Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Lisa_Maja

    Lisa_Maja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    со оглед на тоа дека 1 месец не сум била активна на темата,кога се уклучив сега прво тебе те побарав,за да прочитам како си поминала,знам дека беше малку пред мене.
    јас од утре влегувам во 40та недела и веќе сум нестрплива и неспособна за ништо.Со оглед на тоа дека до сега се ти беше генерално ок,мноооогу ме изненади тоа што така кажал докторот,дека пола срце не му работи.Една феминка погоре убаво пиша,како може сега кога се е толку напредно да не го приметиле на ехо,кога срцето и крвотокот се гледаат најчесто.
    Фрустрирачки е.Ама што е тука е,Господ е голем и ќе биде се во ред , се молиме сите за малото бонбонче.
     
    На thebabylover, Girl-Rabbit и Mariangel им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    @Mariangel баш ми е жал што такво нешто се случило. Бог е голем , моли се и ке биде се во ред ке се гушкате. Биди силна во овие моменти. Ти посакувам се најдобро.
     
    На Girl-Rabbit и Mariangel им се допаѓа ова.
  3. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    @Mariangel ја имаш мојата подршка ти нас ни покажа колку си силна жена и грижлива мајка сите овие 9 месеци , борбата ке ја добие храброто твое синче и ти , верувам во Бога и верувам дека е на напомош на тебе , бебушот и на сите нас, добро знае низ каква битка поминувате но само похрабри и посрекни ке излезете од неа, мојте молитви се со тебе и твоето бебе набразу те чекаме со радосни вести, и срекни моменти поззз .
     
    На tina-63, podravka и Mariangel им се допаѓа ова.
  4. thebabylover

    thebabylover Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    @Mariangel mila nemam vreme ic za femina sega se razbudiv i vednas se vkluciv da vvidam do kade si....duso te molam bidi silna,drzi se ke pomine i ovoj kosmar bebeto e vo dobri race i sigurni race,moli se i nie site ke se molime za sinceto gospod e golem te guskam i bidi hrabra i silna majka,zena kralica
     
    На Girl-Rabbit и Mariangel им се допаѓа ова.
  5. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    @Mariangel честитки душо, да е живо и здраво синчето.
    Биди силна, со цело срце ти посакувам да бидеш најсреќна мајка на светов.
    Со нетрпение ќе чекам твој пост да кажеш дека се е во ред. Мора да биде така! :hug::hug::hug:
     
    На tina-63 и Mariangel им се допаѓа ова.
  6. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    Ајде и јас решив да ја споделам мојата приказна со вас. На 22.03 баш на младенци ги осетив првите контракции. Многу се возбудивме со маж ми и се молев да издржи бебушка да си отидат гостите. Арно ама болките ми се смирија. Наредниот ден отидов на лекар и ми рекоа рано е, тие болки можат да траат подолго. Цела недела ја поминав така. На 27.03 сабајлето кога станав осетив доле мокра. Ми пукнал водењакот. Болки речиси и немав. Се спремивме полека и во чаир. Во меѓувреме веќе престана да тече и сама не бев сигурна дали е водењакот. Ме прегледаа таму. Докторката вика 1 ипол прст отворена, а плодова вода има. Бидејки и таа не беше сигурна за водењакот сепак ме задржаа на патологија. Беше околу 13 часот попладне. Болките стануваа се појаки и појаки, а јас никако да се отворам. До 4 сабајлето јас бев 1 прст отворена. Ми дадоа провокација и многу бргу се отворив до 5 прсти. Ми дадоа клизма и во предпородилна сала ме пратија. Таму ме прегледаа пак и бев 7 прсти. Докторот вика ке биде за еден саат. Од 7 до 10 прсти за жал се отварав премногу споро. Можеби 4-5 часа. Викав, вриштев од болки. За жал бев најгласна. Не го очекував тоа од себе ама болките ме совладуваа. Ми доаѓаа постојано нагони за повраќање, ме фаќаше треска. На бокс се качив со 9 прста отворена. За жал веќе немав сили за да буткам при напонот. Во сред напон се откажував. Се насобраа доктори околу мене. Со сета сила ме стискаа за стомакот. Дадов се од себе и конечно излезе моето бебуле, мојата среќичка за која не бев свесна дека ке ми биде се во животот. Се помина откако се породив. Искрено вреди, да, мило ми е што издржав како така ама искрено за второ дете би се размислила. Ке чекам се да заборавам и да ми остане во сеќавање само позитивното од сето тоа искуство. Можеби тогаш... :)
     
