Najprvo ziva i zdrava da ti e princezata. Inaku me presmej da ti kazam. De za dijalektov se so T na kraj, simpaticno za citanje (pretpostavuvam Oh/Struga), pa za toa so ti idelo da gi udajs i na kraj begaj da begam haha Aaa da, bravo i za prijatelkata koja em stanala vo niedno vreme, em cel den bila so tebe! Bitno zivi I zdravi ste, ama vakov dolg den bogami ne e lesno da se prezivej. Skoro 16h kako sto kazuvas.
Fala mila teskicko mi bese ama pomina nemozev ubo da pisam zs mi stana malata a da ohrid sme mazeni a inace ko mome sum od sprotivniot kraj tamu istocna
Еве ме и мене овде да ја раскажам мојата приказна ,ке се обидам да скратам но незнам колку ке е можно тоа Значи се започна на 30ти март,се разбудив во 8:30 нешто ми потече нагло,изрипав веднаш и отидов до вц,се вратив и повторно си легнав но неможев да заспијам,му се јавив на мм и му кажав да си дојде и да ме однесе кај матичниот да видеме што ке ми каже тој,се спремав и отидов ненајавена,среќа немаше никој и право влегов,му кажав што се случило и веднаш ме стави на цтг,ми рече дека тоа е во ред и полека да си ја спремам торбичката затоа што е време.Ми дадоа упот за 31ви март во 11:30 да одам во болница.Си дојдов домаа плачејки бидејки почна да ме фака страв и паника,плачев 3часа .Седнав и полека почнав да си факам врски,си ја фатив главната на гинекологија и акушерство и се помина во најдобар ред. 31ви Март,станав се средив и тргнавме со мм,отидов кај главната и се претставив која сум и што сум и ме спроведе.Ја почекавме др. Дојде ме прегледа и ме извади од памет,ми вели од кога ти е прснат водењакот и велам од вчера т.е 30ти во 8:30,и ми вели а сега сме 31ви 11:30часот,од плодова вода немаш ништо знаеш ли што може да се деси,зошто си чекала до сега,требало веднаш во болница да дојдеш а не кај матичниот,Итно на прием и вели на главната,ме бркна,а јас 3 прста отворена а болки никакви само се препотувам,ме сместија и веднаш на цтг,Нема болки,си се препотувам почна да ми станува досадно,цел ден таму,ме извика друг доктор ми земаа податоци и влезе др што ме прима и вели овоа е со прснат водењак од вчера 24часа се поминати што ке правиме,се погледаа и ме пратија во соба повторно,си лежев си седев од болки ни Б.Времето си минуваше болки нема сеуште си легнав да спијам,заспав накај 11часот,ненавикната да спијам со запалени светла бебенца плачат,сум дремнала некако и веќе кај 4ри часот сабајле се разбудив од болка.Болките почнаа на 4ри мин.Од 4ри часот до 6:30болки неверојатни,ме посети главната во 7:30 да праша како сум,и велам имам болки на 4ри мин,а јас болки не поднесувам баш многу,те викнаа ли на цтг ми вели,и велам во 6:30 тргнав сама без да ме викнат но кога слушнав како една се дере се вратив,ме одведе таа на цтг и покажуваше болки,веќе бев 6 прста отворена,и ми велат рано е треба уште посилни болки ова не е ништо,се вратив едвај во соба мислејки колкави се тие болки,накај 10:30 повторно на цтг,и веќе ми кажаа да звонам на некој да ми донесе инекции пошто ги немале,звонрв на мм ми ги донесе,и морам да кажам дека од многу јаки болки не се ни секавам дека тој дошол,во 11:00 часот веке почнав да имам и нагони,помина еден др и викам по него,викам докторе јас имам многу јаки болки и почнувам да имам напон,епа вели ајде дојди со мене овде неможам ништо да направам,му велам јас неможам да станам,а болки на 2 мин,тргнав полека со него 10мин одев до салата.