Sega za sega sum od site prezadovolna pa kje vidime. Ona odma fakja cicka pa polesno e. Mi ponudi na zivo ama odbiv. A koga bev so epidural za prvoto mi stavi lokal. Mu vikam na mm treto bi go rodila so kivanje cim ova za 2h
Мислев кога ја отворив темава дека пишуваш онака. И оп пријатно изненадена дека си се породила па и од лесно прелесно. Браво. Нека ти е жива и здрава цел живот да ве радува и прави горди родители
Што убаво, пораѓај каков што секоја жена сака, теее само јас како второродка, бетер од првородка бев, абер немав За трето (но за едно 4год), па би пробала природно... Нека е жива и здрава бебушка, поголемка од баткото испадна а
Се чудам дали сум член на форумов. Ваква информација сум пропуштила. Честитки @Momichka , многу ми е мило за тебе и твоите малечки, нека се живи и здрави, те памтам од моето време и кој пат го помина за да дојдеш до твоите ангелчиња. Се надевам дека сте добро сите тројца. Навистина тежок пат си поминала, ниту мојот не беше лесен, ама далеку бев од вакви проблеми. Барем си се отворила и лесно си се породила, што е реткост со близнаци. Какви се, машки, жански? На ГАК се породи? Гледам незадоволна си од персоналот, не знам кој е задоволен од нив, јас откако дојдов дома, се обидов да не се сеќавам на тој период само поради нив, ги памтам само со задоволство моментите со бебињата. Кој доктор те породи? Честитики и до бебињата на @pile30 @kukla21 @Bebulleee @wannaBeMomma @bumbaroska да ви се живи и здрави на сите.
Добри сме @Abeja. Машки партизани имам.Целосно го поддржувам твојот став се да се стави зад нас. Морав да споделам овде. Сакав да ги мотивирам сите мајки кои заглавуваат на кревет како мене, дека никогаш не се знае колку можете и колку ќе издржете. Со позитивна мисла и силна желба, се се може.
Еве малце слободно време додека бебе спие да раскажам после месец како поминавме. Три дена пред термин болки повремено ама ништо алармантно. Вечерта имавме гости па си легнавме касно. Околу 3:30 се разбудив за да мочам. Уште лежев во кревет кога осетив како нешто шкљоцна и ми протече нешто. Одма погледнав за да бидам сигурна дека е водењакот. Го разбудив мм и отидов да се туширам. Кога се облакав и покрај улошки променив два пара фармерки срека со вторите успеав да стигнам во болница. Кога стигнав бев 3-4см отворена. Во мегувреме цтг па прашав дали може да се напијам кафе кое подоцна го повратив. Осекав јаки болки а цтг покажува 30. По некое време ме прашаа дали сакам малце во топла када и прифатив. Имаше некој масла од лаванда и уште нешто па стварно ме опушти и за кратко ја ублажи болката. Сеуште бев во када кога болките станаа неиздржливи па мм ја викна бабицата ме провери 8 см отворена, па се префрлиме во салата за раѓање. Е тука ми беше хорор, немам сила а они застани вака сврти се онака. Дојде докторката ме праша дали ке ми смета да има студентка покрај неа се согласив и онака не памтам многу. Ми требаа многу напони, цело време прашував уште колку има, а и на докторката во еден момент и се обратив на македонски па мм преведуваше. Кога излезе главата телото само се излизга. Одма се слушна бебето, а додека станав свесна што се случи он веќе лежеше на моите гради и ме гледаа најубавите очиња на светот. Најубавите минути мегу мене, бебе и мм. Кога му рекоа на мм да ја пресече папочната малце се двоумеше но сепак ја пресече. Следеше мерење и облакање на бебе, па јавување на домашните. Дојде докторката ми стави анестезија да ме сошие, е тука ми беше најголемата болка кога ме шиеше кај што сум распукала, ме предупреди дека ќе боли зошто било на лошо место. Прво што побарав беше чај зошто ме болеше грлото што сум викала. Тоа е накратко како се роди моето малечко. Ке заборавев во болница бев во 5:00 а бебе се роди во 12:43.
