1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    да така е, има сестри, бабици доктори кои си ја работат работата, и други кои само земаат плати и ништо не прават. на крај краева што и им е нив гајле дали ми било мене убаво додека сум ширела нозе или не, нивна работа е да ме породат на начин како што заслужува секоја жена, ама за жал кај нас не е така. и јас го поминав тоа, и воопшто не се согласувам со тоа дека никој не бил при свест кога ке настане ептем критична ситуацијата , нели тие се стручни лица и постојано треба да ја следат ситуацијата на мајката и бебето, а не да си уживат во собите или да спијат, а жените ке умираат од болка :devil:
    и кај мене 17 часа не можеше т.е не смееа со царски да ме породат, а бебето беше горе, јас не се отварав, тие го знаеа тоа, ама кога почнавме да се губиме двајцата можеше итно на царски ??? море за овие во здравстовото не плата по учинок, ни денар не треба да добијат :devil: :devil:
     
    На citiesinflames, Forko, ancetupance и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    и после се ова,оди па раѓај ;( и ќе ми зборат 3 дете да се појаца нарталитетот а здравство ужас и хорор...!!! страв ми е како ќе биде и тоа многу! ама у гак не одам за жива глава :sweat:
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    анче ме потсети на сестрите, сега полека ми се враќаат тие моменти и нивното понашање.
    “е добро де што викаш, па мора да боли“, “ај не се лигави“, “ што те гледам, чудна жена си ти“, “многу интересно човече си ти, како да не знаеш што те снашло“ (Боже Боже, многу убаво знам не ми отежнувај), “ види ја колку е лигава, како само она да се пораѓа“, “ по лигаво нешто не сум видела“... а кога почнаа капилари на лице да ми се појавуваат, сите ќутат и глас нема од нив, веќе не бев лигава.
    И само да ви кажам се ова со врска и тоа ни помалку ни повеќе туку директорот на болницата.
    Така да си знаете, ако сестра некоја не ви е врска, ништо не помага за подобар третман. Е горе на царски кога видоа д-р како разговара со мене, станав “душо“, “златна“ и секаква најубава , најдобра, најмила :@
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    :wasntme: абе :wasntme: има овде девојки што сеуште сакаат мајки да станат :wasntme: полека со приказниве :D
     
    На Nefertiti., meU и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    Ќе си идеме ја и ти (Forko) у Чаир :) Ама еве јас што чув за Систина и Св.Лазар. На пријателка прв пораѓај во Систина од што лошо и темпирале епидурална се стегнала таман кога почнала да се отвора и одма ја пратиле на царски, заради тоа втората бременост на друга приватна клиника и таму (без разлика што платиле 100.000 мкд) се погодило викенд и немало доволно сестри па ни вода немало кој да и донесе. За Систина до сега сите што биле ми рекоа дека ги терале да одат со царски (полесно било за мајката), а никој на тоа не кажува дека после тоа ако сака природно да се пораѓа мајката треба да паузира 3 години за да зарасне целосно раната (инаку постои ризик од прскање).

    Како и да е, со врски или без врски, приватно или државно, кога ќе дојде ДЕНОТ за пораѓање се зависи само од нас идните мајки, од нашата воља, присебност и желба да родиме здраво и убаво човече. Докторите и бабиците се само инструктори во ситуацијата и да помогнат ако налетаме на угорнина :rofl:

    Едвај чекам да ми дојде терминот. Мислам дека со насмевка ќе ја родам мојата буцка. :inlove:
     
    На Torte23, meU, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Delgadina сега идеме заедно во чаир ама за второ непада ми напамет :)
     
  7. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Да сте живи и здрави па да раскажеш позитивно искуство , а јас кога викав мажот со вас да бидат нема поубаво сите викаа ауу што ке ми е, епа пред мажите вака нема да ве третираат, друго ке е.
     
