет со болки за да го родам моето мртво бебе и најмалце ќе ми текнеше на полиција јас во шок бев.
     
    На CameliaMiller, girl-miri и galapce им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.070
    Пол:
    Женски
    не не видов дека се работи за тоа и се извинувам.
    Но од друга страна првобитниот шок поминува и треба да се дејствува.Денес ти утре друга и се така ке си врви караванот.Ке ги третираат родилките на најлош начин се додека си кјутиме.Тогаш не е крив персоналот туку пациентот(индиреткно) бидејки се правиме како ништо да не се дешава.
    затоа постојат медуми ,тв,весници....
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Еве и јас да ја кажам мојата
    Се спремаав сабајлето да отидам на цтг и вечерта се средив све се истуширав.
    Станав сабјлето во 7 часот но си реков рано е ајде уште малце е преспијам.Во 8 часот ме разбудија јаки болки во пределот на стомакот и кичмата и не ми беше јасно дали се породилни болки или се работи за нешто друго бидејки ми е прва бременост.Си реков ајде ке почекам половина час бидејки сум слушала дека прво почнуваат болки н половина час и потоа се намалува интервалот.
    Поминаа 4 мин јас пак ја осетив истата болка и си реков ова не е можно.Во рок од половина час дур се облечам болките си продолжуваа на 4 мин.
    Отидов во болница и му реков на докторот дека имам болки на 4 мин а тој ме праша колку време и му реков половина час а тој ми одговори дека не е можно тоа. Me качи на бокс и само рече Ајј пораѓањето е започнато ти си отворена 2 прста и му реков ок и си станав ми рече каде ке се пораѓаш му реков ССК ( а јас сум од град - доста далеку ) ми рече немаш време за ск му реков ок и си појдов и ме праша и сега каде и му велам Ск и докторот само се фати за глава.
    Пешки си се вратив дома му се јавив по пат на маж ми кој беше во СК на работа и му реков да си појде, ме праша дали има време да стигне му реков има како не немој да брзаш ( иако докторот ми рече дека 4до 6 најмногу часа е се породам ).
    Ете го маж ми за саат време дома со 190 км на час возење ми вика од двор Ајдееее МУ ВИКАМ не викај бе оди кафе напиј се и ке одиме ми вика ти ме зезаш мене јас ке се истепам по пат а ти ми викаш да седам дома.Тргнавме за ск јас по пат глас не пуштив несакав да го секирам да брза за саат време стигнавме во ск и беше 12 часот. Се јавив на мајками дома ја излажав дека направив цтг за да не ме мисли и да не ме бара и и и реков дека имам обврски по дома дека јас ке и се јавам.
    На приемно ме ставиа на цтг мислев апаратот ке пукне од болки и ми иде сестрата ми вика девојче имаш болки ????
    И викам даа бе.
    Ме гледа и превртува со очи и звони на докторка и и вика докторке симнете се веднаш на приемно на цтг имаме ненормални болки а девојчево глас не рече чудно мие .
    Ддојде докторка после 10 мин и сестрата и вика докторке ајде каснете, имате среќа девојчево си ги дише болкиве и ни збор не рече.
    Докторкат сакаше да виде колку сум отворена и ми го пукна водењакот ( луѓе мислам 5 кг вода истече) но докторкаа мн јако ми брцна внатре и почна крв да тече многу.Ми напраи одма ехо рече дететео е добро свртено ајде одма на бокс.
    ми дадоа спаваќа ме качија на бокс ми ставија неокја инфузија во вена и ме оставиа.
    Болките не престануваа мислам дека на 15 секунди се јавувуваа и повикнав по акушерката и реков дека сакам да родам.Ме поглдна и ме праша кое дете ти е по ред 2 -3 ?
    Реков 1 и ми се изнасмеја. Ми кажа дека сум 8 см отворена.
    Почнав едно време кко да се гушам од болките но не им реков ништо ме приметија и ме симнаа од боксот ме стиснаа на страна и ме оставија така.После некое време дојдоа и им реков ајде да раѓам неможам веке они ми се смејат.
    Ми вика ајде шом си решила ајде давај напон.
    И ТАКА знаете процедура напнуваш еднаш два патии ми вика немој да го мачиш детето ако мислиш да родиш роди го сега и јас со целата сила дадов напон и го видов моето принцезиче како излегува..НАЈСРЕЧНИОТ МОМЕНТ ВО ЖИВОТОТ.
    НЕ испуштив глас ни кога раѓав затоа ми излегоа модрици околу очите и носот а они само ми рекоа БРАВО.
    ДОДЕКА МЕ КРПЕА СИ ПРАВЕВ МОАБЕТ И ТУКА ГЛАС НЕ РЕКОВ.
    сакав да си ја испробам силата и издржливоста.
    ВО 14 ЧАСОТ СЕ РОДИ МОЈАТА КЕРКИЧКА 3100 ГР И 50 СМ ЖИВА И ЗДРАВА
     