Фала, инаку во Германија, а делот со кадАта го имало и пред 20 години ми кажа жена што тогаш родила тука
Ај да ја раскажам и јас мојата породилна приказна. Сабота вечер, седумнаесети февруари, со маж ми излезени во град, јас никакви симптоми дека се наближува породувањето, а бев веќе 38+2, ама се некако си мислев дека бебе ќе дочека и ќе надмине термин, па толку бев убедена и сигурна и си го чекав во март . Се враќаме дома околу еден часот по полноќ, одам да се туширам и гледам капка крв на плочките. За цела бременост ни еднаш не сум прокрварила, па ме фати малку паника. Се истуширав и почнав да барам на нет што може да е и заклучив дека е нормално тоа во девети месец. Си легнав, болки немав никакви, ама баш никакви. Станувам сабалето, одам во тоалет и на тоалената пак гледам капка крв. Имав закажано преглед во среда на 21 февруари за да се договараме со докторот за пораѓај и за цтг и викам чек ќе му звонам па наместо во среда ќе идам денес. Звонам, Димчев на одмор, вика оди ќе те види дежурната, може ништо да не е, може и да започнало породувањето. Како он ми кажува тоа, ја си мислам во себе какво породување уште сега, нит болки нит ништо, плус два дена пред тоа бев на цтг никакви контракции, бебе поставено високо. Ама маж ми запна и тргнавме за Скопје. По пат натака ја си планирам после преглед да одиме до Сити мол да докупам што ми фали, па си планирам гости Стигнавме во Систина, дежурна беше д-р Даниела Јованова, и се јавил докторот и кажал што и како и ајде ме приклучува на цтг. Го гледа цтг-то и вика оууу што убави контакции на 6 минути, а јас ништо не чуствувам. Ајде и вагинално да ме види, кога рече 3 прста отворена, остануваш овде до вечер ќе родиш. Е дури тогаш ми стана верно дека ќе раѓам. Како што немав болки одма почнав да си мислам кој датум е и кој хороскопски знак ќе биде детето . Излегувам, му кажувам на маж ми, он испаничен, па кога ми текна дека ништо не носам со мене освен тоа што бев облечена, па ме фати и мене една паника. Ме качија во соба, ме приклучија на цтг тоа си покажува контракции, ја ништо не чуствувам, докторката ме прегледува 5 прста, вика ставајте клизма и качете ја горе за епидурал. Дур ми ставија клизма, ме боцкаа и нешто друго незнам што, ама веќе почнав да чуствувам мали болки. Дур се истуширав, болките почнаа да стануваат појаки. Ме качија горе, за епидурал е тука веќе убаво ги осеќав контракциите, така да едвај чекав да ми го стават епидуралот, нит ми беше страв од боцкање во кичма нит ништо, а пред пораѓајот тоа ми беше најголем страв. За 10 мин епидуралот почна да делува, уживанции. Си седам на моб, си уживам, може едно пола саат и доаѓа докторката, ме прегледува, вика 9 прста, намалете епидурал одиме на бокс. И викам докторке не ми намалувајте па ја само пола саат уживав у епидуралот. Она вика мора да осетиш напони, ајде вика за 10 минути ќе излезе. Ама не беа 10 минути, туку саат ипол на бокс. Ја незнам да напнам, докторката вика ти дуваш балони не напињаш, бебе пошло со лицето напред После саат ипол на бокс, и неможност да излезе го извадија со вакум во 22-16. Кога ми го дадоа едно збрчкано, со коса и нашупено усте абе милина. Го измерија, го земаа да го средат, мене ме шиеа, и после два часа кога ме спуштија во соба го донесоа, едни окца убави исплашени Се на се, лесно поминав, бебе е супер, нема ништо од вакумот, ја одма станав штом ме спуштија доле и така.
Да ти е мерак да читаш, супер малку вакумот квари просек ама се е добро кога добро ќе се заврши. Гушкајте се сега
Колку убаво си напишала .Сега со бебенцето во количка ќе шетате во Сити Мол.Душичка да ве радува секогаш и секој момент со него да ви биде исполнет со љубов,топлина и хармонија.
Ajde i jas da raskazam. Pominat termin,jas nit bolki nisto idam na ctg, ctg to super no doktorot sepak odlucuva da me zadrzat vo cair, tamu da me pratat.. prv den nisto,vtor den nisto.. tret den jako se razbolev kaslanje temperatura,go baram doktorov vikam nemozam veke ili daj provokacija ili odma carski, vika dobro sabajle provokacija ako i uste nisto ne bide ideme carski. 6 sabajle, klizma tusiranje i provokacija pocnavme, ctg pokazuva jaki kontrakcii jas nikakvi bolki Potoa kaciv jaka temperatura i tuka posle pocnaa infuzii inekcii, i togas mi pocnaa bolki vo polovinata silni bolki Doaga doktorot me pregleda koga jas 6 prsta otvorena, vika uste pola saat i vo sala. Jas pa srekjna se raduvam deka ke se porodam, se javuvam na maz mi na majka mi vikam ajde idam da se porodam vecer se gledame Abe cirkus bev sestrite samo mi se smeea.. I taka so kejf si stanav si otidov na boks e togas pocnaa bas silni bolki Doktorot mi go pukna vodenjakot i bev skroz otvorena.Vo sala vlegov vo 14:20, bukvalno so 4ti napon se porodiv tocno vo 15:15 Se sekjavam go vidov kako izleguva i vikam AAAA glavataaa vikaat Da da ajde uste 1 napon i gotovo Mi go dadoa na gradi me slikaa so nego bucko moe tesko 4360 i dolgo 53 cm so crna kosicna i polni usni Posle mi rekoa sega ke zaspies malce dur te sredime nie, taka i bese cim stanav se smeev nemozev da veruvam deka majka sum stanala Maz mi sestrite gi pocastil i mi nosat bajadera i vikaat eve ova od maz ti i deka mnogu si pozitivna Lezev 2h i me preflija vo apartman, dojde maz mi ni go donesoa bebenceto togas pocnaa radosti placki guski i bitno Fala mu na Gospod sto taka lesno i ubavo sum pominala, uste da se ne razbolev tamu i bebeto da ne mi fati infekcija sve bi bilo sovrseno
