Здраво мамички, мене ме немаше долго време еве ме пак бремена со второ ја терам 37ма недела и ви ги читав постовите наназад и вашите породилни приказни и веќе почна да ме фака страв Првиот пат се породив царски во Чаир и гледам наназад дека имало некоја дебата за порагај храброст итн. И на таа тема би салала сакам да кажам дека мене царскиот ми беше хорор и многу тешко се опоравив и можеби не сум осетила природен пораѓај нп гледајќи ги моите другарки сите се опоравија многу брзо а јас бев да не речам жив мртовец.... Незнам од каде мислењето дека царскиот е лесен верувајте дека не е ниту лесен ниту пак безбеден,во смисла на компликации не за џабе потпишуваш таму искрено не знам ни што потпишував во тој момент...нејсе,за царскиот можам да кажам дека е голема жртва од страна на мајката(без разлика дали дошло дотоа или мајката во старт сакала царски-и да не бидам сватена погрешно од страна на тие што родиле природно) бебче излага за кратко време и не се мачи воопшто, мојата принцеза ја извадија и беше со преубава чиста розе боја на кожа имаше висока оцена 10.примав провокации но не се отворав и среќа што беше така бидејќи ќе беше лошо ако почнев да се отворам бидејќи бебето беше замотано со папочната врвца околу врат(моја претпоставка е дека затоа она не се спушташе надоле и не се отварав а од таа провокација и испукаа капилари на 3 места и ден денес и се познаваат) Повторно ќе се порагам во Чаир овој пат со голема надеж и желба за природен пораѓај и ми кажаа дека шансите ми се големи доколку имам убави болки и се отварам убаво....Божја работа е тоа а провокација не ставале бидејќи сум со прво царски и ми кажа доктор ристевски дека компликаациите за втор цараски се дупло поголеми него за прв...така се молам на Бога да се породам природно секако дека ми е страв ама би сакала тоа да го поминам повеќе него втор царски...поздрав мамички со лесно и држете ми среќа
^ Ќе ти цитирам доктор од Систина што вели околу прв царски втор природен -Треба матката да има многу мирни контракции за да не испука каде што е сечено претходно. Зарем е можно да се мирни контракциите на матката размислете сами. Ти стискам палци ,тоа што го правиш е многу храбро, само страв ми еда не те чекаат за џабе да се отвориш па да тргне наопаку. Да не ти набивам страв, имаш уште некоја недела, размисли си добро и со лесно. Да сум во склоп на темата, јас се породив пред 9 месеци, со царски (поради висок крвен притисок уште од сам старт на бременост) пројдов одлично, лесно станав, лесно си дојдов на себе. последици да бидам искрена немам никакви. Ни од спиналната ни од резот. апсолутно ништо.
Кога те читам тебе ми се јавува желба за раѓање на второ,само рано е ќе почека малку.и јас бев иста како ти сега пред пораѓај,ме потсетуваш на моментите како ја поминував и што размислував
Баш во Чаир пред две години со мене во соба имаше жена која првиот пораѓај и бил царски, девојчето и беше веќе 4год. Она се породи со второ природно... задоволна беше ептен, лесно поминала За два дена и ја испуштија... Како и да биде, лесно да поминеш, ти држиме среќа да успееш како што сакаш.
Прв преглед кај мојата матична миленкова кај коруновски прво што ја прашав е за природно дали имам шанси таа ми рече имаш истото ми го кажа и ристевски и уште една докторка од Гак со која случајно остварив контакт е сеа кај мене се разлика 2ипол години точно....пак ке се видам со георгиев да видам па он што ќе ми каже ма да боже мој ако морам пак царски ке се издржи и тоа ))ама нема шанси да прифатам спинална..тоа знам..ристевски ми кажа сама ако изберам царски они не се мешаат а по процедура гледаат природно ама ми потенцираше дека ако ме фатат болки и ако се отварам убаво мислам дека нема да ме чекаат многу во однос на тоа пошто сум царски....јас така го разбрав...ќе видиме со Господ напред не се знае организмот како ке диктира ама и имам некое претчуство дека ке биде се во ред а храброст јок само страв
@janickaskopje јас сакав да се породам природно со второво, а со првото бев царски. Реално, немав проблеми од првата операција, а сакав природно, бидејќи имам уплав од анестезија, било каква. Разликата од првото до второто породување е точно пет и пол години. Сите ми рекоа дека можам природно да се породам, ама само ако се отворам доволно и ако немам многу јаки контракции. Кога почна процедурата ми ставија и провокација за побрзо отворање, ама џабе, не успеав да се отворам повеќе од два прста, повторно ме оперираа, повторно со целосна анестезија бидејќи не можеа да убаво да ме боцнат за спинална. Ти посакувам да не бидеш како мене, да се отвориш лесно и без многу мака да се породиш. Со лесно!
