Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Абе златна, не е тоа така рипање како што замислуваш... се е малку преувеличено и неубаво опишано и сфатено :) (поради различни очекувања).
     
    На joy1, Bebulleee, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Некогаш "присилното" пукање на водењакот или вадење на чепот е од огромно значење за здравјето на бебето.

    Со првото дете водењакот ми пукна високо и си истекуваше по малце плодова вода (јули месец мислев се потам додека не отидов на редовен преглед). Ме примија вечерта во болница 4-5 прсти отворена, со напукнат водењак, болки нигде абер за раѓање немав. Цела вечер си ја преспав за сабајлето една од сестрите да дојде со игла да ми го пукне.

    Зошто? Затоа што и покрај тоа што ме ставија на антибиотик, постоеше опасност од инфекција за бебето, воопшто не беше паметно уште да чекаме сам да пукне водењакот и породувањето да започне.

    Ги имам пишано двете мои приказни, со второто дете ме породи најобична сестра, излегов од болница доктор не видов.
    Ама затоа мм си го имав покрај себе постојано. И кога во Мк би дозволиле присуство на мажот за време на породувањето многу би им олеснале и на родилките и самиот персонал не би морале да трчаат да ги тешат и држат за рака родилките додека се во исчекување со болки.
     
    На Troi, joy1, Mariangel и 12 други им се допаѓа ова.
  3. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    Дајте бре доста!! Ова се породилни приказни, не хорор. Како ја проширивте работава, ко трц прц да е се, па мора да има болка, мајки стануваме. Кога друг ни се качуваше беше убаво, а сега за чедото да излезит побрзо и да ни е здраво и право како смеел некој друг да се качел, да притискал на стомак, да не сецвел....аман.
    .Немам се уште родено, ама знам дека сигурно нема да се жалам на тоа што ќе го поминам и на болката, болката ќе ме направи горда на тоа што ќе ми го дадат впрегратка, сигурна сум дека се ќе ми помини кога ќе го видам.
    И пишете породилна приказна, има некои од нас на кои ќе им створите страв и уплав..
     
    На joy1, suzimuzi, Mariangel и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Прочитајтр ја мојата приказна и примив провокации венски околу 4 саати и ме стискаа ка стомак и на крај ме исекоа па немам лоша мисла. Мора поз7тивни да се мисли
     
    На victoria и pandelka им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.262
    Допаѓања:
    112.420
    Пол:
    Женски
    @pandelka луѓето стварно си ја пишуваат својата приказна и не му е намера да те уплашат тебе или мене (јас во ноември сум за раѓање иначе со господ напред) ама не знам (пошто нели прво бебе ми е ) дали така вообичаено си изгледа секое породување (сечења,вакуми, тегнења за стомак и што ли не), дали јас имам некоја грешна перцепција за текот на породувањето или пак сум пореметена што сето ова навистина ми личи на хорор и на нормално не ми личи а природно најмалку. Можеби од кога ќе поминам се ќе мислам поинаку, ќе видиме :|
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    ^Па дека читаш вака, затоа така и мислиш..Господ си дават сила!
    А мене не ме плашат вакви приказни, сум поминала доста полошо од загуби на чеда, болката не ми беше 25374936352739 саати породилни болки, туку осум години душевни!!

    Само со позитива, верба и смиреност се ќе тече во најубав ред, сигурна сум
     
    На joy1, suzimuzi, Mariangel и 10 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Претискањето на стомакот, вакумот, насилното пукање на водењак, епизиотомијата , провокацијата се начини на убрзување на пораѓајот. Епизиотомијата редовно се праве во болницата во мојот град, за да не дојде до пукање на меѓичката сама од себе. Останатите само по потреба се прават. Има жени кои воопшто не соработуваат, па бебето кога ќе дојде во родилниот канал наместо да даваат напон, тие се изморат, а бебето мора да излезе надвор за брзо оти може да се угуше. Можеби за вас ова звучи како хорор ама воопшто не е. Многу пораѓаји сум видела, и лесни и тешки и многу тешки, но најважно е жената да соработува, да дише кога треба и да дава напон кога ќе треба. Болката и така е присутна кај сите.
     
