Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Уште ја држи возбуда :)
     
    На LiliBoz и Melinda85 им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Претпоставував :)
     
    На Melinda85 и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    После речиси четири месеци решив да ја раскажам мојата породилна приказна. Свесно избегнував бидејќи некако тешко ги надминав траумите.
    На 13.08 вечерта ми падна чепот, школски се одвиваше се, почнаа болки на 40 минути, па на 30, на 20 и кога стигнаа на 15 се облековме со мм во три саат ноќта и отидовме на ГАК. Ме ставија на цтг, покажуваше многу јаки болки но јас не ги чувствував многу интензивно. Бев отворена само два прста и ме вратија дома. Од возбуда не заспав воопшто и се вратив утрото во 9. Ситуацијата беше иста пак си заминав дома. Одморив саат време. Некаде околу 17.00 часот повторно отидовме. Ме хоспитализираа бидејќи бев 3 прсти отворена а бебо беше тахикардичен, пулс 180. Ме ставија на цтг и ме следеа многу долго, четири часа. Не се отварав ни милиметар. Со сила ми го пукнаа видењакот и тука почна хоророт. Сите жени со болки шетаа или си лежеа на кревети, јас закачена на цтг со часови на тој креветот како штица тврд не можев да мрднам. Болките почнаа да стануваат неподносливи, бебе тахикардично, цервикс не мрда. Јас почнав да се губам целосно, и да се тресам како лист. Се дрмав како во струја приклучена. Веднаш почнаа да креваат паника да трчаат околу мене викнаа доктор ми измерија температура 38. Ми приклучија инфузии антибиотик, анелгетик, ми ставија два спазмекса но ништо не помагаше. Многу се плашев и се молев за бебето бидејќи не се смируваше никако. Јас веќе не знаев како се викам. Тотално се изгубив. На три минути идеа ужасни болки и штом ќе поминеше болката јас заспивав не бев свесна, за за две минути повторно да се разбудам и така во круг. Бидејќи не се отварав ни милиметар а бебо буткаше имав чувство дека ќе ми се распадне карлицата. Докторот кажа дека сум случај со индикатор за царски уште два саати откако ме примија, но ме држеа вака со саати. Во 12 на полноќ почна да ми трне раката. Им реков веднаш да викнат доктор. Кога дојде докторот почна да им вика зошто ме исклучиле од цтг беше многу лут, вика бебето е со зголемен пулс вие не го следите... Им кажа веднаш да ме спремат за во сала, но ГАК како ГАК еден доктор дежурен а во меѓувреме друг итен случај па место мене однесоа друга жена. Јас во таква состојба бев оставена уште два часа. Си мислев дека е некој лош сон. Бев целосно исклучена од себе како да лебдев. Сестрата ми вика ти трнат рацете бидејќи не зимаш доволно кислород, а како да земам воздух кога бев 7 саати со страшни болки, немав сила очите да ги држам отворени. Мижев и чекав да се смилува некој. Имаше една докторка не знам која беше цело време ме бодреше, ми збореше да издржам уште малку. Во цела гужва не и го запамтив името. Дури во 2:20 утрото ме спремија за царски. На цела мака, не им работеше лифтот да ме однесат со креветот, па ме фатија под рака од двете страни две сестри и ме носеа. Во операциона сала почнаа веднаш ми ставија спинална анестезија а јас цело време мижев ништо не чувствував кога ме боцнаа баш ништо. Кога почнала да ми делува анестезијата телото се опуштилило и целосно сум се изгубила. Не се сеќавам на ништо. Исто како со целосна анестезија. Ниту бебе слушнав да плаче ниту го видов. Ме разбудија дури на интензивна, односно јас се сеќавам од таму. Одма прашав за бебето ми рекоа дека е добар и дека сум отворила очи да го видам кога завршил царскиот, но јас не се сеќавам.
    Во болница не држеа 8 дена. Ова ми е потрауматичен дел од приказната. Бебо беше ставен на опсервација со чадорче чист кислород. Не беше страшна состојбата повеќе превентивно го држеа но не ми даваа да го допрам. Само смеев да го видам по пет минути во денот. Не можам да ја опишам таа фрустрација и тага што ја осеќав. Толку сакав да го гушнам... Прв пат ми го донесоа после шест дена. Е таа средба нема да ја заборавам никогаш. Фајтерот на мама јуначето мое кога го гушнав експлозија од емоции. Само го бакнував во главчето, го мирисав. .
    Откако не пуштија дома бев во постпородилна депресија, не знаев што ме снашло. Имав инсомнија, само го гледав како спие, не ми се веруваше дека е до мене.
    И на крај да не звучам клише ама се се заборава после некое време. Кога гледаш таква силна љубов во тие мали очиња, се вреди, ни за еден миг не жалиш, ни за една болка. Ама ѕверки сме ние жените, каква болка и физичка и психичка можеме да издржиме. Капа долу.
     
