Ајде и јас да раскажам за мене. Ви пишувам од болница. Една топла вечер во Август дознав дека сум бремена, ме сецна стомак наеднаш и ми немаше дојдено неколку денови. Знаев дека е тоа. Како реагирав? Заплакав од возбуда. Бременоста ми беше лесна, од ништо не стравував, не се скратував. До 39та недела одев на работа, на јога, ги изодив и сите предавања во Систина и на клиника, и редовно по дома си чистев сама. Мислев во 9ти ќе не можам да се движам, да спијам, едвај ќе чекам да се олеснам, ќе отечам, ќе се направам 100 кила, со стрии итн. НИШТО од тоа! Стомакот како за 7ми ми беше. Кога и да се погледнев во огледало си се сакав себе си, синко ме разубавуваше! Тоа на кратко околу бременоста - најубаво нешто на свет. Поготово пред спиење како се галеше со мене дури беше во меше. Тоа ми недостига! Во спиење ниту еднаш не ме разбуди. Помина и 40та, па и 41ва јас ни болки ни водењак пукнат ништо. Чекав. Не ми беше тешко. Но, со консултација со доктор Јегени (тој ме породи) ми рече: полека водата се намалува, стомакот тврд ти е, и ми закажа да пробаме природно со провокација. Се согласив. Е сега пораѓајот... Хммм страв од непознато. Не знам како да реагирам, се трудам да се опуштам, но, тешко ми одеше. Значи ме примија вечерта за да преспијам, и рано од сабајле да ме спремаат. Болки почнаа; слаби менструални, па јаки и така цела ноќ. Око не склопив. Во 6 дојде сестра, ајде да почнеме. Мене од возбуди многу ладно ми беше. Ме спреми, ми стави провокација и почнаа појаки болки, па уште појаки, па уште и така неколку часа. Јас мислев кизнај колку ќе се отворам од тие болки. Значи не беа неподносливи, но болеше цело време. По некое време дојде др да види колку сум отворена. Колку? 1 прст!!!! Јас цела прашалници. Како ќе издржам јас вака за до 10 да стасам. Ми даде шанса уште еднаш, рече да ја појачаат провокацијата и за некое време ќе ме прегледа повторно. Јас истоштена од ноќта, неспана, и со тоа појачување почнаа јаки контракции. Веќе не можев да издржам. Болеше. Дишев длабоко. Мислев позитивно. Но многу стегаше. Почна да ми се повраќа. Дојде др. ме виде, и само рече не, нема да издржите и двајцата само ќе се мачите до вечер. Пробавме ете, но мислам да одиме царски. Да реков. Одма! Тој брзо реагираше, ме виде таа минута на ехо и рече одма спремајте ја! Не знам што виде. Почнаа да ме спремаат. Јас се тресам, не од страв, не знам така ми идеше. Со количка и 200 на саат во операциона сала! Ах тој мирис таму. Нема да го заборавам. Внатре влегувам и 20 доктори ме чекаат ко вонземјани облечени, и еден ме соблекува, друг капа ми става, абе како на филм. Легнувам на кревет, докторите ми прават смешки јас немав насмевка. Здрвена ми беше! Анестезиологот ме галеше по коса, овие пердиња нешто ставаат, ме мачкаат и само ми рекоа сега ќе ти се приспие. Во секундата се деси тоа. По кратко време слушам: Ајде разбуди се, роди здраво машко бебе!! Јас со полу отворени очи само бледо гледав како сестри седат и чекаат да се разбудам. Се разбудив. Ме средија и в соба. Го донесоа тоа мало невино суштество. Ми го дадоа. Збунета бев, не плачев. Дојде мм. Занеми човекот. Не ни се веруваше. Плачевме после заедно. Од среќа. И така еве неколку денови. Супер е што во болницава е дозволена посета нон стоп. Па тој беше покрај мене цело време. Башка сестри кои на дофат ми се 24 часа. Условите и хигиената се одлични. Денес си одиме. Почнавме со доење, галење, гушкање. Го гледам и хормони ми работат. Ми се плаче. Го сакам најмногу! Тоа е мајкички мојата приказна. Прва во мојот живот. Радувајте се и уживајте во бременоста. Дишете длабоко кога ве боли. Прекрасно е чувството. Бидете свесни за секој момент, опуштени, бидејќи времето лета, но спомените остануваат засекогаш!
