Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Еме 22

    Еме 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Знaчи вaкa беше :) 9 денa пoминaт термин и утредентa не чекaше индукцијa.Нa 4 ти oктoмври сaбaјлетo ми пaднa чепoт т.е тoa штo oстaнaлo oд негo бидејќи некoлку денa пред тoa имaв истo тaквo пaрченце и пoчнa пoсле секoе oдење вo вц крв темнa пa светлa и тaпи бoлки нo брзo минувaa и си викaм немa ништo.Вечертa веќе се исплaшив цел ден крв и aјде бoлницa.Стaсaв сo 5 прстa oтвoренoст и aјде ме oстaвијa вo 19 и 30 вo бoлницa.Прoвoкaции издишувaње нa бoлки и веќе пoчнaв дa губaм силa секoј чaс пo еднa прoвoкaцијa и издишувaње бoлки и ми гo пукнaa вoдењaкoт и тукa веќе крaј пoчнaв дa пиштaм и нaпињaм oни викaaт не е уште време зa нaпињaње диши и aјде кaј 00 и 30 мин пo пoлнoќ пoчнaa дa ми викaaт нaпни тие aјде брзo ќе биде сaмo нaпни убaвo јaс кaкo зa прв пaт oд кaде дa знaм кaкo oни викaaт кaкo дa oдиш вo вц јaс гo гушaм у грлoтo сиoт нaпoн некaкo сoбрaв силa испaднa глaвчетo и oни стискaaт јaс не мoжaм дoктoрoт викa вaкум ќе требa и цaп ме сецнaa сoбрaв силa и сo уште еден нaпoн излезе бебетo.Ми нaвезoa гoблен oд не знaм кoлку кoнци.Ми дaдoa рaкa зa трпење бoлкa aмa зa нaпoн уште ќoтек дa лaпнaм и сегa кoгa уште е свежa рaнaтa oд пoрoдувaњетo и неспиењетo oвие некoлу денa јaс сум нaјсреќнaтa женa нa светoт oти вo рaце гo имaм смисoлoт нa мoјoт живoт.Oд 5 ти oктoмври 1 и 30 пo пoлнoќ мoјoт живoт гo смени чoвечетo oд 52 цм и 3480 кг и нa мoјaтa среќa и немa крaј :inlove::):hug:
     
    На dromka, Mariangel, mimi**** и 33 други им се допаѓа ова.
  2. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да ја напишам мојата породилна приказна, одлучив Да.

    Бев со патолошка бременост, висок притисок постојано од прв ден, неколку пати лежев во болница, во 6ти и 7ми можев да го изгубам бебето.
    Цела бременост со стресови и нервози, тропање, одење по непознати врати и молење само да биде во ред. Другото ќе се заборави.

    На крај одлучив да се пораѓам во приватна клиника. Одбрав доктор, бев 2 пати на преглед, договоривме пораѓај. Мораше да се прекине бременоста, беше ризик и за бебето и за мене.
    Таа вечер отидов во плодност, утрето требаше да се пораѓам. За кратко ме известија докторот што го избрав од Оправдани причини нема да дојде, друг доктор да одберам.
    Не се согласив, довербата ми беше на нула, од самиот старт.
    Фино лепо се вратив назад и во меѓувреме ми се јаве докорот од мојот град, како сум, како е бебе дали направивме цтг и сл. Му ја кажав ситуацијата и одлучив у тој момент на тој доктор да му верувам, го знаеше цел случај, одпочеток до крај, и тој стоеше зад тоа дека не смее повеќе да се чека.

    Притисокот ми се стабилизира, за чудо, 120/80. Се смирив, мислев само на бебе. Ми уклучија инфузија, да индуцираме пораѓај. Инфузијата истече, 5 единици, контракции слаби иако на 2 мин. 2 прста отворена.
    Одма ми ставија нова инфузија, овој пат со 10 единици. Болките почнаа да појачуваат, мислев само дека секој изминат момент сум поблиску да ја земам ќерка ми во раце. Тоновите на бебето и притисокот го следевме активно.. беше добар се додека не зазвона телефонот.
    се јавувам, личност од блиска фамилија ми кажува дека чичко ми починал. На татко ми брат. Ми се стемни наеднаш, притисокот секундарно изреагира и на следното мерење беше 190/130.
    Ми беше жал за чичко ми и мислев како му е на татко ми сега. исклучивме инфузија, поминаа неколку минути и реков не звонам никаде да прашувам и телефон ќе исклучам, морам да мислам прво за нас две, за мене и бебе. Ми уклучија нова инфузија, овој пат со некои витамини. Мораше да ми дадат и диазепам повторно, и притисокот полека почна да се намалува. После 3 часа одкако ги примив витамините, докторот реши да пробаме уште еднаш да индуцираме пораѓај.
    Поминаа уште 4 часа, болките на 1 мин но недоволно јаки, само 3 прста отворена.

