Se ezam od sekoja procitana prikazna...samo citav,nikako da sobetam hrabrost da ja pisam mojata.Mnogu pati pocnuvav,pisev brisev i ne uspevav nikako.Konecno sobrav sila... Posle 10 godisna borba,eden spontan,5to ivf po red uspesno.Pozitivniot test,placenjeto od sreka so mm.Slusanjeto kako bie srcenceto na moeto sonce,prvoto klocnuvanje seuste mi se kako son.Cela bremenost recisi ja pominav strogo odmarajki.Skraten cerviks od cin 2.Bebe si rastese super.32 nedelana kotrola kaj Trajkovski,vednas me prati na Gak.Itno me zadrzaa na patoloska.4Dena lezev i me pustija doma.Redovno ctg ovde vo Str,postojano so kontrakcii.Cela bremenost bockanje so kleksan,Progesteron i stavanje Utrogestan.Na 14Sep posledno ctg i mi rekoa moram itno Sk.Sledniit den odenje za Sk,mislev ke se porodam vo kola.Kontrakcii jaki imav.Odma me primija na patoloska.Pregled od koj uste se potresuvam.Krvarev po noze.Toj den ne sum svesna kolku takvi pregledi imav.Vristev od bolka.Pocnav da se otvaram.Cela nok bolki i kontrakcii. Sabajleto vo 5 me razbudi sestra Bojana(dusa od devojce)za ctg.Bolki za raganje,odma vikna dr.Otvorena 4 prsti,sum imala vreme.Posle vizita otvorena 6.Ke me porodea prirodno,no fativ vrski i odma zakazaa iten carski.So spunalna ne smeese radi kleksan pa morase celosna.Dur me spremaa samo gi molev za bebetl da se pogrizat,malo ke bide mnogu da napravat se. Se razbudiv na intenzivna...nesvesna za se okolu mene.Me prasuvaa dali imam bolki jas prasuvav za bebeto.Nisto neznaev...Sum zaspala slusam tel zvoni.Mm mi vika cestito kerka.Nie doagame.Isk i zboram sama so sebe.Ziva e Gospode ziva,sega placam i pisuvam.Kaj site majki doagaa pedijatri kaj mene ne.Ne mi kazuvaa nis.Dojde mm,ja videl.Placese na glas,vika ista e ti samo bela.Posle 3dena konecno ja vidov.Oden kon Oint...se tresev i placev.Me prasaa koe brojce ,me nosi sestrata kon bebinjata.Vo sebe si mislev da mi dade Gospod sila da izdrzam,mislev ke bidd na aparati,cevcinja .Slusnav sestrata mi rece eve ja.Vo krevetceto dve bebuski.Rekov ova e moeto cedo.Spiese,tolku malo.Placev nemozev da disam.Vo soba dogaa pedijatri bebe nemase.Doagaa bebe da hranat se vrakaa nemase bebe.Bolka ogromna .Sekoj den odev koga bese poseta.Dojde den da si odam,maloto ke ostane.Togas zapocna pekolot za mene.12dena vo solzi,zvonenje po tel.Trebase da odime na poseta,toa najubavo utro za nas.Ni se javija deka ke si ja zememe doma.Ljubov najgolema na svet.Od toj den ne prestanuvam da ja guskam.Moja sreka,moj zivot.Moe se.Sekoja solza sekoja bolka bi ja proziveala uste 100pati ako treba.Se izvinuvam za dolgiot post. Da vi dade Bog na site vakva ubavina.Bidete jaki i istrajni
@stevemila ,@podravka ,@ZAHRA ,Жени големи, жени борци што се не претрпевте за своите сонциња. Све се заборава после тоа. Јуначки мајки,мајки борци едно големо гушкање за сите три
@podravka честитки мила да сте живи и здрави од Бога благословени!!!!!Се радувам најмногу,браво мајче,те гушкаме најсилно