@kelebeim*** се чуди ќерка ми зошто се расплакав ми се навратија трите мои вакви доживувања, особено миризбата... а тек првата средба со бебушот....
Fala ti Ne mi stavija. Treba da si otvoren barem 4 prsta i za toa cudo. Jas ne uspeav do tolku. I zaboraviv da napomenam, ne mozes da planiras kakov poragaj ke imas.. Osven ako znaes deka 100% ke e carski. Jas ne pomisliv na taa varijanta, ete radi lesna bremenost, bebeto si bese super namesteno, se dvizev non stop, majka mi/svekrva mi/sestra mi site prirodno rodile itn. Nema pravilo. No pak ke kazam bitno zivi i zdravi sme i dvajcata
Денес 25дена од големиот ден мислам е ред да раскажам. Синко нана, не ми личи на цврста нана ама ќе се обидам. Татичко наш дента привршуваше голем и битен извештај па ние сами одмаравме по дома со мешко, се прошетавме до кај баба, ама на мама не и беше арно. Гадења, болки во стомак и поспаност. Вечерта тато му шепна на синко во мешко дека е при крај и може да искача кога сака веќе. Е синко наш буквалист, мама заспа рано, тато остана да доработи и таман легнал во 2ипол мама го разбуди 10мин покасно со пукнат водењак. Умен син на татко. По консултации со докторката што ме пораѓаше во 4.05 ме примија, ми земаа историја и ми уклучија цтг. Болки минимални и издржливи. Дојде докторката, ме прегледа, отворена едвај за врв од прст. И така до 10 пак исто, јас болки имам ама тоа не се ништо. И падна договор, до 12 ако не се отворам одиме царски. И отидовме, во 12ипол ме земаа, во 13.15 го родив човечето кое за 25 дена ми даде толку насмевки, толку солзи, толку радост и толку маки. Се породив со целосна анестезија, се разбудив по пола саат и веднаш прашав за мојот ангел. Најсмешно беше што уште неосвестена прашав дали личи на мене На одење кон соба побарав да го видам, што да видам, плаво мало човече. Се роди на почетокот од 36та недела и баш не беше иделно израснат, 2540 со 48цм,мало мило човече. Во соба ги видов веднаш мм и свекрва ми, ме надрогираа со нешто против болка и заспав, дури и се извинив што морам да спијам Од влегување важев за најнасмеана и највесела мајка, дури и во сала се смеев пред да ме успијат, си зборев се додека не ме нападна дремката од анестезијата. Будењето реално беше сурово, морав да дишам а јас вев целата шлајм во грло, морав да држам очи отворени а мене ми се спиеше. Па и сама ме тераа да се префрлам од кревет на носилка во шок соба и во соба, а боли рана. Не можев ни да се искашлам од што ме болеше, ама сега само знам дека болело, не се сеќавам колку многу. Само едно ќе речам, ова царски нема ни ц од царски, боли убија и е многу мачно, али вредно. Да оривршувам оти црвец де буди, е тогаш не можам ништо да направам
Слична на мојата приказна. Да е жив и здрав Матео. А кај мене најсмешно беше тоа што јас се будам, докторот ми вика ајде разбуди се роди здраво машко бебе, а јас на сето тоа : Колку е саат?!
Срцки, шо убаво ме насмеа, ајде што поскоро и ние да си дочекаме па да ја пишуваме нашата породилна приказна.
