Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    @gjoker4e ми требаше време дури те исчитав, многу ми паѓаше жал како читав што си истрпела :( Колку нефер, сите викаме се се заборава на крај ќе се издржи, ама овој третман е како стока да сме! Не е тоа ќе си истрпиме, зошто, зошто е државно ? Срамота. Золва ми се пораѓаше во Штип , таа грда слика неможам да ја заборавам во болницата:( Џокерче , само ќе кажам браво за тебе. Јас не знам дали би го издржала тоа:( Храбра женичке, сега го имаш најголемото богатство :hug:
     
    На Seduction, kavadar4anka, karibian и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e , многу ми е жал низ што си поминала. Но завршило се, гушкајте се сега со малечкото и никогаш повеќе никаква болка Бог нека не ти даде. Само среќа и радост нека ви е исполнет цел живот. Значи човекот навистина е посилен од се. Ете од такви безобразни и безчувствителни вработени пропаѓа државното здравство. И потоа ќе рече некој во приватното се е за пари.. Да, за пари, си плаќаш и знаеш дека ќе добиеш професионален и хуман третман. Дај боже ваква приказна да не проживее никоја повеќе. Господ нека не чува сите.
     
    На gjoker4e, Seduction, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e mila koj te poragjase koj taka ti napravi ?
    So lesno da ti e oporuvanjeto i nikogas da ne dozivees takva ni priblizna bolka
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.313
    Допаѓања:
    285.476
    Што и да кажеме сега веќе е касно, знам.
    И кај мене беше со главчето надоле но немаше згодна положба, барем така ми рекоа, обратно било наместено(претпоставувам идентично како кај тебе). Иако правеа ехо пред да одамна бокс, може виделе но најверојатно во последен момент така се наместило.

    Кај мене ми седеа на стомакот и со подвиткано ќебе околу стомакот ме стегаа за да го спуштат и наместат бебето...после и кон вакуум пофатија.
    Болно, трауматично и мачно, многу....ама сигурно со тоа ми ги скратија маките за некој час.

    А 35 часа :sweat::bow:
    Само бидете добри и гушкај го јуначето:hug:
     
    На kavadar4anka, Bozica1980, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    36.195
    Пол:
    Женски
    Додека бев во предродилна две жени испратив што беа на договорен царски и после тоа заедно лежевме во шок соба и тие ми рекоа дека не би можеле да го издржат тоа што ја сум го издржала и се чуделе како сум издржувала.
    Појма немам кој ме пораѓаше. Прво на смена беше една една плава добра жена, потоа една со црна коса до рамена многу лоша и некако бесчуствителна, а царски појма немам кој ме породил.
    Со многу прашања си дојдов дома. Кој ме породил царски, дали ми ставиле провокација, зошто целосна, а не општа анестезија, зошто не погледнале на ехо да видат со лицето како е наместено...
    И сепак сметам дека на ГАК ќе поминев полошо, во Чаир сепак подобро сум поминала од што би поминала на ГАК.
     
    Последна измена: 12 мај 2017
    На orhideea, eli25, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    3.862
    @gjoker4e целосна и општа е една иста анестезија, најверојатно немале време ( или не сакале да се замараат) да те боцкаат за спинална и ова им било полесно ја пуштиле само во инфузијата.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме користете кирилица.
    Gjokerce isto i jas. I moeto bese taka so liceto svrteno znam kakvi se tie bolki, znaci isto ko jas da sum ja pisuvala tvojata prikazna. I jas vo Cair ama ne bea do tolku losi so mene neznam ili moze bile ama pa so takvi bolki nisto ne primetuvas neznam. Kako i da e i jas zavrsiv na iten carki, jas se otvoriv deset prsta ja izdrzav bolkata, na boks trojca doktori mi ripaa na stomak i gi molev carski ama ne, e posle koga pocna da gubi tonovi ctgto site se ispanicija pa za sekunda na carski. Pa problemi so anastezija alergicna sum bila na anastezija :@ ama za sreke se dobro zavrsi fala mu na boga.
    Inace neznam dali se gleda na eho toa, moze na 3d a na nivnoto od dedo noe ne veruvam. Mene den pred da se porodam me gledaa na eho tamu zos veke lezev vo predrodilna veke tri dena ni provokacija mi deluvase ni nisto samo od sebe si dojde. I isto na carskiot vidoa deka e svrteno so lice
     
    На gjoker4e, Natasa. P, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.990
    Пол:
    Женски
    Мене најмизерно ми беше кога ја замолив сестрата да ја фатам за рака колку да почуствувам дека некој има до мене иако никој близок немаше таму а таа ми рече да не ја допирам. :puke:
     
