kallias Фала срце што сподели со нас идните мамички...ме разнежни...за тие очиња сваќаме дека пак би поминале низ истото и 100 пати ако треба...само нека ни се здрави и живи Голем поздрав до храбрата мамичка и бацки до убавото бебенце
Незнам како било кај другите, но морам да ви кажам дека јас идам во Систина и дека нема врска, мојот доктор до последно ме тера да идам природно иако јас сум во двоумење и јас сум таа што се мисли дали природно или царски. Би ги замолила воедно и мамичките кои користеле епидурална анестезија да ми кажат колку има ефект и дали се чувствуваат некакви болки? Исто така им кажувам едно големо БРАВО на сите оние кои останаа храбри до крај, кои и покрај ненормалното понашање на сестрите и докторите, со целата сила храбро издржаа и си ги донесоа на свет своите најмили.. Поздрав до сите
со епидурална се порагав и не чуствував никаква болка ссе друго чуствуваш имам пишано на тема епидурална
Идни мамички бидете храбри до крај затоашто се си поминува со време и лошите работи се забораваат.За мене порагајот беше многу убаво искуство иако ме сецнаа неколки конци па се распукав и имав болки околу 2недели али сега сум како нова затоа што нема ништо похрабро од тоа да си мајка издржуваш се али накрај знаеш дека на свет си донел едно најубаво нешто за што вреди се да трпиш.Моето бебенце 4200 55см и сега веке е скоро 40дена.Поздрав до сите
ве читаам и се потресов искрено по мое барање идам на закажаниот царски но ми рекоа еден ден порано и ко да било речено да се роди син ми на денот за царски началничката ке ме прави царски таа ми беше како мајка и сите околу неа(зборувам за во штип и сум презадоволна и од сестри и од се живо само храната беше никаква мање битно јас само јогурт пиев) е ко отиодв не бев ни прст отворена вечерта ме забоцка половината и и кажав сабајлето на докторката и таа ми вели ај да те проверам и вика само боцкање имаше и фацата и беше ваква и јас викам да, а таа па ти си отворена 6 прста и вика ај да видеме на ехо и ко виде син ми целиот замотан со папочна врвца и ми вика а ти знаеш дека имаш лош последок викам ми спомна матичниот ама не спомна дека е до толку лошо,(а матичниот ми ја фати за да ме прави царски бидејки јас му реков дека ме е страв од природно)и тука пред да ме внесат во сала ме фати паникаа и почнав да плакам не сакам царски природно ке го родам и ко ми се собраа сите докторка,сестри, инструментарки немој дете неможеш дојди тука ке направеш некоја глупост те молам немој се ке биде во ред и некако влегов ми ставија катетар,ме легнаа и ми рекоа ке добиеш напон за мочкање и сеа ме скорнаа леле мајко ко ме наведнаа муската до петите мислам дека ми дојде ми ја ставија спиналната и толку надоле ниш не осекав и ми ставија перде и ми рекоа осекаш ли неш викам не и го извадија син ми и тој не заплака одма и јас испаничив и му дадоа кислород леле ко си ја викнаа срце на мама ми го покажаа и од среќа ко си се разрикав ми го дадоа да си бакнам и си качив притисок 180 и ми зашибаа една инекција и го симнав пополека, и го однесоа дојдоа сестрите ме бакнаа да ми честитаат,е сеа доага на ред последокот ко да ми го вадат.Заврши и тоа ама вака ми рекоа ке те боли многу викај колку сакаш само не мрдај со рацете а кај ке мрдам со каиши ми врзани,леле ко ме натиснаа он се залепил абе цела болница ечеше од мене,и ми погодиле некој нерв па ко си исплукав крв ко фонтана од устата,и ко ме завршија дојдоа сестри да ме носат во шок соба леле викам сама ке се качам и тие се смеат е како сама викам епа така ги осекам нозете си се качив сама ,во шок соба одма си седнав ми удариа инакција да заспиам јас цело време неможев до 10 часот вечерта и бев пресрекна и се осекав како да сум пердув колку ми олекна и секако сеа сум мама.сабајлето ко се разбудив ме симнаа и ми го донесоа мојот убавец и се заборавив како било и колку тешка бременост сум имала.ама после ко ми ја искл инфузијата мн ме болеше главата али ми удараа инекции и се беше под контрола.и сама си станав не ми требаше помош од никој се осекав толку мокно што дури се изненадија ко ме видоа права ко пушка а и дека висока па се чудеа.
