Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Душо јас три недели не можев на гз да седнам, природно се породив, и не ме сецнаа, сама распукав при пороѓај. Простум јадев плачејќи, и понекогаш простум ја доев. Ама помина, се се заборава. :)
     
    На vitamina, Antebellum, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја раскажам својата породилна приказна ...на 22-ри месецов,односно минатата сабота добив болки на полноќ..болките беа издржливи малце со појак интензитет од менструалните болки...времетраењето беше на секои 25-20 минути...така се до 04:30 болките ми зачестија на секои 15 минути...не можев повеќе да издржам и рековме со мм да идеме на ГАК да провериме дали дошол денот што го чекавме...иако беше 2 дена пред терминот синко даваше сигнали хехе...Отидовме во ГАК во 05:30 ми ставија ЦТГ и нормално ги прикажа болките..ме провери докторката на приемно веќе бев 3 прсти отворена ...и така ме задржаа во болница. Бев јака ги издржував болките ...се до 14 часот болките беа на 10 мин и ги издржав ...кога бев отворена веќе 6 прста ми го пукнаа водењакот,е од тој момент зачестија боловите на секои 7-5 мин. ...се така до 18:45 кога се намалија на секои 2-3 мин. и ме упатија на правец-бокс. Не сакам да ве плашам,но сепак треба да ја поднесеш болката макар и со викање...последните болови со напон се најбитни...имав толку многу болки бев отворена 9 прста,но дека јас ситна не можев да се породам брзо..бебо мој главата некако тешко можеше да си ја покаже..давав 4 напони,но се беше безуспешно..ќе си умрев од мака и на крај со асистенција на акушерскиот тим на д-р Адела Поп Стефанија морав да дадам последен напон така што со помош на вакум син ми сега е со мене...се роди здрав и жив 3650 гр. и долг 52см во 19:10ч.
    По толкава мака сега скоро се е заборавено и си се гушкаме со син ми Петар веќе една недела :D:inlove: Презадоволна сум од услугата во Гак . Од моја гледна точка немам никакви лоши размислувања :) Со лесно мамички.. верувајте ова е моментот што е незаменлив и ќе го помбите цел живот :inlove:
     
    На Mari-Ja, muchacha_a, mira.mira и 28 други им се допаѓа ова.
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    3.880
    да бевме во некоја асална земја со асално здравство немаше да имаш потреба да викаш од болки и да умираш од мака ни ти ни никоја другa :( спинал или епидурал и решен проблем, ама државното здравство е такво кај нас, епидурал и спинал само на приватно и со песна ке си родиш :) големо да расте малото :*
     
    На vitamina и Sandrichka 89 им се допаѓа ова.
  4. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со тебе..овде само оние кои се со приоритет или пак со дебели врски државно може да добијат ваков тип на анестезија ...за жал:( Ама ете за среќа и вака издржав со вакви болки,па сега еве го и синко е со мене и се гушкаме :D
    Фала ти инаку за желбите :*
     
  5. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.116
    Допаѓања:
    2.191
    Јас имам. И тоа царски со епидурална.
    Првин пробавме природно со провокација,но после 12 часа и пукнат водењак се отворив само 2 прста,ми ја зголемија дозата на анестетици во цревцето од епидуралот и отидов на царски. Инаку првин помалку ми додаваа кога имав контракции и се чекаше да се отворам... и би требало да се стави откако ќе си 4 прсти отворена но јас неможев да ги трпам болките и порано ми ја дадоа...
     