    На Dust, fina erika, Abril и 82 други им се допаѓа ова.
  4. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    @Melinda85 Се изнаплакав, не сум плачка ама твојава приказна ја препрочитав неколку пати и си плачев како магарица :$. Со право чекав да пишеш, ме ослободи од голем дел од грижите :inlove:. Само уште да ми кажеш која недела беше и преспивањето на сопругот дали го договоривте претходно или тогаш кога стигнавте?
    Гушки до тебе и малата принцеза. Нека ви е жива и здрава, радост да ви носи.
     
    На Lara 27, karak и Melinda85 им се допаѓа ова.
  5. Melinda85

    Melinda85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2016
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    5.814
    Пол:
    Женски
    Mila ne se sekiraj vo najsigurni raci ke bides, kazav i uste mnoguu pati ke povtoruvam. Dr.Petanovski e srce od covek. :l:Jas tocno 38 nedela se porodiv, za soprugot nisto nemavme prethodno dogovoreno, se izleze spontano, ne bev vo apartman si bev vo soba, no bidejki soprugot sakase da ostane so mene, sestra Makedonka me stavi vo soba so prazen krevet i taka soprugot ostana so mene. Za nego plakavme 3500 denari od den so celosno meni za jadenje:) I nie te guskame mila:hug::hug::hug: i te cekam so ubavi vesti da ne izraduvas:l:
     
    На stevemila, Lara 27, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Placam........od srekja ili od nesto drugo...ne znam. Srcevo mi treperi uste i zatoa ti pisuvam. Zivo i zdravo da bide, samo Toa i nisto drugo, samo Toa.....
    Ve guskam i pozdravuvam.
     
    На Lara 27, emkaemka, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.162
    Пол:
    Женски
    Големи гушки до тебе и баткото :hug: :hug:
     
    На Lara 27 и kallias им се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.387
    Допаѓања:
    126.545
    Се мислев дали да ја пишам мојата приказна или не....
    Лежев во спалната соба,веќе неколку дена во паника дека денот се ближи...галев меше со страв...во еден момент,го погалив и и кажав дека мама се плаши ама тоа не значи дека не те сакам,те сакам од дното на душата и со душа ќе те чекам на овој свет.....за 1 минута точно во 00.00 среда према четврток ми пукна водењаков...како да чекаше дозвола,се исплашив ама не испаничив,ме загрижи тоа што плодовата вода ми беше кафеава не прозирна.
    Ме примнаа ми направија цтг,покажува болки јас не чувствувам ништо.Ме проверија со рака,воопшто не отворена.Ме оставија да почнат болки и да почнам да се отварам.Така фино сум се наспала до 7 изутрина кога дојде друга смена.Во меѓувреме цтг,пак болки покажува а јас веќе не ги чувствував ни оние малите,изчезнаа.
    Отворена воопшто не бев,бебе се качило горе и од тука падна договор дека одам на царски.
    Во меѓу време слушам кај раѓаат една друга трета јас седам како статуа.Пулс почна 190 и морав со целосна анестезија.
    Едвај се освестив,по неколку саати го донесоа моето љубовче,кое спие до мене и му се радуваме сите...за огромната љубов кон неа во друга тема...
    И не,не се чувствувам помалку мајка:D,иако не истрпив никакви болки,ги имам после царскиот и уште траат....загриженоста сите 9 месеци за неа,се да биде во ред,грижата која сега и ја пружам ме прави мајка..Ве гушкаме со мојата Илина:hug::l:
     
