Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.264
    Допаѓања:
    112.439
    Пол:
    Женски
    Мoјaтa прикaзнa и не е нештo aмa aј дa пишaм. Нa 27.10 oтидoв нa бoлницa сo претхoднo зaкaжувaње зa цaрски рез бидејќи бебетo беше кaрличнo и немaше мoжнoст зa прирoднo пoрoдувaње. Ме припремијa, ме стaвијa нa цтг и примив некoлку инфузии кaкo пoдгoтoвкa зa спинaлнaтa, бидејќи тaa гo нaмaлувa притисoкoт. Бев мнoгу исплaшенa и целo време плaчев. Спинaлнaтa aнестезијa личнo мене вooпштo не ме бoлеше и зa крaткo време нoзете не ги oсеќaв (oвa чувствo е мaлку језивкo) ме пoкријa сo чaршaв и зaпoчнa пoстaпкaтa. Oсеќaв нa мoменти некoј притисoк си рaзгoвaрaв сo aнестезиoлoгoт и сестрите (ми рекoa: немa дa се сеќaвaш нa гoлем дел oд oвa и тoчнo е) кoгa гo слушнaв плaчoт нa мoјaтa нaјгoлемa среќa. Веднaш ми јa дoближaa дo лицетo, некoлку пaти јa бaкнaв и јa oднесoa некaде дoдекa зaврши oперaцијaтa. Е сегa дo oвде прикaзнaтa е "цaрски" oд oвде нaтaму е мнoгу мaчнo. Првoтo стaнувaње oд интензивнa е претешкo и имaв стрaшни глaвoбoлки oд aнестезијaтa ми дoaѓaше дa јa удирaм глaвaтa вo ѕид бебетo плaче зa јaдење јaс не мoжaм дa се пoместaм oд глaвoбoлки. Нaкрaткo тoa е мoјaтa пoрoдилнa прикaзнa. Сегa сме дoбрo сo бебе и се гушкaме.:inlove:
     
    На Kaetana, Lolipop23, 24.07 и 48 други им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Ајде и вторава сосема различна приказна :)
    На 31.10. ме задржаа зашто високо ми беше пукнат водењакот и ми течеше (те по малку, те така повеќе). Ме следеа на цтг, си лежев и рекоа дека како што беше договорот на 01.11. сабајле пробуваме со провокации. Но истиот ден на 31ви накај 8,9 почнав да осеќам како скаменување, па почнаа и контракции убави директ на 5мин, докторот дојде рече супер тогаш изгледа до сабајле ке си родиш.. ме провери вагинално 2 прста само и рече шетај повеќе. Шетав низ ходници до 12ипол, кога некако осетив како да ги нема болките и побарав да ме стават на цтг, ме ставија нема болки (facepalm) Што се случи незнам, ама дојде докторот рече легни одмори сепак сабајле одиме во 6ч со провокации.
    Дојде 6ч ми укл провокации и за кратко почнаа болките кои од 8ч веќе беа страшни, некако многу појаки ми изгледаа од првиот пораѓај... уште до 50ка не рипнало апаратчето мене ми доаѓаше да се изгризам. Дојде 9ч и осетив доле во стомак како нешто да ми пукна јако, дури ме заболе... и почна да тече од мене и сфатив дека е водењакот, викнав сестра дека лежев да види и го тргна чаршафот и брзо викна по докторка, истата ме прегледа вагинално и рече 3 прста само. Рече 90% одиш царски, еве доаѓа докторот твој и он кажува... не ми беше јасно зашто, па станав и видов водата цела црно кафена :o (мекониум во плодовата). Во ист момент почнаа и да паѓаат тонови на бебе, па за 5мин бев во сала која беше спремна за друг царски закажан... Крајно загрижена бев дали бебето ке ми биде добро. Боцкањето на спиналната беше малку комплицирано, бев со јаки болки на 30 секунди веќе... а требаше да се наместам убаво и да не мрдам. Башка имам скулиоза и анестезиологот и ме предупреди дека може ке оди потешко. Почна операцијата, јас бев во многу голем шок и два пати се губев, ми паѓаше притисок и неможев да дишам и два пати ми даваа нешто за да се кренам... Чепкањето го осеќав, така како тргање.. а ептен чудно чувство е кога ке го извадат бебето веќе... абе како делче од мене да земаа, како да останав без нешто :D Не беше страшна операцијата, но страв за бебе имав и затоа бев испогубена. Кога веќе ја извадија и кога слушнав дека плаче и си ја гледав тука до мене ја средуваа... веќе се ми беше рамно (ко на 7мо небо да бев, дали нешто ми дадоа незнам) :) Незнам колку време ме средуваа, некако долго ми се виде, а прстите на нозете на крајот ги мрдав веќе, па ваљда малку подолго траело... На интензивна нозете веќе по 10мин ми беа пуштени, па за брзо ме пренесоа во соба. Опоравувањето очекував да е многу тешко, но супер поминав, станав сама уште втор ден, ми извадија и катетар втор ден... може од желба да си ја видам бебушка :) Она беше малку критично само прв ден (бидејки извадиле 4 катетри мекониум од неа, а и плус на бели дробови имаше), но со добра терапија и грижа на педијатрите и сестрите бебчево брзо пркна и сега сме веќе дома, се гушкаме со бато :inlove:
    Не оди секогаш како што мислиме дека ке оди, ова најмалку го очекував... особено дека прво природно. Но битно сме здрави живи :)
     