Ме стави на цтг и ми вели па немаш толку јаки болки како што кажуваш,го исклучи цтг-то не минаа 20 секунди и му велам имам напон,и ми вели не е можно само што го исклучив цтг да се отвориш,кога ме бркна веќе бев 9 прста отворена,ме кренаа од тој бокс и ме преместија на другиот,побарав вода но не добив,се смилува сестрата и ми натопи една газа да си ја забришам устата,отрча др во мегувреме ги извика другите доктори и сестри и започна порагајот,се беше убаво додека не почнаа да ми скокат по стомакот,верувале или не веке немав сила неможев воздух да си земам,прво ми скокаше една,па се качи главната кога ме прерасна од што изгубив здив и го скинав мантилот,па дојде докторот од 100кг,е тој веке ме издиша и и кажав дека повеке неможам и што сакат нека прават,скедуваше она од што највеке ме беше страв а тоа беше сецнувањето доле кое не го ни осетив,следуваше еден тежок скок врз мене со што му го скинав мантилот и на докторот и можам да кажам дека буквално се боревме на бокс.Во 11:40 излезе синко мој,3900/52,кога го видов беше модар џигер ми рекоа дека не е страшно.Си побарав чаша вода и останав да лежам на боксот.После половина час почнаа да ме шијат е дури тогаш мислам дека го видов Господ,ми вели др можеш да викаш колку сакаш само да не ми мрдаш.Е тоа беше најстрашната и најголема болка што сум ја доживеала. Во мегувреме му се јавив на мм да го известам дека има СИН,но тој неможеше да поверува и ми вели па јас пред 1час бев кај тебе не ми е верно сега,му велам да точно е имаш СИН.Ми кажаа кога може да дојде да не види,му кажав што да купи и за 1час дојде тој,ме праша каде е бебето и го донесоа да го види беше толку изненаден што само го гледаше и ништо не одговори.Сестрата се насмевна и го праша дали е доволно мм се насмевна само и го вратија во соба. Другата прикаска е тоа што лежев 7дена во болница бидејќи бебуш беше целиот исфрлан од инфекцијата што сум ја имала пред порагај,намаливме 300грама,и педијатарката не сакаше да не пушти.Па повикаа друга педијатарка да констатира дали е се во ред со бебуш и дали ке може да си одиме дома,ако не да се потпишам и да си одам.Се се заврши добро и веке не испишаа,главната ја покрена целата работа. И морам да го кажам уште ова ако немаш врски џабе е се. Се извинувам на долгиот пост уште еднаш
Lele kaj ragjase? i mene mnogu me stiskaa na stomak, ama duri posle sfativ deka moralo cim ne sorabotuvav so niv
Во Штип,како да соработувам кога неможев,се откажав,ме искасапија доле,ми рипаа по стомак ме издишаа и тоа е
Malce slobodno vreme pa da raskazam i jas. So zakazan carski pojdov sabajleto me spremija se ao trebase krv mi zedoa pritisok mi merea klizma za procistuvanje na ctg me uklucija , go.cekavme anesteziologot , mi ja stavija anestezijata i za mn brzo si go vidov bebco, ama posle toa malce me fatija paniki okolu pola sat me sieja sum imala ispusteni veni na matkata i moralo povnimatelno mn mi beae neprijatno ne boli ama osekas kako ti ja tegnat kozata ama se izdrza nekako me prefrlija vo siba ponekolku sati mi go donesoa bebeto si go vidov pak cetvrtiot den ne pustija doma.imam golemi bolki vo glavata od anestezijata mi rekoa deka ke traela edna nedela pa ke vidime.
