Мамички во кратки црти и јас да раскажам. Најпрво сум презадоволна на ГАК од сите што се околу мене , нема намуртени лица , чисто уредно се. Бебушка моја еве ја си спие до мене. За прво станување супер. Од прва станав без многу болки. Царскиот почна со спинална но заради голем страв паника и по малку болка завршив со целосна. Мислам и подобро што беше целосна. Се оправувам сега а сонцето што грее до мене вреди за секоја болка. Ве гушкам со мојата принцеза.
После 6 месеци и јас да ја раскажам мојата. Вечерта имавме гости, ги испративме и јас да ја раскренам масата. Откако завршив осетив болки во грбот ама минимални ни на крај памет не ми текна дека се породилни(очекував повеќе да болат). Си легнав и околу 5 часот(27.02.2017)наутро станав да одам до вц. Се враќам накај спална кога осетив млаз вода и тоа беше тоа. Се истуширав и со мм отидовме во болницата во нашиот град, ме прегледаа 1 цм отворена, а малата ја измерија 3.900 гр. А требаше на 28.02.17 да отидам на контрола во ск и кога им го кажав тоа веднаш правец ск. Ме примија на гак ме прегледаа и на патолошка да следат ситуација. Арно ама не можев да се отворам повеќе од 5 цм, а колку ли само провокации и ништо. Во средата мина визитата ајде пак преглед ништо повторно само 5 цм. Докторот ми вика ке одиме царски, пулсот ми беше над 100-ка и ме зедоа на итен царски. Сакав природно и докторите преферираа природно али не идеше. Ме зедоа во сала околу 10:40, а принцезата моја се роди во 11:10 на 01.03.2017(инаку со спинална и без врски) и не платив ништо за спиналната никој не ми потражи пари. Инаку задоволна сум од Гак(доктори, сестри, болничарки) и пак кога ќе дојде ред здравје за второ повторно на Гак би одела. Се извинувам на долгиот пост
На терминот според менструацијата сабајле почна да ми истекува плодова вода, а вечерта имав розеникаво на бришење. Се спремав и во 7 ипол бевме на одделение. Ми отворија историја и докторката сакаше да ме прегледа вагинално. Стави еден прст и јас срипав, ги собирав нозете и не и дозволив да ме прегледа, па се тргна таа. После една сестра Х ќе ја наречам зеде да ме прегледува а јас и ја тргав раката и на неа не и дозволив. Многу ме болеше. Ме ставија на цтг и кога гледам доаѓа сестрата У, се исплашив дека малку така ја сметав за лоша. Таа ми рече сега на мене ќе ми дадеш да те прегледам така ли? А јас од страв од нејзе реков да. Луѓе не ни осетив ни малку болка кога ме прегледа. Ептен се изненадив. По некое време докторот ме викна да ме прегледа пак вагинално, но и тој беше по малце нежен и многу не ме болеше. Ме однесе на ехо да ме прегледа и ми кажа дека се е во ред но треба да соработувам со нив. Му реков добро. На секој саат ме ставаа на цтг, два ти пати ме прегледа вагинално а јас се тргав, собирав нозе, тој ми кажа Ти вака нема да раѓаш, ич не соработуваш. Ми ставија спазмекс во 15 за 6 и во 6 ипол пак. Имав многу јаки болки и напони. Во 6 и пол кога отидов да ми стават спазмекс сестрата Х проба да ме прегледа вагинално, но потоа ја викна сестрата У за таа да ме прегледала подобро. Оваа кога дојде ми рече форумче ти знаеш дека јас кога прегледувам не боле. Ми бркна внатре и рече Ако те оставам вака до 9 нема да родеш и ми направи една дилатација убава доле, држеше со прстите и вели напнувај, јас со сета сила напнав. Многу ме болеше и многу викав. Нозете не можев да ги држам , не можев ни да ги дигнам. Болничарката почна да ме стиска на стомакот, само и ги тргнав рацете и кажав повеќе ме боле така сама ќе си напнувам. После 3,4 убави напнувања, со само 10 мин на боксот излезе џивџи како некој вулкан. Ме сецнаа доле, осетив благо пецкање. Кога ја избришаа неа ми ја дадоа на градите, си ја гушкав и галкав. Многу беше убава. Потоа дојде докторот ми честита и ми кажа Ти како акушерка како ќе ги породуваш другите кога за тебе не си знаеш. Ме фати еден срам. И во право беше. Јас воопшто не соработував, не ги слушав што зборуваат. Бев убедена дека ќе соработувам и дека знам што и како се одвиваат работите, но кога дојде ред на мене да раѓам не бев таа личност. Во тие моменти не размислував за ништо, само за болките. Џивџи се роди во 20 за 7, 46см долга и тешка 2600гр. Кукличка малечка. Инаку во понеделник пред одење дома полагам овде за лиценца за работа како акушерка. Која иронија. Заборавив да се пофалам од целиот персонал, многу убаво се однесуваа сите, секако дека ме знаат овде и затоа така. Презадоволна сум.
