Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Да не се разбереме грешно, јас не се жалам за мојот пораѓај. Сакав и јас природно и мило ми е што докторот сакаше природно да е. Грижата беше на завидно ниво и немам простор за жалење. Релативно брзо се отворив и бебе да се симнеше ќе беше се ала песна :)
     
    На LiliBoz, mariz, Meckicja и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Delfinche

    Delfinche Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!Јас како понов член од почетокот на 9-от месец почнав да се информирам каде и како околу пораѓајот и многу од вас ми помогнаа околу изборот. Одлуката беше Чаир. Како прворотка се разбира стравот беше присутен цело време а последниот месец најмногу. Во 36 нед.по препораки одам до упат кај Георгиев.Он вика се е во ред,дојдете во 38 нед. Јас го прашувам кога сте кај вас да дојдам а он вика кај мене е многу гужва кој и да е олега на смена ке те прими. И така во 38 нед.по грешка влегувам во 3 амбулснта наместо 1.Наместо Ана Марија Ш.го наоѓам В.Спасеноски.Др.млад супер опуштен и забавен. Ме прегледува и вика големо бебе размисли за царски ако сакаш сега фа закажеме.Јас уште толку се уплашив и викам ај кога ќе дојдам следната нед.на контрола ќе одлучам. И така со мм се договараме за царски. Одиме дл.контрола на полна 39 нед.гледа на ехо се е ок и вика ај да те проверам вагинално и вика имаш болки викам не.И тој вика отворена си 5цм.треба да ти дадам спавача. Мене ми се сврте ординацијата. Ме става на цтг и џбори на тел.со дежурнит колеега и вика немаш ништо,оди дома па дојди накај 6 да те примиме зашто сега нема место. Одам накај 6 уште еден преглед и др.вика 5цм отворена оди на клиника може ке се породиш.Уште толку страв и паника зш не беше планирани така.Додека одам на Гак плачам не можам да се смирам.Таму уште 1 преглед со 6цм без болки.Др.вика еве спавача ќе те задржиме.Одам избезумена и до мм се гледаме пред лифт и си викаме само чао знунети.Се качувам во предродилна и гледам познато лице...сестрата од предавањата. Си викам имало спас. Она ме прима и додека ми ги правеше досадните прегледи цтг администрација и бирократија дојде 22:30ч. Вика сега ќе ти ставам провокација и кога ќе истече ќе се шеташ по салава. Ок викам. Само што почна да тече за 15 мин осетив болки менструални и ми протече водрњакот. Ме проверува вика 8 цм за кратко ќе се породиш. Доаѓа за 15мин пак вика брзо на бокс. И вика очекувај јаки болки од стомакот кон кичмата. И седам јас така станата фатена за боксот и чекам јаки болки....и нема јаки туку манструални појаки. Во 23 и 40 бев на бокс во 23 и 55 се порофив. Ко на филм...бев во шок колку брзо се сличи. Родив прекрасно девојче тешко 3910гр и 53цм. Пресреќна што се брзо се заврши. А ми беше жал за една девојка која 3 дена била со провокации и на крај се породи 1 саат после мене цела изнемоштена. Жени,ви пасакувам на сите вакво породување. Е сега другата работа е што на гак после никој ништо не ти објаснува како треба со бебушот. Бидејќи се беше во ред ме отпуштија за нецели 48 саати и кога дојдов дома уморна и ненаспана забележав дека бебушот има жолтица... и моментално ви пишувам од неонатологија бебуш на ув лампаа јас не можам да се движам и седам од епизиотомијата со преполни гради. Вториов дел не ви го посакувам на никој. Извинете за деталниот и долг пост,поздрав до сите идни мамички,некогаш не си веруваме колку сме храбри...
     
    На winter flower, Lolipop23, babydust и 51 други им се допаѓа ова.
  3. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам се најубаво да ти е живо и здраво бебулето.
    Но ова е крајно ненормална работа си планираш во една болница ја грешиш врата те прегледува друг доктор ти вика сакаш ли царски а потоа ти вика оди на Гак тука нема
    место дали јас сум луда или ова е тотално ненормална работа цела сум во прашалници ????????????????
     
    На Meckicja, Luna91, Olgica.bu и 3 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Прснат водењак и не е толку страшно колку заматена плодова вода. Јас бев скоро 13часа со прснат водењак, обавезно антибиотик боцкаат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Delfinche

    Delfinche Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Да,во еден момент си викав ќе се породам дома во када и онака 100 видеа имам изгледано ма ју тјуб
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Ista ko mokata prikazna. I jas se otvoriv skroz i na kraj so zamatena voda i zaradi neubavo namesteno glavce zavrsiv na carski. Znam tocno kako e i bolki prirodno i carski, ti bar si imala epidural kolku tolku jas vo cair nisto. Bitno da se zivi i zdravi bebusite.
     