Дојдов да ги охрабрам сите нови мамички to be. Прва бременост, се породив навистина лесно и спонтано во 39+2. Од прва болка до пораѓај само 5 часа. 39+0 бев на контрола и др рече дека сум отворена 0, а контракции така мали и нередовни. Но, наредниот ден вечерта ме пресече една болка, не и обрнав внимание, за кратко уште една, и зедов да мерам на која временска разлика и колку траат. По 5 минути следна и траеше 30 секунди. И така по ред додека се спремив за во болница и по пат цело време мерев контракции. Додека беа на 5 минути беа јаки, но издржливи, кога се намалија на 3 минути ми се слоши од болки. Среќа бев веќе во болница и епидуралната за брзо почна да делува. За кратко почнав да чувствувам дека освен контракции, кои не беа веќе болни, има и напони бебе да излезе. По 5 напнувања бебе излезе. Ме засекоа, но не го осетив ниту сечењето, ниту шиењето после. Опоравувањето не знам како ќе тече, се надевам лесно како и до сега. Инаку се породив во Систина. Ви посакувам на сите со лесно да си минете @Doozy замеси мекици, малата феминка пристигна
Тоа ми беше најголем страв Ама кога анелгезијата стана анестезија, не осеќав ништо (освен тегнењето кога го вадеа бебе).
И мене од десна страна не ми фати епидуралот додека пробував природно да се породам, ама исто како @kukla21 мораше царски, па веќе бев со епидурал, немаше опција за спинална. Се плашев да не осетам сечење дека не ми фати убаво, ама кога ми шибнаа уште една доза во сала не осетив баш ништо, иако претходно на десната страна осеќав баш буквално се. Дури и тегнењето не ми беше силно, само осетив како притисок.
Пред 2 дена ме болеше кичмата. Вчера во 12 станав да каснам портокал после тоа ме протера во вц и од тогаш имав константни болки мислев дека се лажни,чекав до 3. Стигнав у Гак во 3 и 15. Ама сите спиеа и чекав да станат да ме стават на цтг. Ме провериа и бев 3 цм отворена. Вејќе во 6:43 водењакот сам ми пукна и имав јаки болки шетав да се отворам и примав спазмекс и тродон ама ништо толку болки и високо дека беше и он крупен а ја ситна . Вејќе во 17.40 ме испратиа во операциона сала во 18.00 си го дочекав моето плачливо момче . Ви благодарам на сите !
Храбро и смирено само, еве трето на пат 27 недела си броиме и си чекаме. Првото пред 8год (на гинекологија во Гевгелија) плацента превиа + со нозете на излез немаше што друго освен царски ма јас колку и да несакав немав друг избор. Комплициран царски ,бебе се роди со апгар 7/8/9 (2950гр./50цм) јас 2часа во сала . Мачно НО двете здрави среќни си закрепнавме си растеме. Второ бебе (гинекологија во Кавадарци) после 5 ипол год (измеѓу тие 5год 1принуден 1 спонтан абортус плус конизација) нема тука плашење . на докторот на глава му се качив со едно исто прашање "А природно ќе може нели ?!" Абе го удавив човекот со тоа прашање на секоја контрола. Дојде денот точно на термин вечер околу 19ч му звонам викам др јас контракции мериме на 15мин со ист интензитет- ме посоветува чепче дома да си ставам (плус резерва уште едно за во болница) да си се средам и да му се јавам кога ќе позачестат ,освен ако пукне водењак одма болница. Дојде 21ч јас по дома мерам контракции си дишам вежби за опуштање и мм запна ајде да ме носел Го фаќаше страв јас пошто првиот пат незнаев за болка а сега не беа така страшни некако смирено се носев со контракциите, ама ајде он запнал па отидовме. Во 22ч Ме прегледаа 3цм отворена го испратив мм дома со ќерката . Си ставив уште еден чеп, пак се истуширав ,документација запишуваа и и шетав низ ходник контракции на 5мин нешто после полноќ пак цтг се добро ама нема оште јаки болки -си се навалував на двата лакта на рамката од креветот и се нишкав со колковите( така ми беше убаво) . 