    На vitamina, ♡BuBaLe♡, Lorins и 33 други им се допаѓа ова.
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.125
    Пол:
    Женски
    Ех мајκи мајκи,κаκо поинаκу ќе знаете деκа сте станале мајκи? И ваκа и таκа,боли. Κој и да ви κаже поинаκу,ЛАЖЕ! Е сега,пρагот на издρжливост не е ист κај сите жени,тоа е дρуга пρиκазна.
    И да,и јас ρодив 4050бебе и јас лесно поминав во споρедба со дρуги ама јас си знам.
    И да читате и да не читате исто ви е,аκо сте ρешиле да станете ρодител,на свет да донесете едно суштество од κое животот ќе ви се пρомени за 360степени,е па ВΡЕДИ жρтвеност. Неκаκо моρа да излези,неκоја полесно неκоја потешκо,ама болκите се тие и ги има.
    Читајте,инфоρмиρајте се,но едно сеκогаш неκа ви биде во глава. Јас на свет ќе донесам ЖИВОТ,за κој ќе живеам.
     
    На LadyIvvy, praski4e, ♡BuBaLe♡ и 16 други им се допаѓа ова.
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    7.975
    Пред четири години ја отворив темата за да споделуваме искуства кој како поминал на пораѓај.Јас ја немав таа среќа да пишам како поминав тогаш.Сега по толку време имам можност да ја напишам мојата породилна приказна.
    Лани кога останав бремена бев пресреќна.Бременоста не ми беше најлесна,цело време пазање, лежење,операција заради скратен цервикс.Цело време ми викаа дека ќе се породам порано, но успеав да догурам до терминот.
    На првиот разговор во болницата за пораѓај добив понуда да бирам помеѓу царски и природно поради тоа што имав проблематична бременост.Избрав природно поради тоа што не сакам без индикации да одам директно на царски.На последниот преглед кај матичниот една недела пред термин матичниот ме гледа и ми вика дека имам големо бебе од 3950 гр. со големо главче.И ми кажа дека со оваа моја документација треба да одам директно на царски,оти е преголем ризик за природно да не се заглави бебето,плус сум ниска 158см.Ми даде наново упут и повторно отидов во болницата.Таму се погоди една никаква докторка го извади детето поголемо 100 гр, а ми вика дека не сум за царски оти претходно сум имала пораѓај и сум можела и овој пат да се породам природно :envy:
    Спореди бебе од 4000гр со бебе од 500 гр ама ајде...плус ми вика да дојдам да ме пораѓа со провокација оти бебето ќе го надмине терминот,крупничко е и нема абер да излегува.Само што ќе сум се отворела ќе излезело бебето,оти било ептен ниско поставено.
    Идам ден пред термин во болница со мм и не стаавија во една соба околу 12 часот во 2 го добив првото апче,ме ставија на цтг и почнаа контракциите.Гледам покажува болки нерегуларни,јас ништо не осеќам...си викам ехе ако се вакви болките за пораѓај десет деца ќе родам.
    Во шест часот добив уште едно апче поголема доза од претходната и тогаш болките зачестија и почнав да ѓи осеќам,ама сепак беа издржливи.Таа му вика на мм, ти оди си да си одспиеш дома толку за денеска,не даваме веќе провокација,утре ќе продолжиме пак за да може да оспие жената.Си отиде мм,јас легнав да спијам и накај 2 саатот вечер почнаа болки чести и јаќи.Ѕвонам јас на секој саат да дојде бабицата, ми даде парацетамол за болки,не бре не поминува.Во 3 и нешто иде бабицата и ми го пукна водењакот,ајде некако намалија болките.Бебето беше тахикардично па ми вклучија инфузија да го смират.ЈАс веќе почнав да прашувам кога ќе добијам епидурална оти интензитетот им стануваше се понеподнослив.После некоја минута му ѕвонам на мм да дојде оти кај и да е ќе ме носат во сала.После саат време дојде тој,јас пак ја викам бабицата да ме прегледа и ми вика сега си 6 прсти отворена и ајде одиме во сала.