    На meU, Forko и Delgadina им се допаѓа ова.
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    мојава приказна не е толку страшна :emo:
    дали е до културата во Мк , ама секој својата работа треба свесно и разумно да ја извршува и не значи ако е сестра во породилно треба да се понаша глупаво со родилките :?:
    Ајде да ги потикнеме новите идни мајки да не се плашат има и убави приказни :lol:
     
    На meU, NoellePage, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Сите приказни се убави! Страшни се, ама се најубавото нешто што може да се случи на една жена. Самите кажувате дека кога ќе го видите бебето се заборавате, тоа чувство очајно го сакам, и можеби сум дебелокожец, којзнае. Нека ме дерат, што сакаат нека ми прават... :(
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    да затоа што гледаат да си соберат пари дупло поскапо е. Отракани се тие што мислиш а не гледаат што е подобро
     
  11. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    ееве и јас да напишам
    беше среда 20.06 2012 мене термин ми беше на 10 06 знаци скоро 42 недела нака петипол попладне се спремавме да одиме на цтг со мм али претходо викам чекај да одам до вц да мочкам и ке одиме одам у вц кога ете тоа чепот паднал ја срекна до бескрај го викам мм да види и кога го виде само направи една фаца и се насмеа ај на цтг одтидовме и таа ме стај на цтг се беше супер али ни болки ни контракции одам после кај докторката нели да го види цтг и на преглед вагинален (пошто ми рече предходниот ден ако до петок нема ничто онда ке ме задржале во петок ) ме прегледува вагинално ми вика о ти 4 прста си отворена ај на приемно јас од срека рипам и му викам мм ај за некој 10 саати ке станеш тато хехех брзо и се јавив на мама пошто она ги знае сите луге у секоја институција нели да ми фака врски отидов на приемно таму соблечи се одн себе и ми дадоа една спаваќа без копчиња горе со извињење цицките на изволте ми беа абе катастрофа и викам на таа дај друга спавака вика немеме дал барем шпенагла немаме ја и викам а што имате вие и од тика знаев дека ке се карам се кацив на приемно т.е предпородилна сала и беше скоро осум атогас имаат смена ми ставија чепце нели за да се испразниш и она во рака за инфузија абе таа сто пати ме прободе ти и викаш нема таму вена таа има ај треба да си одам и тука со неа се карам одиси зити бога остајме ке ме боцне некој друг да не те гледам а имаше една зена само викаше ооооооо, ооооооооооо сирота и така ме боцна една млада сестра од прва ме смести на кревет ме врза на цтг бевме 6 жени јас и таа една првоеротки дригиве викаат ние се смееме пошто од болка ништо да ви казам јас бев луд збуњен битна ствар врската ја фативме благодарение на мама дојде дикторката ме прегледа 5 прста отворена али водењакот не ми беше пукнат па за 1-2 часа ми го пукнаа ми ставија провокации и на цтг лезам јас и блебетам до бескрај абе уста не затворив др.ми понуди епидурална али јас ја одбив зш од болки ни б немав али за едно пола саат откако ме ставија на провокации почнаа првин бе а слаби па појаки гледам жениве шетаат и офкаат викам ај ијас
    отидо до врата тука мајками а мм излегол да пуси цигара е како што стигнав до вратат така почнаа правите полки а мајками ме гледа се смее ја и викам не се смеј не е смешно боли иди у п.м али што да правам тоа е момент па се вратив назат во кревет пак ми ја уклучија провокацијата уште толку абе почна у глава да ми се врти срцево 200 почнав да викам по сестрата на цел глас колку што можев најако и викам и се смеам и плачам у исто време сестро јас ке умрам готово така и викав ајде вадете го бебето мм е надвор абе цепки таа се смее ми вика не умираш не се секирај ајде викам таа епидурална носија под хитно а беше еден саат по полноќ ме земаа за на бокс и доага анестезиологот и ми вика ти си таа и таа јас таа и таа епидурална не се става у еден ми вика а јас од болки се виткам и и викам море ке ја ставиш и оро ке играш а она ако нети ја ставам и викам ај се а да не ја правиме голема знаеш кој ми еврска ставај и не дрдори многу само немој да има некоја грешка во ставањето ото после мисли муја ети уште една караница абе богда чува и кога почна да дејствува епидуралао леее луге рај :rofl: ни болка ни бутур така на бокс со инфузуја со провокација у едната рака во кичма епидурал на цтг поврзана у другата рака притисок ми мере нон стоп со рашчепени нозе почна бев 7 прсти отворена и така бабицата ме проверуваше на некое време а цело време напони имав леле како за кака али уште поголеми и си напињав цело време така ми рече бабицата последен пат кога ме провери беше чети ипол сабајлето бев 9 прста отворена ете за секунда се собраа сите( мисечини дека од сите клиники дојдоа дежурните доктори )ајде ми вика туркај али силата т.е напонот насочиго доле не у глава ја ко за инат со главата и така три четири пати и ете ја бебушка пинцеза на мама се роди едно слатко мало па ми ја ставија на гради одма така ја си поплакав малце нели од срека па ја земаа да ја средат а мм и мајками си отишле тачно у четири ипол ја за 10 мин.се породив откако си отишле и така им се јавив и другио ден дојдоја и така а за поле тоа односот на сестрите со родилките и бебињата е посебна приказна ме мрзи веке да пишувам :)
     