    На vitamina, CameliaMiller, mimidjon и 24 други им се допаѓа ова.
  7. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Jas nemam vreme da si ja napisam mojata prikazna :(
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски

    Имаш полни раце дечиња. :l: :l: :l: :l:
    Има време ќе ја напишеш.:*
     
    На zajka1, rose60, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Stavi go videoto :)
     
  10. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Neeeee
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ајде имам и јас породилна приказна за раскажување.^_^
    Не е хорор приказна, така што читајте слободно.
    Јас за време на цела бременост се изнаслушав за секакви пораѓаи, се изначитав се и сешто, сакав да бидам спремна на секакви сценарија. Очекував страшни болки, да се расцепам на пола и не знам уште што. Ама нели, очекувањата ретко се исполнуваат.
    Отидов 4ри цм отворена на редовна контрола, без болки. Цтгто не беше како што треба, правев два пати и ми рекоа ќе ме примат за да се следи состојбата. Јас цела возбудена, си се избацив со мм, он уште повозбуден, се изгуби целиот. :D Си се качив пешки до предродилната сала, ме примија таму, одма на цтг, ми пукна и водењакот, триста води истекоа, јас болки уште немав. Дојдоа доктори, ајде на стол за проверка на грло. Првиот преглед само ме болеше ужасно, после кој како брца рака ништо не осеќав, апсолутно никаква болка. Ме прегледа докторот, Тофовски мислам беше, уште 4ри отворена, глатко и мазно грло, одлично за прворотка ми рече, ќе си се отворам полека како што треба, да шетам само. Ајде после пак на цтг, еднаш добро, еднаш криво, ама си терав јас, си шеткав, почнаа некои благи менструални болки и си викам, добро не е страшно сега за сега. Си легнав малку, болките малку појаки, пак си викам не е страшно, којзнае колкави ќе бидат. Слушам на бокс вриштат жени, офкаат во родилна сала, ама не обраќав многу внимание, повеќе си бев во себе затворена и само се испитував како напредуваат болките.
    Дојде по некое време пак докторот, ајде пак проверка јас седум прсти отворена, браво ми вика, супер си, мене болките уште не ми беа страшни, чекам ептен страшни болки. Си пишав со мм, се слушнав, му викам не е страшно, чекам уште опасни болки. И почна да ме притиска ептен доле, осеќам со секоја контракција поголем напон. И си лежам, си викам добро, уште се трпи значи не сум за пораѓање. :D
    По едно пола саат осеќам напони ми доаѓаат. И викам на една сестра, ми доаѓа да туркам. Она ми вика е како не, рано е. Ајде да видиме, стави рака, напни ми вика, јас дадов напон, ајде ми вика, одиме на бокс.
    Си ги земав работите и си тргнав накај бокс, сестрите ми мавтаа од собичето, ајде со среќа ми викаат, со лесно, ајде им викам, ќе биде, насмеана целата.
    Се качив на бокс, чекам да дојдат докторите, ме ставија на цтг, јас почнав огромни напони да добивам и за секунда ми се чини се отворив. Си бев свесна цело време, слушав што ми се кажува, ако не слушав ќе отидеше работата ептен на лошо. Ајде почнав да туркам, ама бебушот мој се загубил малку внатре, немало јасни насоки изгледа, па го оправаа. Го наместија како што треба и со некој напон излезе душата моја. Ми ја ставија на гради, си поплакав малку, и ја однесoа во нејзиното боксче. Измачена беше малку, се помачи додека ја оправија, ама се добро се заврши.
    Јас не дочекав огромни болки, кога ми дојдоа напони тоа не можам како болка да го опишам, едноставно телото е спремно и си ја врши својата работа. :)
    По 15 мин со еден напон излезе постелката цела. Е после за епизиотомијата не ми се зборува многу, добро ме исекле за да направат место, ама ете, помина, не дека ќе заборавам наскоро, ама вредеше целосно за исходот.
    Можам да кажам интересно искуство дефинтивно, не знам дали јас така си го сфатив, така ми дојде, ама целосно природна работа. :)
    Персоналот беше одличен за пораѓајот, охрабрувачки, имаше доктор, акушерка, сестри, не можам да се пожалам. Ама после е за жалење. Педијатриски сестри по две на смена, сто пати да ги бара човек, презафатени се, еден педијатар, ако дојде добро, ако не никому ништо, па да оди таму човек, ајде јас со рана ќе отидам, можам да поодувам, не знам тие со царски што прават. Тоа е.
    Ви посакувам на сите со лесно да си поминете, совет од мене да не гледате на пораѓајот како на нешто страшно, туку како искуство што само неколку пати се поминува во животот. А поминува додека трепнеш. :)
     