    Како што забележав не беа баш расположени да ми стават епидурална.Оти брзо се отварав и валда сметаа дека не треба и успат им завршуваше смената,ама кога ги подбрав сите оти кога имав болки не мислев што зборам,одма се нацрта докторка на вратата.Ми ставија и веднаш осетив олеснување.
    Па ме прашуваа дали во Македонија имало епидурална:rofl: и после мм ги слушнал надвор во ходникот како коментираат за нашата земја и дека и таму била позната епидуралната анестезија(facepalm)
    Ајде се смени прва смена и дојде една бабица срце жена со практикантка...Си се муабетиме убаво,во 8 саатот ме гледаат 9 прста отворена.Си лежам на бокс и си кулирам.Ми викаат напони да не давам детето е ниско ама обратно завртено со главчето со лицето нанапред.Оти е големо морале да чекаат да се заврти 180 степени накај газната коска.Чекај саат-два небива.Мене ме фаќа нервата цело време неспана,температурата ми се качи на граница 37.5,ме фати треска, бебето му паѓаат тонови од време на време. ме тераат да клечам на сите четири да се завртело бебето,вклучуваат инфузии со антибиотици... им викам вадете го со царски,они не уште саат и се одложуваат.Кај два саатот пред да дојде 2 смена јас 10 прсти отворена и бебето во последен момент се врти во добра позиција за пораѓај,а таман мислев дека ќе ме оперираат оти не се вртеше бебуш,а ризик им беше да ме пораѓаат така.
    Дојде втора смена и тука ми почнаа маќите.Ми вика давај напон давам,таман се спушти бебето со еден напон,додека го дадам вториот пак се качи нагоре.Ме ставија на стол да седам за да се пораѓам да сменам позиција,исто без резултати.Викаат ако и вака не биде ќе игра вакмот,помалку ќе сум напињала и полесно ќе сум минела.Им викам неќам ни вакум ни клешта.Ми вика епа поубаво,ако ти е страв од тоа тогаш подобро ќе соработуваш со нас]:).
    Видеа не видеа викнаа 2 докторки засилување.Почнав да давам напони,а една од нив ми се качи на стомак и почна бебето да излегува.Јас вриштам од болка,а го слушам мм низ магла ајде излезе, излезе, а бебе го осеќам долу заглавено и нема абер од излегување.После 15 мин напнување излезе бебчето,ми го ставија на гради и го видов најубавото нешто во животот.Во 5 и 15 ни се роди син...плака и мм и јас.
    Криво ми беше само што целото малтертирање ми го уништи моментот и во исто време бев и лута и среќна што се добро заврши.Оти со тоа нивно ексериментирање можеше лошо да заврши пораѓајот.Дури бабицата прокоментира во стилот зошто сум била лута...кога сум добила дете.
    Тато ја пресече попочната врвца и осеќам топло ми тече меѓу нозете.Ајде сум почнала да крварам.Тупаницата на едната докторна заврши во мојот стомак и стоеше 10 мин за да држи компреса да не искрварам.
    После ме оставија да одморам и кога дојдоа,докторката ме шие како гоблен,распукана и внатре и надвор,а бабиците го мереа бебуш.Го извадија 4350гр и долго 55см, срце мајкино големо бебче излезе:inlove:
    За нареден пораѓај дефинитивно ќе ја менам болницата,оти воопшто на крај не бев задволна од нивнот однос...:|
     
