@НаталиЛили Браво мамичке три имаш родено нека ти се живи и здрави со оглед на предходните две тежината и не е лоша за третово. Ти си горда мајка на три слатки дечиња
Мене термин ми беше 3ти јули но на први вечерта кај 20 часот ме фатија болки прво си мислев ај лажни се но кога почнав да ги следам беа на 15 до 20 минути. Кај 23 часот почнаа на секои 10 минути јас со маж ми си искочивме и на кафе со друштво хихихихи иако знаев дека тоа е тоа нема бегање. Кај два часот на втори почнаа така поинтензивни како менструални болки од 5-10 минути така си продолжија во 5 часот се спремив и отидов во болница. Во седум болките беа веќе од 3-5 минути јас 5 прста отворена... ми ставија клизма и потоа ме однесоа на бокс... е таму ми пукна водењакот и почнаа болките кои среќа и брзо завршија... иако бев 9 прсти отворена и малку сецната со помош и на акушерот кој и ми го притискаше стомакот зашто не можев да дадам напон па се породив за 10 минути и во 13 и 20 дојде на свет малото маженце малку повеќе модро но по 10на секунди пушти гласче и ги разби тишината и стравот во мојата глава, тој момент ми беше цела вечност...
Мене терминот ми беше 29 јуни,но се породив на 1ви јули.Пред се, да напоменам дека од како што дознав моментот дека сум бремена во мене имав големи стравови за пораѓајот.Значи кошмари 9 месеци имав за тој пораѓај. Поголема страшлиица од мене нема мислам. Но,се испадна супер,до тој степен што јас сега кога ќе ме праша некој како би одела нареден пораѓај,кажувам дека и 10 деца да имам,природно би одела. Петокот сабајле на 30ти јуни бев на преглед и бев само 2 прсти отворена.Вечерта точно 00:30 ме фатија болки ,ама докторот ми рече да седам дома додека не добијам неподносливи болки.Инаку јас имам јаки менструални болки и очекував дупло појаки,ама испадна дека јас секој месец имам породилни болки,бидејќи не осетив ништо поголеми болки. Утредента цел ден имав болки на 10 монути и вечерта во 19:00 само многу прокрварив и му јавив на докторот и тој ми рече одма да одам.Кога отидов бев отворена 4 прсти и одма тамо ми пукнаа водењакот и ме качија на бокс. Може 2 минути само имав малку појаки болки ,сум се птворила повеќе и одма почна процесот .Само 2 пати дадов нап ,ме цакнаа со ножици малку и бебуш излезе.Сама од себе се изненадив колку лесно поминав. Инаку многу ми помогна лако кажа докторот тоа што се движев. Јас 9 месеци нон стоп пешачев и до последен ден на работа одев и на планина исто одев и дома обврските нормално си извршував и дворот си копав до последен ден цвеќиња. Така да ,совет до сите,да не се залежуваат.Ако немаат никаков проблем, што повеќе движење,зошто помага.И најбитно,да се слуша докторот и сестрите,бидејќи знаат тие како треба и ако ги слушаш лесно поминуваш. Единствеено од цела процедура ми остана неубаво искуство вагиналниот преглед,но ако се опуштиш и тој не бил толку страшен. Најлошо од се после ,е одењето во вц.Полесно пораѓајот го поминав одколку одењето вц,бидејќи запек фатив. Ама и тоа помина. Се на се, битно е да се слуша и да не паничиш
Koога викам треба часови, едукација, вие несалам ме праите. И после тоа веќе не читав стварно. Мислев само позитивно и на тоа дека пораѓајот е природен процес, не убиство. Гледано после година и нешто сфаќам дека пола сум заборавила, сега се препрочитувам. Од пораѓај полошо е само какањето кога ќе си дојдете дома. Поарно дете да родев пак отколку да какам, иако од болница ми дадоа чепчиња.