Еве и јас да си ја раскажам мојата породилна приказна на кратко...... Беше 3о јануари,денот беше супер,сончев,светол....а јас,веќе 5 ден имав некакви болки кои се јавуваа на 15 мин,траеја 2-3 саати и си прекинуваа.Веќе 4 ноќи не бев спана.Мојата поголема керкичка ме викаше да си играме надвор,излеговме,јас си седев на една клупа во дворот,а таа си трчаше.... Зедов нешто да пречистам,да испеглам,знаев дека денес е денот.Вечерта во 6 часот и се јавив на матичната дека ми е страв да ги трпам веке болкиве и ке одам во болница во Струга да ме прегледаат.Се јави да праша кој др е на смена и ми кажа.Се искапив,се средив и отидов.На пат за Струга ме фатија болки на 5 мин.Ме прегледа др и вика отворена си 3 прсти,ке останеш вечерва,за неколку часа ке се породиш.ММ остана да чека во кола.Болки имав,ама нагон сеуште не.ја замолив др за побрзо да завршам,пошто не можам да трпам големи болки да ми стави провокација,ме послуша,во 23 и 30 ми стави.за пола сат почнаа и нагоните,ги викнав сестрите,одма дојде и др и вика носетеја во сала.не можев 2 чекори да направам,во ходник ке се породев а не ми веруваа,викаат ех да било така брзо раѓањето.....ме кренаа едвај до во сала,ме качија на бокс и др вика навистина се пораѓа.за2 минути ја родив и мојата втора принцеза.......пресреќна бев,па кога уште ја видов колку коса има......за мерак.....се роди 2280 грама и 49 см
Ајде и јас да си ја кажам мојата приказна.. Значи во Вторникот на 12-ти бев на контрола каде што ме прегледа д-рот и ми кажа дека сум 3 прста отворена.. Ми рече да идам дома и доколку не ме фатат болки во мегувреме да дојдам наредната вечер, и да останам, да ме спремаат во текот на нокта за сабајлето да се породам.. И така избезумени си тргнавме со мм и само што излегов од канцеларијата на д-рот почав да плачам, незнам ни самата од што.. срека, возбуда, страв, конечно дојде денот Д Се договоривме со мм тие два дена што ги имаме да се препуштиме на уживање и гушкање, на нас.. Убаво ни беше иако постојано се осекаше напнатоста и неизвесноста.. И така наредниот ден околу 22 часот отидовме во Систина. Да ми кажеше некој дека ке се породам природно со многу малку анестезија, ке го направев луд зашто мислев дека тоа нема шанси јас да го направам и издржам.. Кога ке ми текне само колку имав страв Така ноќта почнаа сестрите со подготовки, ми ставија провокација и одкако почнаа посилните болки добив и епидурална.. Потоа ми пукна водењакот за што мислев дека сум се помочала и првично ми беше срам да кажам Околу 12 часот наредниот ден, ме однесоа на бокс, каде што лежев уште некое време и тука беше она од што најмногу се плашев.. Значи епидурална во моментот немав, контракциите ме излудуваа што мислев дека ке полудам. Капак на се беше кога ми кажаа дека во последен момент бебето се извртело па за да не идеме на царски морав уште да легнувам странично де на едната де на другата страна за да се намести пак а и папочната врвка му се измотала околу врат .. Е тогаш мислев дека ке умрам, но цело време само една мисла ми се вртеше во глава - дека МОРАМ да бидам силна и да издржам, дека за брзо се ке се заврши и ке биде минато.. Не викав воопшто,само офкав и лелекав, сакав да си ја зачувам силата а и што фајде од викање, зарем тоа ке го поедноставни процесот.. Потоа бебушка се намести, ме наместија убаво на боксот и почнаа нагоните.. Тогаш д-рот ми рече - само слушај ме што ке ти кажам и со три напони ке излезе бебето.. така и беше.. Мислам дека за 3 мин излезе Јаковче.. Солзи ми течеа кога го видов а моментот кога ми го ставија на гради беше најубавиот момент во мојот живот.. Тогаш ми ја појачаа епидуралната ми