@janickaskopje ЗДРАВО МИЛА јас сум породена царски во чаир нејсе приказнава е долга нема да должам и брзо се опоравив матичен ми е васо кога го прашав за второ ми рече пошто си првиот пат царски нема да ризикуваш и вториот ќе одиш така, ми рече здравје боже ако останеш трудна,со тоа што многу му верувам на Васо Коруновски,и тоа зависи све до организмот и немој да се плашиш а тоа што го потпишуваш пред царскиот рез е документ дека се согласуваш со орерацијата , опивка и посоперативно кога сега повторно би останала бремена ќе одам царски не дека сум свилена туку дека несакам да ризикувам за мене и бебето.Поздрав и со лесно нека е. Посоветувај се уште еднаш со Димитар Георгиев он е голем стручњак
Потполно се согласувам, со првото исто поради притисок последните мес. царски, никакви последици немам се е супер. Сега со второто исто ми кажаа дека природно тешко, а не ни сакам, зошто после царски сечење на стомак да ме сечат и доле, нема логика... пак царица убавини бар за мене
Majka mi so Mene e porodena carski deka jas karlicno sum bila a so sestra mi e prirodno za 25 min.E Sega mozebi igra uloga deka razlikata e 7 god ama ona mnogu lesno pominala.Ke si vidis kako SE odvivaat rabotite ama najprvo probaj si prirodno
Јас 16 недела сум и стварно не знам од што попрво да се плашам: природно (болки 8787854654544 саати), сецнување, итен царски (мислам дека од тоа најмногу), анестезија, однос од персонал за време на пораѓај и после тоа, зараснување на рана (од царски или од сечење) или од ВАКУМ Иначе ќе се пораѓам во Битола во државната болница
Ви благодарам на постовите Мене ми е Васо матичен ама цела бременост си закажував кај Миленкова зошто сум многу задоволна од докторката.....сепак ке се расшрашам пак убаво а незнам зошто докториве (3ца доктори) и покрај тоа што им кажав дека разликата е 2ипол год ми кажаа дека можам природно се разбира ако почне процесот и ако се отватам убаво....неделава се надевам ке дојдам до Георгиев ако не е на одмор зошто спомнал нешто такво...зарем ќе ми кажат можеш ако не е безбедно....или ако има поголеми компликации....од природен после царски... Тоа е тоа Божја работа не се знае ако сум и ја како со првото во однос на отварањето пак ќе завршам царски здравје најубаво како колешката моја пука водењак оди во болница после 1час болки нема отворена 9 прсти се породува за 5 мин )
И јас бев со царски а би сакала во иднина природно со второто. Има жени кои успеаа без проблем така да се породат. Но најважно е што ќе рече гинекологот. Сепак секоја од нас е приказна за себе, различно заздравена рана, процес на породување.. па затоа најубаво е да пресуди гинекологот дали може да се оди на природно или е тоа ризик. Како и да е, со лесно нека е!
Тоа е тоа нема да го ризикувам бебето во никој случај фала ви на сите што се вклучивте во разговор и што споделивте мислења со мене
Сакам да искоментирам нешто во темава за сите кои ја следат и читаат. Приказните кои ќе ги прочитате тука претежно се лоши и предизвикуваат дополнителен страв и стрес кај вас. Зошто е тоа така? Затоа што сите што сме поминале лошо чувствуваме потреба да го споделиме тоа и како членови на форумов тоа го правиме тука. Во тек на бременоста многу жени кои ги сретнав намерно и случајно ми кажаа како поминале многу лесно дури и без да бидат сецнати доле и ми го посакаа истото. Искрено не сретнав ниту една која ми кажа дека лошо поминала. Само сакам да кажам што и да прочитате да го прочитате онака од радозналост, но не и да влијае на вас. Голем е бројот на жени кои поминале лесно. А и да поминете потешко ќе помине и тоа, што не поминало во животот. Во секој пост повторувам најбитно е да сте живи и здрави вие и бебето. Тоа го сметам за успешен пораѓај. А нашето здравство е веќе друга приказна. И не верувам дека ќе се смени некогаш.
