Породилни приказни

Discussion in 'Бременост' started by fairy88, Aug 20, 2012.

  1. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    318
    Likes Received:
    276
    Gender:
    Female
    @Butterfly87 фала за приказната :) честото да е живо и здраво мажето :)две години да не мислам на деца ми рече геоегиев кога ме испрати од болница ама еве две ипол толку издржав :) здравје чекам болки и отварање до термин ако нејке царски...провокација не смеам:) најголема компликација од природниов е да се отвори резот и пак операција :)здравје со господ напред :)
     
    Melinda85, Kaetana and Butterfly87 like this.
  2. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Joined:
    Feb 19, 2010
    Messages:
    445
    Likes Received:
    635
    Gender:
    Female
    Здравје среќа ти посакувам иии да пишеш ме интересира. И да сега ми потврди др. 2 години од пораѓање. ОК си е и така толку сакам
     
    janickaskopje likes this.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2016
    Messages:
    7,382
    Likes Received:
    37,529
    Gender:
    Female
    @Butterfly87 кога почнав да ја читам твојава приказна си велам супер колку лесно и убаво, но крајот...штета што морало царски. Како и да е побрзо опоравување.
     
    Butterfly87 likes this.
  4. fina erika

    fina erika Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2017
    Messages:
    1,308
    Likes Received:
    11,522
    Gender:
    Female
    Незнам дали ти имам честитано за бебе да ти е живо и здраво , многу го фалиш доктор а тој изгуби во моите очи затоа вака сакав да ти честитам и со маже се најубаво да ви се оствари во животов:inlove::hug::hug::hug::l:
     
    Butterfly87 and janickaskopje like this.
  5. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Joined:
    Oct 5, 2016
    Messages:
    2,552
    Likes Received:
    66,867
    Gender:
    Female
    Ајде и јас да напишам после 7 месеци, дури не сум заборавила скроз како беше . :D
    Бев 41 недела, 7 дена после терминот и имав закажано пораѓај со провокација. Немав никакви болки, чепот ми падна 3 дена пред тоа. Отидовме во болница со мм, 6 саат сабајле. Ме прашаа дали сум јадена, реков не. Ме пратија да јадам, бидејќи откако ке стават провокација несмеам да јадам и пијам ништо, а пораѓајот знаеме колку може да трае. Каснав едно сендвиче, насила, од возбуда не ми се ни јадеше. :)
    Се вративме и одма ми ставија провокација во форма на апче (половинка), и ми рекоа да лежам пола саат, а после да шетам низ болницата. Шетај, лежи, шетај, лежи, едвај почнаа болки малце. Отворена 2 цм. Ми ставија уште пола апче. Шетај пак, веќе 4 саатот поручек, пак исто, 2 цм отворена. Следуваше најболното, со рака ме отворија уште 2 цм. Одеднаш почнаа силни болки, пресилни. На секои 5-6 мин. Ајде си велам, ке се отворам сега бргу. Болките беа се појаки и почести, почнаа на секоја минута. Не можев ни да седам ни да стојам. Мм цело време беше до мене. Дури бев во кревет ми пукна водењакот. Болките станаа уште појаки, 7 часот навечер. Си велам веќе отворена сум. Проверуваат, пак 4цм. Претходно ме прашаа дали сакам епидурална, реков не, освен ако не се предомислам ако се неиздржливи болки. Така и беше, им побарам епидурална, ми рекоа рано е треба уште малку да се отворам. Наредните 3 часа ми беа пекол! Контракциите ми беа не на минута, на секунди растојание. Во 10 ми ставија епидурална. Мислам дека одново се родив! Осеќав само притисок за време на контракциите. Дури и си поспав малце. :)
    Дојде 2 часот сабајле, 9 цм отворена. Се израдував. Ајде вели да пробаш да туркаш да видиш како треба. Не знае дека извежбано ми беше веќе . :D Туркам, 2-3 пати. Од едната страна сестрата, од другата мм. И мм вели " ееееј еве главчето почна да излегува ". И сестрата вели "чекај,чекај, да го викнам др. ова брзо ке излезе :D" . Е тогаш добив сила, дојдоа 10тина доктори, сестри, практиканти, и за пола саат се роди палавката моја. :inlove: Папочната врвца и беше околу ноџето замотана.
    Од тој момент веќе ништо не ми беше важно и не ме болеше. :) После 2 дена, со беба дома.:)
    Во Америка се породив.
    Презадоволна од болницата, од сите до еден, и за време на пораѓајот, и на постпородилно. Ко во хотел со 5*. Затоа и сметките после беа, малку е да кажам "солени" . :D

