Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Кажете бе жени кој е да не одиме кај него макар и во лична порака, навистина вака страв не фаќа @LadyIvvy да сте здрави и живи двајцата,ти посакувам брзо опоравување
     
    На ♡BuBaLe♡, LadyIvvy и joy1 им се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    @Anetaoh @cacikr доста е криење на ваквите доктори кажете го по име и презиме да се знае
     
    На rose60, Girl-Rabbit и joy1 им се допаѓа ова.
  3. ljubovna11

    ljubovna11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Eve ja i mojata prikazna.So mazot mi dolgo vreme se trudevme da imame dete pocnavme da odime na ispituvanja i pokaza deka imame problem i sekako pocnavme da sobirame dokumenti za in vitro.Patot dolg ispituvanja eden kup cekanje koe ubiva i konecno stasuva dolgoocekuvaniot odgovor od fondot .Jas presrekna so radost ja pocnavme celata procedura so nadez so pozitivna energija .Dojde i denot na punkcija pa denot na transfer koga mi bea vrateni dva embriona.I sekako dve nedeli vo iskusenie.Po dve nedeli so dusa go cekav rezultatot od krv .Koga mi go dadoa vo race koga go vidov nie presrekni ke staneme roditeli ne se opisuva taa sreka.I sekako pocnavme na pregledi si gi gledav kako mi napreduvaat moite dve angelcinja se dodeka ednoto ne prestana so razvoj vo 18 nedela i od togas kako se naopaku da trgna celo vreme po bolnici lezenje pa inekcii za da se zacuva drugoto i uspeavme se do 32 nedela koga plodot odgovarase na 30 nedela.Postelkata bese zrela 3 stepen imase otsutna dijastola znaci deteto ne dobivase hrana nikako.I me primija vo bolnica na 19 09 2016 ponedelnik itno vo operaciona sala na carski rez.Jas i pokraj se nadez imam rodiv bebence od 1250 i samo 35 cm malo kako macnce.Ali sepak se borime sega sme vo inkubator stabilni sme i cekame da porsneme.pozdrav do site mamicki i vi posakuvam na site srekno majcinstvo
     
    На tina-63, ♡BuBaLe♡, MilaP и 54 други им се допаѓа ова.
  4. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Off dushicka. Hrabro samo i ke uspeete :hug:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    mila ljubovna bidi samo hrabra koj ne pominalniz ivf neznae kako e ajde tvoeto malo e vistinski borec
     
    На ljubovna11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Samo da kazam porodilni bolki I bolki od napad na bubreg, jas sum isfrlala kamen, znam kako e se nesporedlivi!!!
    I mene mi vikaa bolkata e taa ama ne e.
     
