Еве ја и мојата породилна приказна: Надминат термин, бебе нејќе да искача и имавме договорен пораѓај со провокации три дена пред настанот... Синко реши сам да излезе на 13.10.2016 год. Цела вечер имав контракции на пола саат, па сабајлето на 20 мин... Знаев дека тој ден ќе се породам. Си го спремив торбичето и отидов на болница... Арно ама мојот доктор беше зафатен и ми прати колешка да ме прегледа... Она вика рано е, ме прегледа само на стомачно ехо и ме врати дома, иако се пожалив дека имам контракции на секои 15 мин и дека чепот ми е одамна паднат и дека сабајлето прокрварев малце.... Се вративме дома, се истуширав пак, се средив и бројам контракции - минутите само се намалуваа измеѓу контракции, болка издржлива (јака менструална, ама издржлива) и кога веќе видов дека на секои 5мин иам контракции му викам на мм носи ме на болница зашто тоа е тоа.. Он се противи вика па те вратија прееска, гарант и сега ќе те вратат, додека се расправавме на бројач на контракции гледам 4ка значи на 4мин контракции - коа сум писнала - веднаш да идеме јас ќе се породам дома! Отидовме на болница, ме проверуваат 9 прсти отворено грлото на матката, одма итно количка, ставање на бокс, на цтг, верувајте дека за пола саат заврши се! Болеа најмногу болките пред да искочи бебчо, значи крајните контракции... Ама тоа беше мноооогу кратко за среќа кај мене... Поминав многу лесно - бидејќи едвај чекав да го запознаам моето долгочекувано бебенце, без никакви анестезии... Ви посакувам сите што ја читате приказнава да си поминете вака лесно како мене.... Исклучете ги разните мисли... Сфатете дека колку и да се јаки болките при отварање - траат по 50 тина секунди, дишете и мислете само на тоа дека наскоро ќе се гушкате со вашето најмило и ве очекуваат прекрасни, но многу тешки моменти отпосле и ќе речете дека самиот чин на пораѓање дека бил најлесниот дел
конечно седнав на комп да ви ја напишам мојата породилна приказна иако се мислев дали да пишам или не...на 17.12.2016 договорено јас од дома спремна појдовме на преглед ме примија водењак пукна во 9и 30 утрото, отворена 4до 5 прста викаат лесно и брзо ќе иде бебето е мало, арно ама не беше така... болките почнаа во 15 и 15, мм беше надвор или околу гак се врткал никој не знаеше од домашните каде сме... болките полека полека се појаки..имаше шушкање помеѓу докторот кој беше дежурен и акушерките не сакаше да ме погледне, друг ме прими и тој не се појави...ама среќа на бабицата господ здравје да и даде беше со мене цело време и околу 18 и 30 ме ставија на бокс и сама кукав викав ке те погледнат и никој ништо...уште малку, уште малку ама некако не беше така...бебето почна да иде нагоре беше ротиано на десно и никако ни лево ни десно...околу 19 и 30 скоро целосно подготвена ама бебуш не наместен добро почнав да ги молам за царски ама несакаа зашто сум била подготвена целосно и ќе биде спонтано...и конечно се појави докторот заклучија дека бебуш иде нагоре се собраа еден куп околу мене сите што беа на смена, се решија кога рипна док над мене да ме стистка и на крај со помош на вакум и двајца над мене бебуш излезе жив и здрав во 20 и 20...но мојот хорор беше после ревизија, крварење, и се што може најлошо да и се случи на една трудница, и најлошо никој несакаше да ми каже што се случува со мене, НО најбитно и двете сме добри и ме дома... мој совет на ГАК и со врски и без врски не одете одберете друго место за порагај
верувајте никој не кажуваше ништо после ревизијта обилно крварев само толку разбрав и ден ипол поминав на интезивна примив крв, плазма после уште 5 дена на породилно на тој оддел ме средиа со антибиотици и лекарства и сеа сум добра, проверив крвна слика идобра сум... за месец дена на конрола ќе си идам кај мојот др да ме види најбитно добри сме и двете
Дали може некоја мајка што се пораѓала со провокација , да ми каже дали кога одите во болница смеете пред провокацијата да јадете?
За клизмата знам, ама да не треба да не се јаде, не знам дали одма ќе делува, иако сигурно зависи од организмот. Нели кога се пораѓаш треба празен желудник односно полесна храна и течности само.