    Последна измена: 25 февруари 2016
    На vitamina, ♡BuBaLe♡, Bebulleee и 24 други им се допаѓа ова.
  6. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Me iznasmea za maz ti i kafeto :),iskreno otkako ostanav bremena ne sakam da citam i slusam vakvi prikazni nitu pak da razmisluvam za toa,zas ima mn vreme a us sega ako pocnam da razmisluvam psihata ke me otepa,nez sto mi tekna vlegov i bas na tvojata naletav se nasmeav i tolku ne citam veke :*
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Magis

    Magis Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2015
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас веќе се упрпав читајќи ве, сериозно :)
     
  8. SamovilkaH

    SamovilkaH Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    2.037
    Пол:
    Женски
    Мила моја оди на 12тата страница и прочитај го моето искуство со вториот бебуш.Еве ме со слаби болки сега и со третово на крај :D Ве молам сите идни мамички само смирено и опуштено, верувајте многу значи психата и за болките и за све.Мислете на бебушот, првата гушка со него е нешто најубаво, незаменливо.Само рилекс, насмевка на лице и се ќе биде во најдобар ред :inlove:
    Ве гушкам сите до една :*
     
    На ♡BuBaLe♡, Mariangel, makgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Мојата приказна е многу кратка и посакувам сите како мене да поминат. Позната сум како личност со многу висок праг на толеранција на болка, затоа не ни знаев дека пораѓајот ми е веќе почнат. Дома цел ден си готвев, си средував, имав благи болки, и ако вечерта не ме натераше мм да се јавам кај докторот може и во купатило ќе го родев :D Се јавив атер на мм, отидов на болница, и таму 6 прсти отворена. Ме примија, ме облекоа во спавача, и стоев простум до сам крај. Контракциите ми беа многу послаби од менструални болки, се чудеа и таму како не осеќам јаки болки, а имав јаки контракции според нив. Ми го пукнаа водењакот, и за кратко се доотворив, и на 3 пати туркање излезе моето сонце :) Излезе со рачето напред и затоа малку испукав, па ми ставија некое конче, ама за тоа побарав анестезија :D Откако ме примија за 3 саати се се заврши.
    Пак ќе речам, дај Боже сите како мене да поминат на пораѓај. :)
     
    На vitamina, ♡BuBaLe♡, India и 41 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Исто и јас со првото се породив за 3 саати откако ме примија. Се надевам и со второво така ќе биде. И на сите мајки им посакувам брзо породување.
     
    На Kaetana и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Mojata porodilna delumno ja objasniv vo tema carski rez.
    Nisto neobicno, odev so dogovoren carski, poradi indikacii. Ama toplo preporacuvam posle se prirodno. Eve me uste neoporavena ama za ubavo e .
     
    На ♡BuBaLe♡, macunka, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Со второто уште побрзо ќе се породиш, ќе видиш ;)
     
    На Kaetana и zuto им се допаѓа ова.
  13. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Јас со прво се пораѓав 17h пукнат водењак отворена 2мм на 5h се отварав само по 2 прсти и само викав ајде уште колку неможам веќе и док ми викаше уште малку тоа малку беше 5h толку сум врискала шо кога помина се гласот ми беше толку фатен од двај зборев многу лошо прво искуство но кога ја видов таа црна густа коса (докторката викаше ајде напни гледам многу коса црна иста како твојата тоа беше последниот пат кога напнав со сета моја сила за да ја видам )мојата сега смисла за живот заборавив на целата болка и мака
     
