Зашто да не даде телефон кога ги држи 30 часа непотребно бидејќи нема место на одделение да ги префрлат?башка коа ќе ги префрлат тами е дозволен телефон кај бебињата.... и трето ако отишла на пораѓај не значи дека треба да заборави дека дома оставила некој И јас кога бев жените пред мене ги држеа околу 20 часа поради немање слободноместо па на сите им ги дадоа телефоните
Мене и на друготе две што се пораѓаа телефонот цело време ни беше во раце. На бокс ни го земаа, после пораѓај одма го даваат да се јавиш и да кажеш дека имаш бебе. На едната и го земаа у предродилна ама оти и се јавуваше на мајка и и врескаше многу како умира и дека не сака да раѓа, дека сака дома, дека за еден саат ќе умре и сестрата дојде и и рече само ги паничиш, фокусирај се на бебето не на мајка ти и после пцуење колненње... циркуз беше таа.
тел и мене ми дадоа одма на бокс.Штом се роди бебето ,без да побарам сестрата сама ме праша сакаш ли некому да се јавиш?Паметам дека беше 4 наутро и и звонев на мајка ми прво ни ало ни добро утро и реков ,туку ко од пушка Мамо јас се породив
Првиот пат кога се пораѓав не ми дадоа телефон откако се породив. Директно во соба ми го дадоа. Вториот пат одма ми го дадоа телефонот. Уште лежев на бокс и се јавував на некои личности да им кажам дека сум се породила.
Е за ова мислев јас кога зборував дека некои жени се без основно познавање на процесот на породување и дека предпородилните часови и тоа како се потребни. Докторите ти налегнаа на стомак од злоба или за да ти го олеснат породувањето? Ако бебето ти било високо, секако дека вака ќе се обидат да го симнат. Или треба царски да те породат? Навистина не знам што очекувате?
Одев на часови 12 термини по 3 саати за породување што бај д веј сама ги платив во "Лулка" а не тие на клиника од саат време. Дали мислиш дека е во ред да улетаат и за 30 секунди да лета бебе од мене со вакум и сечење а без предходно ни да пробаат јас да буткам? Се сложувам дека доктори се знаат повеќе но овие гореспоменати случки се само од немање доволно време, персонал, трпение, човечки однос итн. Инаку ако имаш време и сакаш прочитај ја пруказната и за моето друго породување. Намерно ги пишав за споредба дека некогаш 1 мин пораѓање е потрауматична од 2 часа пораѓање. И не е како ти било пишано туку во 21 век и тр како зависи од стручноста на тие околу тебе.
Да и те како ќе очекувам да се породам царски. И јас сакам да се породам природно и така треба да раѓаме и тоа е нешто што не треба ни да се дискутира, ама кога нешто НЕ ОДИ, едноставно НЕ ОДИ !!! Ај ако му текни нека ме обесат да висам врзана за раце за да си го направи гравитацијата своето. Форсирање нема потреба стварно кога не оди, зошто само трауми на жените да им се прави.
Ај добро, вие сте доктори знаете Инаку @Neodlucna јас се породив слично како тебе. И за разлика од тебе, јас сум бескрајно благодарна на докторот што "ми се качи" и ми го олесни породувањето мене, а првенствено на бебето. Оти не е исто да излезе за 1 минута и да се измачува 2-3 саати. Редактираш, па немам време да те следам. А си размислила ли дека е подобро да имаш трауми од таа 1 минута породување, отколку бебето да има трауми или недај боже компликации од тие 2-3 часа породување кои за тебе би биле порелаксирани.
Не знам сега кој е доктор?! А зошто би имало компликации ако се пораѓам два саати? Овие ме породија за минут дека предходно вриштев 2 саати без да ми фрлат поглед а не па да погледаат цтг дека тоновите на бебето паднале. Извини за редактирање.
И мене еден лево, еден десно, една од напред влечеше за да го спуштат бидејки и беше крупен.. и јас сум благодарна што успеаа да ме породат природно. Еве после 2год јас пак ке раѓам, пак природно.. немам трауми. Прoчитав и "со сила ми го пукна водењакот, со сила чеп ми извади" и тоа не треба да се сфаќа трагично бидејки на повеќето истото им го прават, како и на мене... ме прочепкаа ептен со рака прокрварев и вечерта ми падна чепот, после 3 дена од чепот со рака ми го пукнаа водењакот, ова е нормално за да олеснат и испровоцираат раѓање, ама кој како сфаќа. Јас сум среќна што ме породија природно. Многу многу трагично се сфаќаат работите и секоја мисли дека најлошо поминала, а не е така
Не сум доктор, па само претпоставувам дека затоа и те породиле за една минута. Заради тоновите на бебето. Да те оставеле природно да течат работите можело полошо да биде. Инаку, многупати се имам изјаснето за медицинскиве лица кај нас, не би да се повторувам. Треба подобрување драстично.
Видете и јас му бев благодарна на Тофоски имам пишувано низ теми но откако искусив друг пораѓај можам да кажам дека за мене вториот беше пораѓај каде се почувствував ко мајка горда на болките што ги истрпев 2 пати. Не се карам почитувам што кажуваш но морам да објаснам. Јас бев сама на бокс 1 час и 20 мин точно ни бабица ни сестра никој сама во собата. Викав и барав помош а само одминуваа пред врата и викаа остајте ја. Првородка исплашена и изненадена од болката мислам ко и сите каде беа тоа време? Ваљда да имаше луѓе околу мене ќе родев поинаку.
НЕ бе треба сама да раѓаш. Каква помош какви бакрачи. Самите Акушерки така се пораѓале бе сами. Ама нели направи разлика ОД пРИВАТНОИ ДО ДРЖАВНО. Само се прашувам зошто да е тоа така. И кај мене исто се чудеа 10 доктори што ми е ко да сум марсовец
Раѓањето треба да се врши по ниви ко порано. Не ми се верува какви размислувања од некои членки, ко да живееме во пештери.
Јас те разбирам. И мене ме оставија скоро пола саат сама на бокс, ама тоа не го менува фактот дека самото породување измина во најдобар ред најмногу заради тоа што со притискање ми го симнаа бебето, инаку уште којзнае колку ќе траеше. Се сложувам за акушерките. Многу подобро ќе беше да имаше нонстоп некој со мене, немаше помалку да ме боли и сл. ама утеха ако не друго. Иако кај мене релативно често имаше и сестри и акушерки и докторот доаѓаше да ме види. Во тој дел не се жалам многу како повеќето што ги читам. Јас сум имала среќа или сум го избрала повлијалителниот доктор за врски
Тоа е, пак се враќаме на тоа дека здравството е испод ниво па да мораме да се фалиме со фаќање врски за да се пораќаме...еејј најчовечкиот чин...
НИ ВО НАЈГОЛЕМО ЛУДИЛО според мене нема да е во ред скокање на стомак, вадење чепови со рака, 5445458242142254 саати во предродила и уште толку на бокс, епизиотомија од 15 конци, 1001 вагинален преглед, 5 литри провокација преку вена за да се заврши природно. Пак ќе речам дека сум поборник за природно породување ама нешто кога е премногу, премногу е навистина. Всушност затоа и се вика природен за природно да течи и ако не можи се знае што следува, а не сега циркузи ќе прајме со жените ко на кланица да сме. Мислам грозно и одвратно делуваат “мерките“ кои се преземаат за природно породување во 21 век
Мами оваа теме треба да поттикнува а не да плаши. Не се карајте секој нека сподели искуство. Да не ги плашиме идните мами. *** И мајка ми ја стискале на стомак не е тоа ново, да не праиме паника