направија епизиотомија која нели воопшто не ја сеитв и си правев муабет со сите околу мене.. Покасно ме однесоа во соба каде дојде мм и по неколку мин ни го донесоа Јаков.. Преубави моментии Останав уште три дена во кои светот се состоеше само од мене, мм и Јаков.. Потоа сите заедно, семејно си заминавме дома.. Така одприлика се одвиваше станувањето на моето мајчинство и морам да напоменам дека и покрај болките кои поминуваат и се забораваат, вреди да се издржи.. Ви посакувам на сите со лесни да си поминете и да знаете дека доагаат најубавите моменти.. Мој совет до сите е само да ги слушате докторите што ке ви кажат и верувајте дека така ке поминете најлезно и најдобро.. Поздравче до сите, ве гушкам
Еве Ева Јас вечерта на 24.03 си седев на фемина до кај 1и30 часот и некако осека мачнина ама си реков сигурно преморена оти цела недела ми се фати угоре удолу и си легнав. п.с сама бев мм беше трета смена наработа и кја 4 часот почнаа да ме фаќат некој болки на 5, 10 минути си реков не е тоа мака ми е ( си се тешев) и реков ај ке видам како ке ми траат и до кај 9ч неможев веке да издржам и му викам на мм оти си беше веке и дојден ај одиме наболница да видиме што е работата. Ме прима докторката ме прегледва ми вика спремај се за прием ние со мм И како што ме примија цел ден имав такви слаби болки големи болки почнаја да ме фаќат од кај 19ч и во 80 и 30 веќе излезе синко и искрено ама нај искрено многу ме болеше кога ми го пукаја водењакот, а после лесно поминав со три напони излезе само и напоните не ги реализирав баш нај нај ама излезе како шо треба на 25.03.2013
од кој го прочитав ова се и скоро секоја приказна,толку се уплашив што срцево ми застана.... покрај тоа што се уште не сум во брак,а планираме наскоро па потоа едно бебенце двајцата сакаме многу ..јас се испоплашив и не сакам сега има време кога ќе бидам спремна ..ме фати грозница често мислам за во систина кој ќе дојде време,демек слушам подобар третман имало бла бла...па некоја мамичка да ми каже како поминала во систина...ме интересира чисто да се информирам сакам да знам од сега
Никакво плашење да ве развеселам со моето најубаво искуство. Бременост песна, а пораѓај велам и 10 ќе родам ако е вака. Мукозниот чеп ми падна 2 дена пред пораѓај, сите феминки беа заедно со мене и следеа како напредувам и ми беа огромна поддршка и се ми помина без стрес и смирено. Вечерта во 01 и 30 ме фатија болки, претходниот ден беа на 20 мин па 15 за да поручекта во 4 дојдат на 7 мин па на 5. Во 21 часот заминавме на болница цтг котранции убави иако не мисле како за прворотка толку брзо ќе биде. Отидов со 6 прсти отворена, да веќе во 00 сум 10 и пол прсти отворена. Водењакот ми го пукнаа таму, почувствував како топла водичка струи низ мене. Кога бев бев отворена 12 прсти сами со мм во соба, побарав нешто за притисокот во половината не добив ништо ама се природно беше. Добив само малку гас за притисокот во половина ама др ништо. Си заминаа сестрите а јас контракциите фамозни на 1 мин си велам кога ќе престанат да се породам оти у пм веќе нестрплива колку бев хаха. И му велам на мм викај ги сестриве, стискај тоа копчето црвено на кревет јас се пораѓам . Бебе сакаше да излезе ама водењак не пукнат како тоа? Дојдоа ме прегледаа, дојде акуперката со сестрата, ми го пукнаа водењакот и се започна. Првите два напони главчето подизлеза, а следниот напон телото само си ја знаеше работата и се роди нашиот принц со 4кг и 55цм утрото неколку часа по полноќ. Веднаш се гушкавме, они на кратко излегоа да ни донесат малку појадок мене и на мм за сила да скрепиме, и го оставија мали со мм на соблекувалната тој да му стави