Ајде и јас да ја пишам мојата породилна приказна На преглед ме задржаа поради немање плодова вода докторот рече денес ке индуцираме порагај. Јас целата збунета, неспремна иако веке крајот се ближеше. Ме однесоа во соба со мм, се пресоблеков, ми ставија клизма, се истуширав, ми зедоа крв и ми ставија браунила, За кратко ме однесоа во претпородилна, слушам една се дере на бокс, леле мори мајко си викам што ме чека влегов во соба дојде и мм, ми уклучија инфузија со провокација и ме уклучија на цтг. Околу два часа бев таму брзо се отворив, ми го пукнаа и водењакот, Потоа ајде на бокс, ми ставија спинална и контракциите се намалија мм пак со мене си муабетат со докторот чекаат напони да добијам. Кога почнаа напоните почнав да напнувам ама бебе не искача, па ме притискаа за стомак па ајдр малце кислород да сме се освежеле двајцата, ајде пак напони и искочи главчето, со уште еден напон искочи и бебуш мој одма дојде и маж ми а мене првиот коментар ми беше леле ама е мало нема ни две кила ми го ставија на гради , не сликаа па ми го зедоа после за мене да ме сошијат. Се изненадив од самата себеси што воопшто не викав на бокс ниту при напоните ниту при излегувањето на бебето. Потоа останав уште два часа на бокс а со мене беа двете најголеми среки, најважните мажи во мојот живот Коментарите на акушерките беа дека релативно лесно и ептен брзо се породив, за прворотка.
Od momentot koga ti pocnale naoonite prikaznata ni e bukvalbo identicna do zbor. Samo moeto bebe e zensko inaku se isto izleze isto dr me pritiskase i odma si izleze. Samo me cudi neli spinalot zdrvuva, toj ne go stavaat za carski rez? Jas imav epidural
ne e samo za carski, stavaat i light spinalna, se osekav, nozete gi osekav , samo kontrakciite bea namaleni t.e bolkite. I mislam spinalna e podobra verzija edno bockanje i tolku, nema kateter vo grbot. Ako ne se lazam i @alisijad isto bese so spinal na prirodno.
Спинал на природно е најдобрата можна комбинација! Од се што слушнав и прочитав најлошата е царски Иако сите у болки врескаат сакам царски.Мене спиналот само 10 мин ми требаше, ама заврши работа.
Офф ама сепак и не толку - мислам дека спиналната што ја даваат за приридно породување ја даваат кога веќе е почнат убаво процесот затоа што еднаш боцкаат и има рок колку трае.. а почесто даваат епидурал затоа што е со катетер - се контролира и дозира..
Trae samo 2 saati i se stava na 8 prsti otvorenost. Ako ne se porodis za 2 saati krkas bolki, ako ne dojde anesteziolog na vreme nema da ja stavat. Mene
Прочитав и ми падна чудно. Отсекогаш мислев поделени се. Затоа и Алисија кога пиша дека спинал и ставиле за пород се чудев. Ама човек учи додека е жив.