Ај и јас да ја кажам мојата,после 8 месеци. Беше сабота,3 декември,бевме кај моите цел ден натаму наваму правеа фасада на куќата,и вечерта си отидовме,чуствував некои тапи болки менструални,но во главата си бев ставила ке се роди покасно,не сега,а уствари знаев чуствував дека наскоро ке се запознаеме со малото душиче.и си се бањав вечерта си легнав,но не бре пак болки мн појаки,станав накај еден ипол одам у вц гледам нешто розево и лигаво,викам готово почнало,ај си полегнав до мм и ништо не го будам,пак болки јаки и станав,некако издржав до сабајле до 8.си спремав торбицата синко спиеше,и мм ме однесе во болница,ме прегледа док.вика само три прсти,но бидејки ти е второ,ке оди се побрзо и подобро тука да останеш.ок,ајде се сместив предпородилна соба,цтг,болки веке нема,и така до кај 15 часот никаква болка ни јака ни слаба,и ајде ме прегледаа 7 прсти,болки нема,накај 16 ч почнаа јаки болки вика сестрата шетај,глас не пуштав,и во 16 ипол на бокс ми ставија провокација,почнаа напоните,ајде малку ме сецна и бебуш излезе,заплака ми го доближија да го видам па го мереа 3400 и 52,потоа ме шиеше док.издржав,мислев само во јадењето мн ми се јадеше,и останав саат време на бокс,но имав толку мн јаки болки мислев нешто да не заборавиле внатре но не,било нормално,и после 3 дена не пуштија дома,и пак имав во матката не јаки туку прејаки болки,не можев да станам седнам да дишам,страшно,но помина за неколку саати,затоа може бебуш немаше ниту еднаш грчеви. И така мајки,не се плашете тоа поминува а после растењето и чувањето е потешко.
Супер си поминала А што има врска грчевите на бебето со болките во матката? Или на нешто друго мислиш?
Па ми рекоа дека ако сум имала такви јаки болки,бебе немало грчеви да има,не верував,но такабеше,незнам од кај им е тоа. Да
@mariz телепатија Инаку јас прв пат слушам за ова @muchacha_a и смешно ми е искрено,ова од доктор или од старите муабет?
Нема логика Не верувам баш во тие работи. Јас болки имав, но издржливи.. сепак матката 9м се ширела, а сега одеднаш спаѓа и треба да се собере... сеуште контрахира и наболува при собирањето. Дури и инекција даваат за тоа, може од инекцијата си имала болки повеќе. Значи болки издржливи, а бебето сепак ми немаше грчеви, глупост некоја само. @MamacitaBuena па одма тоа ме зачуди при читањето, мислам секој прв што ке прочиташе ке прашаше
@MamacitaBuena да у болница ми рекоа,не се истрпуваа тие болки сто пати појаки од породилните,им тражев апчиња,анестезии,инекции сее,но не ми дадоа ништо и само тоа ми го рекоа.... @mariz нит јас не верувам у тоа,секое дете си е различно,првото имаше грчеви овоа не.нормално 9 м се ширела после се собира има болки грчеви,тоа е.битно се лесно да помине а живи здрави прави бебчиња.
Јас имав болки ама издржливи,а исто така и бебуш имаше грчеви од прв ден,така да ништо од тезата.Ми се чини дека те имаат тешено со муабетот за да не ти дадат аналгетици. Туку,ме чуди што не ти дале аналгетици за болката,зошто да трпиш... @muchacha_a
Незнам стварно,ништо не ми дадоа,било нормално,ај таму ок а после дома мм се испаничи ја викна сестра му, висеа над мене сакаше да ме носи на док.но не мижев да мрднам со прст не му дозволив да ме помести од место,страшна болка,не можев да си го земам бебето да му дадам да цица,и сега имам страшни менструални болки,како никогаш пред тоа.
@muchacha_a и јас со третото имав неиздржливи болки. Вториот ден кога ми ја ставија таа инекцијата, мислам ќе се онесвестев. Ми се стемни пред очи. Светки почнаа да ми излегуваат. И ми дадоа после нешто за болки. И сестрата ми рече дека со прво и второ болело, ама со трето и повеќе, болката била многу поголема. За недела дена поминаа болките. Со првото ова е еднакво болно на породување. Траума за цел живот Ама со другите после не е ни приближно толку страшно.