    На Natasa. P му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички еве малку слободно време па да ви ја пишам мојата породилна приказна.Термин ми беше на 10 април.Вечерта на 5 ти април се будам во еден по полнок за во вц гледам ми пукнал водењак и имав болки во кичма,, брзо се спремив за во болница бидејќи кај нас не пораѓаат иако имав желба за во скопје пораѓај испадна за.во куманово.Ме пратија веднаш бидејќи болките ми се зголемуваа таму ме прегледаа ми рекоа рано е четири прсти отворена четири по полноќ а јас чуствував веќе големи болки и така се измачував цел ден да ме чекаат да се отворам десет прсти истоштена целата ни ми дадоа нешто инфузија, ем што пукнат водењак и крварев цел ден болки ненормални добивав почнав да повраќам од што ми беше лошо и ме фаќаше несвестица.На крајот се решија вечерот во седум да ме пораѓаат, бебуш голем неможеше никако да излезе се намачив накрајот решија со помош на вакум да ме породат и така мојата принцеза се роди, без анестезии без ништо.
    Ме секнаа ме сошија и еве 25 дена како поминаа уште имам крварење но ќе мине. Инаку сакам да кажам односот помеѓу сестрите а и тие што ме пораѓаа беше ужасен знам дека не те третираат како принцеза по државниве па и ако немаш врски уште, но ова беше ужас над ужасите.Едвај чекав да излезам и да си одам дома сила ми даваше малата убавица на мама.Не се жалам низ се што поминав но имам лошо искуство со мојот пораѓај но како и да е сега сум среќна мама.Посакувам на сите лесно да си поминете при пораѓај но сепак се се заборава еве таа болка веќе како да е заборавена Здравје за второ се надевам полесно ќе биде ❤
     
    На Mari-Ja, muchacha_a, Mari* и 17 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    36.296
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене со мојата породилна приказна. Не е многу сјајна да си кажам уште пред да почнете да читате, но како и да е има и подобро, а има и полошо. Најбитно е во завршницата да сме живи и здрави и двајцата, а бидејќи сме фала му на Господ и покрај се е убава породилна приказна.
    Термин ми беше 19 април, а седмиот ден после надминат термин, поточно на 26ти април, ноќта во 00:55 ја почуствував првата породилна болка. до 04:00 часот не бев свесна дека дојде моментот и преспивав помеѓу болките, а започнаа директно на 10 минути. Мм требаше да го будам во 7 часот за на работа и едвај чекав да дојде 7, но не можев да издржам и го разбудив во 06:30. Во 04:00 отидов во веце се гледам во огледало, минутка се плашам, минутка се смеам, ми требаше време да поверувам дека е вистина, дека конечно дојде моментот. Го будам мм му викам почна, ми вели да одиме во болница, но му реков дека не чусвтвувам дека е време и да оди на работа, па ако стане жустро ќе му ѕвонам за да дојде. И така болките продолжија на секои 10 минути ги трпев вечерта до 18:00 кога се договоривме со мм да одиме во болница иако знаев дека уште не е време, чувствував, но ајде за секој случај. Отидовме, после 19 часа болки јас отворена само 1 прст. Требаше да претпоставам дека нема се да тече толку лесно. Докторката рече дека е подобро да се вратам дома да ги трпам во домашна атмосфера и кога ќе е време да отидам пак. Вечерта кај 00:00 ми падна чепот, многу одвратен, со кафеава боја едвај издржав да не повратам. За неколку минути ми пукна водењакот. Време беше за во болница. :D Случувањата беа како во сон. Јас отворена само 2 прста, ми се стемни кога ми кажаа, ме задржаа во болница на патолошка. Се поздравив нормално со мм како да излегувам некаде на кафе па ќе се видиме за еден час, но не сакав да бидам плачка. Не знаев ни дали се радувам, ни дали се плашам, ни ништо, некои чудни, недефинирани, измешани чувства. На патолошка и во предродилна го преживеав мојот кошмар. На паталошка се смрзнав, едни тенки чаршафи, а мене уште ми тече водењакот, се скаменив, се чувствував ко измачено гревче. И скоро цело време на ЦТГ, а болките подобро ќе ги трпев станата и ако се движев може побрзо ке се отворев. Јас трпев болки во ладен студ, лоша положба, без психофизичка подршка. Само чекав да заврши се. Неколку пати ме проверија јас пак отворена 2 прста, а болките се уште на 10 минути. Ми ставија клизма, колку само одвратно, а пред тоа ми мереа карлица со едно железно и тоа боли, многу ужасни детали. Потоа ме префрлија во предродилна сала и таму се случуваше другиот дел од мојот кошмар. Неколку пати ме проверија отворена 4 прста а веќе 30и неколку саати од болките. Ми велеа да не се дерам дека цтг не покажувало болки а ја мислев дека сум готова во секој момент. И таму цело време на цтг и ужасно ги трпев болките, ми фалеше движење и топлина, друга положба. Или ми ставија две провокации или не појма немам. Болките почнаа без престан едвај издржував, болката ми удираше во мозок и си велев само да не полудам Господе. Дојде еден доктор рече да ме прават царски, а потоа истата докторка ладна и лоша вели има напредок 6 прста ќе почекаме. е тогаш си реков готово е со мене. 35-6 саати болки. Но сепак видов стол си велам само да е за мене и ме однесоа царски. Го прашувам анестезиологот каква анестеазија ќе ми стави ми рече да не сум го прашувала ништо. Со целосна анестезија сепак. Кога ми ја ставија како рајот да го видов. Бебе почна да плаче пишав доволно мислам, ќе допишам и друг пат може.
     