1:30 дојде др преглед им вика на сестрата и бабица та давајте инекции на секој час да пазиме на матката за контракциите ќе одиме спонтан пораѓај до сабајле 8 ќе ја породиме. Јас жива среќна пресреќна на тел со мм смс цело време , шишенце вода мало и одвреме навреме си ја квасев устата троа. Последно со мм се слушнавме во 2 по полноќ веќе зачестија контракциите и станаа посилни . Ме "врзаа" на цтг и пак инекција -преспав до кај 3ипол кога ме буди бабицата за инекција , ме буцна и го гледа цтг вика абе болки силни не осеќаш?! Ајде на бокс да те видам да го провериме грлото како е ? И шпласссс од глава до пети ја истуширав (пукна водењакот) мене срам еден коа ме фати па и болки упм па одма напон ... Трча сестрата ми даде кислород ( сум дишела правилно и кислородот ќе ја олеснело уште повеќе работата) бабицата му звони на др одма да иде испаничена нормално од мојата историја а ваму раѓам веќе . Јас и сее извинувам цело време-па дишам , сестрата позади мене стои , бабицата вика не туркај чекај др да стигне неможам викам силни напони се , ама не туркај чекај пак она лелееее главата еве ја на бепче , виде невиде бабицата АЈДЕ тамбелина бебево не чека еден силен напон и готово, диши диши ху ху сестрата позади мене ме подзадржа кога напнав и бебе летна како фишек плачење до небо оно што дошло јас што ја гледам за првпат. 3:50мин 2650гр 48цм апгар 9/10/10 Др влегува шок зарем готово некое конче стави не ни знаев дека ме сецнала бабицата (ма немаше време ни да ми каже колку сум отворена на бокс коа ме качи) тел ми го донесоа да му јавам на мм и веќе во 5ч двете спастрени си се гушкавме. Најубавото изгрејсонце за мене беше тоа утро! Мене дишењето највеќе ми помогна да се фокусирам, а и бебево супер се брзаше за да излезе здравје сега ќе видиме како ќе биде расположено третово па ќе редактирам да допишам ИДНИ МАМИ без разлика на кој начин ќе ги донесете вашите најмили , за нив ќе бидете најхрабрите мами! Не постои лесен и безболен начин , или имаш совети и помош од медицински лица и твоја соработка за олеснителни околности или како што читав наназад да не даде бог никому да бидеш занемарен за медицински третман и совети кои што се должни да ти ги пружат. Бидете позитивни , најдете свој начин да се справите со стравот концентрирате се на нешто што ве смирува . Знам вака теоретски звучи лесно во пракса е многу тешко ама не постои совршен совет . Очекувам и сега да биде спонтано породувањето ама здравје боже ќе видиме како ќе излезе на крај. Секое добро на сите и извинете на долгиот пост
Sekogash ja chitam temava i sakam da go spodelam moeto iskustvo da gi ohrabram idnite mami. Ova e moeto prvo bebe. Zveam vo stranstvo i imav opcija da se poragjam vo voda. 1 den pred termin imav slabi bolki i mislev ne e to to. Od sabajleto zaprimetiv povekje iscedok od obichno no ne obrnav mnogu vnimanie. podocna se javiv kaj mojata babica i mi kaza da odam na bolnica da proverime dali e plodova voda. Mu se javiv na mm beshe mozebi 6 chasot popladne i mu rekov bebeto doagja. On mi veli da idam doma i mu kazav ne zavrshi rabota i dojdi. Mi kaza za 1 chas kje bide doma. Podocna kon 9 chasot si dojde doma i mu kazav ajde na bolnica da go proverime iscedokot. Sestrata me pregleda i reche puknat e vodenjakot gore visoko ela posle 10 saati za antibiotici oti ti e prvo nema da se porodish za brzo. Si dojdovme