    На Katalea, koritsaki, ana.tinkerbell и 9 други им се допаѓа ова.
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ајде да си ја пишам и јас мојата приказна породилна која ќе беше бајка ако не се измалтретирав 4 дена пред породувањето на патолошка со триста провокации и прегледи. Терминот ми беше на 24.01. На 28.01 отидов на ЦТГ,и докторката ми рече дека сум 42 недела и 2 дена по ехото :o .Ме задржаа пошто терминот беше убаво надминат. Секој ден по неколку пати на ЦТГ,вагинални прегледи колку ти душа сака, и конечно првата провокација со некаков катетар во матката. Ништо од провокацијата, не паѓам јас на провокации :lol: . Вториот ден со триста врски добив и втора провокација,исто неуспешна. Ќе дојде еден доктор,ќе дигне паника што во 43-та недела уште не ме породиле на било каков начин, па ќе дојде друг доктор и ќе каже дека нема потреба од присилно пораѓање, ќе си чекаме спонтано. Третиот ден пак со врски добив и трета провокација,и КОНЕЧНО започнаа болките. (Тој ден си ја запознав и Анчетупанче :* ).
    Ми дадоа клизма, но јас само два прста отворена. Една млада дрска докторка ,,ме подотвори,,со рака уште два прста, но ми рече дека нема шанси да се породам. Вечерта ја слушнав како збори со сестрата да ме ,,експедираат,,горе во предпородилна,за да не ме фателе болки,па ќе сум почнела да се дерам и немало да можат да спијат. Ме експедираа,и тоа пешки по скали. Горе немаше никој, ни пациентки, ни сестри,ни доктори,ни болничари. Само една сестра која ме приклучи на ЦТГ и одма си отиде.Останав буквално САМА. Депресија да те фати. Ми дојдоа неколку големи напони за раѓање. Викнав,но никој не дојде. Втор напон,пак викнав,замолив да дојде било кој за да ме види,пак никој недоаѓа. Третиот напон ми пукна водењакот, јас се наместив и почнав да раѓам сама во претородилна.Викна и им кажав дека раѓам. Дојде сестрата ноншалантно,и ми рече дека со 4 прста не се раѓа. Ај вика дигни го чаршафот да видам колку си отворена. Го дигнав и главата на бебето веќе беше надвор. Ајдееее паника,дојде уште една докторка,ме фатија под раце,ми рекоа да стиснам нозе и да трчам до бокс. Ни носилка ни ништо. Сама да си трчам со бебе меѓу нозе. Ајде истрчав, едвај се качив на бокс,пошто бебето само искачаше. Малце ме сецнаа,само 1цм, а бебето излета за 50 секунди,како путерче.Ни болка,ни ништо. Во 01:15 ме качија во претпородилна, а моја Лана се роди во 01:40. Долга 52 цм,и тешка 3.800. Кога раѓав се отворив 11 цм.а 5 мин.пред тоа ми рекоа дека сум само 4 прста и нема шанси да се породам. :x Немам коментар. Одма бебето ми го ставија на гради, преубаво чувство, и ме заспаа да ми направат ревизија на матката. Се разбудив,ме дозашија и ме качија во соба. Од тогаш почна вистинската среќа,на која и нема крај.
    Сакам да нагласам дека породувањето (барем за мене), не е болно. Јас замислував дека којзнае колку боли и бев спремна на најлошото. Но тоа било само нагон,кој самата природа те тера да го избуткаш до крај, без никаква болка притоа. Претходните контрации се многу поболни од самото породување,но не се ништо страшно што не се издржува. Идни мамички не се плашете, се поминува за миг. Поздравче
     