    На Mariangel, fina erika, Kaetana и 19 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    @simona_baby
    Сметам бар од мое искуство дека болката после шиење многу зависи од тоа колку си распукана или сечена.
    Јас бев сосема малку доживеав само некоја бледа болка.
    Пријателката имаше ужасно 30 конци и рече хорор поминала периодов.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто кај нас не ги пуштаат мажите во сала,многу значи во тие моменти да имаш некој свој до тебе и да те бодри,се е полесно така.Вака кога ве читам дека сте сами на бокс во тие болки,мене ми доаѓа тешко.
     
    На Mariangel, Yassie96, Mari-Ja и 3 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Јас им симнувам капа на сите жени што таму се препуштени сами на себе. Коментари од сестри, од доктори, невнимателност, негрижа па одозгора на се како капак и сам на своето да бидеш е ужасно.
    Да не се лажеме отакако за една жена ќе почне пораѓајот па се до стабилизирањето на психата и хормоните болките и маките тие неколку недели е навистина ужасно и претешко.
    Да немаш некој да те фати за рака а одозгора па уште и сестрата "да биде платена" за да те омаловажува како ништо ти не е навистина не е во ред.
    Јас не би можела.
    Порадо би одела на приватно.
    Ама и тоа не е решение.
    Кога се нема човечност се нема, се нема ни професионалност.
    Но за тоа ни е крива државата.
    Се надевам дека еден ден и државната гак ќе биде како и сите нормални останати државни болници низ светот бидејки е далеку од нормална професионалност и едно обично човештво во себе.
     
    На Yassie96, Olgica.bu, Mari-Ja и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Во државните клиники така е. Те оставаат сама на бокс, а и после раѓање, со прво дете особено ти треба грижа, внимателност, некој да ти покаже што-како, а нив не ги интересира.
     
    На eli25, MissDior, Sandrichka 89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    171.031
    Јас првиот напон го имав во предпородилна на обицен кревет легната со уклучена инфузија и уклучено цтг
    и кажав на сестрата дека имам напон и дека ке изпадне бебето ми вика ако затоа сум тука јас видов не видов дигнав нозе и почнав да напнувам
    после тоа срека влезе др коа ме виде списна и одма на бокс отидов
    може дека не викав не офкав па мислеше дека ја лажам
     
    На Olgica.bu, ZAHRA и LadyC им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.030
    Допаѓања:
    134.341
    Јас па уште 100пати да раѓам не сакам маж ми да е таму. Не сакам да мислам на него, туку само на процесот на раѓање.
    После пораѓај беше ужас, тогаш ми требаше некој,.. Откако се разбудив, у соба, беше ужас.
     
