Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.342
    овие породилните приказни со не така убаво искуство би ги копирала и лепнала на зидот на профилот на министерот ама нема опција да закачиш
     
    На Nausicaa, emce.eme, rose60 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. kavadar4anka

    kavadar4anka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    4.388
    Пол:
    Женски
    цела се наежив, ме расплака... да не даде Господ на никој вакво искуство да искуси...
    Важно ти ја исполни својата мисија, на свет донесе здраво машко бебе... Ти го посакувам секое добро! Поздрав:hug::l:
     
    На Arthur и Kristula им се допаѓа ова.
  3. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Епа ајде и јас да ви ја раскажам мојата породилна приказна ;)
    Накај 11 саат вечерта на 21-ви ми пукна водењакот, колата под нозе и во Чаир, додека возеше мм болки на 2-3 минути, ме прегледаа отворена 5 прсти, викам супер ова ќе биде лесно :) ме качија горе, отворена 6 прста ;) е тука почнува хоророт хахах за 12 саати се отворив 10 прста, ама бебуш мн горе, не сака да падне, не се спушта по канал, болки на секои 2 секунди, ма како нон стоп болки, ме качија на бокс и седев така 3 саати (измрзнав), па ми рекоа ајде шетај околу бокс, па прави кружни движења со газот и напнувај, пск ништо. Ме качија на бокс и почнаа да ме пораѓаат, џабе, бебе високо..... и почнав да ги проколнувам на царски, викам луѓе и да де спушти нема да имам сила да напнам, носетр ме на царски... среќа имав врски и ме однесоа... така да после 12 саати на свет дојде моето богаство...
    Со царскиот поминав супер, болки имам ама ќе поминат :)
     
    На Mari*, Kaetana, pink95 и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    ЖЕНО ПА ТИ СИ ХЕРОЈ БРЕ!!! Бубни го бебушот и ич да не ти е гајле ако немаш млеко. Сега во овој век не се замарај со никакви глупости не за џабе има секакви млека. Користете ја секоја помош одмарај и уживај со бебуш, за ништо да не се нервираш бебуш ти е најубав дар.

    Е вакви жени сте ми неизмерна поддршка во животот ако не ве познавам.
     
    На Kaetana, rose60, Kristula и 4 други им се допаѓа ова.
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа поради кое имам страв од породување во државна и чаир
    Замисли да си немала врски
    Еве јас немам затоа ке си платам , морам
     
    На tina-63 и Antebellum им се допаѓа ова.
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.115
    Допаѓања:
    40.317
    A ne mislis deka vrskata si trebala da ja iskoristis za epidural?
    Ne treba premn energija. kako golema nuzda samo so podolgo napnuvanje
     
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Ако вечерва не ви ја пишам мојата породилна не знам како ќе сум од утре со време така да ќе искористам сега.
    Значи дојдов околу 12 на контрола да видиме до кај сме со плодовата вода и едно регуларно ЦТГ да поминеме, и на ехо бебуш без капка вода останал...
    Ме задржаа. Јас нормално упаничена што и како ќе биде, инаку јас нема да сум јас.
    Одма ми земаа крв, брис од нос и грло, ме пратија горе на спрат и ме примија. Добив канила у рака и клизма и оп у операциона на итен царски.
    Одма почнаа да ме упатуваат како ќе се одвива се.
    Добив спинал, осетив топлина од половина надоле и почнаа. Што и како се работеше врска немам, не осеќав ништо, само мајкин син чув кога заплака и како ми го ставија со лиценцето на лицето мое и се смири. Мојата најголема љубов се роди 3480 долг 51 см во 15:13 часот. Девојчиња, уз песна и вицови го родив бебушко. Нека ми го чува Господ само и на сите ви посакувам да ви е вака лесно и да не ве боли раната како мене што не ме боли ( било царски, било природно)
     
    На Saraa, Mari*, Delfina15 и 53 други им се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Нека ти е здраво и живо бебувчето мајка, се ќе помине друго! :*
     
    На apple12 и Dust им се допаѓа ова.
  9. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Фала душо, исто и на тебе, само радости да ви носи, гордост на мама и тато да биде :*
    Кога е до мене на секоја болка заборавам, како станувам од кревет, во иста секунда :)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Душо јас се немам породено само коментирав на друг пост незнам зошто ме цитираш :)
    Јас врски немам ни за епидурал ни за ништо и затоа приватно ке одам.
    Не дека вишок имам.
     