    На fina erika и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Ми се повраќа од нивната ладнокрвност и нечовечност...како они да не се жени кои не раѓале или нема да раѓаат..можат барем трошка чувства да покажат во тие моменти ...ама за жал не можат :(
    Исто и јас побарав помош не можев повеќе да давам напон при крај на пораѓајот и она ми вика ајде ова е последно се зависи од тебе ако не ништо...ко божем нема да ми го извадат бебето ќе ми го остават во стомак...хаос:worried:
     
    На LanaDelR, karibian и gjoker4e им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.083
    Пол:
    Женски
    Мене докторката ме држеше цело време за рака и ме бодреше ептен многу :) .Не бев оставена сама ни на бокс ниту после тоа.Она ме породи,она ме шиеше,ми дадоа одма телефон да се јавам на мајка ми.

    Другарка ми во Америка исто природно се порагаше 33 часа .
     
    На gjoker4e, mariz и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  11. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Каде се пораѓаше и која др?
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.083
    Пол:
    Женски
    Гостивар др.Теута
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    36.195
    Пол:
    Женски
    @butterflysk сум сакала да пишам локална, сум се збунила во брзање.
     
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e викаш полошо ќе си поминела на Гак. Мпрам да те демантирам ;) Пред 33дена се породив на Гак. Со договорен царски мада се мислевме дали понеделник или вторник, па као ај у понеделник онака отидовме да прецизираме и контрола и оппп ја отворена 3 или 4 прста ( не памтам) а не осеќав никаква болка нит па водењак пукнат нит ништо. И одма на царски со целосна анестезија ( поради историјата мораше). Нај ама нај најискрено си поминав на Гак ептен супер.
    Затоа неможе да се каже дека ќе си поминела полошо на Гак зашто не си искусила. Да не ги плашиме сепак оние кој ќе се пираѓаат на Гак или ете Чаир. Сите другарки најмалце 20 ми се породени веќе со по 2-3 деца која на Гак која у Чаир. И најискрено секоја е со различно искуство. Некоја со првото ма Гак поминала лошо, а со второ задоволна ептен. Некоја па од Чаир со прво најубаво искуство па со втпро хаос.
    Имам и другарки и на приватно што се пораѓале па се со поделени исто искуства. Јас 10г окапав у Систина као инвентар и....нејќу дур сум жива да им стапнам ни у близина на железнана капија. А ете некој од Систина е презадоволен. Истото важи и за доктори.
    Затоа ќе потенцирам дека све е среќа и како ќе се наместат коцките. Секој од негде е задоволен, а некој не. Не секој ќе помине убаво или неубаво како останатиот.
    Најбитно е како што кажа : Да заврши све убаво на крај и да се роди бебе живо и здраво, а мама колку и лошо да помине да ја чува дедо Боже и да и даде сила и побргу да се опорави па да ужива во мајчинството.
    Која кај ќе одлучите да си раѓате. Мој совет нит слушајте нит читајте зашто секој со своја среќа. Со лесно на секоја трудница и навистина све се заборава после некое време. И болката не ја осеќаш нит и придаваш значење кпга че заплаче бебе и кога ќе треба да се ставите во најубавата улога на МАЈКА. Па дури и спиењето само по 4ч пд 24ч со тек на неделите ќе навикнете. Еве жива ненаспана сум ама ми е најубаво бре хахахаха, еве го ми спие на гради дур пишувам па у сон се смее :* Све вреди за овој осмех бесценет.
     
    На gjoker4e, flower30, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Секој поминува различно, зависи на каков персонал ќе налета.
    Јас бев за друго нешто на ГАК и можам да кажам дека има души жени што ќе ве изнамубаетат како свои деца ќе ве третираат, а има и некои што мислат дека болницата на татко им и се понашаат како КОБИЛИ.
     
    На gjoker4e, fina erika, Kay Scarpetta и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Целосно се сложувам со вас @sofi2107 и @ocicka2014 ...се е индивидуално..ете и јас се породив на ГАК,но освен од две сестри што бев незадоволна и ладнокрвно се однесуваа како ѓубре да не речам ...другите беа супер со мене,ми помагаа првиот ден да станам после пораѓајот,едната од сестрите со мене беше дури на туширање,ми помогна со облскање чиста спаваќа...навистина некој ќе каже ситници,но сите тие ситни нешта повеќе се паметат :) Откако ми го донесоа синко во соба,имав проблем немав млеко,па дохрана фалеше малово да не плаче..секогаш беа тука на секој плач да видат што се случува и да му дадат да папа..мене ме проверуваа дали ќе надојде млеко и ме советуваа како да правам за да дојде побргу...и ете ме сега со млеко на извоз хаха..бебе цица ли цица :D
    Ама да се навратам за она што е тема...сепак е се индивидуално и секој после својот пораѓај носи своја породилна приказна со позитивни или негативни гледишта ...јас во глобала имав многу тежок пораѓај..психички ми требаше да се опоравам една недела..ама затоа сега дотогашна траума околу пораѓајот ми избледе со неделиве откако ангелчево мое како што вика Софи..ми спие на гради,се смешка,плаче,сака да јаде,сака љубов...па со еден збор за ова живеевме нели?! :inlove:
     