    Потсвеста беше посилна, притисокот повторно се качи вон граници на нормала. Почна да ми се врти цела предпородилна сала, да ми се лоши, гади, почнаа да се губат тоновите на бебето.
    Почна некоја паника и докторот нареди да се спрема салата за царски и да се собере цел тим.
    Ми исклучија инфузија ,во меѓувреме ми дадоа кислород и За кратко, за некои 5 мин ми пукна водењакот. За 30 мин добив напони, одма на бокс.
    Скоро и да не бев веке свесна, притисокот негтивно се одрази и го зеде данокот. (да не беше тој повик верувам ништо од ова не би имала) Неможев од него соодветно да реагирам, тешко ги слушав докторите.
    За 5 мин се роди моето бебенце, најмило. Не ми дадоја да ја видам, ја оставија само на креветче. Беше блиску до мене, но ја гледав во магла. Иако така, ми даде сила да издржам до крај.

    Изгубив многу крв. Примив две единици крв. Проблем беше крвната група, јас 0- , се среди и тоа на крај, за среќа на време.
    Потоа ми правеа ревизија, и на крај дојде шиењето. Испукав цела. 25 конци.. Но тоа е најневажниот дел :)
    Најголемата сила ми ја даде мојата лепотица и со последното конче знаев дека е Крај.. ме оставија уште 2 часа, побарав само чаршав,ми студеше многу.
    За тоа време го прегледуваа бебето, дојде педијатар, во исчекување да кажат дека се е во ред.
    и така и беше :) Тој ден беше Мала Богородица и само се заблагодарив на мајка Богородица што беше со нас, не чуваше.
    Го побарав телефонот, велам крајно време е :)
    Му се јавив прво на татко ми, му ја честитав внуката. Го слушнав прв пат тој ден, се развесели.
    Иако беше пред полноќ, докторот ја знаеше исто цела ситуација и сам рече да дојдат моите ако се во можност :)

    Болката веќе ја заборавив, дојде и моето време , за прв пат ја зедов ќерка ми во раце, за прв пат ја гушнав, за прв пат ја бакнав.
    Сега е моето сонце, моето злато , најголемо богатство.
    Кога ги гледам нејзините очиња како бисерчиња велам само - вредеше. Другото се заборавив.
    Сега сме најважни само јас и таа. Ние две.

    Останавме 7 дена во болница и конечно си дојдовме дома.
    Сега се гушкаме заедно. И за некоја ден еве, полн месец ке правиме :)
     
    На piksooki, mimi****, tina-63 и 65 други им се допаѓа ова.
  3. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    :hug: Богородица ве чувала:hug::hug::hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, mikimaus123, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Da ste zivi i zdravi I dvete
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    139.240
    Si se izmacila cela bremenost i cel poragaj,ama sega veke pominalo ,ke zaboravis i na losoto iskustvo i na bolki.Bidete zivi i zdravi i dvete i uzivaj vo majcinstvoto :hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, Girl-Rabbit и zeka им се допаѓа ова.
  6. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Te citam od start na tvojata bremenost, heroj, ne samo majka.
    Ti se voshituvam i ti se poklonuvam :bow::bow::bow:
    Daa ste zivi i zdravi i dvete :l:
     
    На ♡BuBaLe♡, joy1, Girl-Rabbit и 5 други им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    @zeka незнам како ќе ме сфатиш, но тој што ти се јавил да ти ја пренесе тажната вест бил,според мене будала!(извини на израз, може ти е некој ептен близок) АМА :!: на трудница такви работи не се кажуваат,посебно со тешка бременост ко твојата.

    Како и да е, се е добро кога убаво ќе заврши! Ви посакувам долг и прекрасен живот :hug: да сте здрави и најсреќни
     
    На Antebellum, H.VAGA, pink95 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.253
    Пол:
    Женски
    @zeka еднаш ти честитав мислам, во Мајчински :) ама ајде пак, стварно јака жена си, честитки за бебушка :hug:
    Патем стварно неубаво така во сред пораѓај што ти се јавиле да ти пренесат таква вест...
     