    Здравје, ако даде Господ за втор пораѓај, би сакала исто природно, НО :!: со епидурална обавезно, и порано ако може. (fingers)
     
  6. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2015
    Messages:
    1,941
    Likes Received:
    6,630
    Gender:
    Female
    Здраво мамички. Еве не и нас, конечно да најдиме малку време да седниме. Нашата породилна приказна не беше баш најпријатно искуство, но се заврши добро. Кога ми ја даоа бебушка во рацете, веќе ништо не ми беше важно.
    Пораѓајот го почнавме вечерта, се мачевме до утре дента одручекта. Плодовата вода истече, бебушка тргна да излегува, контракциите беа до небото и назад.. а каналот не сакаше да слушне да се отвори повеќе од 5 прсти. Како што искоментира докторот, болки истрпив колку за три пораѓаи. На крај, мораше под хитно да се оди на царски. Кога се разбудив на интензивна, чекав доста време додека да ме симнат на одделение. Од 2.20 кога беше пораѓајот, до 19 за конечно да дојде некој од гинекологија да ме земе откако почнав да викам и да се расправам што се случува и дека веднаш сакам да си го видам бебето. На крај, дојдоа од гинекологија, ме земаа и прво си го видов сопругот. Веднаш потоа ми го донесоа и бебето. Со прекрасни обравчиња, отворени очиња, бело, пргаво, здраво и право .. цели 3.640. За мене тоа беше најважно.
    Сакам само да кажам една работа...навистина не знам како е во јавното здравство, и верувам дека условите се полоши за разлика од приватното. Но исто така, сакам да потенцирам дека Систина не е тоа што го очекував за тие пари. Единствено убаво искуство и сеќавање кое ќе ми остане од таму е др. Митко Ивановски.
     
  7. kavadar4anka

    kavadar4anka Популарен член

    Joined:
    Nov 18, 2012
    Messages:
    971
    Likes Received:
    4,388
    Gender:
    Female
    И јас
    И јас не сум воодушевена, не сакам ни да се сеќавам низ што минав... Остана позади нас за среќа Господ не чува! Важно бебушките ни го исполнија животот! :*
     
    eli25, Stara, Annath and 5 others like this.
  8. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Joined:
    Jun 29, 2016
    Messages:
    560
    Likes Received:
    2,845
    Gender:
    Female
    Здраво мамички. Синче заспа па си најдов малку време за опуштање и да ја раскажам мојата породилна приказна. Термин ми беше 08 јуни . На 13 јуни отидов во болница на преглед и поради ризик за одлепување на постелка (многу лакуни и калцификати на постелка) ме задржаа во болницата. Бев 2 прста отворена и мислевме дека лесно ќе оди.
    Докторот ми рече среда сабајле почнуваме со венска провокација. Дојде среда сабајле ми уклучија провокација во 07 сабајле и ме ставија на цтг . Некои слаби менструални болки почнав да осеќам околу 10 ама тоа не беше ништо . Во 15 дојде докторот ме прегледа не бев отворена повеќе од 2 прста. Се договоривме да ми ја исклучат провокацијата оти не делува и во четврток сабајле да пробаме со вагиналета. Во четвртокот сабаје ми ставија клизма и некаде кај 06 сабајле ми ја ставија провокацијата. Ништо не осеќав се до кај 13 часот. Потоа почнаа болки не јаки , баш како менструални ама се издржуваа. Ги замолив сестрите да прошетам малку , бидејќи цело време лежев на цтг и се здрвев цела. Почнав да шетам и додека шетав почнав да осеќам нешто топло меѓу нозете , ми пукна водењакот . Докторот веднаш дојде да ме прегледа и отворена 3 прста. Потоа некаде кај 15 часот почнаа јаки болки на две минути , цтг ги регистрираше до 90 , мислев ќе побудалам , ама па се тешев си викам штом имам болки се отварам . Дојде докторот кај 20 часот да ме прегледа , исто отворена 3 прста , вика ќе чекаме. Наеднаш болките кај 22 почнаа да се изретчуваат за по еден час да престанат. Болките ми престанаа, кај 00 дојде докторот истиот статус и рече утре сабајле спремај се за царски , заради пукнатиот водењак. Петокот ме спремаа и во 14 h се роди синчето мое 3500 гр и 52 цм. Бев со спинална анестезија и супер поминав , цело време муабетевме со сестри со анестезиолог и најубавиот момент кога ми го покажаа син ми , не би го менувала тој момент за ништо . Ова беше мојата породилна приказна , не баш лесна ама се што поминав вредеше за моето мало сонце.
     