Јас се породив со царски рез во приватна болница и не жалам за ниту еден денар што сум дала. Бебето ми беше карлично, јас паничарка, ми правеа цтг секој втор ден, и предпоследниот пат пулсот на бебето му беше 190 до 200. Решивме со докторот да се породам утредента иако бев 38 недела, и ми рече дека ќе мора со целосна анестезија бидејќи бебето е високо кренато и му требало да бидам смирена, бидејќи дента и мене ми беше многу висок пулсот и почна да ми се крева притисокот. Утредента во 10 саат ме зедеоа во сала, ме породиле и единствено што се сеќавам беше дека почнав да повраќам и не можам да дишам. Ме ставија на кислород и тогаш почнав убаво да се освестувам. Плачев, мислев дека умирам а една од сестрите ме држрше за рака цело време додека бев во шок соба (или како и да се вика таа просторија). Кога почнав да се соземувам го барав бебето да го видам, но не ми го покажуваа ми викаа дека е добро ама дека не можат да ми го донесат бидејќи сестрите што биле на педијатрија биле зафатени.Знаев дека нешто не е во ред. Кога ме носеа во соба ги молев без престан да го видам детето и ми го дадоа, видов дека диши, го гушнав и одма ми го зедоа. Влегов во соба и го видов маж ми цел расплакан, дојде ме гушна и продолжија солзи да му течат. Го прашав што се случило, мислев дека нешто не е во ред со бебето, ми кажа дека одвај не спасиле и мене и синчето, царски што обично трае пола саат кај мене траел скоро 2 часа. Јас бидејќи имам проблем со тероидната од анестезијата сум почнала да се гушам и одма почнач да ми се качува притисокот, поради тоа бебето се кренало уште повисоко и не можеле да го извадат. Од кога го извадиле одма го приклучиле на кислород бидејќи имало такихардија, па после го ставиле во инкубатор неколку часа, во соба ми го донесоа тек во 4 саат попладне. Што се случувало со мене не знам, мм не сака да ми каже, најважно е што фала му на бога сега двајцата сме добри и што го избрав најдобриот доктор, што обезбедил најдобар анестезиолог и што беше присутен најдобриот педијатар. Иако сите даваат лоши коментари за санте плус, јас сум презадоволна и за сите 6 дена што бев таму ме чуваа како мало дете и се грижеа за бебчето. Кога би се решила за второ пак би одела во санте и кај доктор јегени и педијатар катица пиперкова
Ајде и јас да ја раскажам мојата приказна Краен термин ми беше 21 јули ,на 20 ти вечерта се избањав и си легнав накај 1 ноќта ме разбудија болки ама не беа на на некој точен одреден период па така си трпев неможев да спијам се виткав цела вечер ,сабајлето и онака требаше да одам на цтг си реков ќе издржам .Сабајлето во 8 се спремив и со маж ми отидовме во болница јас бев веќе преморена од болки дури ми се повраќаше ,ме ставија на цтг тоа не регистрираше никакви контракции ,ме прегледаа вагинално ми рекоа дека сум 2 цм отворена и дека е најдобро да ме задржат во болница да не ме шетаат .Така имав болки до 2 на пладне ,и тогаш болките престанаа како да не било ништо ме ставаа на цтг на секој 3 саати немаше контракции некој мали само,ноќта ја поминав во болница утредента дојде докторката направивме муабет ме прегледа сеуште бев само 2 цм отворена и се договоривме да одиме со провокации ,ми дадоа клизма и ме качија во предродилна .Ми дадоа вагиналета во 11ч. и почнавме мегутоа кај мене целиот процес на отварање одеше многу споро и бебе неќеше да се симне стоеше високо,е сега од кога ми ја дадоа вагиналетата јас почнав и спонтано да добивам контракции на 3 мин и тоа големи ,мегутоа не чуствував никаква болка .До 4 на пладне јас бев отворена само 3 цм,ми рекоа да шетам да се движам за да можам да се отворам побрзо тука почнаа и болките одам низ соба до ходници болки ужас ,неможат да ми дадат епидурал додека не бидам бар 6 цм отворена ми рекоа .Кај 6ипол ме прегледаа веќе бев отворена 6 цм ,ми го прснаа водењакот и тука почнаа најголемите болки ми дадоа епидурал ама на почетокот не ми делуваше па после ми ја зголемија дозата и мислам дека се препородив болките ги снема чуствував само напоните .После тоа се одеше многу побрзо бебе почна полека да се спушта ,јас се отворив скроз ме качија на бокс ,ми направија мала епизиотомија и бебе во 20:50 излезе со неколку напони 3500 гр тешко 50 цм долго .Бев шиена во целосна анестезија затоа што бев преморена и телото само ми трепереше од замор па и мрдав на докторката па ме прашаа дали се согласувам да ме сошијат со целосна анестезија одма прифатив ем се одморив еден саат ем докторката си ја заврши работата како што требаше на раат.Имам еден совет до сите вас слушајте ја акушерката и докторот кога ќе бидете на бокс и ќе се породите многу лесно и брзо ,знам дека е тешко ама соберете ја цела сила на светот и правете се што ќе ви кажат .