    На Kaetana и LadyC им се допаѓа ова.
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Долго бев отсутна, па гледам дека не сум ја раскажала мојата приказна со синчето. :)
    Се породив на 11.09.2015. Со него останав бремена како од шала, за разлика од маките кои ги туркав со ќерка ми. Бременост уредна, се си беше ОК со мали проблемчиња кои ги решававме во од. Лани летото беше најтоплото што може да биде, па одвај некако протуркав да не седам во вода со мраз нон стоп. На работа одев до 38-ма недела, нон стоп ќерка ми ја расправав, супер активна трудница.
    Првиот пороѓај ми беше царски, за овој не сакав да слушнам пак. Арно ама не е како што сакаме нели, ако сакаш да го насмееш Бога, кажи му ги плановите. :) Испадна стариот проблем со колковите, и закажавме преглед за можен царски на 11.09. Некаде околу 05:00 почнаа болки, викам секако си решил синко дека му е доста. Ги дишев дома до 08:00, ја однесовме ќерка ми во градинка и отидовме во болница. ЦТГ вришти од болки, јас доста слаби ги осеќав. Се стрчаа на сите страни сестри и доктори, ме примија одма. Дури горе на патолошка ме проверија вагинално, вика 4-5 прста не е страшно. Дојде мојот доктор, вика ќе чекаме па ќе видиме како ќе биде, ехо покажува дека не е големо бебе може и ќе успееш природно. Јас живи радости, пеев таму. Во 15:30 бев комплет отворена, ајде правац на бокс. Таму позната слика, еден бутка, еден влече, јас напнувам со целата сила на светот и џабе. Осеќав како удира во коска и не сака да мрдне подолу. Свикаа одма за царски, ми ставија спинална за среќа, барем бев свесна за раѓањето на син ми. Он сиромав, влезен и заглавен во канал, немаат шанса да го извадат. Не знам колку време го тегнеа и влечеа на сите страни, имав чувство дека ќе паднам од масата. На крај мораа да го вадат со форцепс, се намачи и он душиче. Чекавме мало бебе нели, он искочи мажиште од 4 кг и 55 цм за во школо спремен. :) Се роди во 17:30. На ехо ме гледаа повеќе од 10 различни доктори, сите ја згрешија тежината. :) мене ме средија брзо и дремев 24 саати во шок соба додека да ме префрлат. Станав по 4-5 саати на мое барање, морав брзо да стекнам навика на станување со болка заради моите дефектни колкови и кичма. Утредента кога дојде докторот, ми вика ти цуро поголемо бебе од 2,5 кг нема шанси низ карлица да поминеш, и со тоа ќе се мачиш два дена. Наравоучение за понатаму, да не скокам пред мислењето на докторите. :)
    Убава е мојата приказна и покрај комплицираниот царски рез, имам совршено бушаво детуле кое не радува бескрајно. Желбата за две деца со мала разлика Бог ми ја исполни, ме благослови со ќерка и син најлични на мајка. Сега веќе тема трето дете паѓа на разговор, здравје Боже за некои 2 години би пробале сигурно. :)
     
    На Mariangel, tina-63, ♡BuBaLe♡ и 40 други им се допаѓа ова.
  8. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    ladyIvvi mnogu mi e zal sto si se izmacila, no barem bebeto e dobro, drugoto ke go zaboravis.
    Za clenkata cie bebe e vo inkubator, ja sovetuvam da si fati jaki vrski zosto ic ne im e gajle na doktorkite na neonatologija, da im sedite na glava i pobaraj tvoe majcino mleko da mu dades. Posakuvam pobrzo od inkubator da izleze. Pozdrav.
     
    На ♡BuBaLe♡ и ljubovna11 им се допаѓа ова.
  9. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Mojata porodilna prikazna zapocna na 12.09,trebase da odam na ctg uste vo 4h utroto pocustvuvav bolki vo polovinata,otidov vo wc gledam krv ladna tus ne se zamaram ( neznam sto me ceka),ideme na ctg so mm,sestrata go gleda ctg vika ok e,pocekaj da dojde patronazna da te pregleda,koga ja zacekav cas ipol,ok dojde me pregleda 2cm otvorena me ispratija doma pa koga ke zacestele bolkite pak da odam.Si dojdovme se istusirav i si legnav pa duri i prespav,stanav bolkite slabi si msm pfff ova li se cesti i silni bolki bidejki bea na 5min,si sedna tipkata da vecera aaa ne ide vecerata,stanav idam levo desno ne biva,vikam na mm odam pod tus,lele kaj vlegov nemozev da se istusiram od silni bolki,neznaev kade e prozorot a kade e vratata da ispadnam,se srediv i trgnavme vo 03:33 h,stignavme vo bolnica sto stignavme ami ziva dusa nemase,aj dojde edna sestra odma me stavija na ctg,ma kakvo ctg nemozev da lezam ne pa karlica da mi merat za 15min mi prsna vodenjakot,me stavija na boks e tamu veke ne bev jas,ne ti kislorod,ne ti pernici nis ne mi ja ublazi bolkata,na krajot najsmesno e sto go raspadnav boksot ko pocnav so nozete veke da pretam kosi da kubam znaci ne se izdrzuvase,a vamu mi vikaat ne napinjaj cela ke se raskines,kako bre jas ja osekam glavata veke da nesum napinjala,dade gospot se sobraa i mi objasnaa koga da napnam,prviot pat ne uspea,vtoriot pat me secnaa beagi i tretiot pat ispadna sonceto moe vo 05:55 h,tesko 3 400 i 52cm.Pocna kosmarot sega: cekaa doktor da me sosie,toj dojde vo 7h,vo meguvreme mu ispaga rizicen poragaj odi ja poraga nez kolku vreme,jas cekam na boks izladiv,ne custvuvav stud no se tresev,e konecno dojde pocna revizija da me pravi ( kolku sto gledam ovde site gi pravat za sekoj slucaj) prikraj mu tekna anastezija da stavi,pa potoa pocna sienjeto.Dali od sto ladna me napravi revizija i me sosi jas 3dena nemozev da se zevrtam od edna na dr str, vo tie 5dena vo bolnica 8h dali bev spana od bolki,katastrofa bese.No sepak se nadevam deka se se zaborava,i za ovie mali soncinja se se izdrzuva,vi posakuvam lesen poragaj na site :hug:
     