  9. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    145
    Likes Received:
    262
    Честитκи неκа ти е живо и здρаво синот. Побρзо опоρавување на мајκата.
     
    Aneta92 likes this.
  10. karibian

    karibian Популарен член

    Joined:
    Dec 3, 2014
    Messages:
    1,246
    Likes Received:
    3,423
    Gender:
    Female
    Кај се пораѓаше?
     
  11. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Joined:
    Jun 29, 2016
    Messages:
    560
    Likes Received:
    2,845
    Gender:
    Female
    Чаир.
     
    karibian likes this.
  12. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Joined:
    Mar 18, 2014
    Messages:
    354
    Likes Received:
    2,097
    Gender:
    Female
    Ајде ми дојде и мене ред да си раскажам.

    Во средата вечерта бевме излезени со мм дс де прошетаме, јадевме дојдовме дома и уморни легнавме да спиеме кај 10 30.

    Во 12 15 се разбудив од сон, малку нервозна дека не ми држи повеќе мокрачата и дека сум се подмочнала.

    Само што се преслеков истото ми се случи пак. Сватов што е работата, дека ми пукнал водењакот и мм само што му кажав почна да паничи за дс одиме на болница.

    Се истуширав, ставив влошки и тргнавме кон болница и го побаравме докторот затоа што беше на одмор.

    Цтг покажа болки, бебето веше добро ме прегледс докторот и ме заджаја во 1 по полнок.

    Затоа што јадев покасно почекавме за пораѓај до 6 наутро. Имав и болки колку да видам како е, не беа баш благи.

    Епидуралната не ја ни осетив, дури се свестив што де случува ја извадоја мојата принцезичка, 2530г 47цм долга.

    Викна малку да плачи, ми ја покажаја со широко отворени очиња спремна за да се запознае со сите.

    Покасно ми ја донесоја си се изнагушкавме, пробавме малку да доиме, ама утре повеќе.

    Во облаци сум, тоа е љубов каква не можев да замислам дека ке ја осекам.
    Пресреќни сме со татичко.

    Едвај чекам да помине ноква и да си сме заедно една до друга.
     
  13. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Joined:
    Sep 26, 2016
    Messages:
    2,010
    Likes Received:
    16,899
    Gender:
    Female
    Дали од возбуда дали од жешко неможам да спијам па да си ја раскажам мојата приказна како што е ред :)
    Минатата ноќ имав мали болки но помислив дека пак се лажни и не испаничив затоа што утрото имав закажано преглед.
    Кога отидов на преглед докторот ми рече дека сум 3 прсти отворена да си одам дома и накај 1 да се вратам на болница. Отидов дома пробав да заспијам но болките ми се зачестија. Накај 10 отидов на болница и ме задржаја. Мислев дека се тоа јаки болки но после видов што значи болка :)
    Накај 1 ме прегледа пак докторот ми рече супер се отвараш бебе наместено и ми го пукна водењакот. Е тогаш почнаја болките. Сега пишувам и сама се чудам како сум издржала. Ќе го прескокнам овај дел :)
    Накај 15.15 бев веќе 7 прсти отворена и со неиздржливи болки.
    Заминав на боксот и тогаш болките престанаја. На секоја уште малку за да не распукам и со голема помош на докторот ја родив мојата принцеза. Тој туркаше јас давав напон и без болки и мака излезе Надја тешка 3250 и долга 49 цм.
    Ми ставија после инфузија и си чекав два саати на боксот. Самата се изненадив колку се осеќав тогаш силна и полна со енергија. Телефонот во рака и почнаа честитки јавувања. Потоа ме префрлија во собата ја оставија малечката некој сат, потоа ме прашаја дали сакам да ми ја остават им реков да ја земат да се стабилизирам ме фатија паники :)
    Уште неможам да поверувам дека сум мајка го гледам бебчето како да не е мое :)
    Вистина било дека болките се забораваат сега ми е како во сон.

