@ZAHRA ЕЕЕ не го дочекавме мартот, моето февруарче излезе Ама тебе нека ти е со лесно, знам дека си крај март, ајде набрзо ќе се гушкате @Kitten да не е само дека се жалам Ама подебелиот стап го изедов, најдебелиот После пораѓај се изврши анализа, ми установија дека се било од мајчина инфекција непозната, моето тело ја создало и преку папочна врвка кај бебе се пренело кога ми настанаа проблемите во 8ми месец, затоа и не растеше како што треба. Абе немав место на рацете кај што не ме боцнаа за крвни анализи, ужас крвните слики ни беа и на двајцата, посебно леукоцити и тромвоцити, 10 дена терапија, остај мене, ама ми го изнабодеа и детенцето, срце ми се кинеше рачето со такво пластично како се вика кај шо тураат антибиотик, со игла збрцана и ноџињата лом дупчиња што го бодеа. Битно се е позади мене , фала богу заврши и тој хорор
Појма немам, не ми ја именуваа Имуна некоја, така ми посочија, кој да знае...Така педијатарот ми кажа во болница, Јас крвни слики правев, супер беше крвта. Баш се чудам како не открија. Црп ужас и на двајцата.Леукоцити до плафон, тромбоцити под нормална граница после пораѓај.
Црп на бебето од мекониумот до плафон му било.. исто беше и кај мојава, со дупла доза венски антибиотик го средија. Незнам зашто воопшто продолжиле природно да чекаат кога самата докторка рекла дека позаматена вода не видела и на бебето веќе одамна не му било убаво ради мекониумот, кај раѓаше?
@ludoto19 оф срце, ти и повеќе од мене си се намачила, ама пројде, се се заборава сега кога го имаш сонцето до тебе. И јас се расплакав читајќи те, ама битно сега сте добри Ајде еве и јас да раскажам. Отидов на цтг, тоа покажува болки, јас ништо не осеќам. Докторка вика вечер после 6 доаѓаш, оди дома спреми се и те чекаме. Ме фати паника, викам ама јас ништо не осеќам, она вика батали ти не осеќаш, доаѓај. И вика оди у кафана најади се убаво, да не јадеш тука болничка храна Сега веќе беше негде 16.00 часот, отидовме со мм дома, се избањав, земавме работите со нас и отидовме да јадеме. Јас седев на маса со триста измешани емоции, јадев, се гледавме со мм и се држевме за раце и плачев јадејќи Оф кои емоции беа тоа Ајде отидовме во болница, ме сместија, ме уклучија на цтг и рекоа до вечер ако не почнам да осеќам болки провокација. Така и беше, малку имав јас менстр.болки, ама ништо неиздржливо. Притоа неколку прегледи, 0 цм отворена. Вечерта една вагиналета, добив појаки болки, ама пак издржливи. Пак 0 цм. Сабајлето докторка дојде, вика уште една вагиналета. Ајде уште една, болки пак силни, ама издржливи, пак неотворена ни цм. Ме чекаа цел ден да се отворам, јас така сакав, иначе др вика твој е изборот, можеме одма на царски или ако сакаш да почекаме уште денес. Јас иако веќе втор ден со болки решив да чекам. Ми дадоа некаква инекција (провокација), веќе болките стануваат ептен јаки, јас ќутам и трпам. Пак 0 цм отворена Дојде дежурна др после неколку саати и вика твојата докторка ми се јави, шо ќе праиме, да даваме венска провокација или да го вадиме одма? Викам ај уште венска да пробаме, ако не бива царски. Ми уклучија провокација, тоа кога добив едни болки нереални, ќе се онесвестев. Ама ќутам, не викам, се стискам и се правам силна. Сестрата цело време ме прашува дали сакам епидурал, јас викам уште не, а ми се урла од болки. На крај попуштив, викам викај анестезиолог, не можам веќе. Едвај ме додржаа да ми го стават епидуралот, контракциите беа на минута. Тука веќе мислев отворена сум, кога пак ништо У меѓувреме мојава др дошла од дома, сабота беше. Цтг почна да покажува пад на тонови на бебе и докторка вика одма на царски, нема време за чекање. Во меѓувреме епидуралот проделува, ама на десна страна осеќав све, не ми фати таму, а лево ништо, и нога ми отрна и све. Па ме фати паника дека осеќам десно све, и дека со епидурал ќе одам на царски, па ме смируваа. Ме однесоа во сала, јас во бунило веќе, два дена неспиена, мм ме изгушка и заплака, и он од страв и ајде отидов. Ко на филм беше, 10 души над мене, еден ми става онакви ко за екг на гради, друг друго ми прави... језиво беше, јас само гледав во светлата над мене операциони и пробував да се смирам. Се тресев од студ, беше многу ладно во сала (морало така да е ми рекоа). Анестезиологот ми пушти триста лекови у тоа цревото од епидуралот, цело време само ладно ми течеше во грбот (кој имал епидурал знае) и почнаа. Јас викам до кај сте, ме исековте ли, они ми викаат при крај сме Само што рекоа тоа, анестез.