    На Katalea, koritsaki, danielka0507 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    e silk i trista vrski da fatis toa tie ali na nivna dusa ane treba da e taka site treba da imame tretman normalen kako po privatnive se imas i spvaki i peskiri ti treba samo mobilka i tolku eeeeeeeeee na latinica soryy :devil:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Секоја породилна приказна е посебна на свој начин и посебна.За некого е лошо за жал, за некого прекрасно искуство! Уште малку ќе и се придружам и јас а за сега само ќе кажам дека некои навистина допреа до мене да не ги набројувам ,навистина сте биле храбри мамички секако дека не е лесно да донесеш бебенце живо и здраво на свет :!:

    Селоја чест мајки,ви се восхитувам!!!
    Нема поубаво чувство од тоа да си мамичка :inlove:
     
    На April87, Katalea, SimonaTino и 3 други им се допаѓа ова.
  15. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Херој си Силк :clap: :clap: :clap: слично на моето искуство и истото на сите им го кажував после тоа нагон на природата :) херои се и сите останато мамички :inlove:
     
    На SimonaTino и silk им се допаѓа ова.
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Добро ај јас да прашам како ги викавте сестрите со викање низ ходник или со копче над кревет?
    Во болницата кај што се пораѓав ти им ѕвониш и они кога ќе дојдат го исклучуваат ѕвонењето и тоа се зачувува во регистар кој пациент колку чекал за да дојде сестра за во случај да сакаш да ги тужиш ;)
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    охооо, ваму ако баравме копчиња , ќе родевме сите на кревет :@
    Ќе се дереш, ќе викаш “сестро, сестро“ или “бебето излегува“, ако имаш среќа ќе те слушне некој , ако не ќе си почекаш малку, додека да засвири некое цтг, оти само тоа кога свири слушаат, за се друго се скоро глуви
     
    На SimonaTino и silk им се допаѓа ова.
  18. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    хахахаахахах ме изнасмеа какво копче тоа креветите се катастрофа а не копче ке си викаш ти ако немаш друга работа и ко ке дојдат ке ти речат за ова ли ме стануваш а јас како што ме дал господ неможам да преќутам одма следи одговор во зависнос од тоа штоми кажале јас у болница бев 7 дена и сите 7 дена се расправав со сите лом ги правев сменив е4 цимерки и сите ми викаа леле алал да тие како им вракаш за се за се си имаш одговор абе едвај сестриве чекаа да си одам ххехехех
     