Еве ја накратко мојата приказна. Околу 4 наутро почнаа болки, ама ме прелажаа за.момент пошто ми се одеше во веце. Кога се вратив во кревет гледам дека тоа се тие болки. Станав се спремив набрзина, го разбудив маж ми, ја пикнавме керќа ми успана во кола и правец ГАК. На прв преглед негде 5 прсти отворена. Се изгушкавме со мм и ќерка ми и правец горе. Доле бев 6:30 а во 7 веќе горе во предродилна. За болките џабе ќе зборам многу од вас веќе знаете. Во 9:20 се роди мајкин син најубав. Пред 2,5 год се породив со ќерка ми исто.на ГАК. За разлика од многу од вас јас не можам да се пожалам ниту од персоналот на породување ниту.од оние потоа во соба. Нема.мазење и трчање по вас ама за принцеза третман се плаќа приватно. Со мене на породување беа едно 6 души отприлика и сите ми.беа од корист и подршка. И да напомнам нешто многу битно- нит.знам некој на ГАК нит познавам, отидов па кој е на смена тој. Исто беше и.со.првото. тоа е моето 2 искуство од ГАК за 2,5 години. Нека ве води позитивна мисла. Со лесно на сите што сте при крај..
Мамички ми дојде време и јас да ја раскажам мојата породилна приказна. Се породив во Чаир каде што си одев на ЦТГ и ме следеше Др. Младен Ристески. Термин ми беше на 25.05.2017, јас бев 2 цм отворена, но никакви болки. На 26 на ехо др. виде нешто што не му се допадна намалена плодова вода и во еден агол... ми рече дојди за 3 саати, бев пак и ми вика ризик е мораш да останеш тука. Останав, петок во 21 ме примија, сабота недела.... немав болки. Се чувме вика како и да е понеделник мора да те пораѓаме нема што да чекаме ќе одиме со провокации. Викам ОК тоа е тоа Ама умното на мајка си знаело приквечер почнаа едни убави нежни болки кои се зачестија само во текпт на ноќта. Сабајлето на 29.05.2017 доаѓа др. на работа јас 4.5 цм и вика ајде клизма и спремај се ќе се гушкаш со бебе. Цела воЗбудена одам накај родилна клизма ова она.. ми ставија провокации. Болеше повеќе, но издржливо спиев меѓу болки собирав сила. Се отворив до 8 и на бокс. Со еден онака напон до 9 о со вториот пробен до 10. Бебе горе ми објаснува др. како се напнува јас пробувам бебе доле И многу се израдував затоа што не беше многу болно ( очекував повеќе) наредниот саат или саат и пол пробувавме да излеле мажето мало мое, но не можеше др. пикна раце и вика има нешто тврдо го глави, а тука го допорам .... пробивавме пак но нејќеше. Викна други 2ца доктори зашто реков со вакум не зошто не беше проблемот во мојата сила. Решија за царски душата ми се распадна, но мажето мамино долго беше во карлица. По успешната операција ми кажа др. Мојата седална коска имала како кука и милиот мој се заглавил на неа. Сеедно јас се опоравив пребрзо малото ми е супер. Премногу сум задоволна од Чаир и од докторот го препорачувам. Беше одлична поддршка и мр бодреше супер. Инаку @janickaskopje ја те поддржувам за второ природно. Пошто осетив се и јас веќе мислам на 2ро и денес ќе го прашам др. колку мин мора да се чека и така ќе направам. Не беше страшно, а со ранава мака ќе измачам реално. Поздрав мајки сегашни и идни и со лесно на сите.
Да ти е здрав и жив бебушот. Не те разбрав добро значи се отвори 10 прсти но мораше царски? А царскиот како ти беше спинална или целосна?
Битно сега се е во ред, си ги искусила и двете породувања. Ти посакувам побрзо опоравување и многу среќни моменти со бебуш