На сите им посакувам порагај како мојот, прелесен. Епа вака беше, дента 6ти Октомври (39 нед бев) во 13:30 часот почнав да крварам, но без болки. Кога си дојде мм во 15 часот му кажав дека бебушка наскоро доага тој пребледе како тој да ке се порага ми рече одма да одиме во болница но јас не сакав пошто немав никакви болки а не сакав да гледам како се порагаат паника да ме фака. И така си се прошетавме по гости кај мајками, па кај свекрвами... (на никој ништо не кажавме) и околу 20 часот мм ме убеди некако да отидеме до болница барем да прашаме што како.. Отидовме и кажав на докторката дека цел ден крварам а болки немам и таа вели ако остани си. Ја прашав дали може да отидам до дома само да се истуширам и ми рече ако немаш болки оди. Се истуширав и му реков на мм ајде да одиме кај Драгана на торта (роденден и беше) ми се јаде торта. Тој ми се изнасмеа и отидовме си апнав здрави две парчиња торта и во 23:30 тргнавме накај болницата (сеуште без болки) Отидовме, ми бркна докторката да ме прегледа и ми го пукна водењакот, вика супер си отворена можеш да рагаш. Викам како ке рагам коа ништо не ме боли. Ми се почуде ми рече да одам во соба и да чекам да ме фатат болки. Отидов во ходникот и му кажав на мм да си ди дома. И само што си отиде тој влегувам во собата и ми почнуваат силни болки во долниот дел од стомакот. Почнав да се свиткувам и да си офкам. Ме виде сестрата и ми вели ајде качувај се на боксот. Се качив и напнав двапати на третиот пат излезе Александар (3650 со 50) наеднаш (во 00:25). Сестрите ми се смееја демек како ромките лесно сум се породила. И така.... Му ѕвонам на мм вика еве влегувам дома, викам честито син, вика дај не заебавај, 5 мин го убедував дека не го зафркавам и не му се веруваше и право се врати назад во болницата да го види...
Браво, брзо и експресно, по убаво здравје Нека е жив и здрав Александар, најубаво име, дека и мојот така се вика, најубави момци ќе бидат Честитки уште еднаш и само убавини да ве красат покрај синчето
Nemam porodilno iskustvo.No ke vi go raskazam na majkami iskustvoto. Dalecna '96ta noemvrisko utro majkami od slava dobila bolki za poragjaj. Trgnale na pat za drzavna bolnica so tatkomi.Majkami bolki do.nemaj kade. Stignale vo drzavna i ajde da ja pregledaat videle deka e otvorena 10 prsta. Ajde odma na boks. Majkami butka ja ne iskacam be majmunka haha,posle 3-4 napnuvanja nikako. Pocnale da se gubat tonovite na bebeto.Doktorot reagiral odma i carski poragjaj. Carsko no mozam da kazam los poragjaj. Majkami uspiena,mene kako sto me vadele od stomak taka i nogata mi ja izvadile bukvalno znaci,kolkot od mesto. Ajde kazale deka se e okej,nemalo nisto.Znaci kriele. Po nekolku dena ja pustile majkami doma. Majkami koga dosle doma primetile od odma deka nesto ne e okej,pri povivanje sum plachela sum omodruvala duri. Bidnalo sho bidnalo. Bebe od 10 dena,nosenje nazad u drzavna baranje pomos, u drzavna kazale neznaeme nisto ne e nisto normalno dete place na se. Pri izleguvanje moite potreseni,edna od cistackite rekla a da si go odnesete deteto vo majcin dom na pedijatar? Od tuka moite vo kola pravo majcin dom. Tamu utvrdile deka mene kolkot mi e izvaden,odnosno ottrgnat od mesto. Doticen D-r Zoran Bozinovski, sakal na 10dnevno bebe da pravi operacija.Ubeduval sve zivo od familija za operacijata no ne garantiral deka ke ostanam ziva. Posle nekolku casovno ubeduvanje kako svetlo od tunelot izleguva nekoja