Eхата им се од дедо ное и не се 4 а камоли 3д паталошкото оделение катасртофа добо сега не очекував хотел со 5 ѕвезди но можеле да го средат малку, во новиот дел кој го фалат не успеав да го видам,од причина погоди која,цтг катастрофа не дава никакви знаци ни дали имаш ни дали немаш болки,тонови паќаат а овие неписмени како вчера да завршиле специјализација,едни папучи гомно, лајнарки барем да кажеа какви се па ќе си донесев од дома и не викам дека нема задоволни од таму јас не сум.
Јас сум при крај на бременост со прво бебе, ќе се пораѓам во Чаир и многу ми е страв бидејќи не знам што да очекувам. Морам да се согласам за ЦТГ апаратите, на 3 сум била приклучена но некогаш морам да го држам сензорот на место за да биде веродостоен наодот. Од хорор приказни од ГАК одлучив да биде Чаир, но после сѐ не знам што да мислам. Како што кажа @mariz погоре, не иде секој пораѓај школски, но се надевам дека не би оставиле да дојде до најлошото па да реагираат во последен момент односно при губење на тоновите...
Секоја жена е различна приказна... е сега ние што сакаме отиди и за два саати роди е друга приказна, убаво би било така да, но ете некој се отвара побрзо, некој поспоро. А болките сите ги трпиме, јас 3ч бев со болки на 5мин, а 6ч со болки на 1мин/30секунди. Многу пати читам ме мачеа, значи докторите си ја знаат работата и тоа не е "мачење", тоа се обиди за пораѓајот да помине природно, бидејки телото, органите, мускулите, матката се многу побрзо заздравува после природен пораѓај, затоа се и тие обиди да успеат природно. Не се плашете, каде и да раѓате битно е да соработувате, да не урлате, да не викате по секој, не ја трошете силата на тоа, боли за болење.. ама раѓање е тоа не е мала работа. Јас пак во Чаир ке раѓам, пак доколку е се во ред природно, пак без епидурална да барам и сл...
@mariz Многу смирувачки ми делуваш на мене, ти благодарам Кој доктор те породи? И јас ќе се пораѓам во Чаир, ама после сите муабети тука прочитани, страв ме фака
Немој да се плашиш , и јас ќе се пораѓам во Чаир , прва бременост ми е . Ќе се пораѓам кај д-р Зоран Ивановски. Инаку муабетот ми беше да не читаш многу негативни искуства , во секоја болница ги има тие . Тоа е ствар на телото , некој полесно мине на пораѓај и се пораѓа буквално за 1 саат , а некој се мачи 3 дена . Сум разговарала со жени што имаат 2-3 пати родено па викаат и двата пораѓаја ми беа различни , со едното одма а со другото се измачив . Затоа не се оптеретувај со тоа. Мисли позитивно.
Искрено поима немам Отидов така кој се падне тој, на самиот пораѓај начекав меѓусмена и менување, па еден куп доктори имав на пораѓајот Така и нареден пат ке одам, кој се падне тој...
Се согласувам со тоа дека секоја жена со својата породилна приказна. И во Систина па некој може да помине лошо, на ГАК може супер да помине и така. Од сите болници јас се одлучив за Чаир затоа што таму се чувствував сигурно и сметав дека треба да се пораѓам некаде каде би се чувствувала заштитено. Ете може и на ГАК ќе сум поминела добро, но едноставно со јаже да ме тепаа и да ме носеа таму да се пораѓам немаше да сакам, едноставно немам доверба во таа болница. Во Чаир се жалев и кога одев на контроли, многу чекање, па преку ред тие со врски, а јас со термин чекам по 2-3 саати плус, но пак бев решена таму да се пораѓам. Пак ќе повторам најважна ми беше довербата во болницата и да се чувствувам сигурно! Каков и да биде пораѓајот ќе помине како во сон. Битно е да сме живи и здрави! Глобално земено и од државни и од приватни болници моја препорака е и секогаш ќе биде Чаир и покрај се што доживеав. Најголема болка ми предизвика недостатокот од психичка подршка. Доколку тоа би се променело, доколку целиот персонал без исклучок и секаде би им пружал подршка на жените, се би било полесно, знам дека може им е здосадено и секоја жена им е како една иста, но со секоја треба да се однесуваат како со ЧОВЕК! Тоа ми беше најболно, што за прв пат во животот се почувствував како да не сум човек од крв и месо, како нешто полошо од намизерен предмет, немам зборови да опишам. А додека ги трпев дома болките со мм се беше прекрасно, тој ме бодреше, ме гушкаше, ме масираше и се беше лесно. А за постпородилно веќе кажав, немам зборови, таму е се како во хотел со 5 звезди, бев дури и изненадена.