    На Kaetana, stevemila, pandelka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Ko jas da pisuvav.Isto vikam i jas,znam koi se bolkite i za prirodno.

    Mojata prikazna ke ja pisam koga ke imam poveke vreme.Inace veke gi zaboraviv site maki,i bi sakala da doziveam bar uste dva pati
     
    На Troi, cresa-jagoda, mimiiiii и 13 други им се допаѓа ова.
  8. bumbaroska

    bumbaroska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Eve me i mene najdov vreme da npisam moite bebinja na svet dojdoa na 11- 12 -2017 trebase da itidam na pregled bev 35 nedela jade da mi napravat cetage i doktorot gleda kontrakcii i vika aj vaginalno da te vidam sto da vidi jas osum santimi otvorena ostanuvas mi vika abe kako jas bolki nemam i trknav do doma po torbivata se vrajkam po pola saat povtorno bez bolki uste edno cetage .kaj esen saat me kacija na boks bez bolki mi uklucija infuzija bolka ne doaga posle nekoe vremw od sistemot osetiv mali bolki po nib dve tri pojaki kolku da dobijam napon i mu kazuvav na doktorot koha imam bolka na prvata pokaka bolka se rodi prvoto bebule po 7 minuti se rodi vtoroto .Yaka na svet dojdoa moite angelcinja Majki na sekoja od vas posakuvam da imaat porajhaj kako mojot za cetiri saati po porakhak jas bev na noze.So sreka i so lesno odni mamicki
     
    На bubac, winter flower, Mari-Ja и 64 други им се допаѓа ова.
  9. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    Еве и јас.
    27 недела отидов на преглед кај Трајковски (го следев примерот на @stevemila.)
    Сакав да ми даде мислење и да ме советува за порагај. Наместо тоа, ме прегледа вагинално и цевиксот беше 15мм. (не знам колку се секавате, барав матичниот да ме прегледа заради болки во "кикиритката" но само со рака ме прегледа)
    Ме прати итно на зреење.
    На Гак кога ме примија, имав јаки контракции. Ме задржаа на Пин.
    Утре дента цевиксот ми беше 9мм и бев 2 прсти отворена.
    Ми кажаа строго мирување.
    По примерот на @Maeve , ич стап не ме болеше што 48 дена два пати се избајнав. Одев по вц во лопатка. Првите две недели беше ок, ама наредните многу тешко.
    Три недели не можев да одам по големо вц и многу молев за класична клизма дека имав страшни контранци во дебелото црево. Од многу напин, клизми, чепови, изгубив осет за вц и постојано бев со пелена. По 5 недели престој конечно добив класична клизма.
    Ми дозволија да одам сама до тоалет, за да не стане полошо.
    Ама 5 недели врзана со кревет, мускулатурата не ме држеше. Не можев да се движам. Идеа од дома да ме масират.
    Наредните 2 недели едвај одев до вц, 5 метри од креветот.
    34 полни недели ме слегна Самарџиски за ехо. Пред да одам на ехо лигав исцедк.
    Едниот бебуш беше спремен за излезе. Ми рекоа денес утре ќе се породам. Двата бебуши беа со глава.
    До вечерта цела среќна чекав да дојде моментот. Имав болки, ама споредбено со се што поминав, не ми изгледаа породилни болки.
    Вечерта исцедокот се појави по втор пат но со малку крв. Прашав сестрите, ми рекоа дека ми е прегледот. Знаев дека е чеп и очекував за 2-3 дена да се породам.
    Но почнав да чуствувам како бебушот сака да излезе со главата и како турка, но беше полнок и да не ги нервираме дежурните доктори, не повикаа доктор.
    Потоа случано помина сестрата од кај мојот кревет и ме праша дали да викне доктор, реков нема да е лоша идеа. Ама предложи прво цтг да направиме. Дента цтг беше размрдано, едниот бебуш малку забавуваше со откуцаите, но не беше ништо како за порагај.
    Ама на полнок, се беше спремно за порагај. Итно викнаа доктор, јас бев целосно отворена и за малку да се породам во кревет.
    Веднаш во сала. Првиот бебуш излезе, вториот се изместил последниот ден тран-некако.
    Докторката со бранч (или не знам како се вика техниката) ми го местеше бебушот и на крај го извади со рака. Порагајот болеше нормално, бев без анестезија. Само кога ме шиеја ги замолив дали може да добијам анестезија. Добив локална.
    Се породив во 02 наутро и ме оставија на бокс до 07:30 наутро. Беше неугодно но многу бев среќна. Кога излегоа и кога слушав како плачат, се смеев од 7ца до 7ца :D
    Малите ги однесоа во инкубатор, но бев целосно среќна што се породив и дека слушнав како плачат.
    Вториот дел кога ме преместија на акушерија ќе го скокнам дека сум крајно крајно крајно не задоволна. По скоро 50 дена лежење ме тераа да се движам до бебињата. Јас не можев да стојам не да се движам. Ме треснаа на кревет и до вечерта колабирав. Сестра ми стига побрзо од дома со вода и шекер, отколки медицинската сестра со инфузија. Катастрофа.
    Штета немав пари и кафиња, чокалади да им мачкам на газот за да добијам третман како човек. Ама два- три дена како ич да не биле.
    Малите се до мене. Поубаво од тоа нема. :inlove:
     