    На rose60, kavadar4anka и LadyC им се допаѓа ова.
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.115
    Допаѓања:
    40.317
    Abe namerata mi bese za clenkata so imase ti citirano nea da i pisam ama ete samo tvojot odgovor se vitiral ne ni primetiv. sorry :)
     
  12. Kristula

    Kristula Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Ne znaev kade da pisam, dali e soodvetna ovaa tema, no bidejki e povrzano so porodilnata prikazna, ke go smetam ovde :)
    Devojki, zeni, prijatelki, mnogu, mnogu vi blagodaram za poddrskata! Virtuelna e, ama mnogu mi znaci! Nie so bebusot sme kako novi! Losoto zad nas... Go dojam aktivno na moe mnogu golemo zadovolstvo <3 raste, napreduva i gi ima najslatkite obravcinja sto gi imam videno :) se cuvame i se galime :) na pocetok i placevme zaedno, ama sega pomina :)
    Ve gudhkame jas i Marko :hug:
     
    На Girl-Rabbit, Mari-Ja, eleni27 и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене со мојата втора породилна приказна:
    Ноќта на 31.10 во 01:00 станав до тоалет и осетив ми протече нешто малку...ја разбудивсвекрва ми бидејќи сопругот беше на работа, се спремив и во 02ч. бев во ГАК. Ме примија, болки немав, 3отворена отворена и високо пукнат водењак повремено протекуваше, па ми рекоа до сабајле на патолошка ќе ме задржат. Во 6 и нешто помина доктор а претходно цтг ни правеа, болки немаше, отворена 3,5 - 4 отворена. Вели ништо остануваш овде. За 10-15 минути почнаа јаки болки од 6 до 2 минути интервал. Станав околу 7 часот и отидов кај сестрата, ми вели ааа не ти е ништо сега доктор те гледаше, среќа наиде докторката која го менуваше докторот од трета смена и ме чу па зеде да ме прегледа. Вели 8,5 прста отворена веднаш во родилна сала јавете е да ја земат, максимум за 2 саати бебо ќе има.
    Дојде сестра од родилна сала, ми вели ајде побрзај лифтот ќе ни отиде:x, велам алоо жено неможам да се движам лазам како полжав од што се чести контракциите. Друга сестра не среќава во лифт и вели: зошто не ја седнете во количка, сестрата одговара: остај тоа немаме количка. :shake:
    Ме примија ме легнаа на во првиот бокс, ама баш ме легнаа ниту нозе поставени, ниту апарат вклучен, инфузија, кислород било што....само така сама ме оставија и си отидоа. Никој не влегува, а од болки неможам здив да земам. Влезе доктор, му се обратив што чекаме, а тој ми вели високо е бебето вели сестрата, па добро велам со тим ќе се породам не ќе лежам вака. Ми го погледна досието книшката ли незнам што беше тоа, и ми вели: ти од чаир дојде во државна да се пораѓаш? а гинекологија чаир ја рипна а?:^)
    Велам докторе за мои пари во здравствено осигурување ќе се пораѓам каде сакам:@
    Возвраќа: ама ете |( што среќа ќе имаш сепак доктор од Чаир да те пораѓа
    И си излезе......
    Останав така добри 45-50мин, жими една сестра влезе вели уште е високо. Ама велам имам напон, не немаш лажно е тоа, треба на чмар да осеќаш.
    Па на чмар осеќам, сум раѓала знам што е болка родилна болка.
    Си отиде и она....
    Околу 08:45 помина во ходникот сестра на која се сетив дека ги држеше вежбите, уште со првото бебе кога бев трудна.