    На ♡BuBaLe♡, 24.07, Bebulleee и 5 други им се допаѓа ова.
  14. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.672
    Допаѓања:
    139.032
    Nekolku pati pocnav da pisuvam ama ne stasuvam da ja dopisam mojata prikazna:)
    Termin mi bese 16.03 ama nekade okolu 6.03 imav bolki cel den i mislev da ne mi e nekoja urinarna infekcija:^)i si piev brusnica i doma sedev,ama nokta mnogu me bolese i otidov vo drzavna.Ne pregledaa ima bolki ama 1 prst otvorena i ne puknat vodenjak i ajde doma.Ponedelnikot isto bolki i aj trpam doma i nokta pak pojaki i pak vo drzavna -2 prsti otvorena,ima bolki ama nedovolno da me zadrzat.i mi rekoa da se dvizam celo vreme i po skali i sabajleto da idam vo 8h.da vidime do kade sme:)i sabajleto pak pokazuva ctg bolki,ama pak 2-3prsta otvorena i nekolku dr.me pregledaa(moze se sozalia na mene da me dootvorat poveke prsti:)) i okolu 11.30-12h me primia i direktno vo predrodilna sala mi zapisaa podatoci ,me bocnaa za krvna slika i posle vo krevet:)i dojdoa pak ctg pak kolku prsti otvorena i mi dadoa midlam spazmeks i rekoa 5prsti otvorena,i pocnaa pojaki bolki.Vo megjuvreme dojde drug doktor me pregleda mi go pukna vodenjakot i rece na sestrata okolu 16h da mi stavat nekoja inekcija(valjda provokacija) i pred 16h.veke bev 7-8 prsti otvorena,uste edno ctg ama i mnogu se pojacaa bolkite ,mi stavia provikacija i pravac na boks:*jas dodeka se svestam sto se desava veke bev legnata na boks.Bea okolu 4-5 doktorka i sestri i pocna poroduvanjeto.Za edno pola saat jas vekje bev porodena:inlove:mi ja stavia kerkickata na gradi da ja vidam .Nemozam da kazam deka ne bolese,ama mozam da kazam deka bese brzo i bolkite na periodi i morase da se izdrzi:)na kraj samo kako da snemav sila i edna sestra so raka me stisna na stomak i na narednoto napnuvanje izleze mojata princeza:inlove:.Me sieaja so anestezija (moraa da me secnat i 2saati si polezav na boks).Bev sveza i si se iznajavuvav na site po telefon da im ja kazam ubavata vest.
    Drugo-moram da kazam.Od samiot priem do ispustanje od bolnica mozam da kazam deka sum mnogu zadovolna od personalot.Na poragaj sestra me drzese za raka a drugite smireno i tivko mi objasnuvaa sto da pravam.Site bea dobri ,osven "srce i duso" niedna ne mi se razvika niti isponasa.Duri na kraj jas vikam izvinete sto ne ve slusav kako treba da disam i da napnuvam ,i dr.mi vika ne se sekiraj sfakame se,super bese uzivaj.Znaci seto toa sto go citav za GAK i se preplasiv za mene ne vazese.I da -uslovite im se dobri ,cistea cesto,menjaa postelina.
    Znaci za idnite majki sto ke se poroduvaat na GAK ne se sekirajte,samo slusajte gi sto ke vi kazat za da pominete polesno na poragaj i daj boze da pominete lesno i brzo kako mene.
    Malce poveke se iznapisav .....iskoristiv sto spie Jana pa se opustiv malce:D:D
     