Јас пред да заминам за болница се најадов, пиев кафе, вода. Така да нема врска. Не можеш да гладуваш, најади се напиј се колку сакаш, таму те прочистуваат.
ako treba da primis anestezija a ne se znae neli nikad dali treba ili ne , podobro ne jadi. Mene me zadrzaa iznenadno da me porodat so provokacija, sabajleto jadev samo mleko i biskviti, im kazav rekoa dobro ne si jadela mnogu..klizmata odma deluvase, potoa ne mi davaa ni voda da pijam za da ne treba anestezija za nesto.
Еве ќе си кажам дека во недела наутро имав договорено со докторот да ми стави провокација и да ме породи, затоа што две недели бев отворена 4-5см и ништо не се менуваше, а веќе и терминот на 17.1 ми помина. Искрено не бев за тоа со провокација, сакав се природно да биде ама докторот ми кажа дека сум второродка брзо ќе биде и да не чекам без причина. И се нафатив.Ама Господ сакал да биде природно и кога сте ми пишале одговор јас веќе сум била породена. Во неделата наутро во 5:30 почнаа крајните јаки болки на 4 мин и знаев дека е тоа -тоа. Стигнав во Чаир во 6, ме примија со 8цм отворена,ме почекаа да се доотворам, во 8:30 го родив бебушот, да речам со 5 напони. Таман и докторот ме начека на бокс пред да ми ја стаат провокацијата за крај. Се поздравивме и ме породи прекрасно кратко пораѓање што цело време ме плашеше а брзо помина. Докторот што ме породи и докторката што ме шиеше беа прекрасни, ми се погодија максимално, пријатни позитивни расположени, и да објаснат се. Само најубаво за нив. Ќе ги благословувам засекогаш. Чаир општо сите беа прекрасни , се објаснуваат, се кажуваат, немам лош коментар. Немаше воопшто игнорантски моменти како пред две години. Сменети се работи од корен и останале луѓе да работат што се пред се хумани и сакаат да помогнат. Моја препорака
А околу јадењето пред провокација , беше ноќ нели па празен ми беше желудникот, само неколку голтки вода се напив во меѓувреме, ама се утепав од повраќање дури ме чекаа да се доотворам во предродилна сала, дури бев на цтг. Од силни болки едно 5-6 пати повратив.
Јас исто таму раѓав и сум презадоволна, таму и второ здравје Инаку исто и јас гладна случајно отидов... исто само вода пиев и повраќав од болките вода, па желудечни киселини.. Брзо опоравување, честитки и за бебето, живо, здраво, весело цел живот
Devojki neznam dali e soodvetna tema za moevo prashanje. Ve molam dokolku nekoja ima iskustvo so doktorkata Arta Bina od Gak i da ja poragala carski, ke ve molam za iskustvo kako i shto ste pominale so nejze i kako ste zadovolni. Vi blagodaram
После 1.5 год. повторно во темава со втората породилна приказна. На 27.01.2017 во 10.58 дојде мојата ќерка на свет. Долга 50цм, тешка 3550, обем на главче 35цм. Со краен термин на 24.01 ,кој неколку пати беше корегиран поради мерките, веќе бев на крај со трпение, сили а и нерви . Вечерта, на 26, почуствував некое влечење во долниот дел од стомакот. Знаев дека главчето се мести. Плус опавчето и половината ме наболуваа но сепак не беше некоја јака болка за да морам да реагирам на некој начин и си легнав. Во 06.30 ме разбуди нешто слично на удар во вагиналниот дел и истече поголема количина на вода. Ме потсети на првиот пораѓај и знаев дека тоа е тоа. Влегов да се туширам се облеков...и веќе втор млаз протече од мене. Го разбудив мм и почнав да се пресоблекувам. Он си праша дали имаме време да прати некој меил, па после да се напие и кафе . И ова ми дојде познато па викам ај, има време, некоја минута порано/покасно не менува многу. И така, некаде кај 08.00 стасавме во болницата. До 09.00 пополнувавме формулари, цтг, ултрашал, преглед со рака. Бев 3 прсти отворена иако немав некои болни контракции па ме пратија во соба. Од 09 до 10 седев во соба. Кај 10.00 болките драстично се зголемија и ја викнав сестрата. Ме симнаа во сала и констатираа дека сум 5 прсти отворена. Анестезиологот се заборави и додека дојде и ме спремија...веќе беше околу 10.30. Во овој пола час ги имав најјаките контракции и мислам дека се отворив за уште некој прст. Дојде, ме боцна, и едно 20 мин мирував. Потоа дојде бабицата и ми кажа дека сум целосно отворена и може да се пораѓам . Не ми се веруваше дека толку бргу може да се отворам. Не дека не видов болки, но беа далеку пократки од тоа што предходно го доживеав со првиот пораѓај. Напнав 3 пати и кратко пред 11 се роди малата. Распукав па мораа да ме шијат, но адреналинот а и шприцот кој ми го ставија неутрализираа било каква болка. Жива, здрава и најубава на мајка. Со второ било стварно полесно. Ми рекоа со третото ќе било песна .