    Викннав по неа, сестра Ангела!
    Влезе веднаш и ми вели: се познаваме, мене не ми текнува!
    Вела вие не ме знаете НО јас ве паметам од првата бремност. И кажав како 2 саати ме оставиле овде сама и дека над 18ч ниту сум јадена ниту пиена, дека сила немам. Ми даде вода да се напијам и да се измијам. Ме провери вели високо е....се јави на доктор телефонск побара дозвола за инфузија и ми приклучи. А поѕоа ми рече ќе чекаме да се спушти бебето.
    И велам ама ве молам, велам буквално се воздржувам од напнување.
    Со нејзина добра волја, ми рече ај ќе пробаме.
    Луѓе со три напони, сама си држев нозе се....и женана господ ја прати, во 09:10 се роди ВОЈДА:l::l::l:
    Му благодарам на бога и на добрата волја на сестра Ангела, инаку сеуште ќе се мачев.
     
    На girl-miri, Giovanna, Mari-Ja и 40 други им се допаѓа ова.
  14. emce.eme

    emce.eme Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да ја раскажам накратко иако беше одамна...ана
    Беше Декември. Тргнавме со автобус во друга држава со мојот тогашен дечко кај негова тетка за дочек на новата година. Незнаев дека сум бремена еден месец бидејќи немав редовни местр. циклуси. Секој ден се чуствував гладно и јадев се повеке и повеке а бидејки имав стомаче од секогаш,немав никакви знаци за тоа, немав ни гадења ни слично. Крајот на март решивме да си одиме, но за ГОЛЕМА СРЕЌА еден ден дојде една жена која не ме знаеше и ми рече ,, ти си бремена,ти се познава по очите,,. Почнав да се смеам. Следниот ден ме јадеше една мислам и одма отидов да земам тест. Одма се покажаа двете црти. Сеуште не верував. Отидовме на болница таму....БУМ- ,,носите големо бебе,, беа зборовите на сестрата, 4 и пол месеци. ПРЕСРЕЌНИ СИТЕ. Прашав дали можи таму да се породам бидејќи со авион имавме резервирано, се плашев се разбира, Ми одобрија, сите термини ми ги дадоја, ги извадов сите документи таму и денот полека си идеше. Контролите полека си одеа, стигна и последната контрола 13.8. Тогаш во еден момент се сетив што ме чека, голема паника ме фати и голем страв се разбира. Рекоја треба да излези веќе а немаше никакви знаци дека сака малечкото. Ми рекоја да дојдам следното утро. Како што спиев, ме фати една треска голема а надвор жешко-пекол. Целата се тресев а немав ништо. Мислев ми пукна водењакот ама ништо од тоа. Набрзина на болница, ми врзаа разни апаратури, една за моето срце, друга за срцето на малечкото, трета инфузија за ништо да не јадам. Се чекаше ,,ГЛАВНИОТ,, да излези ама како да не сакаше, не ми даваше никакви знаци, му беше поубаво во мене можи затоа :D . Чекав цел ден за вечерта да пристигни. Ми ставија анастезија во грбот дури поручекта и чекавме во породилната сала јас и мојата идна свекрва која цело време ме подржуваше. Дојде еден доктор колку мене години. Се уплашив. Реков нема некој друг доктор? (мислев како кај нас сите доктори постари) ,,Се извинувам ама нема, сите се зафатени,,. Беше многу трпелив и многу љубезен спрема мене и поминав СУПЕР а целиот процец беше безболен. 15.8 пристигна нашето мало ангелче ЛЕОН. Следните денови како и секоја идна мајка имав ама ВРЕДЕЛО!!!!
     