Ви ја должам и јас мојата породилна приказна Во вторникот на 20.12. ми падна чепот очекувано веќе зашто бевме со надминат термин. Истиот ден отидов на ЦТГ во овдешната болница и докторот кога ме прегледа ми рече да сум фаќала веднаш правец за Скопје, дека се очекува да се породам во следниве 24 часа. Си отидов дома и чекав да почнат некои знаци на болки за да тргнеме. Не ми се одеше толку рано. Цел ден немаше ништо, ептен слаби контракции почнаа дури вечерта после 12 часот, но не беа на правилни интервали и затоа решив да чекаме до сабајлето за да тргнеме за Скопје. Накај 6 часот тргнавме и веќе во 8 часот бев во болница Чаир. Веднаш ме прегледа докторот и ми вели 6 прста си отворена, оди на шалтер да те примат. А јас болки речиси никакви. Додека ги завршивме формалностите, ме качија во родилна сала и ме приклучија на ЦТГ, помина пак докторот да ме провери, јас веќе 8 прста отворена. ЦТГто покажува контракции, а јас болки ептен минимални. Сите ми велат, супер си, ова ќе биде брз пораѓај. Во 12 часот веќе бев целосно отворена и ми го пукнаа водењакот и ми ставија провокација. И од овде почнува мојот хорор. Бебе високо, ми рекоа ќе чекаме да се симне. Од провокацијата веднаш почнав да добивам многу јаки болки. Ги издржав некако до 15 часот кога ме качија на бокс. Таму веќе не се трпеа. Докторот помини, замини, бебе е високо, кога ќе почнеш да добиваш напони свикај не. А мене напони никако не ми доаѓаат. Викав и ги молев да ми дадат епидурал или да ме носат царски, но никој не ме регистрираше, ме оставија сосема сама да лежам. Околу 17 часот помина една докторка, Бог да ја благослови и им се скара на сестрите, што сте ја врзале женава, пуштете ја малку да прошета да се симне бебето. Станав и почнав да шетам, шетајќи и болките полесно се трпеа. За пола саат повторно ме качија на бокс и веќе влегоа сите кај мене, со големи маки и мои и на докторите, кои вистина дадоа се од себе, успеа да излезе синко мој во 18:20h, тежок 3980г и долг 53см, најубав на цел свет. Чувството кога го зедов во раце е непроценливо. Не е клише кога ќе речат дека се се заборава кога тие мили очи ќе те погледнат. Едвај чекав да ме однесат во соба и да ми го донесат. Се освежив за секунда и станав на нозе. Раната боли многу, сечена сум доста, дури и артерија ми пукнаа, а и една млада докторка се учеше на мене да шие, па ми е страв да се погледнам долу, изгледа касапница сум направена. Но и тоа се надевам ќе помине за некој ден, сега ми е најбитно да се научиме да цицаме со бебуш и ќе бидам најсреќната мајка на овој свет.
Ајде за недела дена ке си седиш убаво, сега деновиве со перници под газот иако и тие не помагаат нешто многу. Инаку немора да значи дека си касапница, мене ме шиеја под целосна анестезија додека бев, па после пак ме дошивуваа на живо, ме шиеја и горе кај клиторисот и си реков мајко мила кузнае што ми се случува доле, но два месеци после пораѓај бев на депилација, раната скоро неприметлива, мала цртка Секако сега не се осмелуваај да се ѕирнеш, остави нека заздравува
Епа тој ме излажа едно конче, а ме прободе со тоа иглата многу пати, ме шиеше на живо на две места, доле на рана и горе кај што мочам (под тоа)... така осеќав зашто беше на живо така да... прашав во плачење зашто таму?? Он ми рече епа малку се растегнала кожата и распукана бев доста насекаде... но се ми зарасна Знаеш колкав беше Тео, така да..
Еве и јас да ја раскажам мојата породилна приказна. Како надоаѓаше терминот за породување, така јас се повеќе паничев и се плашев. За природно породување несакав ни да помислам од страв, не се плашев од болката толку, колку што си правев филм дека од паника, ќе неможам да соработувам со докторот при породувањето, дека ќе се загуши бебето и мене нешто ќе ми се случи...безвеза, милион глупави филмови низ глава. Па така се одлучив за царски рез. Е потоа почна да ме фаќа страв од анестезијата, дали целосна анестезија, дали спинална.....од спинална ми беше страв како ќе ја осеќам целата операција, а пак од целосната дали ќе се разбудам. И накрај џабе сите тие негативни филмови ми се вртеле низ глава, поминав супер. Сабајлето се истуширав, предходно си бев ставила чепче да си испразнам цревата, си спремав торбата и отидовме во болница.Операцијата заврши за половина час, во 8ч легнав на креветот за операција во 8:25ч бебеушка беше родена, а јас се освестив во 8:45ч. Болки немав никакви, анестезијата ја прифатив супер, не ми се лошеше после тоа, ни глава ме болеше, ни повраќање. Ме успаа, и се разбудив во собата со бебе. Е сега, раната после тоа болеше, но нормални болки, не неподносливи. Така да без потреба сум била толку исплашена и испаничена, моето искуство со царски рез е прекрасно, за второ дете пак би одела царски. Без породилни болки, без паника од пукнат водењак, чиста, со испразнети црева од дома, спремна за на операциската маса. Знам дека природно е подобро, природно си е природно, но мене ми е премногу страв природно.