пелена. Како се снајде не знам и не ми е јасно ама како години да правел. Првата и последан сменета пелена на мм хахахха ПАпочната врвца ја пресече тој, зад глава беше кај мене цело време, а јас место рачката од креветот, ја држев неговата рака која не знам како не се скрши од стегање. Сами во туѓа земја, тој беше мојот херој и најголема поддршка и тоа беше најубавото искуство за нас. Се погушкавме, мм замина дома да одмори, а јас се истуширав и заминавме со бебе во соба сами јас и тој. Јас око не склоив од среча, само го гледав тоа мало човече и му се смешкав, и така 4 дена не спиена ама сречна и исполнета. Си го галев уште некое време мешко, од пуста навика и барав каде е бебе и трк до спална до креветчето да знам оти е тука и ова е најубаво јаве. На болница тие два дена супер третман и услуга, најадени напиени згрижени се на ниво никаква замерка. Дома се искапивме со мали, тука ги оставаат два дена ке капени само подизбришани за да се упие масниот заштитен слој во кожата. Се роди чист како солза злато мое. Тргна да плаче кога излезе, ама кога ме чу, прекина па сестрите слатко се изнасмеаја. Мм дојде утрото и се гушкаа малку заплака од среќа а јас борецот ни солза оти бев во неверување од среќа. Домче се беше спремно, бебе ужиање, беше мирен, иако сега знае да изводи по малку, ама сепак си е се од едно бебе што може да се посака. Сами го капевме, храневма, мала борба со доењето на почето оти имав мн млеко, ама нема што пумпица не може да среди. Најважно е да сте силни не поради себе но поради бебенцето најмило и запомнете-Мора мајак да е во ред, за бебе да е во ред. Малку себично вие да сте си во прв план звучи ама е така. Среќна мама среќно бебе. Спремете си ги чантите за вас и бебе со време, нека си стојат дблиску до врата, лична карта и документи средени и памперси поголемки да не се мачите со пропуштање. Козметика без парабени и без мириси, може нежен омекнувач за алишта пу пу до сега никаков проблем сме немале. Тука се водат по парола без никакви мн трте мрте непотребни креми масти медицини се на природна база. Како и сите пред мене така и јас , па супер е фала му на Бога. Количката и од 3 дена бебе старо на воздух и шетање, дури и по никакво време да се јакне. Спиење во поладничко, редовно проветруање, а и многу гушкање, бакнежи и љубов и блискост. Отидов малку подалеку , ама се на се бидете среќни , ведри и насмеани и се ќе биде во ред. Послушајте ме и нема да зажалите. Се најдобро идни мајки и со лес и убавини.
Ajde I jas duri e taze da raskazam Ovoj pat imav 2 vo 1 poragaj Na 03.04 vo 10 sabajle stanav od spienje I mi protece mlazce mlecna boja...ne obrnav vnimanie vikam moze belo pranje I sto ne sum bila vo wc cela vecer...Vo 10:30 pak I do 12casot na 15-20 min si protekuvase se poveke pa mu se javiv na mazmi da dojde od rab,a za toa vreme spremiv kniska,torba za mene I za bebeto Koga stigna bese vidno vozbuden pa go smiriv mu rekov da se sredi dodeka se istusiram I trgnavme.. Koga stignavme odma me primija vo porodilno pocnav da dobivam neredovni kontrakcii na 7 min na 20 bez vrska pa taka si odsedov cela vecer tamu da gi ispratam site... E sabajleto na 04.04 bese sto bese... Proverkata so prstite ne bev otvorena pa ajde novi metidi ekssperimentiraa na mene vnatre mi stavija crevo so tecnost,ampuli na nego I kako teg na noga mi vrzaa se osekase vlecenje...pa edna provokacija I pocnaa porodilnite bolki na 3 min I koga posle 3 saati ne se otvoriv me zema carski Sega bitno zdravi zivi I nisto veke ne e vazno Jas I Teo sme doma super napreduvame I e prekrasno bebe Taka majkicki se se zaborava,se se izdrzuva..tie se najmili...