Дани ма што се мачам јас да пишувам пост за пораѓај кога се до детаљ ми се случи мене и на иста дата со плус минус час разлика. НЕВЕРОЈАТНО навистина чудно. Нека е жива и здрава да спие и пеее во мајка.
Знаете.. денот за пораѓај јас многу добро го осетив. Осетив чуства и емоции проследени со болки и знаев дека не ме делат многу часови од мојата најголема љубов. Тоа чуство не можете да го утнете, иако мислите дека нема да биде така, тој час се осеќа и тоа како добро. Имав 3 дена болки навечер, проследени со огромно значително зголемено и јако движење на беба една вечер. Последниот ден цел ден имав контракции, некои појаки а некои послаби, а посебно како наближуваше ноќта знаев дека тоа е тоа и нема спиење а животот за среќа ќе ви се зголеми и збогати огромно. Денот д се гледа а тоа е и повеќе од очигледно. .... Заминав вечерта во болница пред тоа се јавив бидејки таква беше процедурата, трпев се дур можев да истрпам дома, а болките се зголемуваа, интервалите намалуваа.. Но, не беше страшно, болките при првичното отворање не се страшни воопшто. Накрај пред да се јавам да заминам во болница на тоалетот имав драстично зголемен исцедок, кафеав, крвав. И се повеќе се зголемуваше. А прв пат ми се појави истото сабајле пред да ме фатат интервалите и болките. Знаев тоа е тоа. Мене не ми пукна водењакот. Ми го пукнаа кога бев 10 прсти отворена. Заминав во болница, ме прегледаа и бев 4 прсти отворена веќе, шетав и шетав да се отворам, скали, паркинг проследени се со поголеми и поголеми болки. Накрај кога изодев ја викнав докторката и ме пратија во родилната сала. Бев презадоволна од услугата од бабиците и сестрите, се грижат за тебе, ти нудат најмалку 5 работи за намалување на болки и се постојано до тебе. Стигнав до степен на преголема болка, да голема е болката но таа голема огромна болка проследена со многу љубов поминува брзо. Си одбрав кислород, инекција адреналин и не знам.. ми даваа надлежните се што е можно за да болките се заблажат. Се отворив 5 прсти, но за жал драстично ми се качи пристисокот од преголема возбуда и страв. 170! Паника, јас припаѓам лека полека, ми збореа, јас лека полека почнав да давам се од себе за да се вратам во нормала. Накрај ми дадоа епидурал кога бев при самото отворање на 10 прста. Ми фати само едната страна, па реков добро е и вака ќе поминам, но потоа фати целата инекција и беше се сменето, болките исчезнаа а јас се вратив во нормала. Почнав со напони и со неколку напони излезе мојот син, мојата мала и кревка невина душичка. Тоа чуство нема да можам никогап да го опишам и да кажам колку значи, а значи живот, значи... нешто што не си почуствувал цел живот. Маж ми беше цел пораѓај со мене, на крај останавме сите тројца заедно и уживавме во моментот. Од тој 27 ми јануари сабајлето на нас целиот живот ни се промени, колку тешко толку прекрасно и неописливо. Жени, верувајте дека никој ама никој пред да го осети тој момент од животот не може да знае ниту да претпостави што значи освен зборови. Тој момент можеш само да го доживееш а никогаш да не го претпоставиш и сватиш. Сега се е друго, се е ново а ние сме семејство со мирис и вкус на бебе, исполнет со детски плач и многу емоции. Среќна сум што го имам во животот, животот ми бил празен и неисполнет ама сега е не е. Сега е покрај мене, го мирисам и се губам од мирисот и вкусот на целата таа слатка болка што се заборава дефенитивно многу брзо а се друго најубаво останува засекогаш со вас. Идни мами, немојте да се плашите и да замислувате како е, тоа е еден момент, еден флеш од животот што го памтиш со радост а никако со болка. Не е ништо толку болно од тоа мало човече, ништо. Да знаете.
Kako sto vetiv eve ds vi pisam od snosti dojdov na bolnica taka bese dogovoreno mi napravija ctg sabajleto klizma i vo 12h spinalna pa operacija ,se pomina super sega malku sum do bolki ima ke pomini vi posskuvsm radosti ba site sto ve interesira pisete
Kako pomina so klizmata boli li ? I kazi mi kako beshe so spinapnata dali e jezivo i stresno da si buden dur trae zafatot i kaj se porodi? So lesno i brzo zakrepnuvanje