Ајде и јас во кратки црти да ви раскажам зошто црвов мој мал не ме остава да дишам Полноќ 30.04 мене почнаа да ме фаќаат болки на 10 минути и така се до сабајлето па после тоа се смирија па за 3 саати почнаа пак ама појаки и во 17 ме примија во болница со 3 прсти отворена па ме качија на патолошка.Како поминуваа саатите мене се повеќе и повеќе ме болеше а на ЦТГ ни б од болки.Накај 23 веќе неможев да стојам на нозе па ме прегледаа и ајде хитно ме однесоа да ме спремаат за царски.Ме успаа со целосна анестезија и на 01 Мај во 00.01 дојде на свет моето бебуле.Се разбудив тек сабајлето убаво во шок соба,станав па од анестезијата и не осеќав некои јаки болки ама затоа второто станување и секое наредно мене се поболно ми беше ама нормално,позната болка.И конечно околу 14 негде ми го донесоа бебули да го видам и гушнам.Измачен,отечен,оињата неможеше да ги отвори,тек од наредниот ден почна да се опоравува ама сега сме веќе добри.На крај искочи дека тие јаки болки што сум ги имала биле зошто матката почнала да ми се отвара кај првиот царски рез што го имав и само ми рекоа дека на време ме оперирале,инаку незнам што можело да се случи.Битно сме живи и здрави,среќни и полека се навикнуваме и уживаме. Ненам убаво породилно искуство ни со првото ни со второто ама секоја болка и се што поминав вреди зошто сега имам две златца кои животот ми го прават најубав
Додека мојата принцезичка спие да ја раскажам и мојата породилна приказна. Цела бременост ми помина во паника и грижи, претходно имав missed, па крварење во 9 недела и само се мислев дали се ќе биде во ред и ќе си го гушкам некогаш моето бебенце. Во 35 недела ми беше констатирано помалку плодова вода и цело време бев на прегледи, секој втор ден да ја пратиме ситуацијата, чекавме да дојдам во 38 недела за да може да се почне процесот на породување со провокација, мн сакав да се породам природно, ама до самоит чин на породување не знаеш како ќе тргне работата. Ме примија во болница во 19 часот, во 02 по полноќ ми ставија вагиналета, а во 8 сабајле почна да ми тече провокацијата, полека болките почна, беа издржливи на почетокот, после некое време ја појачаа провокацијата и болките се зголемуваа, во 13 часот бев мн малку отворена, во 14 ми го пукнаа водењакот ми се виде дека водата е заматена иако ништо не ми кажаа, беше зеленикава како што можев да ѕирнам. Докторот ми вика додека не станат болките мн јаки не барај епидурал, во15 часот веќе станаа мн јаки болките и побарав епидурална, ми ја ставија измеѓу контракција и за некое време веќе ништо не осеќав од половината надолу, ме оставија и ми рекоа да одморам малку да соберам сили за пораѓајот. Бебето никако да се спушти надолу, ме ставија да седам да се спуштело малку, во 19 часот сестрата ме проверува и вика имаме раче и викам што значи тоа, ми вика заборавив дека не зборам со доктор, му се јавија на докторот да дојде и ме однесоа во 19:30 на бокс, таму ми беше исклучена анестезијата и болките пак почнаа, на бокс ми ја кренаа ногата и ми ја ставија на другата страна , десната нога ставена на боксот за лева, не знам како да објаснам најверојатно за да се намести бебето, после тоа станав и стоев малку, се потпирав на боксот и дишев измеѓу контракции, гледав да не викам, да не губам сила, после еден саат може и повеќе почнав да добивам напон и почнаа докторот и сестрата да ми кажуваат кога ќе биде најголема блката да вдишам и да напнам,абе џабе јога за трудници, читање книги, одење на предавања кога дојде моментот не знам да напнам, се зеза маж ми не си имала проблем со запек у животот. Ќе дојдеше моментот и ќе викнеа по мене ајде буткај, јас им викам не ми викајте сама ќе буткам, смешки бев и така бајаги време се мачев, докторот ми вика ако не напнеш силно те носиме во сала, а јас нееееее докторе ќе буткам, осетив кога ме исекоа,ама немаше болка и на крај мораше докторот врз стомак да притиска неколку пати и излезе мојата принцеза, душа моја измачена во 22:02 се роди сонцето мое, ми ја ставија на гради, си ја гушнав и плачев од среќа, тоа беше најубавото чувство во мојот живот, се што поминав вреди за тој момент, се се заборава и болките и мачењето кога ќе ги погледнеш очињата на таа мала душа.