Сосема си во право, но да ти кажам нешто и од другата страна. Персоналот е ПРЕМАЛКУ. Испод секое ниво. Нема ни грам стимулација. Стави ги тука плус оние што ништо не работат, а се "нечии". Па и нивната работа паѓа на грб на оние кои работат. Второ, јас на потежок начин научив, МОРАШ да се дистанцираш од пациентите за да бидеш продуктивен и да преживееш. Јас првите месеци ги поминував плачејќи за секого (многу од нашите пациенти се болни од рак), па така плачејќи во вц не бев од корист на никого. Морав да научам да се дистанцирам. Некои судбини не може да не те погодат, ама ако прелично ги доживуваш и пациентот го гледаш како роднина, ти ќе се разболеш. Апсолутно е ужас здравство, нема коментар. Ама верувај дека најмалку се криви оние кои ги гледаш. Некои денови правиме натчовечки напори за сите да добијат ОСНОВНА помош, за психички аспект нема размислување. Знам дека е тоа погрешно, ама кпј ме прашува мене?
Едно е да се дистанцираш и да не ги доживуваш лично туѓите судбини, а сосема друго е да покажеш човечност и да подадеш рака некому или пак само еден утешен збор кој не чини ништо. Не е за оправдување медицинскиов персонал. Не е изговор ниту недостиг на персонал. Едноставно е, не секој е за оваа професија. Треба да си човек пред се. Јас имав среќа кога се пораѓав откако заврши се додека ме средуваа цело време за рака држев еден дечко, не знам што беше, дали болничар, доктор или сестра, го прашав дали може да го фатам за рака, веднаш ми подаде рака и сигурно половина час ме држеше и галеше по раката. Не знаете какво чувство е во тие моменти да знаеш дека не си сам. Ниту го познавав човекот, ниту ништо, не верувам дека ако сега го видам ќе го познаам. Како и да е, му благодарам. Убаво би било кога поголемиот процент од медицинскиот персонал би биле како него, а не обратно, за жал.
ама не дека е невозможно тоа, јас се породив за 3 часа се на се ( од прием во болница и сите процедури). Имам пишано и пак ке пишам кога ке видат дека бавно оди процесот на отварање зашто не потпомогнат со провокација. А, ако не бива и така, боже мој царски не е ништо страшно и не ја прави некоја помалку мајка. Некој имаше пишано ако трпиме за ова живеевме, точно живееме за нив, ама тоа не значи дека треба да се умира на боксот и порагајот од нешто најубаво да се претвора во траума.
Ако во моментот и' бил потребен на некоја друга за нешто поважно од кураж, немало да те држи. Јас кога имам време за се' можам да зборувам со пациентите. И бидејќи повеќето се постари, сакаат да муабетат Кога е страшна гужва, и кога ми се пие вода веќе два саати, а три ми се моча, појадокот е веќе луксуз (пауза не знам што е, сеуште, ама викаат сум имала право на неа...) навистина кажувам основни информации кои мораат да се кажат, и тоа е тоа. Не викам дека така треба, ама да - во мизерија работиме. Секако дека нема персонал, па од кај мене преку 30-40 сестри заминаа во Германија. А фалат веќе преку 100-120. Кога не ги знаеш задкулисните работи, полесно е да осудуваш. Не е дека нема "трули", ама не толку колку што се претставува. На пример од мене пациент се жалеше оти не сум сакала да му дадам приватен број од доктор И секако, бев пациент и пред да работам тука. Од се што сум била незадоволна, најмал проблем ми бил персоналот. Инаку кај нас, една сестра дежура на 32 пациенти. Епа... чија рака попрво да ја фати? (Пациенти 80% оперирани од рак).
Знаеш како, оправдувања секогаш има. Не можеш да ме убедиш дека недостатокот на персонал е оправдувањето. Не е. Ете порано немало олкав недостаток, па пак третманот бил ист? Такви се луѓето, тоа е. Ете викаш една сестра 32 пациенти, не може секој за рака да држи. Точно, не може. Ама може кога оди во редовна визита или на поминување низ собите да им каже убав збор, насмевка барем. Не чини ни време ниту пари, а на болните им значи се. Забегавме од темава, се извинувам за офтопик.