вика сега ќе осетиш тегнење и притисок кај желудникот. Осетив, непријатно чувство, ми се приповраќа и одеднаш само слушнав плач Бебе кога викна силно се свртев, ја видов и заплакав Доби апгар скор 10/10, многу силно и одма заплака. Ја средија набрзина, ми ја дадоа да ја помилувам, липав како мало дете, а она ме гледа со очињата После мене ме средуваа, беба ја однеле кај мм (ме чекаше во родилна соба), ја видел, се гушкале и дури и се сликале Мене ме средија, полежав на интензивна саат време, дојде мм таму, се изгушкаме и избакнавме и проплакавме, па ми рекоа поседи сега тука да се стоплиш и те носиме во апартман. Се тресев од студ, ме изнапокрија со ќебиња, малку се смирив и после саат време ме симнаа во соба, а после 2-3 саати ја донесоа бебка, и одма фати да цица, зината цела Иначе два дена не бев јадена, мртва гладна бев, а и после царскиот три дена не ми даваа цврста храна, прегладнев Ете тоа е мојата приказна, беше тешко ама уште 1000 пати би го поминала истото за овие очиња сини
Ајде и јас да ја раскажам мојата породилна приказна уште пред 4 години ама се секавам на се. Имав мн лесна бременост исто како да не бев бремена ни болки ни повракање а бе ништо.... Поминат термин 2 недели јас ни болки ни ништо..Сабајлето јас до тоалет гледам крв и се уплашив дирек ние со свекрвами во болница, мм беше прва смена на работа. Ме прегледа докторот ништо вика ке те задржиме тука до вечер ке се породиш цтг едно друго јас ништо ни болка ни страв немав, му викам на докторот дали може да одам до банка пари да извадам он вика оди ама одма врати се..... Тргнавме со свекрвами до банка и она цело време позади мене леле ако се породиш леле не требаше да излагаш готово ќе се породиш јас и викам доста мори немам болки не се порагам не ме недвирај хахха. И така пак во болница никакви болки никако не се отварав ме прегледа докторот и вика тесна карлица, плодова вода намалена мораме царски јас викам добро царски царски. И така ми рече чекај кај 7 8 ке влеземе сала, јас у соба времето поминува докторот никаде го нема леле реков овој ме остави хаха гледам ете го он иде кај 8 и 45 вика ама кафе да пијам главата ме боли ме измачи една доле 200 кила сало не можев да ја породим, ако викам докторе нема проблем и така дојде у 9 и вика ајде у сала а бе јас мртва ладна како на спиење да идем не на сечење, свекрвами плаче ли плаче како да идем на колење хехе. Влегов ја у сала ме измерија тежина притисок една инфузија ме легнаја ме ги врзаја рацете и нозете и ми дадоја целосна анестезија број мј рекоја до 10 ја ни 2 не кажав и така во 9 и 30 навечер се роди мојата принцеза. Слушам гласови како викаат по мене ајде готово е јас цела зашеметена не можев ништо да речем а докторот вика ајде нека е жива и здрава ќерка како бомбона имаш јас уста не можев да отворим он ми вика па речи фала јас климнав само со глава хехе. Што ме изнервираја тие сестрите ми викаат ајде префрлисе на креветов оф мори мајко јас снага немам рака да мрднем а па не сама да се преместим и ај ме преместија, ме однесоја во предпородилна сала и кога ме фати еден студ едно тресење леле мајко викав по сестрите а е ладно ми е они две чебиња на мене ама не јас се тресем ли се тресем и ете го докторот иде кога ме стисна за стомак јас незнам како сила добив да го фатим за рака да не ме стиска кога ми се развика издрзи малку ова мора да излезе и тогаш осетив јака болка излезе крв и така ме однесоја во соба не исчистена цела лом, да не беше чистачката така ке седев... Е сега како ке биде имам уште месец дена па ке пишам како сум пиминала со второво имам страв невиден незнам што ме чека Извинете а долг пост ама сакав се да опишам.
@kukla21 не Се згреав јас, ама тек кога ме симнаа во соба. Не ми беше ладно толку колку што цела се тресев, не можев нозете да си ги смирам. Нејсе, помина
Мене ми донесоа. Докторот ми вика не ѕенѕај јас викам сами ножињата, од студ, па го добрсоа чудото да ме грее
@kukla21 Сами ми играа нозете и мене, дури и си се смеев сама на себе Мене никој не ми понуди никакво црево Додуше на интензивна ме прашаа дали се згреав, јас одговорив па да, а уствари бев малку зашеметена и не знам зошто така кажав, ама памтам дека многу ми тежеше главата и едвај гледав.