doma vecheravme i si legnavme. Samo shto si legnavme pochnaa bolki posilni i posilni na 3 minuti. Na mm mu kazav me boli polovinata a toj mi kaza ne e stomakot, znachi ne e to to. Po 20 min mu kazav zemaj torbite odime. Samo shto stignav pod tush, otvorena 6cm. Mu kazav nesakam anastezija. Posle 1 chas pod tushot mi ja napolnaa kadata i za 2 chasa i 15 minuti moeto bebe od 4kg pristigna. Za 3 chasa i 15 minuti od prva bolka do 4kg bebe vo race, a jas sitna pominav so 2 konci. Shienjeto postrashno mi beshe od poragaj, iako so lokalna anastezija. Pozdrav i so les na site
Еве стигнав и јас да го пишам моето породилно искуство. Малку порано, но тоа е што е, се е добро кога добро ќе заврши Во неделата на 03.06.2018, си ги донесов на свет моите борци мали Марко и Ведран. Во неделата некако чуствував како некоја болка, ама ни на крај памет што е. Де малце ке ме заболи стомак, де ке помине. Некаде околу 18:00 болка како да ми се оди по голема нужда... ај викам од што не сум била во тоалет 2-3 дена.. Кај 20:00 веќе интензивни болки на околу 2-3 мин. Се јавувам кај братучетка, и кажувам, и само: под итно во болница! Е тука ме фати паника, пребледев и маж ми ме виде и сфати нешто не е во ред. Викам станувај одиме во Ремедика на цтг чисто да видат дал имам контракции, да не идеме директно во Државна. Пред да излеземе, одам во тоалет, розево на гаќи.. Викам само да не се породам, сепак 30+5 бев.. Во Ремедика ме прима Котларова за секунда и ме гледа на ваг ехо. Отворена скроз. Ги гледа бебушки набрзинка, вика супер се а ти правец Клиника или Систина, ние пред 33та нед ништо не можеме. Тргаме накај Клиника, јас почнувам тука да имам ужасни болки, ама после кажуваат убаво сум ги контролирала-само малку клекнување, стискање некој за рака и издишување (појма неам како, чисто така ми дошло ). Маж ми вози, а јас на фб барам една пријателка што раб на Клиника за некој да најде да ме прими одма, инаку тешко мене (цела бременост немав стапнато на ГАК, ја избегнував на секој можен начин). Успева за 5 мин да дог да ме примат на Клиника најбрзо. Како што влегов одма во амбуланта, што ќе видат-Дете, се пораѓаш...набрзинка успеав да им ја кажам цела историја моја, инвитро, терапии, од 27ма нед дека лежев дома со фунелинг и цервикс скратен. Дур кажував, се облекував за горе.. Они по тел се пренесоа инфо за горе. Правец на количка и ме носат на бокс. Стигам таму, легнувам и им викам - јас сакам царски, јас сакам царски... Они мене туркај, јас туркам и викам сакам царски Кога сфатив дека нема царски, туркам! Ми објаснија како и навистина соработував... за некоја мин излегува Марко и плаче , после 2 мин туркање пак, излегува Ведран и плаче Најсреќна мајка! Само кога слушнав како плачат, срце и душа на место ми дојдоа... Сумирано, од Карпош, до Ремедика, па до ГАК и пораѓај, па да не ве лажам ама се траеше околу 30 мин.. Да сум закаснела 5 мин, рекоа дека во кола ке сум почнала да се пораѓам. Господ, и Св. Константин и Елена не чувале сите тројца. Морам да ги пофалам тие на Гак, и посебно Др Симеонова (прв пат во живот ја видов), која ме породи, природно за некои 5 мин мах, без компликаци и извади 2 мали најубави човечиња од мене. Јас се расприкажав и солзи сега ми дојдоа . За бебињата мои, ќе пишам во соодветна тема, битно добри се и стабилни во инкубаторче, и сами си дишат Ве гушкам