    Ви посакувам на сите да имате брз и лесен пораѓај, а и да е тешок се се заборава. Остануваат само убавите чувства. :inlove:
     
  14. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Joined:
    Apr 8, 2016
    Messages:
    3,730
    Likes Received:
    45,638
    Gender:
    Female
    Милина за читање :D
    Дај боже сите да минеме вака :*
    Да е жива и здрава мајка :f:
     
    Seduction, joy1, eli25 and 5 others like this.
  15. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    145
    Likes Received:
    262
    Тоа се поρодилни болκи моментално и после се забоρаваат, па се носи нов живот на овој свет, тоа не е мала ρабота, сеκаκо деκа има болκи ама се забоρаваат и од тие болκи ниκој не умρел.
    Честитκи за мајκата и детето.- kiki_riki
     
    mira.mira, joy1, eli25 and 2 others like this.
  16. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Joined:
    Nov 14, 2016
    Messages:
    512
    Likes Received:
    12,214
    Gender:
    Female
    Ајде и јас да прераскажам тука на кратко,како што е редот :)
    Ме задржаа на патолошка поради надминат термин, бебушка немаше абер да излегува...
    Ден 1: Ме примија утрото околу 9:00 часот. Овој ден бев само на цтг,ми мереа притисок и температура постојано. Докторот рече наредното утро ќе пробаме со венска провокација ( синто). Ми беше многу тешко што морав да останам во болница и да бидам во исчекување, па скоро целиот ден и цела ноќ ги искористив за плачење без око да склопам, ни малку свесна за тоа што допрва доаѓа...
    Ден 2: Утрото околу 04:00 часот ми ставија клизма, а во 08:00 провокација и ме приклучија на цтг. Отворена 1 прст без никакви болки и симптоми. Провокацијата не делуваше. Докторот рече наредното утро ќе пробаме со вагиналета и беше сигурен дека ќе се отворам и ќе ме фатат породилни болки!
    Ден 3: Во 06:00 ми ставија клизма повторно, без претходно јадење и пиење од 22:00 претходната вечер, а во 08:00 вагиналета. 2 часа лежев бидејќи не смееше да се станува. После 4-5 часа ме прегледа докторот, отворена 1 прст, без најмал знак за породување! Околу 17:00 ме фатија некои благи болки,се израдував,мислев тоа е тоа... Набрзина се истуширав,викнав сестра,ме приклучи на цтг и болките наеднаш ги снема. И овојпат провокацијата не делуваше. Без голтка вода и без залче храна останав во исчекување дека можеби во текот на ноќта ќе се случи чудо, меѓутоа ништо. Докторот рече сабајле во 08:00 клизма и ќе одиме со царски рез бидејќи веќе немало што да се чека и без потреба да се мачам,а постелката била презреана и неспособна да го храни бебето!
    Ден 4: Дојде визита во 08:00. Докторот што ми ја водеше бременоста заедно со уште еден постар доктор. Му кажа за мојот случај и постариот доктор рече дека тој ќе ме прегледа и ќе ме породи со провокација. Ме фати паника, најпрво заради неговиот ладен поглед,остар и груб глас и отсечни одговори, а друго заради тоа што веќе во текот на ноќта се помирив со царскиот... Прегледот беше многу болен. Си направив лузна на раката од силното гризање додека тој грубо проверуваше колку сум отворена. Повторно 1 прст,со многу тесно грло на матка и незнам уште што,што ќе го отежнело пораѓајот. Се сврте накај сестрата и рече одма да ми даде клизма и повторно венска провокација. Бев многу жедна,гладна,а најмногу од се, до бескрај исплашена! Пуштија провокација и ме приклучија на цтг. Лежев така здрвена 4-5 часа. Ги замолив да го исклучат цтг- то за