Темава почнав да ја читам пред да се породам и толку страв ме фати шо престанав. Сега после 4,5 месеци пак ја отворив и се соживувам со сите вас и ми се превртува нешто во стомакот. Да ја раскажам и мојата приказна која почна на 15.10, а терминот беше 21.10. Отидов на цтг, мојата др беше таму ми вика ајде до кај си. Не и викам не сум спремна. Ме прегледа вика 1 прст, супер си, дојди на 19ти ако во меѓувреме нема ништо. Другиот ден одам во вц гледам бледо розе лигаво, се исплашив. И се јавив на др.ми вика не паничи оди на болница ќе му кажам на колегата да те види. Тој вика 1 прст, рано е оди си. Супер викам, секако ми е страв нека си поседи. На 19ти по договор одам кај др.ни на крај памет за пораѓање. Ко да ме тераше нешто сабајлето се издепилирав, се искапив и тргнав. Претходно имав порачано месено на свеки и ми вика дур се вратиш ќе е готово. Мм беше на раб сабајле, мајка ми вика ќе дојдам и јас да се видам со др.и е позната. Одам на цтг, покажува болки јас ништо не осеќам и др вика ајде да те видам. Одам пак со мисла за месеното Кога рече супер, 3 прсти остануваш ќе раѓаш. Јас и викам а да си одам дома да си чекам, не не какво дома овде ќе останиш. Сатот 13, ме зедоа во соба, ми викаат гола само со спавача ќе бидиш, спакувај се друго. Мајка ми тогаш се вознемири ама не сакаше да покаже пред мене, др и вика оди си сега ќе ти се јавам кога да дојдиш. Јас се мрднав, шо ќе прам сама. Му се јавувљм на мм, цела исплашена и плачам му викам дојди да си со мене многу ми е страв. Ајде дојде, и ми донесе од месеното ме предупредија да си јадам зошто после нема. Седеше со мене цело време, тие сестрите на пола сат ме прашуваа како си, јас ништо не осеќам. После 1 сат ме зедоа во предродилна и ме ставија на цтг. Уклучено беше цело време, болки по малку осеќав. Дојде др да ме види, ми ставија провокација и замина. Почнаа полека да се зачестуваат болките на 5-6 мин. Во 3 пак дојде др, ме прегледа и ми го пукна водењакот и ми вика сега спремај се за појаки болки. пак му се јавувам на мм и само плачам од страв. Му викам можно е за некој сат да се породам, ти дојди со торбата и да знам дека си овде. Седеше кутриот и чекаше цел ден Цтг цело време врзано за мене, јас не можам да мрдам и ги осеќав болките се појаки ме зедоа пак, вика др супер се отвораш, само издржи. Ми ставија клизма, се средив и чекав. Сестри еден куп си прават муабет се зезаат, јас се виткам им викам уште колку ова многу болело. Тие пак ајде уште малку, треба појаки. то малку беше цела вечност. Се стемна, дојде друга смена јас уште тука. Др вика ајде доста е цтг, станетр ја малку на нозе. Е тогаш веќе се мрднав. Стојам, се држам за тој држачот за инфузија и се виткам од болки. Почна крв да ми тече, уште толку се исплашив, цела се тресев и од студ и од страв. Викам не можам веќе, ми се оди во вц нешто ме турка. Ме виде др, спремна си, 8 прсти, носете ја во родилна. Уф, и сега се тресам ко тогаш се качив на боксот, сите спремни околу мене, јас мижам не сакам да гледам. Слушав се шо ми кажуваа да правам и само сакав побрзо да заврши. 2 пати ги слушнав ножиците, го извадија бебето и не плачеше одма, по неколку секунди заплаче. Одма го видов сатот точно 20:00, само 2 дена пред термин. Ми го покажаа, си го гушнав и сликата уште ми е пред очи. Преубо розево бебе, 3670 тешко, 52 цм долго. А на последното мерење пред 2 дена др ми рече 3 кила е, лесно ќе поминиш. Кога слушна 3670 се зачуди како измерила. Цело време дури го прегледуваа си го гледав и се смеев од среќа, ама ко дојде ред да ме сошијат викав од болка. Ужасно ме болеше и само се молев побрзо да заврши, пола сат едвај издржав, а и онака мноооогу тешко поднесувам болка. Ме однесоа во соба цела преморена ама од возбуда и од болка цела ноќ не заспав. Ми го донесоа дури во 6 сабајле. Е тогаш плачев од среќа и одма му пуштив слика на мм. Тој од шо бил збунет заборавил да го слика ко му го покажале па ми порача една слика. Во бременоста немав мака, до последно одев на работа, па така и породувањето лесно помина, само периодот од 13 до 20 ко цела вечност ми се виде. Е опоравувањето потешко го поднесов, многу ме болеше раната и седев на гума за пливање
Јас мижев едно од шо не сакав да гледам, друго од шо така ме посоветува акушерката. Уствари јас и за крв земање и за боцкање и за се мижам и не гледам, не можам да поднесам ми се лоши. А на една од жените шо беше во мојата соба и имаа испукано капилари во окото и цело и беше црвено.