D-r Ivanka.Koja zastanuva pred doticniot i so zborovite (kao so mi kaza majkami) mu se upatuva: "Tebe diplomata za pedijatar ti ja dadoa da ubedvas roditeli na 10dnevno bebe da go operiraat a pritoa da ne garantiras dali ke ostane zivo?" Zastanala i mi go spasila zivotot. So teg od 15 kg i kaisi niz celo telo go spasila zivotot na devojka sto sega ima 20godini. I sega jas sum taa sto si ima problemcinja,kako sto se: nesmeam da trcam radi bezbednost,i nesmeam zdravje boze koga ke treba da se poragjam nesmeam prirodno,bidejki mozam da rodam zdravo dete no mene da me izgubat. Eeehh zdrastvo nase makedonskoo ))). (izvinete mozda na nekoi greski no kako sto mi ima kazuvano majkami taka napisav) . Poz imajte ubava vecer
Isto prijatelka pecena za carski bese poradi nekoj problem i dogovoreno vekje vo drzavna otisla, koga stignala tamu kje ragjas prirodno i rekol nekoj doktor. Pa 200 vrski, mislam i podplatile za da ja porodat carski... Isto na bebeto mu go iscasile kolkot pri tegnenje, pa edno 3,4 meseci bese gipsirano, pa posle kaisi... sega odamna ne sme se videle no devojceto na 1god i 4m seuste ne odese, no rekle deka kje bide
Da jas ne sum odela dolgo vreme,ne smeele da me banjaat i nesmeele da me ottrgnat od tie kaisi..Sea zdrava ziva odam ne krivam no nesmeam tesko da digam nesmeam da trcam da se zamoruvam..i taka
Еве и јас да ја раскажам мојата приказна... Во понеделникот 20.06 бев на преглед кај докторката што ми ја води бременоста, и со оглед на тоа што таа е на одмор, се договоривме кога ќе почне на работа на 28.06 утрото да одам и со провокации да ме породи... И нормално си го сфатив тоа здраво за готово,бидејќи немав никакви индикации... Цел ден си шеткав... Вечерта се избањав и од умор легнав да спијам... Мм од жешко неможеше да спие па играше на компјутер. Дојде да си легне околу 01 часот и ме разбуди. И тогаш почнаа болките. Претходно имав лажни,па си мислев и овој пат е така... Па почнав врти се на една, врти се на друга страна,пак имам болки... Веќе околу 2 почнав на секои 2 мин да одам во вц и кога ќе се избришев забележував црвени капки. Тогаш знаев дека е време да тргнам за во болница. Стигнав таму околу 3,болките се поинтензивни, на секои 2 мин. Ме прегледа доктор 8цм отворена. Ми вели поздрави се со мт, нека си оди дома. Само што мм стигна дома,дојде сестрата ми стави спазмекс и ми вика ајде на бокс,нека доаѓа мт. Ме ставија на бокс околу 4. Почнав со напони,да туркам,ама бебуш голем... Докторката ми се качи цела на стомак да турка,ми ја блокира дијафрагмата. Ми вели не диши,туркај само. Мораше да ме пресечат,и во тој момент мислам Господ го видов. Турнав уште 2-3 пати и тогаш го видов бебуш како излезе... 3800 гр,долг 51 цм. Отидоа да го покажат на мм,па потоа и мене. Дека е лесно,реално не е, ама јас за среќа брзо поминав, во 4и 45 се беше готово и го добив најпрекрасниот дар за цел живот,мојата прва среќа Георгиј. На сите им посакувам да поминат лесно како јас
ako nishto drugo, brzo barem si se. otvorila,. ne si chekala so saati za eden prst. ranata ke zarasne. chestitki srcka
Реално лесен пораѓај, стомакот не ти бил спушјтен долу, па затоа морало докторката да бутка. Нека ти е живо и здраво бебенцето, уживај во периодот што ти следува. На почеток е тешко, но штом фатите ред, се ќе биде поинаку