    На vitamina, Joks, 24.07 и 29 други им се допаѓа ова.
  15. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    @fairy88 ти си се истоштила целосно, браво за храброста сакаше вагинален порагај и го направи, јас што пишав важно се на крај добро да испадне а што да правиме мора да се помачиме малце.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.251
    Пол:
    Женски
    Mislam sekade ako se odnesuva zena arogantno deka i taka kje bide tretirana. Jas bev mirna i slusav se sto kje mi kazat, trpev bolki i ne se derev (znaev deka mora tie bolki da se izdrzat)... Sekako dokolku sme smireni deka i samite doktori kje bidat smireni i kje imaat zelba da ne porodat, ako im se kacime na glava edvaj kje cekaat da se otarasat od nas i kje bideme navredeni so zborovi sekakvi :D Samo smireno zenicki i se e polesno, so vikanje nema ni da dobieme nikakvi instrukcii i pomos, a najbitno e toa... Jas i so bliznaci da ostanam bremena bi gi ragjala prirodno :D iako e bolno, mnogu mi bese ubavo mene hahah
     
    На Pcelka94, SamovilkaH, gothchick и 4 други им се допаѓа ова.
  17. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата породилна приказна. Термин ми беше 13.03.2016 во недела. Во петокот на 11.03 докторот ми рече дека е рано за провокации и да појдам на 14.03 во понеделникот. Е арно ама јас во саботата по полноќ почнав да чувствувам болки менструални. Интензитетот им беше ист цело време и не се зголемуваше. А ратојанието помеѓу нив беше 10 минути. Си реков ќе чекам да видам дали ќе ми пукне водењакот. И така јас си чекав до другата ноќ по полноќ односно во 00:30 на спиење одеднаш почувствував многу посилна болка од претходната и нешто само испушти звук како „ЦИУ“ и истече водичка. И јас скокнав на нозе, се истуширав, се облеков, и ајде со мм на болница. Зборувам за Државна Болница во Битола. И јас си чекувам да бидам „барем“ 4цм отворена бидејќи имав болки 24 часа. Кога таму ми вели докторката 0 цм отворена ама мораме да те задржиме бидејќи ти е пукнат водењакот. И добро ајде во претпородилна сала. ЦТГ покажува блки ама не јаки и беа издржливи нормално. Ама имаше до мене една друга со појаки болки и не можев да ја гледам и затоа цела ноќ ја поминав во ходникот на радијатор и со ќебе завиткана бидејќи радијаторот беше исклучен :D. Болки имав ама не беа она најстрашни. Полесно ми беше кога се потпирав на радијаторот некако помалку болеше. Болките ми беа на 2 -3 минути ЦЕЛА НОЌ до 6 часот кога конечно дојде докторката да провери до кај сум. И ми вели 3 цм си отворена ;( и ајде јас ќе ти помогнам 1 цм. Значи цела ноќ 3 цм :rock:. Дојде друга смена а докторот што се договоривме да дојдам во 7 и 30 не беше на смена. Другиов доктор ми вели ехе чекај рано ти е тебе. А во собата се собраа поќе жени за со царски и ниедна не беше со болки само јас. А и не спомнав погоре дека жената што не можев да ја слушам како плаче се породи кон 6 сабајлето со 6 цм отворена и бебето беше со проблем и ајде на кислород и мислам дека многу ја измачија бидејќи била од пред еден ден пред мене таму ;(.
    И јас го побарав мојот доктор а тие ми велат а тој денес не е на смена. И добро не е не е. И докторот што дојде на смена ме прегледа и вели ајде до вечер ќе биде :o До вечер со силни болки! Му викам не можам да издржам а тој аха како не! Да не сакаш царски случајно? Нема царски има да трпиш! Ајде и вели на сестрата дајте и анестезија. Ми ставија ама џабе, болките пак беа силни. И кон 9 и 30 дојде докторот што закажавме во 7 и 30 преглед. Ми ставија провокација и ЦТГ почна да покажува болки до 99. Во 11 и нешто бев во родилна сала и во 11 и 55 се роди мојата кукличка! :l: Сега додека го пишував овој пост во меѓувреме се разбуди и ја преслеков и сега си цуца а јас со една слободна рака пишувам :D. Поздрав до сите идни мамички и само храбро! Резултатот е најважен :*
     