    На ♡BuBaLe♡, Dust, Girl-Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  9. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Фала девојки. :hug:

    Блиска личност на папир само, не сме многу блиски со односот.
    Освен моите друг не знаеше дека ке се индуцира пораѓај. Првиот пат кога индуциравме пораѓај не знаеше никој бидејки лежев во болница и не кажав.
    Како и да е, јас не би се осудила да се јавам на личност во таа состојба и да пренесам таква и/или слична вест.

    Сега помина, фала богу на крај се заврши добро. друго е излишно да пишувам.
     
    На Antebellum, tina-63, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  10. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Neznam koj ti go rekol ova i kako se osudil na zena pred poroduvanje da kaze takvo nesto tatko mi koga umre na brat mu snaata se poragase pa ne im kazavme im kazavme duri posle nekoe vreme vo isti den vo isti cas tatko mi umre na mojprv bratuced zenata se porodi
     
    На ♡BuBaLe♡ и zeka им се допаѓа ова.
  11. letters

    letters Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    561
    zeka најпрвин честитки за бебчето да е живо и здраво и постојано да те радува. Жениште си ти:*:*:*:*
     
    На ♡BuBaLe♡ и zeka им се допаѓа ова.
  12. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Ќе ви ја раскажам и мојата приказна, од овој аспект сега гледано и заборавено, можам без траума да се потсеќам.
    Се породив со 40+6, ден пред закажана провокација.
    Одев веќе секој ден на цтг, тој ден покажа една висока контракција која рекоа била породилна и се чудеа како не ме боли. Сум имала висок праг на болка. Ахам, важи (facepalm)
    Ме прегледаа 1,5цм отворена, јас жива среќна природно тргнал процесот и се вратив дома. После 2 часа почнаа болки, од старт јаки...ама сепак се трпеа, штом се избањав и средував по дома..
    5 саати седев т.е. шетав дома со контракции на 10, 15, 12, 7, 5 мин, без никаков ред беа. Почна и крвав исцедок..јас уште дома не ми се трга накај болница да не ме вратат демек пак..веќе пребледувам се држам за врати ама упорна да не тргам рано..неколку контракции на 3 мин беа, маж ми почна да ме моли да тргаме, ајде отидовме. Мене ме кине неможам воздух да вдишам од болки, му велам ова ми личи дека брзо по полноќ ќе биде сигурнп сум отворена 5-6 цм. Во 23 часот влеговме во болница,ме прегледаа 2 цм отворена :o толку болки за пола цм, ми се стемни знаев дека заглавувам.
    Прашав за провокација да убрзаме ама не, можело царски да заврши така, ова убаво си било природно како по книга.
    Ме сместија во предродилна соба, маж ми со мене ме бодри, јас веќе незнам кај сум од болки а тек 2 цм само отворена, дојдоа екипа со анестезиолог да ми укажат на можноста за епидурална(во приватна болница бев), јас нејќам да чујам страв од игли, кичма, пршлен бла бла. Наредните 3 саати стоев подвиткана, неможев ни да си викнам од болка, скроз ме парализираше, само ќутев и дишев. Мн бев прибрана и се носев со болките, браво ми викаа, ама искрено не ми беше до браво, ужасно ми беше!
    Едно време почнав да клапнувам, да ми се лоши на секоја болка, уморна исцрпена со саати а неможам да легнам повеќе боли така... знаев дека нема да успеам до крај природно да родам, ппбарав епидурал само да се спасам. Ставија, престанаа болките ама не заспав, притисокот ми падна многу, цело време доктор седеше до мене, јас уплашена...помини замини буткаат раце, катетер, проверуваат до кај си..до нигде 5 цм.
    Во 6 сабајле ми го пукнаа водењакот и ме однесоа во родилна, си реков готово се гледа крајот. Ама не. Ми ја намалија епидуралната, дојдоа напони, буткај буткај не иде, детето со главата доле, со телото на криво.
    Мора да го исправиме, еден напон буткам, еден го држам не буткам, акробации на бокс ми правеа, ме помагаа со кислород, јас веќе се губев барав царски се плашев за детето, ама тоновите негови беа одлични и нејќеа да чујат..на бокс бев 3 часа и 15 мин, тој дел ми е најхорор од се, делови не ги памтам, детето големко едвај искочи на крај, 4ца стискаа на стомак ребрата ми ги утепаа јас сечена шиена многу,ме успаа со целосна на крај, сеуште не седам после еден месец... и заврши после 16 саати се.. не личев на човек, моите во ходник ме видоа се изнаплакаа од глетката, доѓаше док секој ден во соба да види како сум, тежок пораѓај бил викаше...детето првиот ден не го видов не бев во состојба, дури утредента се запознавме, злато е одма знаеше дека сум му мама и дека мама чува цице за него:inlove:
    Многу се распишав, прв пат од тогаш ја раскажувам приказната, ама и лошите искуства се забораваат, толку убаво дете родив греота е да не родам уште некое;)
     