да одам до тоалет. Чепот беше паднат,поради тоа и веројатно толку беше болен прегледот,пробал докторот на сила да го извади. Почнаа болки,мислев тие се тие,ама само мислев! Дојде докторот,1 прст отворена, и ми го пукна водењакот на сила,со рака... Засилија провокација, засилија и болките... Од што беа толку болни и чести почнав да губам свест и да бладам дека зборувам со домашните,дека сум дома. Моментите кога бев свесна беа пропратени со ужасно силни воздивнувања од болки. Почнав да правам тикови... Главата непрестано ми се мрдаше лево десно и два прста од левата рака се тресеа сами,вилицата ми се здрви и почнав да губам и воздух! Ме однесоа на преглед,мислам сама се одвлечкав само ми покажаа на каде да одам! 5-6 прста отворена, ме легнаа на кревет блиску до боксовите и чекаа да се доотворам. Во меѓувреме примив 4-5 спазмекса за да омекнело грлото на матката и уште 2 инекции што немам појма за што и како ми ги дадоа. Незнам само колку пати ме проверуваа колку сум отворена што дополнително ме вознемири и ужасно болеше, па почнаа и колковите да ми се тресат без да можам да ги контролирам. Болките беа преголеми,дишев забрзано и сеуште губев свест. Одеднаш слушнав само 8-9 прста,носете ја на бокс. Пробаа да ме породат без да ме сечат,меѓутоа беше неизводливо и покрај тоа што давав напони колку што ме држеше снагата. Видов ножици и знаев што следи. Вриснав на секој засек... Докторот ме притискаше за стомакот јас напнував а докторка или сестра го вадеше бебето. Ми се чинеше дека крајот ми е тука! После некое време бебуш излезе конечно,слушнав плач,заплакав и јас кога го свртеа накај мене! Го однесоа после некоја секунда и започнаа да ме шијат. Секој убод и секое поминување на конецот го чувствував иако рекоа дека ќе ми стават мускулна анестезија.... После 2 часа на бокс следеше катетар кој веднаш го извадија и чистење и преглед на раната.... Се беше во ред. Ме однесоа во соба и го донесоа синко! Се изнаплакав од среќа го изгушкав и бев целата во неверување! После половина час го однесоа, а мене ми следуваше уште една неспиена ноќ.
    Ден 5: Уште одма се прилагоди синко на доење,а јас и покрај ужасните болки,го шетав низ собата,го нишкав,го гушкав,му се радував! За тоа што се сѐ изнагледав во текот на престојот таму,не сакам да се навраќам,уште толку психички ме буткаше,ама Даријан ја правеше мама доволно силна,за наредното попладне, на 6тиот ден конечно да заминеме дома и да уживаме во заедничките моменти,оставајќи ја зад себе сета болка и лоши спомени!
     
  17. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Joined:
    Feb 19, 2010
    Messages:
    445
    Likes Received:
    635
    Gender:
    Female
  18. Stara

    Stara Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2016
    Messages:
    1,280
    Likes Received:
    3,802
    Gender:
    Female
    @winter flower Ме расплака бре девојче....ти се воодушевив на храброста и силата, да преживееш ужасни болки и повторно, веднаш да се дигнеш и радуваш на животот излезен од тебе.
     
  19. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Joined:
    Nov 14, 2016
    Messages:
    512
    Likes Received:
    12,214
    Gender:
    Female
    Во Чаир мила се породив!
     
  20. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Joined:
    Feb 19, 2010
    Messages:
    445
    Likes Received:
    635
    Gender:
    Female
    Душо пиши ги докторите. Леле браво на храброста браво секоја чест.