    На vitamina, ♡BuBaLe♡, 24.07 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. kleopatra11

    kleopatra11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Само што прочитав една приказна и на раб бев да се онесвестам,ми падна притисокот,еве се тресам бледа сум ко крпа :) Не знам дали сум бремена ама секако планираме,јас имам фобија од болници,игли,крв,не знам како ќе раѓам.Уште не сум ни бремена а размислувам за породување ама ај.Не ве читам веќе :) Ама кога ќе искусам породување ќе ви пишам :)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.987
    Допаѓања:
    133.707
    Јас имав одлично искуство. Бев на ГАК. Се породив порано од крајниот термин. Прво дома имав мало крварење. Веројатно бил чепот. Прво ЦТГ имав закажано после 4 дена, ама кога видов крв, викам, ова ќе биде денеска. Сеќавав благи болки во половината. Почнав да правам се што не учеа на часовите за трудници и многу ми помогна. Седнав залепена на парното за да иде топло и да се опуштат мускулите, правев вежби. По некое време го викнав сопругот да си дојде дома, се истуширав со жешка вода и реков ќе одиме да видиме дали е денеска денот. Се мислевме дали да земеме торбица, ама ај, викаме, да не се враќаме назад. Влеговме на ЦТГ, вика, нема болки. Ме прегледува докторот, вика 4 прсти отворена, сакаш ли да раѓаш? Викам како ќе кажете вие. И за секунда ми донесоа спаваќа, ме дотераа, сестрата зема торбицата на грб, се гушнавме со маж ми и право у родилна. Ми дадоа провокации, цело време на ЦТГ, покажува тоа најјаки болки, јас не реагирам, трпам, звук нема од мене. Се чудеа како не ме боли, јас стегам заби. По некое време ми прснаа водењак, и тука почнаа болките. Боли ко најлоша ментруација, ги витка нозете до земја. Брзо стасав до 8 прста, и право на бокс. Во салата имаше доктор, бабица, сестра за бебето и уште некоја сестра, не знам која за што.

    Битно, во глава ми беше се од часовите и многу ја слушав бабицата. Сфатив дека бабицата и докторот си даваат знак кога иде бебето, и секунда потоа јас осеќав напон и со 4 напони излезе бебето. Ми ја ставија на гради, жени, тоа е најубавиот момент во животот, кога вашето дете ќе ве погледне во очи. Ја изгушкав, ја избацив, ме закрпија кај што ме исекоа (не боли сечењето, ама се сеќава, после боли повеќе) и дојде маж ми. Ми рече дека многу свежа и убава сум му личела ко за некоја што родила. А како да не сум убава кога само што ми се случи најубавиот момент во животот. За 2-3 минути го испратија него, среќа беше дека само уште две родилки имаше во родилна, ако беше гужва ни ќе го пуштеа, ништо. Наеднаш после пораѓај сите ги снема, останав 2 саати на бокс, телефонот во рака, се јавив на мајка ми, на свекрва ми, им пишав на другарките, на поблиските и наеднаш сите дознаа, милиони пораки, и брзо ми поминаа 2 саати. Одвај чекав да поминат, за да можам да си легнам на страна, да поспијам. Боксот широк, и кома паднав. По некое време ме однесоа во соба.

    Искуството во ГАК мене ми беше супер, лесен пораѓај, докторот многу беше фин, бабицата исто, тие 10 минути со напони поминаа пребрзо, болките се конструктивни, треба само да се штеди сила за да може да се напне на крај.

