Колку се изнамачи храбро Мајче, но нели све трпиме за доброто на малите сонциња наши бацки до тебе и малата Софија
@podravka сакаш да кажеш дека на живо беше сечењето, или лошо разбрав јас аии,мајче што се си преживеала Битно е сега сте добри а ти така позитивна ме изнасмеа со Доналд Трамп делот Да сте живи и здарви
@podravka Господ ве чувал, фала му на Бога. Си поминала доста мачно, ама желбата ти давала сила и си издржала. Помина.. Сега гушкање и бакнување следува и фризурата како Доналд Трамп ќе си ја носиш уште долго време Гушки најсилни од имењачкава
Леле подравче @podravka колку само знаев дека си ти кога те донесоа во Систина во вторникот околу 12 ч . Јас чекав да влезам кај Поповиќ, коа спискаа итно да испразнат соба за итен случај. Одма помислив дека си ти ,кога те прашуваше сестрата дали имаш болки. Толку сакав да ти се претставам , да дојдам и да те гушнам . На мм му викам ова изгледа е подравче од форумот што ти велев дека и треба доктор за дома да и пратиме да ја боцне. Ми вика не си тачна , од кај знаеш. Абе знам бе му викам, во погледот ја познав дека ова е храбрата подравче. Само да го видеше маж ти како тупка надвор. Човекот беше блед како крпа. Али карпа човек По трет пат , жива и здрава хероината Софија
Не,не. Навистина некако знаев дека си ти. Да не беше ти до толку уплашена ќе ти се преставев само да ти дадам поддршка. Плачев пред врата дури вриштеше ти за конецот Ќебето убаво те беше сокрило
@podravka мајче браво си издржала јуначки до крај..ти симнувам капа значи ние жените сме спремни на се за нашите најмили сега ти следува најубавот дел гушкајте се со малата принцеза
@podravka МАЈКА ХЕРОЈ со ПРИНЦЕЗА БОРЕЦ!!! Од сега па натаму лошо и тага да не почувствувате и двете до крајот на животот, од среќа, убавини, среќа, радост глава да неможете и двете да кренете! Гушки најголеми друшке
Дојде редот и на мојата приказна .Се извинувам на долгиот пост.Го поминав терминот 40 +3 ноќта на спиење 28.03 ми почнаа болки како менструални не можев да заспијам утрото станав и почнав да си чистам дома.Чекав мм кога ќе стане ми вети да одиме да ми купи за Роденден златен накит и за бебето кога ќе се породам подарок.Мм отиде да ја однесе колата во перална дур се средам јас .Цело време како да насетував дека тој ден ќе се породам,се истуширав почнав да се спремам ќе одам да шетам.Но ми почнаа болки му се јавив на мм да дојде брзо дома.Тој од страв му се јави на свекор ми одма се качи кај нас на спрат тој среќен насмеан им се јавува на докторите дека доаѓаме,мм исплашен дур не возеше ја утна улицата до болница па кружење.Стигнав во болница 11:20ч ме примија 3 прста бев отворена и како ме качува горе на спрат почувствував вода низ нозе водењакот пукнал,но имав некое чувство во себе тешко и претходните ноќи чудни сонови.Ме качија во соба по ред историја,клизма,ЦТГ ,прегледи 4 прста отворена.Ги слушав другите родилки со контракции како врискаат,како се породуваат бебешки плач.На секој бебешки плач мене солзи ми се слеваа едвај чекав моето да го чујам така.Ми почнуваа појаки болки се туширав,шетав низ соба,бев решена да чувам сила кога ќе бидам во породилна сала.Пак прегледи 5 прста отворена.Веќе не ме пуштаа од ЦТГ ми ставија инфузија и нешто во неа.Времето поминуваше моите контракции посилни останав сама во соба последна бев, веќе не можев почнав да плачам од болки една болничарка ми вика "Полека ма постелината ја изгужва" да имав сила мислев ќе и станам.И реков "Ако те мавнам со ЦТГ ќе ти кажам за постелината бегај од мене".Ја викав сестрата да доаѓа никој не доаѓа демек сум имала уште време рано ми било ми донесе кантиче и ја повратив последната ќиселина што ме мачеше 9 месеци .Слушам на телефон само се јавуваат прашуваат за мене дали сум се породила.Почнав уште повеќе да ја викам сестрата дојде Др.Спасеновски гледа умирам од болка веќе отворена 7 прста го молам да ме носат во сала,чекаа дур од 3 сали едната сала се ослободи.Одма ме земаа во сала ме качија на бокс.Давав напони бебето не излегува на десната страна високо беше ми се собраа многу сестри во сала Др.Спасеновски со рацете на стомак пробуваше да го спушти бебето Др.Кировски породуваше во другата сала го викнаа во моја двајцата со рацете на стомак ме тераа сестрите напон да давам не можев зошто ме притискаа на стомакот.Ги почувствував ножиците кога ме исекоа .Многу бев жедна изморена и многу гужва беше во салата не можев веќе чувствував дека се губам како да тонам,се борев да давам напон и само мислев на бебето и на мм.Во себе го молев Господ да издржам.Сестрите почнаа на Македонски да ми зборат на Албански јас не реагирав ми даваа кислород шлаканици ми маваа.Давав уште малку напон,почувствував олеснување го видов бебето кога излезе плодовата вода мирисаше лошо но бебето не плачеше.Ги прашував зошто не плаче одма го однесоа од сала,ниту го допрев се вознемирив зошто не го слушам ,не ми го даваат.Го родив во 20:50ч душичка моја.Многу ме шиеја.Ми дадоа да му се јавам на мм почнав да плачам од радост ,стрес,страв ,потоа ме однесоа во соба.Не можев да станам од кревет од раната нозете не можев да ги спуштам од кревет.Слушав плач на бебиња и се прашував дали плаче моето бебе.Дури двете родилки што беа во сали ме гледаа низ стакло кога се пораѓав и се исплашија за мене кога докторите ми беа на стомак со рацете.Следното утро во 6ч ги носеа бебињата и ми го донесоа моето златно ангелче плачев и си го гушкав.Докторот му кажал на мм дека многу бев ризично до последен момент се бореа да биде спонтано и да издржиме со бебето.
Што се не претрпевте мајки да бидете. А ние останатите со господ напред да издржиме и да бидеме храбри ко вие што сте биле!
ЦАРИЦА,сето ова вреди за тие очиња и тие рачиња. Честитки. А за кафето си останува да го пиеме,ама ќе биде уште поубаво ќе го пиеме со бебушка
Ти си јунак, борец, лавица!!! Една од омилрните форумски членки си ми и особено веста дека малата скапоцена долгочекана среќичка ти е најпосле во прегратка, ме разнежни Ми поминаа морници кога те читав Се заборава лошото, остануваат само убавите сеќавања и за цел живот тие најмили очиња