    На kavadar4anka, Mari*, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Ми дојде редот да си ја раскажам и јас мојата приказна :)
    Вторникот 06.12. Станав со болки во половината, ајде си реков не е ништо, сигурно пак се зеза со мене :D
    Си заминав по комшии на кафе, ама кичма не поминува. Ајде си реков бегам дома ќе чекам болки.
    Не можев да почувствувам дали ме боли стомакот од што имав јаки болки во половината. 10 минути пред да дојде мм од работа, почна да боли мешето, на 4 минути имав контракции на почетокот. Потоа ми се менуваа, на 6-9-5-7 минути. Не бев сигурна дали е време за во болница, се додека не отидов во вц и видов крв. Ах реков нема бегање :D
    Си се искачив до 3 спрат , се преслеков, се спремив и им викам ајде палете по едно и одиме.
    Тргнавме кон 5 часот поручек, ме примија со два прста отворена, ме спремија, и ме ставија во предродилна сала. Е таму почнаа вистинските болки :sweat:
    Дојде сестра и ми вели ама ти имаш јаки болки а? И викам да. Замина го викна докторот, ме прегледаа и вика со оваа лесно ќе поминиме 7 прсти е отворена за саат ипол два што е овде. Крварев, постелката била презрела, но никој ништо не ми кажуваше. Ме спремија, во родилна, ми ставија провокација, ама немав сила да напнам од што искрварев многу, докторот ми туркаше на стомак , другиот само што рече дај вакумот, излезе мојата принцеза, ме спаси од вакумот :inlove:
    Не ми ја дадоа да ја земам впрегратки, ми го спречувале крварењето. Ама помина, сега си се галиме и мазиме. Убаво поминавме, за три саати бев готова, Господ не чувал.
    Малце е долг постов знам:D Ете тоа беше мојата приказна.
    Поздрав мајкички :l:
     
    На mimi****, menelele, kavadar4anka и 35 други им се допаѓа ова.
  16. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.779
    Пол:
    Женски
    Ne znaev dali da ja raskazuvam mojata. Porano edvaj cekav, a sega se dvoumev. Sepak ke kazam do nekade. Imav zakazano induciran poragaj za sredata na 14-ti. Doktorkata mi rece da odam rano utroto, a jas podrazbirajki deka i 9 saat e rano sum zadocnila i me vrati za na 15 ti dec. t.e vcera da dojdam vo 7. Taka jas cel den na 14 ti bez bolki si sedam si se smeam.ocekuvajki drugiot den provokacija pa togas da osetam bolki i da si stavam epidural se po spisok. NO, beba ne mislela taka. Vecerta taman legnav vo 11 me fatija bolki. Od sam start na 5 minuti i mnogu silni. Gi disev doma do 3 koga mm stana kategoricen da odime vo bolnica. Stignav, bolki na 2-3 minuti, a jas 3 prsti otvorena samo. Me primija mi otvorija istorija i celo vreme na ctg bev sto mnogu mi oteznuvase kiga ke dojdese kontrakcija oti morav da lezam. Vo 7 saat mi stavija epidural. Se vrativ vo soba opustena deka bolkite ke pominat.Naprotiv, bolkite se posilni stanuvaa. Go viknav anesteziologot koj mi rece boli mora da.se osetat ne moze skroz obezbolena da si. Me napravija korkac deka se plasam od mali bolki. A jas veke pocnuvav da se vitkam. Sestri idat nervozni deka jas razmazana me boli nesto sitno i mi dodavaat os epiduralot. Vo 10 me viknaa za pregled. Otvorena 5 prst, a bolkata pri toj vaginalen pregled me unisti. Mi uklucija provokacija oti bebe mnogu visoko bese i mi rekoja da stanam prostum. Hororot se zgolemuvase. Na kraj legnav na boks i pocnav da placam tivko kako isplaseno detence. Anesteziologot se cudi i mi veli nema care ke te bockam pak sepak mislejki deka izvodam najverojatno. Koga go izvadi flastetot vide deka kateterot se izmestil i epiduralot voopsto ne deluval. Ete ne bev korkac sfatija. Makite prodolzuvaat. 5 pati me bockaat vo rbet kateterot nikako da se aplicira. Se otkazav veke. Samo solzi mi tecea sami. Konecno se namesti i razlikata se oseti za kratko.Vo 11 pocnaa naponite. Uste pri prviot ispukav pa sum bagi siena. Bebe gore pa mi stavija 2 inekcii za silen napon. Na kraj doktorkata mi se kaci na stomak, pedijatrite mi vikaa bravo bravo, jas izgubena vo svest davam naponi babica nesto dolu cepka i izleze bebuska. Topla i nezna. Se uste vo bessoznanie vikav samo kako e bebeto. Normalno i fala.bogu se bese vo red. Cinot na ragjanje bese skoro bezbolen blagodarenie na epiduralot, ama otvaranjeto si go krkav debelo. Potoa dobiv kup pofalbi za hrabrosta:bow:. Zadovolna sum od uslugata ne me ostavija sama, a poddrskata na anesteziologot mnogi mi znacese. Greskata na izmesteniot kateter ne bese negova:!: na drug od personalot bese, ama se dogovorivme da ne obvinuvame. Inace dokolku ne se slucese i toa poragajot ke mi bese relativno lesen Ete sepak, se zapoznav so porodilnite bolki:nod: Bitno zdravi i zivi sme:l:
     