Сонце мало, баш Џивџи Честитки Форумче, според приказната сепак и си соработувала колку толку, не си поминала мн страшно а во право си, во тие моменти забораваш на некои работи, малку ке се изгубиш и незнаеш што правиш За брзо да си се гушкате дома со бебушката
Па да и не беше којзнае колку лошо. За неполни 10 мин се породив, а не бев целосно отворена. Не знам како најдов сила за напоните. Последните 2 часа имав така појаки болки со краток интервал измеѓу, а особено после првиот спазмекс, тогаш имав јаки напони. Сѐ на сѐ не поминав ептен страшно како што има случаеви, само раната од епизиотомијата многу ме боле, но сабајле ме боцнаа инекција против болки. Овие 2 дена само 2 часа имам спиено. Ноќеска многу ми се спиеше, но до 3 и нешто имаше музика на Пастрмалијадата, не можев око да склопам од што се се слушаше. Еве и сега има музика а вечер Лепа Брена пее, пак нема да се спие.
Мнoгу си интересенa и пoзитивнa Зoштo дaвaaт спaзмекс нa пoрoдувaње? Кaкo штo знaм зa бoлкa вo внaтрешните oргaни е тoј? Или вo тек нa пoрoдувaње имa другa нaменa? (Ајде јaс дa те припремaм зa вечер: јoј јoј мики мики јoј све би душo дaлa кaд би биo мoј )
Да ви ја раскажам мојата втора приказна... Иако бременоста не почна баш најдобро, дополнително после еден спонтан неколку месеци претходно имав страв од се...крварење,лежење,терапии, сркатен цервикс...се чувствував под голем притисок и душава си ја тиштев со лоши мисли ,дека пак недај боже ќе заврши лошо..но, со голема верба во бога,истрајност, дисциплина во болничките совети, успеавме да ги надминеме прогнозите дека ќе се породам пред 36 недела...помина 37, па 38, па 39...и матичната и докторите на одделение не им се веруваше..и ако до тогаш советите беа лежи, мирувај...сега им се сменаа во движи повеќе, активност со полна 39 недела , ми рекоа секој втор ден да одам на цтг, а по потреба и побрзо, зошто одделението во мојот град не беше во функција , па требаше да се оди до соседниот...неделата прво цтг, мирно ништо не наговестува...вторникот исто, цтг мирно, ме прегледаа вагинално и само ми кажаа наод уреден..јас стандард веќе колку што можам им се вратив на обврските, посебно кога добив совет да се опуштам , повеќе време минував со поголемото синче..шетавме , излегувавме сами,се гушкавме само ние, зошто се ближеше крајот на таа состојба..ќе гушкам уште едно , си велев... ќе го скокнам моментот кога ми доаѓаа црни мисли дека нешто ќе мис е случи на пораѓај, зошто се се должеше на хормоналниот дисбаланс и мојата луда глава... четвртокот на 11ти мај, утрото сопругот ме носи на цтг, синко го оставив со жената што ми го чува и и велам не му давај појадок,јас за кратко ќе се вратам и ќе донесам топли варени ѓевречиња, синко многу ги сака...чувствував благи менструални болки, но не нешто ни да се спомне на докторката , зошто едно веќе родив, знам како изгледаат болки за раѓање правиме цтг и сестрата ми вели , зошто не ги пријавуваш болкиве, еве во моментов имаш...па и викам пред 3 години кога бев прв пат овде за овие болки кога кажав ми рековте дека младиве ние одма сакам да се породиме , дека треба да почекаме се насмевнавме и рече само , ај за секој случај нека те види доктор па оди...ме прегледа докторката и ми вели ајде...јас целата прашалници..што ајде...