    На Mariangel, Antebellum, tina-63 и 44 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.537
    Допаѓања:
    201.647
    Пол:
    Женски
    Денес пoминaa тoчнo 40 денa oткaкo се пoрoдив. Не сaкaв дa јa пишувaм мoјaтa прикaзнa, oти oвoјпaт пoминaв пoлoшo oд првoтo пoрoдувaње, кoе истo беше кoмплицирaнo. Кaкo вчерa дa беше, a сепaк кaкo дa бил некoј лoш сoн.

    Бременoстa ми пoминa релативно леснo, сo oглед нa тoa штo oдев нa рaбoтa (a имaм приличнo стреснo рaбoтнo местo). Кoгa oтидoв нa oдмoр мaлку ме испaничијa декa пoстелкaтa ми е презрелa и требa дa мирувaм. Гo пoслушaв сoветoт, a штoм влегoв вo 36 неделa прaвев ЦТГ, ехo и вaгинaлен преглед еднaш неделнo нa ГАК. Се беше вo ред, oстaнувaше сaмo дa чекaме.

    Бев нa редoвнo ЦТГ нa 09.09 се беше oк, aмa ми рекoa дa се врaтaм нaредниoт ден сaбaјлетo. Oтидoв вo сaбoтaтa нa 10 утрoтo, пoвтoрнo прaвев ЦТГ, oвoјпaт пoкaжa регулaрни кoнтрaкции, кoи не ги чувствувaв, бaрем немaв бoлки. Ме примијa и ме кaчијa вo предрoдилнa сaлa, кaде штo ме пoдгoтвијa зa прирoднo пoрoдувaње. Двa прстa бев oтвoренa, пa ми стaвијa инфузијa сo прoвoкaцијa зa пoбрзo дa се oтвoрaм. Oткaкo се прoчистив, пoчнaa бoлките нa регулaрни интервaли oд 7 минути, се зaсилувaa, aмa беa издржливи. Пoсле некoе време вaгинaлнo ме прегледaa, сaмo три прстa oтвoренa, никaкo не мoжеше пoвеќе. Oкoлу 5 пoплaдне ми кaжaa декa ќе ме прaвaт сo цaрски рез, бидејќи не им се ризикувaлo дa ме истoштaт и мене и бебетo, aкo фoрсирaме прирoднo пoрoдувaње. Тoнoвите нa бебетo си беa вo ред, aмa сепaк, решенo беше дa ме oперирaaт. Мaлку се уплaшив, признaвaм, oти сепaк сaкaв прирoднo, aмa кoгa нештo не oди, не oди, пa се пoмирив. Ме oднесoa вo сaлa и требaше дa ми стaвaт спинaлнa aнестезијa. Анестезиoлoгoт ми кaжa кaкo дa се нaместaм, пoсле пoчнa дa бoцкa. Мoжеби десет пaти ме бoцнa пo дoлжинa нa 'рбетoт, не успеa дa гo пoгoди тoчнoтo местo, пa мoрaше дa ме успијaт (штo уште пoвеќе ме уплaши). Ме успaa нaкaј 18:00, вo 18:05 се рoди син ми сo 3100г и 50см, сo aпгaр 7/8, пoрaди тoa штo пaпoчнaтa врвцa му билa oкoлу врaтoт и пoд мишкaтa oд деснaтa рaкa , зa среќa лaбaвo oбвиткaнa (целo време пoрaди тoa не мoжевме дa му гo видиме лицетo нa ехo, рaкaтa му беше нa лице). Пoсле тoa oбилнo сум крвaрелa, пa уште двa чaсa ме oперирaле пoрaди тoa. Oдвaј се рaзбудив, a знaм декa не мoжев дa дишaм пoрaди интубaцијaтa. Ме oднесoa нa интензивнa кaде штo се видoв сo мм, a гo видoв и мaлиoт нa сликa, a пoтoa и нa пaтoлoшкa, зa дa ме следaт целa нoќ. Искренo, ми беше стрaв дa зaспијaм, пa сaмo придремувaв дoдекa се рaздени. Сaбaјлетo oд дремкaтa ме рaзбуди земјoтрес, a пoдoцнa вo текoт нa денoт ме oднесoa вo сoбa зa дa стaнaм. Никaкo не мoжев дa стaнaм, aмa кoгa удри пoсилниoт земјoтрес, oд стрaв ( пoрaди aдренaлинoт) стaнaв сaмa, без ничијa пoмoш, не oсетив бoлкa. Зa среќa. Нaредниoт ден си гo видoв бебетo.
    Oд ГАК излегoв сo кaтaстрoфaлнa крвнa сликa, терaпијa сo aнтибиoтици, клексaни и железo сo вит. Ц, пoвремени бoлки и пaрезa нa левиoт пaлец и пoкaзaлец и трнење нa целa левa рaкa oд неспoсoбнoстa нa сестрите дa бoцкaaт нa вистинскoтo местo зa стaвaње брaунилa. Ќе пoмине и oвa, ќе се зaбoрaви, aмa мислaм декa дoстa ми беше рaѓaње зa oвoј живoт, имaм две злaтни дечињa, некa ми се живи и здрaви. Мм би сaкaл и третo, пo мoжнoст женскo, aмa тoa мaлку пoтешкo ќе се решaм.
    Нa сите трудници ви пoсaкувaм леснo пoрoдувaње, не дoзвoлувaјте мoјaтa прикaзнa дa ве oбесхрaбри. Зa дoктoрите мoжaм дa кaжaм се нaјубaвo, кaкo и зa нaјгoлемиoт дел oд сестрите. Тие пет денa тaму ми се чинеa вечнoст, oдвaј дoчекaв дa си дoјдеме дoмa.
     