    На Kejtovska, mimi****, menelele и 40 други им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    @BirMelek здрав и жив да е бебушот, и немало потреба да се колебаш дали да пишеш, па ти си поминала сосема нормално, за 8 часа си се олеснила и реално и ова е релативно лесен пороѓај без никакви компликации ;) Сега опорави се и уживај во мајчинството :sun:
     
    На eleni27, Kaetana, mariz и 5 други им се допаѓа ова.
  18. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.779
    Пол:
    Женски
    Tocno sega sum svesna deka dobro pominav. Nemase ni epiziotomija sienoto e.od nekoe vmatresno raspukuvanje doktorkata mi rece deka ne e strasno. Se bese lesno. Kolebanjeto mi bese vo smisla da ne gi plasam drugite devojki.koi.se odlucile.za epidural deka postojat scenarina da ne fati. A realno posle otkako pravilno se namesti go blagoslovuvam toj koj go izmislil. Taka 10 bu rodila. A dokolku ne postoese iznemostenosta od preteranoto bocknaje ke imav poveke sila za naponi zosto stvarno voopsto ne bolese otposle samo napon osekas a bolka ne- pa normalno deka e lesen poragjajot. Se dvoumev samo da ne plasam nekoj od epidural. P.S vo sporedba so doenjeto i ispukanite bradavici nisto ne boli:!:
     
    На ruruk, kavadar4anka, Kom.pot и 11 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    285.463
    И мојот епидурал не фати и немав убаво искуство...на жалост ете, кај некои се случува :doh:.
    Честитки за бебушот и гушкајте се. Доколку имаш помош користи ја максимум кога ќе стасаш дома, и те како е потребна на почетокот.
    Пиј многу течности, не заборавај да јадеш...(леле како мама звучам сега :D) и млекцето ќе дојде.
    :hug:
     
    На kavadar4anka, Dust, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  20. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.779
    Пол:
    Женски
    Verojatno i tebe ti se izmestil, ne te bocnale pak i ete:)Mene otkako ubavo mi go namestija me vratija vo zivot, bolki veke nemase. Da znaes.pomisliv na tebe koga si trgav maka, poznato.mi bese tvoeto iskustvo:!: I malku da ve nasmeam na cela maka sto mi ja zadade potoa vo poraka od bratucetka dobivam prasanje kako se porodi prirodno ili so epidural(facepalm) Vo koi spagame? Vo crpnatite li?]:)
     
    На eleni27, Kaetana, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.