Еве ме и мене несшто слично како @macunka Имав закажано преглед докторот ми рече ако си спремна може и да испровоцираме. Во глобала имав супер бременост полни 40 недели со созреана постелка. Отидов на преглед во 8 без никакви болки ни контралции,а отворена 1цм ме сместија ми ставија клизма резултати за крв мокраќа отворивме досие. И во 9.30 ми ставија вагиналета, кај 11 почнав да чуствувам болка доле ниско како да ме влече а стомак јајници натка не осеќав ништо, контракции слаби а јас изгубив сила уште на почеток, кај 13ч побарав епидурал докторот ни рече рано е не покажува болки. Му кажав дека не ни имам болки освен што мислев дека ме цепат таму доле ми мереше притисок беше 60 со 40 ептен без дехидрирана и изгубена. Реков илк епидурал или царски одиме од коа ми кажа дека само 2 цм сум отворена а јас веќе се изнемоштив,се изненадив од самата себеси дека неможев да земам сила ни беше страшно жешко! Ми ставија епидурал инфузија и уште една провокација. До 16.30 бев мирна раат.. само што се осеќав дехидрирана. Во 17.30 веќе бев отворена скрос. Го викнаа докторот исклучија епидурал и во 18.15 во сала. Напнував тресев глупости барав клима да пуштат вода да ми дадат ) и за 20 мин излезе бебушката моја. Ми олесна и за 5 мин се чувствував супер! После си одеше шиење средување. Па гушкање со бебушка моја златна. Докторот ми рече дека прилично довро и брзо завршил цел процес со оглед на тоа дека сме почнале од нула.
@kelebeim*** ни до половина не стасав со читање а веќе солзите ми потекоа.. Да е жив и здрав принцот, голем да расте
Sto i da se kaze za doktorkite GAK, i za direktorkata se e popusto,cabe. Nikoj ne gi kaznuva , sto sakaat si pravat. Se nadevam eden den ke odgovaraat za svoite postapki. Inaku ako mislat citatelkite deka se plasam od bolki, jas ke citiram edna zena od forumot koj a veli i 200 pati ke pominam bolki samo bebeto da e zivo i zdravo, ako treba i bi umrela za nego. Neka znaat deka koga cekav da se poragam vo GAK mi ja zgresija infuzijata pa mi stavija infuzija za posle poragjaj, posle ja trgnaa i dva saati me ostavija bez infuzija, a posle jako pocna da me boli glavata , no toa e nebitno, a bebeto koj ke go zastiti, da zivee 30 dena vo inkubator i odednas da pocine za dva dena od necistata baktrerija echerihija coli. Zamislete najnecistata bakterja vo mesto kade se bebinjata. Sto drugo da se napise. Sleden pat ke odam vo druga bolnica da se poragjam, toa e sigurno. A doktorkite vo GAK i nivnata direktorka da odgovaraat za postapkite svoi, se nadevam.