    На Mariangel, tina-63, ♡BuBaLe♡ и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Da ste zivi i zdravi so bebeto. Se se zaborava.
     
    На meckicka и butterfly* им се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Додека спие синко ќе се обидам накратко да ви ја раскажам мојата породилна приказна. :)
    Како што пишав во труднички муабети на 29ти бев на контрола, ми рекоа кај и да е деновиве ќе биде останува да чекаме.
    Попладнето јас цел ден раздвижена работев по дома , шетав низ град:D
    Вечерта окулу 21ч ми падна чепот, си реков готово е иде синко.
    Негде после 23ч почнаа ептен слаби и ретки менструални болки. Си легнав, окулу 1часот почна да ме наболува и половината.
    Потоа во 2и15 станав за во вц гледам тече вода - ми пукна водењакот.
    Одма го разбудив мм се јавивме кај докторот вика рано е почекајте нека те фатат болки дојди во 6 сабајле.
    Цело време шетав ме фати некоја возбуда,паника, после некое време почнаа болките се повеќе и повеќе се засилуваа.
    Во 6ч бев отворена скоро 3 прсти, се вратив дома да не чекам тука, се договоривме во 10ч да дојдам пак. Болките стануваа се посилни, мислев дека нема да можам да издржам. Веќе бев 5 прсти отворена ме спремија за во сала ми ставија инекција за побрзо да се отворам.
    Во 11 бев на бокс, болките беа огромни му велев на докторот јас нема да можам да издржам :sweat:
    Но Господ тогаш дефинитивно дава некоја огромна сила.
    Во 11 и45 се роди синко благодарение на прекрасниот тим. Одма ми го ставија на гради да го видам,тоа чувство не се заборава плачев од среќа. :angel:
    Сега се опоравуваме и се гушкаме, нема поубаво нешто од тоа да бидеш мајка.:inlove:
    Ви посакувам на сите убаво и лесно породување.:hai:
     
    На Mariangel, tina-63, ♡BuBaLe♡ и 36 други им се допаѓа ова.
  12. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
    da e zivo i zdravo!!
    Isto i kaj mene bese bebeto ne izleguvade nikako gi molev carski da me pravat ne me slusaa i posle mnogu saati macenje go izvadija od vnatre so race go izmacija dusheto moe....odvaj go odglavija...
     
  13. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    33.240
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата...
    Термин поминат,одење секој ден на контрола,отворена 2 прсти скоро 4 недели и болки никакви.На 15.09 сабајлето бев на контрола и се договоривме со докторот за со провокација,слдувапе земање крв,мерење притисок,клизма...Докторот ми го пукна водењакот во 11:10 потоа следување шеткање низ ходник па систем, секој сат на цтг и на бокс.Болки имав како што поминуваше времето така стануваа појаки кој на крај и неиздржливи,а отворена само 7 прсти.Докторот рече дека сум имала конусна карлица: и дека синко се завртил со челото надолу и дека мора итен царски пошто му беше страв на докторот со вакум. Следуваја неколку прашања се потпишав и во 23:05 се роди синко 3300 гр 50 см
     
    На tina-63, ♡BuBaLe♡, rose60 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Немаше теоретски шанси да го извадат син ми, а ни ќерка ми 600 гр помала од него, без да ми скршат карлица и колкови. Едноставно е невозможно, имам таква глупава деформирана и крута карлица заради дисплазијата.
     