    На Mariangel, mimi****, Antebellum и 48 други им се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата втора породилна приказна :)
    На 25.10.2016 имав закажан индуциран пораѓај бидејќи бев со 10 дена надминат термин.
    Некаде околу 9:30-10:00 бевме на клиника.
    Направив ЦТГ и отидов во соба 36 за да направам преглед и да се договориме што понатаму.
    ЦТГ-то покажуваше дека имам болкички, но јас воопшто не ги чувствував.
    На ехо прегледот се беше уредно, остана уште вагинален преглед. Седнав на столицата и на мое големо изненадување бев отворена 4 прсти. :)
    Не ме испратија на патолошка, како што претходно ми беше кажано, туку отидов право во предродилна сала бидејќи се беше тргнато природно.
    Се качив горе некаде околу 11:30, по само еден час бев отворена 5 прсти.
    До 14:30-15:00 никој не не прегледа, болки немав никакви. Шетав, си правев селфи и се обидував да фатам вифи. :lol:
    Потоа дојде докторката и следеше уште еден вагинален преглед.
    Ми кажаа дека сум отворена 8 прсти и веднаш ми го пукнаа водењакот.
    За кратко време почнав да ги чувствувам оние породилни, силни болки, но чувствував и како беба турка.
    Им кажав на сестрите и ме испратија веднаш на бокс.
    Процесот на раѓање почна веднаш, воопшто не очекував. Се се одвиваше мнооогу брзо.
    За жал повторно не успеав да напнам правилно па мораа да ме сецнат. Раната е овој пат голема бидејќи сум шиена и надвор и внатре, но тоа беше најмалку битно.
    По неколку обиди во 16:50 часот се роди бебушка. Тешка 3750 гр./Долга 51 см.
    Јас уште на бокс се чувствував одлично, се поткревав и ја гледав мојата малечка убавица.
    По околу 3 часа ме однесоа на ургентно одделение бидејќи немаше слободна соба. Таму за жал не беше возможно да ја видам бебушка. Наредниот ден ме префрлија кај родилките, но бебушка дури во 19:00 часот ми ја донесоа. Се помирисавме, се погаливме и веднаш си ја ставив на града.
    Од нашата прва средба прими само една доза адаптирано млеко. Цела ноќ бев упорна и млеко ми дојде многу брзо. Беба наредните две дози млеко си ги одби и почна само да цица. :)
    Денеска си дојдовме дома. Се запозна со бато и тато.
    На среќата моја и нема крај.
    На сите им посакувам пред се бременост како мојата, а потоа исто толку лесен и брз пораѓај.
    Моите две породилни приказни се скроз поинакви, вторава вреди да биде раскажана.
    Навистина имав преубаво породилно искуство.
     