Ајде и јас да ја раскажам мојата не така славна породилна приказна си отидов на рутински преглед кај мојата докторка кога кажа остануваш тука недела дена да го пратиме бебе, бидејќ не му е баш најсјајно во стомакот. Ту мене коса ми се крена, притисокот ми рипна, па и се покачи, за тоа отом потом Ок, ајде викам сега тоа е. Ден два три четири...Веќе сафра ме фати, сакам дома да спијам ко човек на мој кревет, не овдека да се кичмам Го збрлавев маж ми, на глава му се качив како сакаш вади ме веќе Ама цврц, трпи си Лудо. После недела дена макотрност у болница и секакви хорор вриштења (се такви пред пораѓај ми носеа у соба, им пукаа водениците пред мене, вриштеа со сите болки, а ја само си се тресев ко ливче ој шо ме чека ) Пројде неделата, дојде мојава докторка, викам докторке ја сакам дома Цтг супер, притисокот кажав ми се крена пиев терапија ми даваа, па се стабилизира и си мислев ете дома ќе си одам конечно Кога мојава докторка ај не аздисувај, одиме на ехо. шо да видиме на ехо тоа ни грамче не турило Недела дена. Какво дома вика, утре и задутре те зрееме, и после тоа раѓаш Леле мене болницата над глава ми се сруши Баш од сценариото што највеќе се плашев да си доќекам пораѓај измрцварена се оствари. Си се изнаплакав.... Ама што е тука е. Пројде првото зреење, ајде на второто ми соопштија дека утре дента ќе ми прават амниосинтеза да се види дали белите дробчиња се зрели. Е ова беше капакот...... Од помислата на брцање на игла огромна у меот ми се темнеше, цела вечер од шок и страв плачев Дојде утрото одам ја на амниосинтеза снага ми се тресе од страв. Легнав, докторот почна да ми ја става иглата, а јас од страв веќе звезди ми се гледаа, ми падна притисокот вилицата ми се згрчи ќесе онесвестев. Не од болка, процедурата не болеше. Од стравот. Извади плодова вода, шо да видиме полна мекониум. Џабе процедурата не се издвоија клетки за да се види зрелоста. Ајде ме легнаа, вагиналета една, после неколку саати друга. Јас осќам убави болки, нормални не ме болеа нешто страшно, бидејќи имав страшни менструации. Стигнав до 2 прста едвај, значи јас со 0цм отворена почнав пораѓај со провокации Ме качија во родилна, ми го пукна докторката воденикот. Шо да видиме , вика попрљава плодова вода со повеќе мекониум немала видено одамна. Детето во тежок стрес веќе Ми турија инфузија провокација после тоа, е тука почнаа болки до умирачка. мислам дека се препотував на секоја контракција и мрдав лево десно со главата од болки. Ме прегледаа после два саата , стигнав до 4 прста. Ајде до 5 вика докторката и тураме епидурал Кога го слушнав зборот епидурал сонце ме огреа Ајде трпи трпиии уште сантим и епидурал. Ама место епидурал си добив хитен царски, бидејќи цтг веќе лошо покажуваше, се понеарно на бебето му станува. Со све контракции на боксот ја урлам од болки сестри ме стегаат ме држат, ајдеее не се секирај сега ќе престанат болките да туриме анестезија, не мрдајјј никако те молам трпи, дури со загрижен глас ми викаше една .МЕ грабнаа. ме стискаа со сета сила да не мрдам бидејќи не се трпеше, контракции цело време. И почнаа иглите една две три четири пет ... И веќе не ги броев само чекав тие страшни болки да се изгубат. Со сета снага го тршев контракциите и се обидував да не мрднам иако ме држеа. И од еднаш веќе ништо не осеќав, почнаа да сечат и го извадија моето бебо. Се свртев да го видам и се расплакав. Едната сесра вика не се врти толку ќе те боли главата после. Море ни глава ни нога си викам, дај детенцето да го видам. Тоа пусто модрооо, преуморно, немаше сила ни да заплаче, како некое маченце цивка. Леле мене срце ме стегна. Ама се расплака нежно. Ми го донесоа да го бакнам, тоа беше најмеката кожа на лице што сум ја осетила Го однесоа.... и после катетарот за два дена ми го донесоа во соба И така си се мазевме си се пазевме, заглавивме и после пораѓај во болница, мораше... Па си поседовме, и едвај чекав домче да си го донесеме, и го благословував денот коа стигнав дома со бебе у раце Тоа е мојата приказна Сите да си дочекате
Женска вие нас не оставивте сами на списокот со толку цурици.На сета мака и страв ти си позитивна.Ме расплака .Ти посакувам се најубаво ,да се гушкате со ангелчето .Да е жив и здрав и секој момент да ве радува и да ве прави горди родители
@ludoto19 лајк како поддршка, не како нешто убаво да си доживеала Важно сѐ поминало, си издржала и позади вас е... Имајте брз опоравок