Ајде решив конечно да ви ја пишам и мојата ,после 15 месеци.Долга е..... Се започна од 22 март кога беше Младенци празникот,па ние славевме имаве полна куќа гости а јас со стомакот одев по скалите сто пати нагоре надоле.Се преморив и почнав да чувствувам болки.Но ништо викам.Ајде и наредниот ден пак работа се мене ме чека.Пак болки но јас ништо викам од премор е рано е,терминот беше 04.04.Вечерта на 23 март отидовме до делчево до бугарската граница да видиме за колата на брат ми да ја земеме.Си се возам јас,и пак почнав да имам мали менструални болки,си викам не е можно се уште е рано.Многу ми се одеше во вц,таму мочкав но не видов ништо не забележав а тогаш најверојатно е паднал тој мускиозниот чеп ,ако точно го напишав.И се враќаме назад веќе 12 ч.отидовме кај моите таму седевме еден час,јас пак болки ама на никој не кажувам.И си отидовме дома 1 часот по полноќ си легнавме мм одма заспа,јас врти се наваму натаму не бива.Отидов пак до вц гледам лигаво нешто розаво црвено,се исплашив многу,си викам јас сум се повредила нешто.И ајде еден туш,го будам и му кажувам и одма кренавме накај болницата.Ама јас ништо не бев спремила ни во торба,купено средено но и во торба.И таму ме прегледаа 1 прст отворена ајде почнува пораѓајот,ми дадоа спавача,кажав на мм што да ми донесе од дома.Ме сместија во една соба.ме гледаа на цтг но ништо не покажуваше,и пак имав мали болки,но место да се зголемуваат тие се намалуваа ,изчезнуваа.Стана сабајле 24 март,доаѓаат ме проверуваат,иста ситуација.Не ми даваа ништо да јадам.Ми ставија клизма.И накај 14 ч нешто се случи,бебето не можеше да диша се собраа сите околу мене,ми даваа кислород,ме вртеа незнам што друго ми правеа.И после 15 мин. доаѓа една сестра и ми вика сега одма ќе те пратиме за Ск тука два дена ќе нема ни еден доктор,ние не можеме да се грижиме за тебе.Сега се изнервирав,како нема доктори,му се јавив на мм,мисли за убаво,а јас му викам донеси пари се што треба за Ск ќе одам.И ајде набрзина се беше тоа,се качив во амбулантното комбе легнав,мм ме гледа од надвор очите ми се насолзија,сега каде ќе ме носат сама.Со мене беше и една бабица.Мислам дека со трактор ме возеа,колку трескаше и друскаше,болките ми се зголемуваа мислам дека во комбето ќе се породев.Стигнавме таму ме прегледаа,па дури чекав ред да ми најдат соба,да дојде доктор...Стана 19ч.Јас ништо јадена од претходниот ден.Ме качија горе,цтг,болките почнаа мн да се зголемуваат,сите околку мене викаа на цел глас,јас им се чудев што им е,Потоа кога ме фатија и мене толку јаки,како некој цревата да ми ги ваде,од 20ч до 00 едвај издржав.И ајде на бокс,отворена 8 пак проблеми нешто со дишењето внатре на бебето,кислород,Почнаа напоните,туркај излезе главата,уште 2 3 пати и целото,малце ме секнаа,осетив но болка не,кога излезе синко,болките веднаш престанаа.Се роди 3150 во 1 и 30ч..Јас бев како под анестезија,без вода без јадење,едвај гледав ме будеа со вода со газа натопена вода,ке заспиев од премор.После ме шиеше еден, малку болеше,но помина.После во соба.И сабајле во 7 станав на нозе.Ме болеше малку,но се раздвижив..За една недела се опоравив бев како нова. ИЗВИНИТЕ ЗА ДОЛГИОТ ПОСТ.
Prv pat da procitam deka nekoj go osetil toa secnuvanje, site koi gi znam isto kako mene, ne go osetile secnuvanjeto Lesno oporavuvanje!
@muchacha_a мукозен чеп Мукус=слуз, нешто лигаво....баш тоа што си го видела во вц помешано со крв. И јас го осетив сецнувањето, но болката беше една секунда, и неспоредлива со таа што ја осеќав во матката. Затоа е толку занемарлива и некои не се сеќаваат на неа.