    На Dust, bubac, winter flower и 96 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.981
    Допаѓања:
    36.212
    Пол:
    Женски
    @Momichka леле немав прочитано или слушнато ваква приказна а јас цело време се жалам за 30 саати болки леле а ти колку долго си се мачела... Браво сите тројца јунаци! Малите ќе бидат горди на ваква мајка! А ти на нив! Среќно мајчинство! ❤❤❤❤❤❤
     
    На Mari-Ja, Lolipop23, Capricorn Taurus и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Maeve

    Maeve Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    913
    Пол:
    Женски
    @Momichka Херој си била ти жено, браво, живи и здрави и везден насмеани да сте!
     
    На Capricorn Taurus, Momichka, podravka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    @bumbaroska ти завидувам, баш си среќничка :angel:

    @Momichka навистина си херој за сѐ што си поминала за бебушите :bow:

    Да ви се живи и здрави бебушките и на двете! Ви посакувам лесни и безгрижни денови, полни со љубов :f::hug:
     
    На Mariangel и Momichka им се допаѓа ова.
  13. bumbaroska

    bumbaroska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Blagodaram site da pominat so lesno
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    @Momichka така е се се заборава, вреди за тие две мали души кои веќе ги гушкаш, ама женче сочувство за поминатото, јас искрено се препотив дури те читав :(

    Од сега, од среќа, од убавина да не куртулите сите тројца, а и тато четворица :inlove:

    Две мажиња значи :l: :l:
     
    На Melinda85, cresa-jagoda, ludoto19 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.270
    Допаѓања:
    112.527
    Пол:
    Женски
    @Momichka многу си поминала мајка пак те препрочитав и се стргам целата. Гушни ги партизаните од тетките фемински.
    Друго ние сакаме да знајме. Нели близначката бременост ја чуваше во тајност, па кога имаш време пиши ни реакции на твоите кога дознаа дека имаат две внучиња. Мама и дадичката Ева ги гушкаат двајцата батковци мали :*
     
    На Melinda85, cresa-jagoda, ludoto19 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    @fana пропадна изненадувањето. Додека бев на Пин мораше да "факам" врски, а за секоја фатена врска контактите мораше да назначат за кој кревет пациент се работи, со близначка бременост.
    А веста дека се две се рашири со брзината на светлината. :D
     
    На Melinda85, Capricorn Taurus, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  17. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски
    Конечно да пишам и јас за моето породување и доаѓањето на свет на моето јуначе кое си го чекавме 5 години и 5 ивф поминати со еден тон инекции но на крајот од долгиот тунелот светлото го видовме кое сега ни е во раце и ни ја радува душата:hug:

    Сабота 25.11 искочивме до парк да прошетаме но пред тоа мм отиде да го купи чаршавчето за креветче но маж ко маж не бил сигурен за бојата (нијансата на зелената боја) дали ќе ми се допаѓа и ме викна од кола и одејќи натака ко ми се подзаврти во глава но стасав го купивме (маалска продавничка) и накај кола почна хоророт;( се сопнав со десната нога на поткрената бекатон плочка левата нога ми се превиткува и летав со раце пробав да се задржам но меше тежеше и удирив со глава во фрижидер за пијалоци (маалско продавниче) и директ на стомак ;( од што му избегав скроз лево мм неможел да ме фати и директ ме крена ме исправи ме легнаа на клупа ме чуваа поминувачи мм по колата и до чаир лежев ни збор неможев да проговорам занемев;(...бебе не мрдаше...стасавме одма на цтг кога го слушнав срценцето се потсмирив но треперев ко лист...по 10мин.на ехо ме виде Др.беше уредно постелката,плодовата вода...но рече Др.има мали контракции па во 18ч.да дојдам пак...во 18ч.имаше контракции но не за да ме задржи.А бевме договорени на 03.12 да ме примат и на 04.12 да ме породат зошто ќе идев со царски...но од постраумата од падот се предизвикаа работите да почнат вистинските болки и контракции...Во неделата чести стврднувања грчења на меше си лежев...
    Понеделникот 27.12 во 06ч.ме разбудија грчеви диареа ме фати...и на бришење ко лигава слуз и ете го мукозниот чеп(facepalm)
    Влегов си се средив и правец во чаир зошто почна да имам менстроални болки...во кичма на секој 2 мин.па 5мин.па 10мин.па пак 2мин..и се така ми беше до породување.Ме примија во роднилни директ 4ч.скоро на цтг со убави контракции,грчење на меше,бебе активен...
    Ми ставија клизма...ме прегледаа вагинално 1.5цм бев отворена веќе и реши Др.дека ќе ме породи...
    Ми ставија спинална анестезија носот ми беше само единствената мака што ми беше затнат и покрај маска што имав...
    Не осеќав никаква болка само необично чувство и само 3 пати ми го стиснаа мешето дека синко си го носев многу високо:whew:
    И слушам бебе плаче ли плаче и толку бев збунка по 10мин.можеби имаше ја прашав инстриментарката што таа требаше да ми каже дека се роди бебето но таа си пееше песна од Харис Џинович(facepalm)(facepalm)
    И кога ја прашав таа вика:Аааа да мајка родивте здраво живо машко бебе сега ќе го видите...а Јуначето мое веќе го средиле и кога го видов над мене тој со рачињата две ми го фати лицето го изнабацував си се расплакав и си реков ФАЛА ТИ ГОСПОДЕ ЗА ОВА ЈУНАЧЕ ШТО МИ ГО ПОДАРИ.