Па тоа викам некој поспоро, некој побрзо, имам пријателки отишле во болница и за 2 саати готово се. Колку време чекаат во приватна да се отвори жената? после колку време ја зимаат царски доколку таа не се отвори? Разликата таа е, државно малку повеќе се чека... и на двете места може да се заврши царски покрај напори за природно, само ете приватно поубаво што тинтраат и почовечки се однесуваат... а зашто е тоа така? Прво самата разлика меѓу докторите не е дека едниот е подобар од другиот, парите... се се тие криви За жал целата наша држава така функционира, секаде. И стварно отидовме ептен оф топик. а веќе кога има толку незадоволни, жалби еден куп, зашто веќе еднаш не се превземе нешто?? Две жени пред раѓање во лична порака ми пишаа дека веќе имаат уплав од приказниве тука. Секоја приказна е се полоша... Стварно ли толку е се влошено? Дај ете чим има куп незадоволни жени да се обратиме некаде, незнам како оди таа работа... незнам дали јас така мислам, но секоја приказна од лоша полоша е веќе.. одамна не сум прочитала приказна од жена која нема трауми од цел пораѓај. Ако се ќути, ке се трпи само.
Ок, ќе се натегаме до 101 и нема да се разбереме. Да, треба, ама треба да сфатите и вие дека сестрите се исто така - луѓе. Јас немам толку трагично искуство иако сум лежела повеќе пати. Деца планирам на приватно да раѓам, не затоа што нема да сакаат да ме гледаат, туку зошто не можат да постигнат да ме гледаат повеќе од најосновно и најнеопходно. Порано и јас размислував како тебе, интересен е животот кога ќе те смести во нечии чевли, кои вака делуваат удобно. Сметам дека нема потреба повеќе да одиме офф, многу голема и опширна тема е нашиов муабет. Другарка ми од влегување во болница до имање бебе имаше некаде 2 ипол - 3 саати. Она беше анемична секако, па ја задржаа подолго заради тоа. Бебето сакаа да го пуштат порано, ама доеше убаво па и го оставија тие неколку плус дена со неа. Инаку ова на ГАК.
Нема да бидам офф топик Лекарската комора е таа што дава лиценци за работа во случајов за докторите и таа има права и само таа да им ги одземе и да ги суспендира од работа директорот на самата клиника нема право да суспендира доктор од работа или сестра зборам ако се докаже спротивното.МОЖЕ ЛИ ДА ПРАШАМЕ НЕКОЈ ДОКТОР ИЛИ СЕСТРА ДАЛИ ЗА НИВНИТЕ ЖЕНИ , МАЈКИ СЕСТРИ БРАТУЧЕТКИ ЌЕ ГО ИМААТ ИСТИОТ начин на однос како со обичен пациент.ТОЛКУ САМО САКАВ ДА КАЖАМ ИЗБЕГАВМЕ ОД ТЕМАВА извинете ме за тоа што сум досадна
Јас се пораѓав скоро 18 часа Покрај мене имав пријателка (која ме масираше,ми спремаше топли бањи) две бабици и доктор кои беа и повеќе од љубезни и цели 18часа една од бабиците беше во салата за пораѓање Добив и епидурална Но ништо и никој не го направи пораѓајот полесен Ништо и никој не можеше да ги намали болките Има жени кои се пораѓаат и за два часа а има жени кои се пораѓаат и три дена Без разлика во која држава да се наоѓаме,во незнам каква болница да престојуваме,персоналот нека е од злато,ништо од тоа не ги олеснува породилните болки
Јас во глобала имав лесен пораѓај. Хорорните болки ми почнаа дури кога бев 5 прсти отворена. Понатаму и слабо се отворав искрено. Имав јаки болки цели 3 дена и исто толку се отворав 5 прсти. Не беше страшно ништо сепак. Од персоналот овде сум задоволна премногу! Па и мал збор е треба поголем околу пораѓај зборувам. Но грижата после пораѓај НИКАКВА! Сега кога ќе подразмислам си велам па и не беше многу страшно . Цели 5 дена со јаки и потоа прејаки болки. Ама ете поминува некој да ме праша да замислам какви се сега не можам заборавив Искрено.
Исто мислев декa многу страшно сум поминала тогаш првите денови, но чим се одлучив второ за брзо без проблем значи сепак не било така страшно. Се осеќам како да ке одам прв пат да раѓам и покрај искуство со болки и раѓање не се плашам ич