Ајде и јас да си раскажам . Веќе ја терав 40 недела и цело време бев во исчњкување. Во средата вечер осетив како да ми се стврднува стомаков како камен, па по неколку сњкунди пушта. Цела вечер не спиев , на околу 5 минути ги осеќав стегањата. Четвртокот отидов на доктор во Охрид, инаку си бев договорена за пораѓај во Плодност Битола, па си реков да не одиме до таму за џабе, прво да видам што ќе ми речат. Ме стави докторот на цтг и контракции до 100, на интервали. Јас уште болка не осеќав. Ми вика најпаметно ти е да си тргниш поручек за Битола. Се согласив и со мм попладнето стигнавме во Плодност. Тука ме проверија, ама не бев воопшто отворена. Др ми вика ќе те задржам за да пратиме ситуација, ама утре најверојатно ќе те вратам дома. Вечерта спиев во болница и сабајлето веќе почнав да се отварам . Ми ставија вагинална провокација во 8 сатот. Во 9 веќе осеќав болки и почна да им се зголемува интензитетот. Во 10 ми ставија епидурал и после 15 мин веќе не осеќав болки. Во 11 веќе бев 9 прсти отворена и ми викаат ајде на бокс. Почнав да имам напони и да туркам , ама тешко ми одеше. Се мачев, не можев да го турнам бебето, уште беше мн високо. Напнував, па одмарав и така пола саат. Презадоволна сум од целиот тим, ми објаснуваа, Беа стрплиВи и многу посветени. На крај веќе се спушти бебето, мораше силно да напнам, докторката ме туркаше на стомакот, ме пресекоа и во 11:53 излезе моето синче 4400 гр, 55цм, со папочната врвца 2 пати завиткана околу вратот. Цело време на ехо бебето ми викаа дека е околу 3500 гр, а јас сум мало човече од 158 цм и затоа си одев на природно. Докторката ми вика , да знаевме колкаво е обавезно царски ќе одеше. Сега сум супер, се гушкаме , лесно ми оди опоравањето и дури среќна сум вака што испадна
Eve nakratko I od mene redno e mislam posle 4nedeli. Posle Eden dolg I dosaden den (da napomenam deka zivejme nadvor od Makedonija za da se razberit poubo)mm si dojde od na rabota umoren bese 11navecer no vo meguvreme toj cel den imav nekoj cuden iscedok za koj prasvev na forumot trudnicki se razbira I na koj mi odgovorija spremaj se I na sto se nasmeav mislev rano e 37+6 bev. Se istusira toj malku muabet I mislam polnok legnav. Da napomenav bolki nikakvi. Okolu 2:30 me razbudi nekoj silen nagon za vo wc,stanav se izmockav I to ubo.Se vrakam nakaj krevetot I odednas osetiv kako mi tecit voda bese topla I se zbuniv celata neznaev so se slucvit.pomisliv se mocav gaki sramota.Ne dadov uste dva cekori pak istoto e togas mi bese jasno deka e vodenjakot. Si go razbudiv mazeto cela zbuneta vo neveruvanje I pravo vo gradot vo bolnicata kaj so mi bese dogovoreno poroduvanjeto. So nas dojde I edna prijatelka od Bosna koja go znajt jazikot a mene mi bese potrebna zs 2god sum ovde a mm se plasese da bidit so mene vo tie momenti. Stignavme tamu ne primija no bolki seuste nemav. Dojde 5utro I mi dadoa nekoj prasak za da gi osekam kontrakciite koi bea prisutni ama ne gi osekav. Okolu 11 se zacestija bolkite na 10min bese strasno umor nespienje I bolki da puknit covek. So tie bolki izdrzav dokaj 13:30 pocna da bidit nepodnoslivo I da napomenam bev samo 2cm otvorena I konecno sledvese bazen so zeska voda vo koj prava uzivancija bolkite se prisutni ama ne se tolku bolni uzivancija koja traese 30 min I posle pocna pekolot. Vo 15:00 ja dobiv epiduralnata I se spasiv se bese super no ne se otvarav nikako po so sledese indukcija okolu 18:00 gore dolu moram po nakratko mi se razbudi bebuska I so indukcijata go vidov gospod ne mi se gledase ni doktor nit babica sreka pa prijatelkata bese so mene ke gi ubiev kolku me bolese I dojde nekako toj cin otvorena 10 prsti I pocna poroduvanjeto bese 6 ipol navecer sat ipol naponi ke umrev I nesakase toj carski da me pravit mi se idase da go udaam so ona zavesata so mi ja dadoa da se drzam I na kraj se porodivme so vakum sreka bez posledici vo 20:39 mi se rodi princezata ajde begam zs morat da cickat
Zal mi e toa sto go procitav, no gledam hrabrost vo tebe! Kako sto e Gospod ne e nikoj. Jas ne ni pomisliv na Gak da se poragam, radi red takvi pricini. Ne deka nekoi ne pominuvaat odlicno. Sekoj za sebe. Inaku ja odbrav Sante plus, me sledese doktorot (dr. Jegeni) nekade 6 nedeli pred poragaj, prethodno normalno si odev na site pregledi kaj moj doktor, i so toa znaev deka sum vo sigurni race i ne se plasev tolku. Pozdrav i da se citkame za ubavi raboti