    На pepita82 и meU им се допаѓа ова.
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    хаха и јас сум иста, одма се карам, т.е си ги бранам правата кои не ти ги признаваат за жал :( се карав со чистачката зошто не сум го носела надвор ѓубрето, а тоа е нејзина работа :devil:
    додуша за копчиња имаше во собите , т.е само во шок соба,ама едно метро беа оддалечени од креветот така да исто како да ги немаше ;)
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Ајде како што е ред да си ја раскажам и јас мојата породилна приказнаааа, значи вака:
    Терминот ми беше на 18 Јануари, истиот ден немав никакви симптоми дека ќе се раѓа моето глувченце и си велам ќе си поседам јас изгледа уште некој ден после термин, а толку сакав и пред термин да си се олеснам, последниот месец ми беше најтежок, секој ден се поштешко ми беше и едвај чекав да си го видам бебушко мој ама ете си сакал до крај да си седе човечето. Така јас тој ден дури до ниедно време кај мм во кафич си седам, си се забавувам и мм вели ајде време е да си одиш уште малку ќе се раздени,а мене толку ми се уарни таа вечер, си имав и добро друштво и ајде велам ок, си отидов дома и си легнаааав и така после 2 саата се будам со некои чудни болки како кога треба да добијам ама ми доаѓаат и за некои секунди ми минат и се така на 10 минути некои и ај си велам рано е, не се тие оти не се јаки и си продолжувам да спијам арно ама не ме остават тие наизменични болки да спијам и така во 9 сабајле станувам и и кажувам на мајка ми и не знаеме сеа дали се тие или не и ај велам ќе чекам да видам дали ќе продолжат или ќе минат. Чекам уште некој саат време ама тие си се пак истите, ан 10 мин.ме пресекува стомакот долу и за неколку секунди ми поминува. Ај боже си велам, да одам на доктор или не , не знам, немој да не се тие па да ме вратат, а болницата кајшто се пораќав е малку подалеку од градот и ми треба едно 40 мин.додека стигнам. Ништо, му се јавувам на мм, тој на работа и му велам изгледа ќе се пораѓам јас, иамм болки и тој ок идам одма. Торбицата ми беше спремна , с еоблеков и заминавме. Стигнавме во болницата, ме пшрегледуваат и ми вели докторот 2 прста си отворена, денес ќе се пораѓаш ти ми вели и ајс целата збунета, зар толку брзо му велам? И тој, да за 2,3 саата ќе се породиш :o и ај на сестрите и вели, спремајте ја, ми ставија клизма, ми рекоа да се истуширам, да си облечам спавача, ми ставија инфузија и после на цтг. И така мм и се јавува на мајка ми да дојде да седе со мене оти тој мораше да се врати на работа и така жената си мисли ајдееее ќе станам баба за 2 саата, кој да знаеше дека тие 2 саати ќе станат 20 :tmi:
    И така јас од 2 прста не мрднав да се отворам цееееели 18 саати, на секои 15 мин доаѓаа доктори , различни и колку ли пати ме прегледаа вагинално , значи толку почна да ме боли вагината што не можев веќе да издржам одшо ме прегледуваа ноооон стоп, ме печеше кога мочав, само ме бркаа да видат колку сум отворена и така јас си окркав болки со саати, си одседов пола ден и цела ноќ шетајќи низ ходници па лежење, а бебе не сакаше и не сакаше да се раѓа, не му се брзаше него, а мајка му кој ја пита :( и така сабајле во 7 доаѓат 3 доктори, ме гледаат и ми велат ооо добро е 5 прста си отворена , ајде ќе биде брзо, ми го пукнаа водењакот и викат така треба да имаш се посилни и посилни болки и почнуваа болки ненормални, лелеее тие ми велат барво така треба да имаш се појаки болки, а јас си велам зар уште поболни треба да бидат болките, оф лелее не можев да издржам, мислев дека ќе умрам, им велам дајте некоја инекција да немам болки, а тие немаме, така треба да е природното пораѓање, треба да боли :@ ми идеше да ги истепам сите по ред, не можев да издржам веќе, се мачам толку саати, не се отварам, ме боли ненормално ногу, ништо за смирување не ми даваат и им велам бар цасрки ме правете ова не се издржува ама не тие, не до сега супер беше ајде уште малку и тоа уште малку уште малку во уши ми зуе уште, секој пат кога ќе ме прегледаа само тоа ми велеа, уште малку и така видоа изгледа дека стварно не сака веќе да се отвара и ми ставија нешто во инфузија, провокации ли беа немам поима само ми велат ајде ставете и да се отвори побрзо и почнаа уште посилни болки, лелее неиздржливи беа и почнаа напони, ми велат треба напони да добиваш како кога ти се кака и кога ти идат болки давај напон и готови сме те носиме на бокс и така ми идеа болки и јас давам напон ама болииииииии оооо немав сили веќе и изгледа се отворив скроз и ајде брзо на бокс , ме ставија и пак истото, кога ти идат боли давај напон со главата нанапред ама силно и така со 2 напона го извадија моето срце бебушче, со коса црна црна оффф колку ми олекна само, го зема одма педијатарот и ми вели да го средиме само и ќе ти го дадеме и за некоја минута ми го ставија на гради, душичка мамина ме гледаше со очињата :inlove: и ги прашав дали е се во ред со него и ми велат да, супер е бебчето и така гледајќи го тоа мало ангелче заборавив и на болки и на се, ама ете се е искуство во животот, се се издржува за тоа мало суштество кое си го створил ти :inlove:
     
    На Annath, Mama25, danielka0507 и 13 други им се допаѓа ова.