Мора... За ништо друго туку за тоа мало душиче што зависи само од тебе... Ако сама не станеш да му се израдуваш, кој друг!
Илиевски ми ја водеше бременоста и секоја пофалба искрено за секој преглед, за пристапот и за вниманието што ми го посвети. Кировски ме породи,стручен доктор,меѓутоа за тоа што го доживеав не го посакувам на ниедна друга!
И јас без да знам претпоставив дека е Кировски. И мене дојде така и со сета сила ми напика рака, умрев од болка. @winter flower со помин нека е мајка. Честитки, нека е жив и здрав бебушот!
Фала ви на сочувствувањето девојки! Ви посакувам да ја полните темава само со краткотрајни и лесни породувања!
Честитки мила знаев дека е Кировски голем стручњак за Илиевски исто го мислам 5 за двајцата побрзо да закрепнеш
@winter flower она од што сите се плашат ти се случило докторот може и да е најстручен ама третманот не ми се допаѓати посакувам што побрзо да закрепнеш и да заборавиш на ова трауматско искуство. Гушкај се со бебуш
Господ нека ве чува. Гушкајте се сега и уживајте. Никогаш повеќе да немаш никаква болка, само радости и убавини нека ве следат.
Еве ја и нашата приказна... Вечерта после полноќ почнаа да ме фаќаат болки, слаби но издржливи болки слични на менструални. Толку слаби што си поспав до как 7 ипол сабајлето. Наеднаш ме разбудија болки појаки и знаев дека тоа е тоа дека дојде денот да ја дочекаме бебушка. Си се средив избањав и попладне кај 13ч ми падна чепот и заминав на цтг. Цтг покажа болки но не доволно јаки за да ме отворат. А докторот со кого бев договорена да ме пораѓа не беше тука ама телефонски ми даде совет да си одам дома и дома да си чекам болки појаки. После, од кај 14ч веќе почна се повеќе и повеќе да се зголемуваат болките и кај 18ч го контактирав докторот и му кажувам дека имам мн болки и се на 5 мин. Одиме со мм да го земеме од дома, идеме во болница ме прегледува и вика ааааа па ти си 6 цм отворена ама пак ќе идеш дома не седи тука, ама кога ќе сетиш дека ти оде на нап по голема нужда одма во болница. Си дојдов дома еее богами тогаш Господ го видов, изгледа при прегледот ми ги испровоцира да ми бидат појаки болките.... Кај 19: 30 ч наеднаш ми дојде нап по викам по маж ми бргуууу јас овде ќе се породам )) Маж ми кутриот кога се збуни не знаеше што попрво да направи. Се јавува как докторот пак и кажува дека имам нагони. Само што стигнав во болница ме прегледува и вика ајде спремајте сала готова е за пораѓај. Не ни стигнав во соба да се пресоблечам набрзина ме пресоблекоа и правец во сала. Со два напони се роди нашата ќеркичка тешка 2950гр и 52цм Рално имав мн страв како се ќе помине, бидејќи знаев што ме чека а првиот пораѓај ми беше ептен тежок и исцрпувачки. Така да мајкички вистина било дека вториот пораѓај бил мн полесен, и на сите вам ви посакувам лесен и брз пораѓај како мојот
@tina-63 @Natasa. P Ви благодарам милички! Да сте живи и здрави вие и вашите рожби! Пуно поздрави од мама и бебуш
@winter flower честитки да сте живи и здрави ти посакувам побрзо опоравување јас првиот пораѓај трауматично....ужасно сеа втор пат воопшто не заборавив....како сум поминала и поради тоа се помирив знаев што ме чека.....овој пат ме болеше раната повеќе изгледа дека не ме шибаа со аналгин и инфузии за анестезијата.......мене ме префрлија на одделение и како ми го оставија малото со мене цело време ама не се бунев бидејќи сакав да е со мене цело време кој знае колку плачат таму кај со ги носат ....среќа цицаше млеко ми дојде уште 8ми месец и си спиеше цело време
Мене кога ме префрлија во шок соба, дента и вечерта бевме сами со една женичка. И останавме во шок соба повеке од 30 саати. И таму не се дозволени мобилни нели. И јас и жената имавме мали деца дома, за кој нормално повеке од 30 саати да не слушнеш како се, што прават, дали се добри е тешко, мене паметот само во детето ми беше што го оставив дома. Побаравме од сестрите телефон само да се јавиме на кратко, рекоа неможе. И така неколку сестри. И баш таа вечер дежурен беше Кировски. И го замоли жената до мене за телефон, тој вика забрането е во шок соба. И му викаме знаеме, но дали може само кратко исклучок да се направи да се слушнеме мали деца имаме дома и онака нема други пациенти. Човекот во моментот како да се сепна и и рече на чистачката да оди да ни ги донесе мобилните од патолошка. Жената се врати за кратко до мобилните и полначите. Ете тоа е мое мислење за него, со мене беше многу човечен, најчовечен.
Ова се моите 2 приказни за две здави прави и мнг убави мажиња. 2012год. Последен ден од 42 недела ме фатија благи болки и ноќта со 2 прста отвор. ме прими др. Кочовски на ГАК ми даде провокација. До 8ч се отворив 7 прста и др. Тофоски ми го пукна водењакот и ме однесе на бокс. Да напоменам дека двајцата ми беа дебели врски. Саат време вриштев на боксот од болки никој не идеше дека знаеја дека сум "на тофоски". Во 9:15 влезе доктпрот со тимот ме фатија за раце нозе ми налегнаа на стомак јас се откажав од животот и за 1 минута буквално со сечење и вакум се роди бебето. После рана доле рана на гради од регади дека бебето 3 дена 24ч на цицка. Така требало. Не не требало така... траума вели 5 години. Тешка траума проследена со пост породилна депресија и мнг лоши совети за чување на бебчето. Израсна посака братче... 2017 Систина. 41 недела исти случај. Ме примаат вечер 2 провокации до 12 на пладне. Почна пораѓај на бокс толки лабаво мирно без ни еден врисок но со неколку пцуења хахаа. Се пораѓав 2 саати ептен полека но мирно со менување позивии со буткање сама со собирање сила...пак исто бебче ко близначиња но јас горда и среќна. Потоа бебето кај нив на 3 саати доење прекрасни совети и нега. Јас среќна исполнета дома без рани ни психички ни физички овој пат.
Баш не е е ОК да прави одстапки ако е такви правилото. Тоа е непрофесионалност а не човечност што ви дал телефони. И искрено знам ќе има караница сега но што толку драма дека детето дома а вие на пораѓање па раѓате не сте на излет. Дозволување посети и телефони кај што не треба не е човечност има зошто тоа не е дозволени. Му го загрозувате животот на другото бебе и вашиот.
Ти си знаеш најдобро за твојот однос кон твоето дете, а јас за мојот однос кон моето дете, што да ти кажам. За мене 6 дена одвоеност од две годишното дете, кое патем претходно ни еднаш не сме биле одвоени ми паднаа страшно тешко. Инаку во шок соба нема бебиња, па ничии живот не беше загрозен. Шок собата таа нок беше празна, бевме само две жени. А баш дека докторот прекрши правило пазејки на нашата емотивна состојба ја прави неговата големина.