    На Cka, stevemila, LadyC и 5 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Девојчиња, ве молам доста беа офф топици. Темава е за породилни приказни.
     
    На Lizi, Smiley11, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.348
    Јас би апелирала до модераторите на темава нема лезет веке
    темева е за породилна приказна
    се друго што е коментирано а не е раскажување на приказна да се избрише гебе толку страни коа приказна на 5 страни една
     
    На Lizi, PUPICA, stevemila и 5 други им се допаѓа ова.
  10. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.681
    Допаѓања:
    139.275
    Izvinete sto upagam vo muabet i izvinete na latinica, ama i jas mislam da se ima nekoj filter vo prikaznite. Jas citajki tuka i slusajki dve drugarki koi rodile(koi voopsto ne razmisluvaa deka i jas se plasam i jas treba da ragjam) mi go opisaa poragajot kako Horor Prikazna. Nemozam da vi opisam zaradi niv najveke, kolku li samo se plasev. Prikaznite tuka uste poveke me preplasija.
    Ne vikam da lazete, pisete kako bilo, ama nekoi detali izostavete gi.
    Ako ja citate mojata por. prikazna ke ispadne deka ic ne sum osetila bolka, ama ne morav najsitnite bolni detali da gi raskazam. A osetivi jas bolka. I posle 1,5g.koga raskazuvam na tie sto uste ne rodile ne im rasazuvam detali. Znam mene kako mi bese pa ne bi da im pravam dopolnitelen stres.

    Vi posakuvam na site lesen i brz poragaj i tie sto se plasite pa bas i ne mora da ja citate temava pri kraj. Mislete dobro, i spremajte se za najubaviot period sto sledi.
     
    На Lizi, Mariangel, stevemila и 4 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Девојчиња, да не бришеме. Држете се до темата.
     
    На karibian, LadyC и danichap им се допаѓа ова.
  12. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Пораѓај како пораѓај реално навистина боли... Но, не е дотолку трагично. Со првото навистина имав тежок пораѓај, ама за тоа јас сум си крива што не соработував и не ги слушав воопшто само се дерев и викав и на крај кога требаше беба да излезе немав веќе сила. Како и да е пак се во ред заврши што тоа е најбитно.
    Сега тазе породена сум и во оваа бременост како психички така и физички се спремав за пораѓајот.
    Пораѓајот ми беше песна едноставно се фокусирав на дишењето и на бокс се што ќе ми кажеа ги слушав без да вреснам
    И со два напони беба излезе. И кај мене имаше туркање стомак и кај мене имаше сечење. Ама боже мој, такво олеснување после пораѓај нема на светов и секоја болка магично исчезнува. Ние сме мајки, жени кралици и за нашите чеда се би издржале. Така да идни мамички немојте да се плашите одите на часови, гледајте клипчиња, учите дишење и се ќе биде во ред.
     
    На Mariangel, muchacha_a, Seduction и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Еве конечно и јас да ја раскажам мојата приказна.
    На 27.06 ми беше терминот и на 27 во 1 ч после полноќ ми пукна водењакот го разбудив мм заминавне на болница.Во 03 ч ме примија на болница само 1 см отворена болките почнаја за брзо мн полека се отварав.Тие што беја со пријатели добиваја внимание ,системи ,и цтг прегледи а јас немав пријатели и ги немав тие привилегии ни еднаш на цтг не проверија како е бебето.На бокс дури ме ставија на цтг ме уплашија малку не се слушаше ништо но до цтгто било па го слушнавне и после мачни 16 саати Се породив дури во 19 и 45 ч фала му на господ здраво право машко бебе 3750 кг. Да се надеваме дека тешкото ќе се заборави ,само така е мајка да бидеш ќе трпиме се за душичките наши.
     