    На Kaetana, 24.07, irenna и 78 други им се допаѓа ова.
  3. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Честитки.да биде жива и здрава.битно се добро завршено.сега гушкајте се дома.многу се радувам кога слушам за женски бебенца оти мн си сакам и јас.
     
    На Sexybaby86, LadyC и mariz им се допаѓа ова.
  4. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Честито мајка каква приказна ме смрзна али добро е се кога добро ќе се заврши уште еднаш со среќа и гушкај се со бебо и бато како реагира сигурно не е љубоморен
     
    На sneshko, Melinda85 и mariz им се допаѓа ова.
  5. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    @mariz душо честитики живи здрави да сте само тоа е најважно :*
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Честитки @mariz ,да е жива и здрава:l:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    36.206
    Пол:
    Женски
    @mariz читам и не ми е верно, кога ли летна времето, зарем се породи? Најбитно е да сте живи и здрави! Многу се израдував.
     
    На Melinda85, mariz и podravka им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Не да лета времето, мене не ми се верува дека две дечиња имам :lol:
     
    На irenna, Meckicja, Saraa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    За среќа мојата приказна е кратка и со среќен крај :lol:

    Во 23:30 легнав да спијам (среќа се искапив пред да легнам :D)
    Во 00:00 имав контракција,не беше многу јака па не обратив внимание...по 15мин втора...па одма почнаа на 10 мин :$
    Се помислив еднаш да станам и да одам до болница :wasntme: а толку ми се спиеше |(
    Дојде 01:00 и му реков на маже ај ке одам со комшикава до итна колку да сум мирна
    Дури дојде таа и и дури стигнавме во болница веќе беше 01:20 (контракции на 1 минута :sweat:)
    Нема доктор,нема бабица :o само болничарки :o
    И се јавија за среќа дојде за 10 минути (веќе 1:35)
    Јас во приемна соба :o
    Ја стави таа раката да види дали сум отворена и рече само донесете се овде 10 цм отворена
    Дури дојдоа инструментите во собчето за чекање јас добив напон и од втор пат летна Мишко надвор :inlove: во 1:43 тежок 3100 долг 49:$

    Бев во шок....се породив брзо,лесно и во приемна соба :o

    Битно живи и здрави сме :inlove:

    Ви посакувам на сите вака лесно да се породите (fingers)
     
    На MarigoldA, winter flower, Smizzy и 96 други им се допаѓа ова.
  10. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Лесно како песна. Браво мајка, да е здраво и живо сонцето :*
     
    На mal.ecka, Mari* и mariz им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    36.206
    Пол:
    Женски
    Леле сон на секоја трудница.
     
    На Mikica_89, stevemila, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    8.663
    Пол:
    Женски
    Ја чекав твојата приказна, дека и јас треба тука да се порагам па да не добијам нова информација што како оди:D. Исто те имам читано за породување во базен ама ништо и од тоа. Морам да признаам една од најинтересните приказни:).
     