    На Dust, karibian, LadyC и 72 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не ми се верува дека во темава пишувам :)

    Си бев на редовно Цтг и контрола вторник на пладне. Цтг мирно, една контракција нема, бебе супер. Ехо преглед така-така, докторот не беше многу задоволен, па и втор преглед со рака. Му викам, нели се брои прегледот од минатата недела, мора ли пак :) Ми се изнасмеа и ко учениче си се качив на столот. :)

    Дур се облеков, докторот зел некои листови хартија и ми вика да останам да ме следат ноќеска. Какво останување? Викам шок ми дојде ова, не сум спремна за останување.:?: Вика појди дома и до 8.30 да се вратиш. Викам мм со мене ќе е, тој не ти треба, остај човекот нек одмара ќе треба да пие.:) Збунка.

    Дома што попрво. Спремив мојата торбица, бебе беше спремно и назад во Систина. Ме примија и мм со мене цело време. Тие на одделенке ко изгубени, немаат појма кој е протоколот за да остане и он. Во соба цимерката со бебе, а јас на цтг закачена. Сугурно супер и било. Се беше во ред, дур не почна цтг да свири. Мм мислеше хартија снема. Ѕвонам на сестрите, таа ко риба нема, ништо не кажува, почна да го мести пак цтг. Работеше нормално и пак почна да свири. Искоментира нешто глупо за главна артерија и со мм сфативме не е добро. Мм на докторот му пиша одма. Се врати сестрата и вика, одиме во родилна. Јас шок! Што се случи за толку кратко време?!
    Во пред-родилна се погоди супер сестра, ми објасни се и некако се смирив, дур не почна пак да свири цтг и тоа повеќе свиреше него нормално што работеше. Таблетка за грло на матка добив (прво брцање прсти за тој ден). Донесоа и провокација и ете го докторот. Второ пикање рака и дупнат видењак. Со акушерката искоментираа дека е ептен заматена плодовата вода и да следат често ситуација. Не можев да видам во тој момент. Дојде и анестезиологот, па пред да ме боцне му викам морам до вц, после ќе нема како. Дур седрв на креветот, уште една тура плодова вода истече и во вц, не знам дали мочкав или течеше плодовата вода. Боја - пролив. Дури и на креветот беше таква трагата што остана. Почна паника да ме фаќа тука - намалени тонови на бебе и плодова вода што не личи на вода.
    Од 7 до 10 30 бев скроз отворена и ајде во родилна сала. Ама бебе не сака да се симне. Акушерката ме напна да давам напони да се симне, а докторот викаше не затоа што не била изротирана глават. А излезе докторот ете ја таа пак напни, па напни. Почнав да осеќам огромни болки. На десна страна не делуваше епидуралот. Барав да зголемат доза, анестезиологот го бара докторот, тој не дозволува. До овој момент не знам колку раце не влегоа. 11.45, докторот вика почнува да натекува главата, за 15 мин ако не се намести одиме на царски. Ножето на бебе цело време на исто место го осеќав, не мрда. Акушерката уште ме нервира, а десната страна корнеше од болка. Ги молев да зголемат епидурал. Дојде 12, докторот го нема. Мм вика да му ѕвонам оти веќе губев и свест, а цтг свири ли свири. Црло време имав маска за кислород за да идело до бб. И од тоа тршко ми беше дишењето. Дури во 12.30 дојде докторот. Последен преглед со рака. Едно 5 мин сум се изгубила и не се ни сеќавам кога ме прегледаа. Се сеќавам само дека докторот вика најубаво е одма на царски да одиме. Го гледам анестрзиологот и му викам - те молам дај ми анестезија! Вика сега одма ќе добиеш. Дур стасавме во сала болките ги снема. Алелуја. Дур се свеатив што се случува бебе излезе. Језиво ми беше она тегнење што се чувствува дур го вадат бебе.