    На Mariangel, winter flower, Lolipop23 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    Дојде ред и јас да ја раскажам мојата приказна за доаѓањето на свет на моето бебе.
    Втор ден по терминот. Утринско цтг, една контракција, болки 0, долу слабо течење на вода со сукрвица. Заминав на работа, се вратив, дома работи вообичаени за жена до 22 часот кога почнаа болки. Во 1 по полноќ заминав во болница, цтг покажа болки и контракции, 2 прсти оторена. Ме задржаа, им кажав дека водењакот е пукнат, така мислев.
    Болки силни. Во 6 преглед, бебето спуштено, 6 прсти отворена и заклучок водењакот не пукнат. Водата што истекуваше од долу била од мукозниот чеп, полека се растварал. Јас со болки неспана цела ноќ. Почнаа неиздржливи болки во половината, не можев да долежам за цтг....умирав. А трпам болки. Ми ставаа некои инекции за болки, спазмекс и незнам што. Не намалуваа... ужас. Ми ставија тродон, не делуваше. Конечно на бокс за раѓање во 11. Грлото на матката тврдо, малку омекна пред раѓањето. Ме пресекоа уште на почеток зашто беше јасно ќе распукав. Така 20 мин. и пак распукав цела мислев ми дојде крајот. Последниот напон дадов се од себе и се роди душичката моја. Се појавија и хемороиди од напонот.....
    Ова е пример за тежок пораѓај и докторот потврди. Јас сум здоволна од докторот и бабицата. Тие задоволни дека спонтано се роди бебе од стара мајка прворотка.
    Сега се опоравувам и знам дека вредеше целата таа болка.
    Но ако сега треба да раѓам, дефинитивно царски ќе биде. Имав можност да изберам спонтан или царски пораѓај. Сама избрав спинтан. Се потрудив во најблага форма да го прикажам пораѓајот, а и не може да се раскаже низ зборови.
    Идни мами секој нема ваков тежок пораѓај, не плашете се, секоја жена е посебна индивидуа.
     
    Последна измена: 16 јули 2017
    На Milobebence, LadyC, Smiley11 и 40 други им се допаѓа ова.
  15. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Три породувања, сите три различни.
    Првото пред осум години. Точно на термин. Млада, неискусна, исплашена. 24 часа во болница, 12 часа јаки болки. Водењакот ми го пукна докторот. На бокс еден куп луѓе околу мене. Сестрата вика, како ќе ти кажам така прави, слушај ме и супер ќе биде. Климам со глава. Кога ќе имаш болки туркај, пак климам.
    Викав, не можев да издржам. Ама на секоја болка туркав со сета сила. Еден доктор ме гураше на стомак, друг со скалперот ме сецна. И во 10:35 се роди мојот син. 3,520гр, 50цм. Заплака, си плачев и јас од среќа.

    После 4 години, ќерка. Една недела по термин.
    Сабајлето слаби болки. Отидовме до болница, ме прегледаа, отворена три прста. Ме испратија дома, попладне да се вратам.
    Се вративме, ручавме, си шетав низ двор, туширање и во 16:00 тргнавме за болница.
    Ме прегледаа, ми го пукнаа водењакот и почнаа по малку болките. Се шетам по соба, дишам, ме прашуваат дали имам болки. Имам велам, ама слаби, ништо страшно, рано е велам.
    Ајде да ме видат, јас готово отворена скроз. Одма на бокс. Ама цуцка голема, не излегува. Докторот седи со скалперот, бабицата вика чекај не сечи, ќе излезе. Во меѓувреме друга жена на боксот до мене се породи за буквално 5 минути.
    После неколку напнувања се роди принцезата. 4,100гр, 52цм.
    To be continued.
     