    На ❤️Sneze❤️, mal.ecka и Mari* им се допаѓа ова.
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Базен :o добро кај што стигнав во болница
     
    На Skorpija25, ❤️Sneze❤️, Mariangel и 4 други им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.162
    Пол:
    Женски
    Се започна 10тина дена пред големиот ден..
    Толку страв, неизвесност имав 9месеци, а секој месец, недела, поминуваше како ,,песна,, ама знаев, едноставно знаев дека барем крајот од бременоста ќе биде поинаков!
    Постелка преку ноќ презреа и само и се нафрлаа калцификати, мојата чудесна состојба покажуваше знаци на активирање и одлуката беше бебе што побрзо надвор. И почнаа подготовките: секој втор ден доплер, цтг, едни инекции, други инекции, проверка на плодова вода (доживеав и со огромна игла да ми боцкаат меше :sweat:) но ништо не ми беше тешко, мачно, болно, само се молев моето малечко да биде добро, се за моето малечко..

    Среда ден отворивме историја..
    Четврток навечер прием.. око не склопив цела вечер, само се молев, многу се молев се да биде во ред.. беба едвај и да мрдаше, се вадев од памет :( во моментот кога на цтг-то ќе го чуев чукањето на моето малечко стравот исчезнуваше, но по некое време кога ќе ме исклучеа од цтг пак исто.. :( и се така во круг до 07ч..

    Петок ден 17.11.2017г. почнаа подготовките, клизма :tmi: туширање со некое сретство и чекање ред за во сала, цимерката ми беше прва, јас втора на програм. Никој не знаеше дека тој е големиот ден, мајка ми се јави околу 10.30ч и си направивме најнормално муабет, жена воопшто не се посомнева дека ќе стане баба :D
    Куцна 11ч ме седнаа на болничкото столче и правец во сала..
    Студена сала, железа кои чукаат, многу луѓе внатре, сите растрчани околу мене, договарања што како да прават.. јас седната на столчето и само се молам за моето малечко да биде здраво и живо, ништо не ме интересираше, ниту имав страв од тоа што следи, имав страв само за моето малечко :(
    За 15тина минути ме спремија и ми рекоа почнуваме.. мислев ќе трае подолго, но едвај поминаа 5мин и чув силен плач, толку силен што ечеше салата, моето бебче е живо, моето јуначе се избори и е живо и здраво, се роди во 11.37ч :inlove: очите не ги одвоив од него додека го прегледуваа и спремаа и само прашував ,,добро ли е, добро ли е...,, кој знае колку пати го прашав педијатарот, тој само повторуваше ,,добро е, добро е,, :inlove: ми го приближија да го помирисам, да го бакнам и го изнесоа да го средат..
    Останав целата збунета, ниту солза пуштив, останав стаписана, во неверување дека моето малечко е добро, дека се е добро, по се ние сме добро!
    Остатокот ми беше досаден, едвај чекав да заврши, ми дадоа нешто да поспијам ама од возбуда не успеав :angel: на крајот докторката му се јави на мм, му честита, ми го даде и мене на линија и по гласот приметив дека и тој го има истото чувство збунетост, неверување дека станавме родители на мало јуначе!
    2часа во шок соба, за мене вечност :whew: само се полевав со вода и броев минути до прва средба со моето јуначе, до моментот кога ќе го имам во своите прегратки. И дочекав :inlove: толку измешани чувства, толку среќа, радост, топлина, невиност во едно, се склопено во едно :inlove: го гледавме со мм тоа мало наше јуначе и повторно и повторно се заљубувавме во него и секој ден од тогаш повторно и повторно се заљубуваме, секој ден го сакаме се повеќе и повеќе..

    Сега сме семејство, сега сме комплетни, сега имаме СЕ :inlove:

    Ниту една боцка не ме болеше, ако беше потребно уште 2пати по волку ќе примев, се за моето јуначе! За овие очиња кои милно ме гледаат вреди, се вредеше, патот беше долг, борбата тешка, но вреди :l:
    1511976018444.jpg
     
    На Dust, winter flower, fana и 107 други им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    169.733
    Пол:
    Женски
    Аааааа ме расплака. На глас липам.
    Од арно да не куртулите мила Емке:*
     