Еве ме пак На 05. 03.2018, 00.09 се роди моето трето момиче. Најмало и најнетрпеливо од сите три моми, 2740гр. 48 цм, две недели пред термин. Една недела предходно веќе беше константирано дека сум два прста отворена и дека бебето е карлично, па бев во болницата на разговор. Ме уверија дека е возможно да се изврши спонтан пораѓај и покрај карличната позиција бидејќи газето е доле, па на друга опција не ни разгледував. Најискрено со две мало деца дома кои чекаат на мене сакав што побрзо да сум на нозе и фит а верував дека секој нареден пораѓај е полесен. И останавме на тоа дека ќе биде спонтан, едноставно кога ќе добијам контракции да се упатам кај нив. Цело време се смеев да ја дочека бебево мајка ми, која стаса на 03 вечерта, за да има на кого децава дома да оставиме кога ќе добијам болки. Плус, 2-3 недели предходно сите дома не покоси тежок грип со 40 тт. Само се молев да не се породам во таков момент и дома две болни деца, на маж кој исто беше со 40 тт, да мора да оставам. Момава испадна послушна, па ја дочека баба и' , малку опркнавме од вирусот и бевме веќе неколку дена без тт, и на 04 вечерта ми пукна водењакот. Некако неочекувано, кивнав и наеднаш кофа вода како да протече од мене. На исто место како и првите два пати, во спална, до креветот. Мал проблем деца не беа сеуште заспани, маж беше во моментот под туш, а врата заклучена, па додека се разбравме, деца додека намиривме.... Тргнавме после 30-40 минути. На цтг бараат бараат кај е бебево, едвај најдоа. Ај на ултрашал ме однесоа. Таму шок. Џивџи очигледно имала доволно простор, па истегната во хоризонтала. Глава десна страна на стомакот, стапала лева страна а коленцата директ врз отворот. Водењак пукнат, јас почната да се отварам а коленото пред испаѓање... Толку од мојот спонтан бидејќи со газе доле било едно а со колена сосема друго. Објаснија на брзаница што ми престои и веќе бев на пат за во сала. Ми ставија нешто за да не се доотварам, зедоа крв за анализи и дојде анестезиологот кој ми објасни цела процедура. Потпишав што ми даде, облеков спаваќа и ме однесоа во сала каде ми стави спинална. Се ми беше како на филм, бев целосно неспремна за моментот... Среќа анестезиологот си ја заврши одлично неговата работа, плус и беше цело време покрај мене и ми збореше, ми одвлекуваше внимание и ми делуваше прилично позитивно на психата. Посебно одговарајќи по стоти пат на прашањата во стил дали е нормално да не ги чуствувам нозете, дали е нормално да ми тежат, дали така ќе ми останат, кога ќе помине дејство, дали ако добијам алергија или паднам во шок ќе интервенира. Кога го извадија бебето го викнаа и мм кој предходно чекаше во другата просторија. Самиот царски беше многу брзо, неколку минути додека ме боцнаа, јас додека мислев дека се спремаат они веќе и дете извадиле, пак не повеќе од 5 минути. Средувањето после тоа можеби пола час. Кога завршија ме префрлија во друга соба во која бев со мм и малата. Околу два часа бевме таму и потоа во соба. Се на се брзо се интервенираше и добро се заврши. Нека ми се живи и здрави сите три, толку од мене во оваа тема.
Најмалото, најопасно Нека ти се живи и здрави сите три цел живот, да ја слушаат мама многу, зашто мама се намачи за нив доста. Побрзо да се опоравиш
Од Ремедика анестезиолозите ми идеше да ги гушкам и бацувам од што беа прекрасни а во Чаир ми беше Горан Митрески еден шалабајзет се смееше само со сестрите се гушкаше и еднаш ме утна со спиналната и дали пуштил незнам ама сега јас со кичмата имам страшни болки...и не ми беше над глава туку се моташе низ сала само и си муаветеа сите А додека во Ремедика ме галеа за чело ми збореа цела операција ги обожавав