    После се беше друго :) Го бубнав бебе 2 пати и не ми се веруваше дека е тука. Едвај чекав да минат 2ч да ме вратат во соба. Си се гѕшнавме со мм и го побарав бебе. Тоа одма фати да цица - цицалче на мама :inlove:

    И по сета мака, бар уште еднаш би го минала ова. Секоја болка и страв вреди за ова розево бебе што нана до мене :inlove::inlove:
     
    На Dust, Lolipop23, irenna и 82 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Па..не ти било баш лесно:shake:
     
    На Lara 27, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Затоа викам, го родив и природно и царски :) Ем ги осетив сите болки, ем ги јадев и болките за царски. Да не останам покуса нешто да не не видам :)
     
    На karibian, LadyC, Kaetana и 18 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.315
    Допаѓања:
    285.536
    И кај тебе епидуралот не фатил како што треба :sweat:.
    Гушкај принцезата :inlove:
     
    На Lara 27, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Леле колку ми беше страв да не не фати кога ме однесоа на царски. Му викам на анестезиологот, десната страна ја осеќам. Сега кога ќе зголемите доза, ќе осеќам ли пак како и сега. Тоа ми беше најголем страв.
     
    На Lara 27, mal.ecka и danichap им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.484
    леле @kukla21 , зашто да е едноставно кога може сложено :(
     
    На Lara 27, kukla21 и Annath им се допаѓа ова.
  15. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    И ти ко мене, машки до крај :).
    7 саати бев со пукнат водењак и болки на една минута, без епидурал , бебушка абер немаше да слези надолу напротив одеше во десна слабина- со двапати папочна врвка околу вратче и на крај царски. Анестизиологот ме зафркаваше- ко ти викав сабајле да те породиме ти не :). Битно ни се здрави и живи.:inlove:

    Признај другиот ден болката ја имаше веќе забораено :D
     
    На karibian, Lara 27, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па не баш :)
     
    На Lara 27, Skorpija25 и fana им се допаѓа ова.
  17. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Јас ја имав забораено и пак би поминала низ истата. Сега си викам можев уште појќе да издржам болка.
    Без провокацијата не ги ни осеќав болките, со провокацијата се уште се смеев и ми се чудеа ама од ко пукна водењакот беше поинаку :whew:
     
    На stevemila, Lara 27, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Не би да напаѓам приватни болници, не е тоа темата, ама овие во Систина многу лежерно пристаапуваат кон породувањето. Ем ниски тонови на бебе, заматена вода, отворена а бебе високо и пак толку време чекале за пораѓај. Во Ремедика мариз веднаш на царски ја однеле кога виделе заматена вода, што мислам дека е правилно така.
    Јас кога се породив, што ако во државна бев, имаше со мене една исто високо и беше бебето, не се спушташе и царски ја правија.
    Сепак докторите знаат најдобро, јас само мое мислење си кажувам. Извинете за офтопик.
     
    На stevemila, TheSecret, Lara 27 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Нешто слично ко мене си поминала :) само дундава моја се напи + вдиша од тоа црната вода... а за тегнењето кое збориш мене ме предупреди докторката.. вика сега може дури и да ти се повраќа дека ке го тегнат од горе бебето и така и беше, ептен неубаво чувство.. ми ставија метално да повраќам, ама немаше што :D Битно сте живи, здрави... Судено ни било да не поминеме лесно :lol:
     
    На stevemila, Lara 27, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Докторот чекаше за природно да биде. 100 пати ми се извини што ме однесе на царски.
    Не се жалам за ништо од процесот, освен што можеа да појачаат епидурал бидејќи секако анестезиологот беше согласен.
    Да не беше мм до мене мислам се ќе беше различно.
     
    На LadyC, Lara 27, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.