Накратко да ја пишам мојата породилна приказна. Во 36+4 имав закажано да прв преглед кај докторот што требаше да ме пораѓа. Се запознавме и реши да ме стави на цтг. Кога ме приклучија почнав да осеќам некоја возбуда, дополнително што и сестрата што ме пратеше будно набљудуваше што се случува. Почна да ми дава инструкции, сврти се лево, сврти се десно и почна да ме фаќа паника. Ми ставија боца со кислород и ме оставија едно пола саат на цтг. Се покажа дека има контракции и тоа не баш слаби, а јас најјаките ги осетив само како слабо затегање. Докторот ме врати назад за вагинален преглед кој морам да признаам беше многу непријатен. Бев 1,5цм отворена што на докторот не му се допадна, ама ме пушти дома да мирувам и да дојдам на цтг сабајлето. Си дојдов дома, си легнав и таман се опуштив, а со мм на телефон нешто разговаравме кога осетив како балон да се дупна во мене и почна да тече и тече и тече никако не запираше. Го прекинав мм и му викам враќај се ми пукна водењак, треба да ме носиш во болница. Станав се истуширав и облеков додека дојде и правец болница, а вода уште тече и тече. Ме примија и почнаа да ме спремаат за итен царски дека синко поставен карлично, ама ептен итно зошто кога се вратив во болница веќе бев 5,5цм отворена. Штета што не можеше природно, зошто со ова темпо и интензитет на болки мислам ќе имав многу лесен пораѓај, ама ете така требало да биде. Така јас од прв преглед до пораѓај, имав само 4часа. Неможам да се пожалам и на царскиот. Веќе во петокот функцуонирав скоро нормално. Синко се роди помал 2400, ама лавче на мама супер си напредува. Ве гушкаме сите и се надевам ќе имате лесен пораѓај како мојот.
Здраво мамички, ајде да ја споделам и јас мојата тешка породикна приказна но со среќен крај. Бременоста течеше нормално се до 28ма недела кога увидоа дека плодовата вода е на граница на минимум и дека постои опасност од предвремено раѓање, инекции за зреење и сл....па завршив на клексани...цели 61 ден. Изгор жешко лето како за мене така и за другите но неодењето на работа ме фрли во депресија плачки и нервози. Одмараш, читаш книги гледаш филмови ден два три пет..после ти здосадува а кој на работа кој по одмори, надвор жешко до 10 навечер...а ти нигде не смееш да мрднеш само да лежиш. Си викав дај боже да си поседи бебето повеќе за да биде поразвиено а од друга страна сакав да се олеснам зошто се осеќав како неспособна, болна...не споеш ко чоек едни нокти не можеш да се свиткаш да си исечеш....се случи јас да дотуркам до 37 недела само што влеговме прекинавме клексани за да не крвсрам на пораѓај и 8ипол месеци ми се збори бебето дека е тенко витко ќе излезе ко шпагета лесно природно...за сепак да биде царски. Во 37недела+5 во 2 ноќеска седам пред тв оога ми пукна водењак. Го мислев момент претходно како не треба да паничиме и да останеме смирени со маж ми. Прво се возбудив адреналинот ми ср зголеми раце ми се растреперија и по некоја солза ама помогна тоа....остани мирна остани мирна. Се јавивме на ургентен и лека полека патот накај болница. Петок, 25.08 скопје празно сите споиле викенд, 2ипол ноќта ...ептен ни се погоди. Стигнавме и одма на цтг, срценце добро болки никакви. Во меѓувреме вода тече ли тече. Болки немав никакви не знам што е контракција. Ме чекаа до 11сабајле ниту еден прст не бев отворена, контракции никалви а срце на бебе одлично. Побарав процокации ми рекоа опасно ќе биде и таа малку вода што била истркла бебето нема.вода природно ќе се мачи нема да искочи нема вода да лизга и ме известија дека мора царски. Во меѓувреме нема пак контракции а јас никако да се помирам со фактот дека мора царски. Им реков пола саат док они спремат сала јас да се спремам психички. Ме качија во сала, внатре грч ладно јас гола од возбуда ми се слоши а и преку глава ми дојде боцкањето уште локална и спинална ми фалеа. Анестезиологот почна да ми праи општ муабет и пуштија музика па така се релаксирав. Буквално за 10 минути го извадија бебето, оќекивав веднаш да ми го дадат...ама веднаш ...а тие после 2-3 минути додека го исчистат а јас не го слушам и одма мислам нешто не е во ред и почнав да плачам и ми се слопи...за да ми го покажат и речат "не го слушаш од музиката" плаче како пајче. Следните 4 дена беа ужасно болни што од болки попушти аместрзијата, што од боцкање тте во рака те во задник една пече друга боли, не можам да станам боли раната, ме носат до вц болничарки ме бањаат, на птичја исхрана...ама си викав само јас можам да си помогнам да си дојдам побрзо на себе и ко лудача нагоре надоле по тоа ходниците...сега бебе р само 7 дена, доцнеше млеко па почнавме со ад сега се учиме со цице....слатки маки.