    На ANGIE1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата породилна приказна, не беше како што си мислев дека ќе биди, но е со среќен крај :)

    Цела бременост мислев дека ќе го родам бебето како на шала, но не беше баш така :lol:

    Бев со поминат термин, до крај трчав, одев сама во друг град на цтг...никакви маки, само стврднување на стомак, поради што цело време мислев дека ќе се породам пред време.
    Утрото забележав крв кога бев во wc, како поминуваше денот така крвта се зголемуваше, болки никакви. Вечерта веќе почнаа болките, легни, стани, не ја бива, до кај 1 часот. Го скорнав мм, ранецот беше спремен и заминавме на болница. Таму ме спремија, клизма, документација, на цтг болки има и сега чекаме. За спинална, неќев да слушнам, реков еее не ќе издржам, колку можи да боли...ама болело мнооогу :D
    Насекое ме проверуваат колку сум отворена, се така до околу 8h. Тогаш моментално мм излезе од соба да касни тро, цтг почна да свири на неколку пати, ќе дојат ќе го исклучат и никому ништо. Му се јавија на мм да дојди и му кажаа нешто и иди мм и ми вика царски ќе одиш. Јас цела прашалници, зошто...епа поради патолошко цтг, срцевите тонови на бебето се намалувале при секоја контракција. Веднаш ме зедоја, мислам за 5 мин ме спремија за царски. Бев со спинална, мм до мене, ми кажува сега ова сечат, сега го вадат бебето...кога го слушнав како плачи...плачев и јас од радост :inlove: ни го дадоја да го видиме и бакниме. Се роди со косичка црна, на кого :?: :D
    Уште истиот ден ме станаа, а наредниот ден цел ден скоро бев стани - седни, нормално како успорена снимка...но немав мн мака со раната :)
    Во секој случај се вреди за тоа малечко створење, кога ќе ти се насмевни и ќе му светнат очињата...не се опишува со зборови :l:

    На сите трудници ви посакувам лесна бременост и уште полесен пораѓај :hug:
     
    На tina-63, ♡BuBaLe♡, pink95 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::l:
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Да ви се здрави и живи бебушите!

    Каде се пораѓаше Лоринс? Веројатно не во МК...Затоа што во МК никаде не даваат таткото да е присутен на царски...
     
  18. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски

    Фала :hug:

    Во Германиjа :)
    Во Мк на државно можи немаше ни на природен да го пуштат :)
     
    На ♡BuBaLe♡, rose60, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. tanja manja

    tanja manja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.518
    Пол:
    Женски
    Мајки, извинете за глупавово прашање но каков е тој чеп што Ви паѓа? Како изгледа? Или пукањето на водењакот е чеп?
    Ме расплакаа Вашите породилни приказни. Полесни и потешки стории но сите полни неописливи емоции...
    Да Ви се живи и здрави бебушите и Вие со нив мајки најхрабри.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Паѓање на мукузниот чеп

    Мукозниот чеп служи за матката да биде запечатена и бебето да биде заштитено од инфекции. Пред породувањето, како што почнува да се отвора грлото на матката, така почнува да се разлабавува и мукозниот чеп. Мукозниот чеп може да биде прозирен, розеникав или пак да има и малку крв. Неговото паѓање може да се случи неколку часа пред породувањето, но понекогаш и 1-2 недели порано. Мукозниот чеп понекогаш паѓа наеднаш како грутка, а понекогаш може полека да истече како исцедок.
     
    На SunnyGirl2, piksooki, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.