    На Ladyme, Unikatno Ime, SV1911 и 69 други им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Што убаво вака кога ќе прочиташ нешто реално и позитивно :Dзлатна средина :rofl:
     
    На Girl-Rabbit, Bebulleee, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Мојата втора породилна приказна:

    Во неделата отидов на преглед, затоа што во петокот ми рекоа контрола за два дена. Болки немав. Заедно со мм и син ми отидовме, тие ме чекаа на лулашки, а јас отидов во болница. Нормално, не си ја носев торбицата оти не мислев дека ќе ме задржат. Кога ме прегледа докторот јас 3-4 цм отворена и вика сакаш ли да раѓаш? Јас целата збунета, неспремна... Ми рекоа дека и да си одам сега до вечер ќе се вратам, па и така нема гужва може со мала провокација да биде. Се согласив, им се јавив на моите да ми ја донесат торбата и се качив во предродилна. Ми ставија провокација, ми го пукнаа водењакот и болки почнаа по малку. Кога ме проверија цервиксот многу тврд, па маката што ја видов беше само заради тоа. Ми дадоа тродон за омекнување на цервиксот и често пробуваа да ми го омекнат со прсти. Тоа мислам дека беше најболно од целото породување.
    Знаев што ме чека, па на некој начин бев спремна за разлика од минатиот пат. Болките ги издржував без да пуштам глас. Морав да стојам неколку часа до самото породување за да попушти цервиксот, па така стоев, трпев болки и спиев...од тродонот ми се спиеше и почна да ми се лоши. По неколку часа ме префрлија во родилна, каде си постојав уште пола саат-саат отприлика. Цервиксот конечно почна да попушта.
    Кога веќе почнав да добивам напони, сестрата ми вика ајде качи се ќе раѓаш. Одвај чекав да дојде тој момент, знаев дека сум при крај. Откако се качив одма ми дојде напон и покрај тоа што бев мртва уморна и успана, кога бабицата рече ајде напни, јас мислам со последната сила напнав и се се заврши. Буквално ја родив ќерка ми за неполна минута, со еден напон. И таа како мене, се роди успана :)

    Не ме сечеа, сосем малку сум распукала, па тој што ме шиеше го жалеше конецот што ќе го потроши за толку малку. Конецот ми падна по 4 дена.
    Очекував после породувањето болки како минатиот пат, да не можам да станам, да седам, да лежам... Ништо од тоа немав, само контракции на матката кои за 3 дена поминаа.
    Целата "церемонија" траеше околу 5 часа (нешто повеќе од првиот пат).

    Сега дома си имам две дечиња, двете најголеми причини поради кои животот мој има смисла (нормално, и една екстра - тате:lol:).

    На сите идни мајки ви посакувам најлесно породување и само позитивни искуства од чинот кој ќе ве направи најсреќни и најгорди родители.
     
    На Ladyme, vitamina, SV1911 и 61 други им се допаѓа ова.
  14. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    @Mariangel дури сега те читам. Честитки за синчето, се да биде во ред, биди силна :l:
     
    На Mariangel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    аууууууууу @mariz ме разочара тотално. Не ми се верува што се прочитав од тебе, немам зборови со кои можам да опишам.:puke::puke::puke:


    За другите- најнормално е да се плашиме. Мене многуууууууууууууу ми беше страв. Мислам цел живот од тоа сум се плашела, а си поминав навистина добро.
    Боли нормално, ретко кој поминува без болки. Кој полесно, кој потешко, бебе мора да излезе. Никогаш нема да оправдам дека ако си трпела поголема болка, поголема мајка си. :puke:
    Јас природно се породив и неможев цела недела да седам, а малку бев сецната. Ама нормално рана боли, конци стегаат и поминува.
    Јас само му се молев на господ ( секое сабајле).:)
    на крајот на краиштата нема како ние сакаме, туку како ни е пишано.

    Битно и бебе и мајка да се здрави и живи.