    На Seduction, ZAHRA, Mari* и 7 други им се допаѓа ова.
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e сакав да ти посакам се најубаво на тебе и на бебушко да се гушкате и милувате и многу внимателно ја прочотав твојава приказна која што е катастрофална, ете ти кажа уште еден пример за болницата каква и и каков е персоналот во неа.Јас во таа болница сум задоволна само од еден доктор и ти го знаеш кој е тој ептен човечен кој ми пружи голема подрчка во тое болни моменти можеби ми ги пружуил и заради ситуацијата незнам, како божем еве те сочуствуваме и една сестра албанка крајно професионална се друго е КАТАСТРОФА еве од тебе уште еден пример за болницата и персоналаот зато што јас кога пишав пред некој ден една статија неколку форумки тука ме направија лажга.Добро така нека биде,многу ми е жал за тоа што си го доживеала таму, и верувам дека брзо ќе ти избледи, а можеби и нема така брзо да го заборавиш тоа, битно е дека ти сега си добра и бебушко е добро другото е мање битно.ТЕ поздравувам и ти посакувам се најубаво :*:hug:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e БРАВО жено, што сѐ си издржала! Многу ми е жал за целото малтретирање, ниту една жена не треба на тој начин да донесе живот на овој свет :(
    Ќе избледи болката ама лошиот спомен ќе остане, за жал, колку да ти прави трауми кога би се одлучиле за наредно бебче.
    Да ви е жив и здрав бебушот и со секој минат ден и прегратка да ти ги брише негативните емоции кои ти ги всадило ова искуство. Биди полна љубов и среќа, сѐ ќе помине :hug::l::sun:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.253
    Пол:
    Женски
    Јас во Чаир поминав убаво и сега за 5м пак таму ке раѓам :) Две добри другарки пред неполна недела се породија таму, природно и се презадоволни од се, без врски. Значи не е СЕ катастрофа ;) Секаде за жал постојат вакви случаеви, бидејки секој пораѓај не оди како по книга.
     
    На Lolipop23, gjoker4e, sofi2107 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.550
    Пол:
    Женски
    Јас после 2 месеци решив да ја пишам мојава приказна од причина што несака да се потсетувам на детали, бидејки се беше за мене трауматично. Мојава приказна почна на 17 ти Март кога веќе со надминат термин и значително намалена плодова вода,да не речам скоро без вода, ми кажаа дека треба да ме задржат. Ме примија во Чаир сабјлето накај 8 и одма ми приклучија провокација. Болките почнаа попладнето ама бебето високо горе,неспуштено и отворена само 2 прста. Веројатно од провокацијата болките почна да се интензивираат, да стануваат неподносливи а цтг вика нема големи болки. Им викам на сестрите а и на докторите што ме прегледуваа да сменат апарат зашто очигледно не дава веродостојни резултати, јас умирам од болки а таму болките слаби. Да сум коркач - не сум, трпам болки, ама ова беше лудило,пак ке кажам мислам беше од провокацијата. Помина цел ден јас гладна,не ми даваа да јадам мислеа ке се породам дента, неспиена цела вечер едвај чекав да ме породат. Помина скоро цел нареден ден кога после последниот вагинлен преглед констатираа дека сум отворена 5 прста и ме однесоа да ме спремат за пораѓај. Бебето сеуште неспуштено и докторите ме оставија на бокс да давам сама напони и да го спуштам. Се осеќав дека сум на мачење. Гладна и неспиена 2 дена,без сила едвај го спуштив и кога требаше да ме породат ја изгубив силата. Јас во бунило,на бебето тоновите му паѓаа,хаос. Касно беше за црски,бебето на пола пат. После 3 саати на бокс со последни сили мислам се породив природно иако бев за царски, со заматена вода и презреана плацента. Ама јас и бебуш сме добри тоа е најважно, траумите ке поминат. Од услугата во Чаир сум задоволна, кај мене проблемот беше ради бебето кое беше високо поставено и големко. Да беше доле веројатно ке одеше порѓајот полесно. Среќно до идните мамички
     
    На Seduction, Lolipop23, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.