таа: 9 прсти си отворена за многу кратко време ќе почнеш да чувствуваш многу поголеми болки, водењак ќе ти прсне и ќе се породиш...занемев, велам немам ништо со мене, ни торба , ни сопруг да среди со историја..ништо..на мојот обид да ми дозволат да си одам дома, добив само одговор дека ќе ме има во весник како наслов дека трудница се породила на скали не ми беше за ништо друго, сакав само да си го бакнам синко да му кажам дека мама ќе оди и ќе се вратам со бато, зошто тој спиеше кога излегов..му звонам на мм на тел..кутриот среде состанок бил...а јас немам време за чекање...звонам упорно и упорно ...и после 3-4 пат ми звони и ми вели што е толку итно, гледаш ти исклучувам...кога му кажав дека дома треба по торба да оди мислеше дека се шегувам со него...дојде, се средивме клизма и спавача и во соба во точно 10.00 боксовите не работат а за во друг град нема време ...толку релаксирано, толку опуштено...поголемиот дел од времето по моја желба стоев на нозе,правев клекни стани вежби со дишење..водењакот бабицата ми го пукна во 10.25, тогаш болките беа многу поинтензивни..веќе и напони се јавуваа..на бокс се качив и со два напони во 10.48 се роди мојата втора среќа..беше прекрасен сончев ден, сонцето грееше низ големите прозори баш од мојата страна , но кога го видов беблаков како уште едно сонце да се појави..ми го ставија на гради малиот 3550 гр и 51 цм плачко и силно го гушнав...бидејќи бев во соба и сите ствари беа со мене, телефонот одма ми го дадоа и прво се јавив на синко да му кажам дека има братче... се извинувам за долгиот пост, од срце ви посакувам на сите трудници да ви биде со лесно...мојава втора бременост беше многу неизвесна, полна со стравови и стресови, но пораѓајот во глава ми беше поминат изгледа повеќе пати и секоја болка стануваше нормална...вреди за сонцата се...моите две ме греат, повеќе од било што на светов... Спојлер: прва приказна
Jas sum na pocetok bremenost i ista situacija kako tebe,se nadevam deka i krajot ke mi bide isto pa ke mozam da ja pisam mojata 2 porodilna prikazna. Vi posakuvam mnogu radosti
Што и да е, немој да ја губиш вербата во Бога. Тој е голем, гледа се и знае колку терет можеме да издржиме. Слушај ги советите од лекарите, мирувај и уживај само.. Мозокот исклучен да биде за грижи.. Мисли само на радости, на убави работи.. Како ќе се гушкаш со бебушка и со првото детенце.. Од срце ти посакувам најдобро
Мојата приказна започна во вторник вечерта кај 12 кога ми падна чепот. Цела нок мочав многу, утре дента уште си паѓаа парчиња. Отидов на редовен цтг ама веќе со болки, слаби менструални. Во 9 вечерта ме примија во болница. Болките се зголемија ама подносливи. Кај 12 појаки, до 2 кога ме пратија во родилна. Е тогаш започнаа јаките. Више не знаев ни саат колку е. Ме качија на бокс 7 прста отворена. Сестра вика напни не смее бебе да седи више внатре па докторот и се пушти, вика не и збори така нема напон а мене ми објасни што и како. Тука не осетив ни сечење ни болка. Само сакав Сара побрзо да ја упознаам. Во 3-4 напони се роди во 4:40, ми ја ставија на стомак. Искоментирав леле мајка ама си мала. Иначе задоволна, рагав подигната(кичмата) ди ги држев нозете, па може тоа ми помогна. Да напоменам, јас отидов спремна дека многу ќе боли. Така да и тоа доста помага. Само не треба паники.