    Имаше една родилка, која во родилна влезе со врескање, не сакаше никој да слуша, и сметало ЦТГ, сакала царски, ја болело, сестрите и кажуваа како да трпи болки, на најслабите и помеѓу болките она врескаше умирааааам, не ми ставајте провокации, сакам дома... сестрите и викаат да не вреска, да не губи сила, она се кара со нив... дојде некоја докторка, исто и кажуе, оваа вреска сакам дома... и една друга родилка и вика, де бре жено, ќути малце, и ние маки иаме. Пред да дојде она, ние две си кутевме, стискавме заби, и дури муабет си праевме помеѓу болки, оваа дојде и врескаше до небо. Затоа, одете на часови и едуцирајте се, тие неколку саати ќе ги издржите полесно и ќе знаете што ви викаат сестрите и докторите. Соработувајте максимално со нив и ако речат сега ќути, ќутете, ако речат сега сери, серете, ако речат стој и трпи, стојте. Сила не губете во сожалување, плачење и офкање, мислете си како секоја болка значи дека се отвора матката и дека секоја болка ве носи поблиску до крајот и бебето. Радувајте се на болките.

    Иначе прегледот со рака за колку сте отворени... боли првиот и можда вториот пат. После иде доктор, бабица, друг доктор, сите проверуат и веќе не ни сеќаваш дека цела рака ти бутнал некој :)

    Следниот ден уште од 6 почнува, иде сестра за темп и притисок, иде друга за улошка, па ти помага да станеш, па иде визита, доктор со уште 5 млади, којзнае кои беа, за раната доле, па ти носат бебе, па иде чистачка, па иде некој за храната, па иде педијатар, па иде една за доење да ти каже (мене никој не ми кажа за доење, ми ја даде сестрата, вика надој го бебето, јас не знам кај се наоѓам, и после ми викаат, а супер, мајка знаеш да доиш, и никој не ме научи, па среќа дома мајка ми ми покажа како се дои), па иде некоја му дава на бебето дохрана, и цел ден само некој иде ти гледа рана, или те стиска на цицките да види за млеко. За 24 саати дома. Среќа што кратко бев таму, друго е дома, има кој да ти даде рака да станеш, да се превртиш, па да ти излупи овошје... И така, битно не се плашете, радувајте се на тој ден, убав ден е.

    Ааа, да. Од родилна сала, успеав и да се јавам кај матичната да и кажам дека од денеска сум на породилно, уште не породена, сигурно жената мисли дека сум несалам. И на мајка ми и кренав и и реков дека спијам, да не дознае кај сум. И за огласот ми се јавија и со тој муабет напраив. Кога не мислиш на болката помалце боли.
     
    На vitamina, ♡BuBaLe♡, kelebeim*** и 54 други им се допаѓа ова.
  20. Mi-Ma

    Mi-Ma Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Mojata porodilna prikazna e kratka. Imav zakazeno carski. Nokta ja prespav na patoloska za da moze sledniot den da me zemat prva (sekako ako nema iten slucaj). Majka mi, mm i svekrva mi cekaa so mene, se izguaskav i nasmeana vlegov vo operaciona sala. Spinalnata ne ja osetiv, a uplav imam od igli :D Za 10min go slusnav placot na sin mi i se rasplakav i jas :) Vlegov so naocari vo sala (preku 100lugje) i od placenje mi se zamaglija, a racete so igli i edvaj si go vidov srcko :D Placese silno pa sestrata se cudese i vika ovoj nekoj operski peac ke bide 100% :D
    3, 2, 1 i me prefrlija na bolnicki krevet i me odnesoa vo shok soba. Tamu na 5min prasuvaa dali imam bolki. Za kratko vleze mm oblecen kako vonzemjanec pa ne go poznav ko ludak izgledase zatoa sto tamu e zabranet vlez go maskirale pa se iznasmeav i pak si se iznaplakav. Sledniot den me prefrlija vo soba i so prvoto stanuvanje za prv pat osetiv bolka deka sum rodila. Se izdrzuvaat tie nekolku dena, a i otkako sinko mi go donesoa se bese lesno i ubavo okolku mene :) Stanuvav za nego i togas ne osekav bolka (cudno) a za co wc se vlecev po zemja :) Sega posle 7m e se toa zaboraveno i samo najubavoto nesto( eve momentalno spie do mene) ostanuva :)
     
    На vitamina, ♡BuBaLe♡, kelebeim*** и 16 други им се допаѓа ова.