    На 24.07, Naturel, ph.orhideja и 23 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    А те сецнаа сепак за девојчето? :)
     
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Не, излезе без сецнување и без пукање, иако беше покрупна. Бабицата ме спаси, инаку докторот беше готов да сече. :)
     
    На Bebulleee, mariz и fina erika им се допаѓа ова.
  18. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Не, немам ново бебе, само повторно ја споделувам мојата приказна после точно една годинка, за да видат идните мајки дека породувањето немора да биде трауматичен чин:)

     
    На @Verba, muchacha_a, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Што убаво... :) и јас сакам вака да си се породам со второто... ке бидам опуштена, ке си чекам дома болки, ке си мавнам туш, па да отидам правец во болница само за раѓањето :D (ама ке видиме) :lol:
     
    На Skorpija25, Lolipop23, Momichka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски

    Part 3
    37 недела. Јас на гости кај моите. Цела недела шетаме со ќерка ми. Во недела требаше да одиме дома, ама во саботата така одеднаш му се јавив на мм, да не земе. Си реков со време да фатам дома да се спремам, да исперам, да испеглам алиштенца за бебе.
    А цела бременост имав чувство дека ова бебе ќе се роди порано. И така бидна.
    Успат за накај дома застанав во маркет да купам течен детергент за алиштата, кога на каса нешто ми протече. Ајде си велам не е ништо. Претходната вечер имав ставено вагинално и мислев од него дека е. Влегувам во кола седнувам, тоа пак тече. Јас целата прашалници. Едвај дочекав дома да стигнеме. Како се качував по скали се повеќе течеше. Тогаш сфатив дека ми пукнал водењакот. Ми беше непознато и чудно, дека со првите две во болница ми го пукаа.
    Ајде на брзина туш и во паника да спремам торбица, немав ништо спремано. Незнаев што да ставам, се блокирав целата. Се јавив на сестра ми и таа ми рече ќе ми спреми се што треба.
    Е, ама болки немав никакви.
    Се бакнав со децава, за малку што не заплакав. И тргнавме накај болница. По пат гужва, улицата блокирана, реков готово во кола ќе се породам. Не дека имав болки, ама пусто триста мисли низ главава имав. Стигнавме. Лифтот не работеше и ајде пешки.
    Ме примија, ме заведоа во книга, ме испрашаа што треба, ме прегледаа. Отворена три прста. Болки ич. Беше некаде 17 часот.
    Ми ставија некои инекции и ми направија цтг. Не покажуваше болки.
    По неколку часа, ајде провокација ми ставија. Ни б од болки. Ме прегледаа пак, пак само три прсти отворена. Ми ја исклучија провокацијата и ме пратија на одделение да сум се одморела. Цела вечер се вртев и само се молев да добијам болки. Сабајлето доаѓа доктор, што како, ајде вика до сега требале да те породат што чекале. Ме прегледа на ехо, ме стави на цтг, ме прегледа вагинално (ни цм повеќе од претходно) и ми стави провокација.
    Конечно кај 11 часот ме фатија болките. Ептен слаби. Пак преглед. Осум прста. Добро викам, уште малку остана. Кај 12:30 почнаа посилни, ама многу кратки. 12:45 на бокс. Докторот вика на сестрата пиши таму 13:00 време на раѓање, бабицата вика 13:15
    Поради кратките контракции напоните ми беа слаби.
    Сестрата ме држеше за рака и ми правеше муабет. А јас исцрпена, веќе нема сила, цела вечер без спиење, без јадење.
    Зошто не излегува, ги прашувам. Готово е ајде. Издржи. Еден нап, уште еден и потоа едно големо олеснување. Болката за секунда ја снема.
    Во 13:13 се роди третата среќа. 3.250гр 50цм. Најмалечко од сите три.
    Срце полно радост. Сите маки одеднаш ги снема. Само среќа, голема, неизмерна. Трет пат иста радост.
    Сега сме скоро 4 месеци. Се чуваме, растеме, се галиме.
    Сите маки се забораваат. Сите маки вредат за тоа мало чудо.
     
    На Ana.Jones, 24.07, zalosna и 33 други им се допаѓа ова.