После еден месец и јас да раскажам како поминав. Моето маже се роди патриот, на 8ми септември точно на термин. На 7ми септ. Бев на редовна контрола кај Др. Димитар Георгиевски(само пофални зборови имам за него) и он ми рече утре ти e термин тогаш дојди на цтг,ма да ми рече не знаеш што може да се случи до утре. Во 9ч. Вечерта почнаа контракции на 15 мин по 30 секунди. Мм си дојде од работа и си легнавме и некако сум заспала. Во 3ч.нокта се разбудив за во вц. И гледам крв. Се истуширав се спремив и дури после го разбудив мм оти џнам дека ќе паничи. Ме однесе во Чаир и ме задржаа бев 3 прсти отворена. Плодот каснеше со раст 4 недели па ме сместија на патолошка. Почнав да шетам по ходници зошто контракциите стануваа се почести, кога ме виде докторката ми вика ај во родилна сала ќе лежиш зошто таква ситуацијата со плодот да те пратиме. Оставив се во соба дури и тел. Од 3:30 до 1:30 дента бев само 4 прсти отворена. Болките беа многу јаки и иако сум тивка по природа и трпам болка, сега почнав да викам - ве молам помогнете ми не се издржува ова. Поминува една докторка и ми вика : - што е душо што викаш? И велам боли не се трпи од 3 саат сум со вакви болки. Вика првородилка, си? Да. Е па ќе си почекаш 24 саати им се даваат на првородилките да се породат. А беше 9 сабајлето. Леле си велам ќе умрам до тогаш. Во 1 ч. ми протече нешто крваво лигаво големо парче ткиво. Дојде докторот провери и вика 6 прсти е отворена, за пола, саат на бокс.Во 2 ч. ме ставија на бокс и за 10 минути со 3 напнувања се породив. Синко се роди 2900 што беше повеќе од очекуваното. Здраво бебе со најслатките очиња. Никогаш не верував дека постои таква љубов на прв поглед. Одма ми го ставија на стомак и како што плачеше моментално се смири. Пораѓајот ми беше полесен од тоа претходно контракциите. Малку ме сецнаа од десна страна и после тоа со анестезија ме зашија. Мојот нсјголем страв беше шиењето на живо кое сите ми го кажуваа. Во меѓувреме мм сигурно 2 пати се породил од чекање зошто немав тел. Да му кажам дека чекам да се породам и дури во 3 му се јавив со муабетот. Еј срцка што прајш?Јас се породив. Ми вика што ми зборуваш како на кафе да си била.сум му звучела свежа. Јас од адреналинот и вечерта одвај заспав. И уште еднаш морам да го пофалам цел персонал во болницата во Чаир од болничарки, сестри, акушерки и сите доктори кои беа таму. Пристапот и професионалноста им се на ниво. Исто и хигиената како во собата и вц-то така и постелнини чисти и промена кога сакаш и спавачи исто така. Додека беше болката од контракциите велев нема шанси второ да раѓам и низ ова да поминувам. Ама сега кога ќе го видам малово ангелче како слатко си спие до мене и како ми доаѓа да го разбудам за да го гушкам, си велам вредеше се. Болката и маката се заборава за брзо, посебно кога ќе те гушне со малите слатки рачиња. На сите ви посакувам таква среќичка и со лесно.
Да се надоврзам, кај мене во соба имаше бубачки. Вц смрди, неисчистено од крв сифон. А на патолошка беше ок. Може ете така се погоди, ама она со бубачките да лазат кај што ги пресоблакаат бебињата нема смисла.
Исто и мојата принцеза кога ми ја ставија на гради одма се смири. Никогаш нема да го заборавам тој момент, таа прва средба и како ме гледаше со тие мали очиња.
Чаир, да напоменам персоналот во родилна и на патолошка беше супер, и беше чисто. Ама на оделение има лебарки. Чистачка 1 на ден. Во WC само ѓубре празнеа. У принцип ја сум задоволна, ова не ме засегаше толку зошто битно ми беше бебето.