    Толку беше нежно плаво бело бебе мекано плишано едвај чекав повторно да го видам.
    По 4ч.ми го донесоа на 20мин.да се гушнеме зошто бев сеуште во шок соба...Тој момент ми беше уште поубав кога ме погледна со тие очички се помилувавме и го земаа.Саатот право пред мене беше едвај чекав да се раздени не ни можев да заспијам од возбуда...Утрото ме однесоа во соба и почна моментот кој го чекав со години..Се гушкавме,милувавме,се учевме да цицаме и тогаш го добив телефонот(во шок соба недозволени беа тел.Државно тоа е..)едвај чекаше тато да не види и првото селфи и првата фотографија со јуначето наше беше испратена со брзина на светлината...Болките почнаа да бидат се појаки но преку инфузија се потсмируваа помалце..но помислата дека сум мајка и му требам на тоа малечко човече од 3кг.давав се од себе...
    Господ да дава на сите ваква среќа за нив живееме со нив се радуваме со нив сме среќни и насмеани...:inlove:
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На winter flower, Mari-Ja, Lolipop23 и 62 други им се допаѓа ова.
  18. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја пишам и мојата приказна.
    Договорени бевме со докторот да се видиме на 08.01 и да ме породи.
    Отидов утрото во 8часот и почнавме со цела процедура. Цтг до 70
    Примив инфузија некоја и чекаме за природно, ме провери вагинално и одлучи да ме спремаат за царски рез. Така и бидна во 11:15ч се роди моето синче.
    Јас брзо се опоравив, не било страшно како што очекував. Станав по 24ч се движев :)
    Поздравв :*
     
    На Dust, winter flower, Mari-Ja и 54 други им се допаѓа ова.
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.118
    Допаѓања:
    40.321
    Да пишам и јас дур имам време, оти после ми се е.а мамата :rofl:
    Околу 2.30 после полноќ се разбудив за мала нужда и видов дека главата е многу ниско па се израдував се спуштила. Отидов до вц и сибосетов болка со стегање на стомак и знаев дека е тоа тоа. Реков ќе чекам да се осигурам. Оп после 5 мин уштре една, па после 3 уште една и се појаки. Се спремив и отиовме. Околу 3и30 стигнавме, цтг па преглед и докторот на дежурство ми вика 6 прста отворена а ја веќе молам за анестезија. Една по друга беа и многу јаки. Отварање историја, качување во соба, клизма, брисеви крв а јас веќе немам сила од болки. Ајде ме качија во родилна и ми соопштија дека нема време за анестестезија оти 9 прста отворена. Кога почнаа нашоните да доаѓаат по 4тиот во 4.55 излезе цуцка со 3300 и 50цм :)
    Без сечење и распукување. Освен мала "гребаница" блисју клитприсот па морало 2 кончиња. Е тука ме успаа на кратко и тоа беше тоа. Се гушкаме со бебка и со душа чекам око да склопам оти денес не успеав.
    Чича мича готова прича :rofl:
     
    На Chantal, gothchick, bubac и 60 други им се допаѓа ова.
  20. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Вистина било дека со второ полесно е а :Dако се решам за второ некад да си знам :$ само не ми се допага тоа што успиваат за неколку конц, другарка се породи во болница во внатрешноста па за шиење и тоа бааги и ставија локална анестезија таму долу :D
    Како си сега задоволна од односот на сестрите, има ли подобрување, објаснуваат ли?
     
    На Mariangel и Mari* им се допаѓа ова.