    На joy1, mira.mira, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.463
    Допаѓања:
    17.097
    Пол:
    Женски
    Можеби,мене не ми кажуваа колку конци имам а прашав :)
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    36.296
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме погоди кога ми рекоа не се дери цтг не покажува никакви болки, кога на бокс за да ме проверат вагинално се тресев цела изномоштена веќе после повеќе од 30 саати болки и не можев да ги кренам нозете а никој не ми помогна па се потрудив сама со рацете ги фатив и ги поткренав, кога сите ме гледаа како да се дерам како да сум животно би рекла, ама па и за животно би требало да се има милост.
    На крај испадна дека бебето било свртено обратно со лицето и тогаш болките биле поголеми, не се разбирам баш најдобро во тоа и не се сеќавам кога ми кажала докторката не сум била уште свесна од анестеазијата, ми кажа жената што лежеше до мене. Ако постои таква можност бебе да е свртено со лицето обратно треба пред пораѓај на ехо да ја видат жената и да го видат тоа, а тие виделе за време на царскиот и ми кажале дека тешко го извадиле и царски.
    Не можам да ги сфатам, претежно жени работат, зарем тие не родиле, зарем не знаат како е во тие моменти, зарем треба да се однесуваат така.
    Тоа беа најмачните 12 саати во мојот живот. И сега мислам дека беа вечност. Ништо немам заборавено. Ги читав сите болката се заборава веднаш, но јас ништо немам заборавено. Се ми е пред очи. Но, не ми смета што се сеќавам. Господ е голем. А жените во државна претежно изнамачени.
    Во моментот кога ми рекоа имало напредок на тие неиздржливи болки 35 саати отворена 6 прста и дека ќе ме чекаат само посакував да имам телефон со мене и да му се јавам на мм да ме носи во Систина или едноставно само да си заминам од болницата.
    Мојава приказна е во Чаир. Патолошка и предродилно КАТАСТРОФА. А постродилно и персонал и се е како да си во хотел со 5 звезди.
    Се преживеав и за природно и за царски. Па за опоравувањето после царски да не зборам. После 10 дена станав понормален човек, првите неколку дена едвај го држев бебето, едвај го доев, но фала богу и тоа помина,
    Многу изнапишав, а уште многу ми лежи на душа. Но, не се плашете од мојава приказна, ви посакувам на сите што е можно полесен пораѓај.
    Пак ќе кажам, НАЈВАЖНО Е ДА СЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ МАМА И БЕБЕ. Другото поминува, но не се заборава според мене. :D
     
    На Beautymom, Masnickaaa, Kaetana и 17 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e Можно е такво нешто бебето да е со лицето свртено, ретко е но постои. Многу ми е жал што си минала низ такво нешто. А за докторките и сестрите жени имаш право, тие се многу никакви, за разлика од мажите. Ем се минале низ тоа што сега родилките го минат и знаат како е, ама пак гадно се однесуваат.Мажите се попажливи, не викат и не вреѓат, за разлика од колешките нивни.
     
    На gjoker4e и karibian им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    36.296
    Пол:
    Женски
    @forumce баш маж рече да ме носат на царски, а глупачата дојде по него вика сепак ќе почекаме уште има напредок :@ Затоа сакав маж матичен гинеколог, маж да биде при вагинален преглед, маж да ме пораѓа. Ама пустото се жени ми се погодија :lol: Немам слушнато за тоа да е обратно со лицето баш ќе прогуглам малку. И ептен сакав природно ама ништо од бизнисот. Ем трпев 35 саати породилни болки, ем завршив царски што значи плус денови за опоравување ама тоа е. :)
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.180
    @gjoker4e :hug:

    Ти кажаа ли нешто покасно?
    Ти дале ли провокација, колку цм е главчето на малото, не се обидоа ли со притискање на стомакот и со кебе(колку и да ужасно тоа, но сепак помага) да го симнат и поднаместат бебчето????

    Оф, колку ми е жал кога ќе слушнам вакви породили приказни:(. Важно ти е малото сте добри. За второ ќе биде полесно, сигурна сум:hug:.
     
    На Olgica.bu, Seduction, kavadar4anka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    :hug:. И кај мене првиот пораѓај беше иста приказна:@. Урлав од болки, ме чекаат да се доотворам, колку раце кркав:envy: и кога веќе припаѓав им текна на ехо да видат обратно свртено со лицето бебето и хитно царски ми направија
    После оваа тортура ставот ми беше - уште еднаш да раѓам јас!?:o Ни Ка Ко! Ма ни секс никогаш појке:shake:. Ама еве, уште две родив, со договорен царски, од убо поубо :)
     
    На Seduction, kavadar4anka, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    36.296
    Пол:
    Женски
    @danichap ги прашував после дали ми ставиле провокација никој ништо не знаеше. А во предродилна една жена што ја спремаа за договорен царски ми рече дека видела дека ми ставиле две провокации, ми ставија две некои работи во канилата во рака и една инјекција од лево ама не знам дали нешто од нив е провокација. Не пробаа ништо бидејќи не знаеја дека е свртено со лицето обратно, виделе за време на царскиот. Штом постои можност за таква работа обавезно треба да се погледне на ехо пред пораѓај според мене ама ете.
     
    На Kaetana, danichap и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.