    На ludoto19, Dust, anichka94 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. spirkovski

    spirkovski Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да раскажам, мојата приказна беше филмска и на сите им посакувам таква.
    Беше ручек и седнав да јадам, на првото залче ме пресече болка и ми се одјаде. Легнав малку и по 15 мин пак исто, му се јавив на мм да дојде да одиме на преглед. Додека дојде почнаа болки на 5 мин. Отидовме во болница за 30 мин, јас веќе отворена 9 прсти :o одма ми облекоа спавача и со количка ме однесоа во сала. Кога станав од количка имав чувство дека одма ќе давам напон, и само што се качив на боксот дадов три напони и ете го јунакот мој врисна и ми ја стопли душата. Мал како палче 48см и 2770гр душа најубава. Мм не верувал кога му кажале одма дека сум породена, му кажале дека ако сме почекале уште 5 минути дома ке сум родела:D Вечерта го имаа ставено на опсервација и сабајлето ми го донесоа конечно да го видам. Сега сме домче, цицаме и растеме :inlove::inlove::inlove:
     
    На winter flower, Lizi, Luna91 и 72 други им се допаѓа ова.
  17. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Честитки, живи и здрaви.
    Ах кaквa леснa пoрoдилнa прикaзнa. Среќницa :) Пoбрзo oпoрaвувaње!
     
    На Skorpija25, spirkovski и fina erika им се допаѓа ова.
  18. Melinda85

    Melinda85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2016
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    5.814
    Пол:
    Женски
    I mojata porodilna prikazna zapocna na 20Dekemvri . Igravme karti so soprugot , tatko mi i svekor mi. I gi pobeduvav:) i mu rekov ajde usye edna partija da ve pobedam i da odam da se poragam:) kako da me slusnal gospod.:l: Osetiv jaka glavobolka vecerta, merevme pritisok doma 170-110.Vednas go barav dr.Petanovski na mob i mi rece -spremaj si ja i ja torbicata i vednas remedika.Jas od prethodno veke spremna ,vednas od Ng trgnavme na kaj Sk. Me primija me smesija vo soba, si go zemav soorugot so mene mi bese cimer vo soba, odma na ctg nemese kontrakcii ,ama pokaza tahikardija na malata i pretisokot ne sakase da se simni.Cela vecer me nadgleduvaa, nemase nekoja golema promena.Izutrinata na 21 Dekemvri me pobara Dr.Petanovski na mob i veli -deneska doagam porano na rabota , deneska e golemiot den da se zapoznaes so tvoeto angelce.
    Jas i pred toa mnogu sakav carskiot da go zakazeme na 21 Dekemvri, bidejki imeto na mojata ubavica uste ne zacnata bese odbrano i tocno se poklopuvase na 21 da bide Sv. Arangel. :l: Bozja rabota.
    I taka izleze vo 13.30 me zemaa vo sala . Dr.Peranovski odma na vrata na sala me preceka me izguska veli ajde mnogu sitno broime , ne ceka malata. Timot sto bese so mene vo sala, anestiziolozi, pedijatri, sestri mozam da kazam za niv samo NEZAMENLIVI. Procesot ne go ni osetiv, bev nestrpliva da ja vidam ubavicata moja.
    Vo 14 casot i 7 muniti go zapoznav moeto angelce,gi vigov najubavite modri ocinja,go slusnav najsilniot plac do sega, vednas ja stavija na moeto lice , ja baknuvav, ne mozev da i odoleam. Gi baknav racete na dr.Petanovski koga zavrsi cela procedura, bidejki e covek so najgolemo srce za mene.. 2 casa vo sok soba, pretisok malku se stabilizira i me premestija vo soba. Bidejki i za soprugot plakavme soba vednas toj me preceka i mi ja donesija malata da bide so nas. Najneznoto , nevino covese bese so mene. Mojata najgolema zelba se ispolna, moeto angelce bese do mene. Naredniot den vednas stanav, izvadivme katetar, bolkata ne ja ni osetiv dali ja imam, golemata zelba da stanam i da i pruzam ljubov i vnimanie na malata me napravia mnogu silna . Personalot na sestri ne me ostavija 5 min sama. Postojano bea okolu mene . Uste na tretata den so moja upornost malata pocna da si cica. 5 dena vo bolnpica pominaa za mene mnogu brzo...Ovaa prikazna so najubav kraj mozam da ja zavrsam ovde. Od srce:l: na site vi posakuvam prikazna kako mojava da doziveete, zatoa sto sekoja zena zasluzuva da bide Majka:l::l::l: ve guskame so mojata ANDJELA:hug::hug::hug:
     
    На winter flower, pile30, Lizi и 53 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Си згрешила месецот мајка. Место ноември си пишувала декември. :)
     
    На stevemila, Melinda85, Bebulleee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Melinda85

    Melinda85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2016
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    5.814
    Пол:
    Женски

    Lele milicka da:)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.