Леле имало и бетер значи од мене. Јака ти душа. Мене кога ме шиеја ми ставија само локална анестезија но воопшто не фати, чувствував се, многу ме болеше. Не знам како бираат кој ќе оди со целосна кој со локална. Цимерките во собата бевме 2 со локална, 2 со целосна. Дај Боже да зарасне убаво, сега кога се фаќам долу целата ми е отечена и подувана, како ќе се врати во нормала не знам.
Веројатно зависи од тоа дали има слободен анестезиолог во моментот. И јас бев со целосна, а откако се разбудив, женската што се пораѓаше до мене ја шиеја локално. Иначе немај гајле, и јас бев отечена таму, па се смири после неколку дена, и една работа што никој никогаш не ја спомнал- ме болеше уретрата и на допир и на мочање па барем една недела
I jas da napisam nabrzinski.Cetvrtokot 23 dekemvri kontrakcii pochnaa na 9 min, ama nishto seriozno i nepodnoslivo. Petokot od sabajle bev na pregled vo 8 sabajle i i kazav na doktorkata ona samo mi rece oo yeah thats false labor. Dobro, zaminav doma i 10 i pol saat sabajleto kontrakcii na 3-5min. Si vikam ako ne doprat do 4 pm kje se javam vo bolnica. 4 i pol saat stana kontrakcii podnoslivi ama se pobliski. Se javiv vo bolnica dezuren doktor vika dojdi sakame da proverime shto e rabotata. Zaminavme 4 prsta otvorena, mi dadoa izbor ako sakam da odam doma dodeka pojaki bolki fatat ili 2 saata da pesacam niz bolnica. Odlucivme da ostaneme i da peshacime. Se vrativme me pregledaa 5 prsta otvorena i konttakcii na 2-3minuti. Me prefrlija vo soba. I jas visokava tolerancija na bolka ne sakam epidural pa nesakam. Se otvoriv do 7 cm i bolkite stanaa nepodnoslivi pa pobarav epidural. Posle se beshe smooth. Sestrite mi rekoa deka koga kje dojde vreme za pushing kje se osekjam kako da mi se kaka. Ne pomina pola saat i pochnav pritisok da osekjam dole. Ni doktor okolu mene ni nikoj. Pochnav da povrakjam i mm gi vikna sestrite im kazav deka sakam da guram oni ne veruvaat, mi velea sega bese 7 cm ne e vozmozno.Me proveria i 10 cm otvorena ajde kje cekame doktor vodata da ti ja pukne. Dodeka dojde doktorot vodata sama pukna a jas pochnav da guram. Toa beshe najbolnoto od celiot proces. Golem pritisok beshe. Heart beat na bebeto mu spagjase pa sakaa so vacum da go izvadat dodeka go otvoria paketceto so vacumot bebo izleze-Dekemvri 24, 7 i 19 am.10 minuti guranje samo. Site bea iznenadeni kolki brzo se porodiv za prvorotka. Tezese 3 kg 200 gr koga se rodi. A od bolnica izlegovme so 3kg100 gr. Cica kako shampion i mnogu mirno bebe e sega za sega. Daj Boze site lesen poragjaj da imate.
Мене ревизија на постелка ми правеа, ме чистеа и затоа со целосна бев. Одма после раѓање ме стискаа на стомак но не искачаше постелката и мораше со вакум, па тогаш ме сошиле... но кога се разбудив ме провери доктор и рече треба уште некое конче, затоа на живо ме дошивуваа како божем немало да ме боли, најтенок конец, ама болеше Инаку ја проверуваат одма постелката, па ваљда ако нешто фали и е сумљиво ставаат целосна и чистат... една што беше со мене две ревизии направено, па пак кога не гледаа на ехо сите и кажаа уште еднаш дека ке и прават...
Анестезија?? Сте имале среќа, мене на живо ме шиеја... Кажав и тогаш ,најголема болка сецкањето ми беше
И мене шиењето на живо повеќе болно од пораѓајот ми беше.. тогаш плачев, а кога раѓав не (башка ме шиеја на веќе оладено местото)...