    На LoOnyD, Mariangel, bittersweet и 64 други им се допаѓа ова.
  15. rada-petreska

    rada-petreska Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Честитки мaјкички...ви пoсaкувaм мнг среќичкa сo вaшите бебуши..нo ме интересирa бидејќи вие имaте рoденo..дaли пoследните денoви ви гo мерaт и цервиксoт и дaли тoa имa врскa кoлку си oтвoренa или не ..бидеќи мене ми кaжaa декa мнг ми се скрaтил цервиксoт 18см..дaли тoa знaчи декa се спремa бебушoт дa искaчa?
     
  16. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    139.240
    Cestitki uste ednas.Citam i se nasmevnuvam ,deka vo isto vreme bev primena vo rodilna sala,vo isto vreme bolki i tocno vo isto vreme porodena so kerkicka.i brz i lesen poragaj:):):)
    Cestitki uste ednas i uzivajte zaedno celo semejstvo:hug:
     
    На LadyC и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Во државна? :)
     
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    139.240
    Da (na 8.Mart :))
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Aj i jas da si raskazam.
    Edna nedela bev doma, 2 prsti otvorena, no moite ednojajceni bliznacinja bea glavna i osnovna indikacija za carski poragjaj. Cetvrtok, 20ti oktomvri bev na redovna kontrola, vaginalen pregled-4prsta otvorena. Dr ne me zadrza, tuku me prati doma da lezham i da soberam sila. Utre mi vika ke se poragjash 100%, i toa spontano. Taka i bidna. Kako sto bevme dogovoreni, vo 14:00 napraiv ctg, posle vag.pregled 6 prsti i me kacija vo rodilna. Tamu proceduri, prashanja, vo 16:30 mi go puknaa vodenjakot, dr mi pomogna so raka da se otvoram, pa mi stavija provokacija, pa trodon inekcija i spazmeks i vo 18:30 jas bev 8 prsti otvorena i dobivav silni naponi. Prvoto bebe pocna da iskaca, a jas na sred napon izgubiv sila i mi prekina naponot, ama srekja brzo izreagirav i bebeto izleze vo 18:45 i dodeka mu ja secea papocnata vrvca mi pukna i drugiot vodenjak i za 3 min izleze i drugoto bebe so skoro polovina napon. Moite prclinja se rodija 2550gr/49cm i drugoto 2300gr/47cm.
    Posle so celosna anestezija mi pravea revizija i si dobiv eden konec koj utredenta padna. Jas stanav vednash stom me odnesoa vo soba, sama bidejki nemashe koj da mi pomogne, a morav vo wc :lol:
    Vo bolnica bevme 5 dena, ednoto bebce 3 dena beshe na kislorod, posle foto terapija primaa, pa ne pustija domce. Bato ne e ljubomoren sega za sega, uspevam da se snajdaam so site trojca, imam pomosh, ne e deka nemam, ama toa e samo za banjanje na decata i retko preku den nekoj da go zeme golemovo da go poigra na 15-20min, kolku da jadam ili do wc da pojdam.
    Ete toa e mojata vtora porodilna prikazna, mn poteshka od prvata, no sepak kratka i fala mu na Boga so sreken kraj.
     
    На Mariangel, Antebellum, tina-63 и 51 други им се допаѓа ова.
  20. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата приказна...
    Ме договори докторот мој поради намалена плодова вода зрела постелка и еден прст отворена а иначе и со пројден термин, да си дојдам пак на цтг и да ме задржи. Другиот ден после прегледот ме качија во предродилно и ми ставија индукција по некој саат почнаа да се јавуваат редовни контракции,височки,ама јас само ко менструална болка и мало чувство на здрвена кичма. Ама тоновите на бебуш почнаа да паѓаат на цтг и ме прекинаа. Останав во одделот патолошка и наредниот ден ме следеа. Ама вода веќе снемував и наредниот ден пак индукција. Овој пат права линија контракции јок, болки јок, отворена сантимипол. И така ме спремија за царски брзопотезно и за кратко го почуствував синко на мене и плачев од среќа, И така женчиња син ми реши да искочи ко господин без никакво мачење хаха е овие денови ќе стиснам заби и ќе изгураме.
     
    На Mariangel, Antebellum, L.i.n.a.a и 27 други им се допаѓа ова.