    За оние што сакаат царски, ги оправудвам. Другарка ми со првото ја измалтретираа ненормално и тоа во приватна болница ( пред 7 години), па за второто си реши царски.
    За оние кои "паламудат" да слушате, да не викате, море и викајте и деретесе и се, најнормално е. Свекрва ми ми вика те слушав како викаш, а јас не се ни сеќавам од преголеми болки. Имам само блицеви, па незнам кој може да се конторлира.
    Мој совет да си викнете помош за дома за после, некоја од бабите. Многу е битна негата после, барем кај мене. Многу опуштено ми беше.
    Само господ да ве чува и вас и бебињата. Ви ја посакувам сета среќа на светот, и сите да сте живи и здрави. И само убави приказни да читаме.:inlove:
     
    На CameliaMiller, galapce, slobodka и 9 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Napisav eden komentar pa go izbrisav, ne vredi covek da se dokazuva so vas... Samo kje ve zamolam po 100ti pat vekje da ne me citirate, ne sum raspolozena da se raspravam so nekoj koj ne go ni znam, osobeno da trpam vregjanje, a jas nikoj licno ne sum navredila... Tuki taka se razocaruvalo od covek koj ne go ni znaes licno :)
     
    Последна измена: 19 април 2016
  17. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Ne go procitav komentarot, ama 100% nesi trebala da go izbrises. Ne mozam lp da ti pratam, ke ti pisam na fb, ama ke kazam i tuka, forum e ova, sekoj moze da pise sto saka, da bide iskren. Ne moze toa da razocaruva drugi de, nema smisla. Moite stavovi se moi;)
     
    На LadyC, SamovilkaH, podravka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Toa sakam i jas da kazam, moe mislenje e toa i ne trebase tuka sekoj da stavi na srce se i da sfati kako kazano za nego da e toa. Jas iskreno pogrdni zborovi na nikoj licno ne upativ, a mene mnogu me navredija. Stavot mi e toj, licno nikoj ne navrediv ako sekoj voopsto me docital kako sto treba... Samo rabotava od eden moj razlicen stav jas sum losa licnost i totalno razocarani od mene site :D ili samo jas taka sfativ...
     
  19. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Eве ја и мојата приказна која не е баш сјајна.
    Имав закажано на болница рутинска контрола бев во последните недели навлезена. докторката ме прегледа рече има контракции ама е рано, но кога ја прашав дали мора со цраски рез затоа што имам висока диоптрија рече дека сепак сме закасниле и одма треба да се направи царски рез. По 5-6 сатичекање дојде анестезиологот рече не и сум делувала уплашено па со спинална анестезија можело.
    И почна хоророт... Некако ми делуваше дека анесезијата нема доволно фатено па сите тие прекривки (незнам што беа) што ми ги ставија на мене ги чувствував. Докториве си праебеа муабет а јас цела во паника незнам како да се однесувам. Анестесиологот почна да ми се дери ко ненормална немој вака немој така, јас викам како како да се донесувам не идам секој ден овде јас. Па крв почна по раката да ми течи кај што ми беше врзана за кревет. Тие 30мин не сакам повеќе да ми се повторат во животов.
    Па на интензивна нега 2 сати пак ми дојде вештерката(анестезиологот) и таму се скаравме. Не требало главата да ја движам лево-десно. И кога ме ставија во соба сама ја оставија и мајка ми цела вечер со мене. Око не склопив цела вечер... Ме држеја уште 3-4 дена ама фала богу сестрите и болничарките беа зачудувачки фини и ми помагаја во опоравувањето.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.361
    Пол:
    Женски
    Ajde I jas da si ja kazam makata . Jas otidnav na zakazano poroduvanje bidejki nemav bolki . Koga stignavme me pregledaa vaginalno I bev 7 cm otvorena ( nemav nikakvi bolki dodeka sum se otvorila ) . Mi ukl infuzija za bolji I po 45 min mi go puknaa vodenjakot . Potoa dobivav silni bolki I vo 22:10 vekje bev porodena . Mnogu bolki imav za vreme na poroduvanjeto bidejki doktorkata cekade sama da ispuka kozhata pa potoa mi napravi rez I sega sum na dve strane siena . Isto I stomakot mnogu me boli , ama fala mu na boga bebenceto e zdravo pravo I sto e najvazno najgolema poddrska imame od batko I . Za se pomaga iako ima samo 2 god . Okolu mlekoto , seuste nemam dovolno , edno ili dve bebeski goltanja , pa sea sme so cicanje plus dohrana so nan1 .
     
    На Sunshine_1979, kelebeim***, Lorins и 4 други им се допаѓа ова.