Da Forko bas tamu imale novi metodi za poragaj da se odi do kraj za prirodno ama koga naukata nemoze protiv prirodata mora carski Sakam da kazam mojot organizam,matka ne registrirase poragaj,koga ke ja prekinea provokacijataa se prestanuvase vo moment epa so sila ubavina ne biduva Tie znaea deka i prvoto mi e carski ,znaea deka nema da se otvoram ama vredelo da se proba...toa e Ne sakam da se zalam im se divev I zaviduvav na zenite sto doagaa I se poragaa za pola saat,mislev deka jas ke pominam taka Problemot e kaj mene vo mojata matka,Forko ne se plasi srce ti posakuvam lesen poragaj jas bev edna od 15
Moj sovet koga ke vi pukne vodenjak nikako tusiranje so gelovi,sapuni samo so voda u stavete od onii vloski so mreza kupete uste sega ispeglajte gi stavajte
На мене терминот за породување ми беше на 16-ти Октомври 2011г. Не ни помислував дека ќе се породам порано, бидејќи бебето беше мало. Првите болки ми се појавија на 10-ти Октомври, околу 1 часот по полноќ. Како што поминуваше времето болките стануваа се појаки. Околу 3 часот го разбудив маж ми и му реков дека ќе се пораѓам. Се спремив и маж ми му се јави на татко ми за да ме однесат во болница. Тргнавме околу 3 и 30. Прво отидовме во Чаир, ама таму немаше место. Па отидовме во државна. Таму ме ставија на ЦТГ и ме прегледаа. Бев отворена 3 прсти ми рекоа дека околу 10-11 часот треба да се породам. Ме оставија да лежам на патолошко одделение. Болките се засилија и отидов кај дежурната сестра. Таа ми зема крв за анализа и ме стави на ЦТГ. Дежурниот доктор ме прегледа и ми рече дека сум 3 прсти отворена. Како што поминуваше времето, болките стануваа се посилини. Ме ставаа на ЦТГ и ме прегледуваа. Пак бев 3 прсти отворена. Дури во 14 и 30 се отворив 5 прсти. Потоа ме однесоа во родилна сала. Таму пак ме ставија на ЦТГ и после тоа ме оставија да лежам. Неколку пати ме ставаа на ЦТГ и ме прегледуваа. Бидејќи пак бев 5 прсти отворена, ми дадоа инекција (провокација) за да почнам повеќе да се отварам. Ме ставаа на ЦТГ и ме прегледуваа, ама немаше ефект. Потоа ми ставија уште една инекција. Пак ме ставаа на ЦТГ и ме прегледуваа. Пак беше истата приказна. Во еден момент бев легната на плочки. Во тој момент влезе една сестра и ме праша дали ми е добро. Јас и реков дека не ми е добро и дека имам неиздржливи болки. Таа излезе и веднаш потоа дојдоа гинекологот и сестрата. Докторот ме прегледа и ми рече да одам на бокс. Ми требаа 5 минути да се качам, бидејчи имав јаки болки. Откако легнав ме ставија на ЦТГ и ми ставија инфузија. Докторот ме пресече и почна породувањето. Напнав 4 пати, ама бебето не излегуваше. Потоа докторот зема вакуум и со еден напон се роди син ми, во 20 и 55. Кога се роди, си реков - Фала Богу.
Ова со плочкиве и неиздржливите болки не ти требаше ќе се инесвестам од страв ..како се ближи времето се повеќе се плашам
немој воопшто да мислиш дека и ти како некои од нас ке поминеш потешко искрено мисли дека болка како болка ке помини, и дека мора да се издржи, барем јас така си велев кога се порагав и цело време во главата нека тие тоа дека ке си го гушкаш бебушко, и кога ке ти го донесат, тогаш ке плачеш од срека како мене ,а не од болки