Па кај мене не одеше баш лесно. И јас вака кога читав си викав леле, супер, ќе биде брзо, ама траеше 20 часа. Помина и тоа, за убаво е сепак. Инаку @baby 5 честитки, мајка.
Дај боже, ама и тоа не мора да значи. Братучетка моја со првото тешко, со второто повеќе од два прста не мрдаше со јаки болки.
Ајде де окуражи ги малку, нема потреба од заплашување. Секоја е приказна за себе. Ако сте позитивни, лесно ќе поминете.
Мојата породилна приказна започна на 30.06 кога некаде приквечер добив чудна болка во стомакот. Бидејќи бев кај моите да не ги паничам и се јавив на золва ми и и викам ајде да одиме до чаир на преглед. Инаку терминот ми беше на 19.06. Отидовмево чаир, ме прегледаа и ми рекоа дека нема ништо да си одам. Јас отидов кај другарка на дипломска и кога се испраќавме за дома мене ми пукна водењакот. Отидов одма во чаир и таму ме задржаа на патолошка на 01.07. Најпрво немав никакви болки и бев отворена само еден прст. Како поминуваа саатите мене се поголеми и поголеми болки ми надоаѓаа. На патолошка ме држеа 24часа каде што се отворив само 4 прста. Дали немаше место или незнам што беше работата од патолошка ме однесоа на породилно и меставија на цтг. После 6 саати на цтг ме проверија пак и бев отворена 6 прста. Па ми ставија клизма. Дојдоа ме проверија неколку пати јас абер немам да се отворам. Веќе болки еден тон. Ми ставија провокации и тек тогаш го видов господ во пижами, од што беа јаки болките помеѓу провокации губев свест. И веќе бидејќи бев повеќе од 36 саати со пукнат водењак, а не се отварав, почнаа да опаѓаат тоновите на бебето, ме ставија на ехо, и ми рекоа да потпишам за царски, ме однесоа во сала и ме породија цезареа на 02.06. Ме пораѓаше Др. Младен, но беше во постојана консултација со Др. Димитар Георгиев. Болките женски вистина се јаки но се моментални и поминуваат. Немојте да се плашите и само храбро. Природно е 100 пати поубаво, бидејќи мене со царски ми се воспали раната, ми ја переа со хидроген и после месец дена уште не е затворена и одам на преврски.
Јас природно се породив и ми се инфицира раната од епизиотомијата. Месец и пол не можев како човек да седам, болки поголеми од породилните имав, со плачење си легнував навечер, доев и не можев да пијам било што . Не го пишувам ова за да исплашам некого, повеќето знаат низ што поминав, пишував во темата Епизиотомија. Сакам само да кажам дека и при природен пораѓај може да се инфицира раната од епизиотомија, а не само кај царски
И јас не можев до 6 недели по пораѓај да седам, да чежам, па си реков тие со царски за 3 дена се на нозе, јас на ништо не личам. Ама ете има секакви случаи.
Така е.. се индивидуално... Јас па можам да кажам дека царскиот за некоја нијанса ми беше боље. Немав никакви компликации и проблеми и за една недела како нова бев трчав по дома, а по природниот имав големо крвавење долго време, па анемија страшна и месец дена едвај на нозе бев дека ми се вртеше, рана во матка по 40 дена, па капки некои пиев за да ми прекине, а ранава доле до ден денес проблем ми прави дека чудно испошиена ми беше. Мислев тогаш тоа крварење дека по пораѓај е нормално, пливав во крв, но не било нормално.. сфатив вториов пораѓај, крварев.. но не така таква светла крв и толку многу време... Дај боже сите без компликации да поминувате, без разлика дали царски или природно, битно да сме здрави и живи и за брзо на нозе..
Се породив и јас во Чаир. Еве го до мене цица. Трето да раѓам пак во Чаир. Болницата е феноменална и докторите, акушерскиот персонал исто. Толку беше гужва околу 20ти Јули, имаше случаи ги препраќаа на клиника. Јас имав среќа да сум со договорен царски ( не ради моја желба, мораше така заради претходни анамнези од прва бременост). Болките поминаа еве третанедела со ќофте 3250 гр долго 50см, се роди во 39гн. Чистота супер. Да нема даска на приемно во вц, ама со причина нема, не треба заседнување и плус има родилки што седнуваат да даваат напон. Прашав, одговорот беше, прво не е хигиенски даска, вака подобро на клечење, второ имале случаи кога се заседнувале и напнувале на шоља, ризик за плодот. Царскиот беше со спинална (ниту една со мене што беше таму не беше со целосна анестезија). Цело време од прием до излегување, невидена грижа од персоналот. Проверки на крв, разговор со анестезиолог, совети за опоравување. Крв земаа еднаш дневно и резултатите се прикачуваа во досие. Бебето ми го донесоа одма на мое инсистирање да биде до мене цело време. Царски породените се во двокреветни апартмани и секоја соба има посебен тоалет, пресоблекувална за бебе. Јас планирав да се пораѓам во Систина и во последен момент се решив за Чаир и не зажалив. Искрено, апартманите во Систина не се далеку од овие во Чаир со бонус момент, ВО ЧАИР НЕМА ПОСЕТА, раат бев 3 дена со ќофте се гушкавме без нервози и посети од сите што биле на поминување.
Ме примија на 07.08. со план за да пробаме со провокации да бидне природно. Отидов без болки, ни еден прст не бев отворена. Со тврдо грло на матка. Контракции многу мали како и на претходни цтг. На ехо намалена плодова вода. Ме задржаа од вечерта. Ми ставија клизма. Во меѓувреме цтг почна да покажува редовни контракции кои по малце почнав да ги осеќам. Во 23 и нешто ме качија во предродилна. Таму ми ставија вагиналета за омекнување на грлото на матката. Многу брзо почнав да осеќам болки и накај 1 побарав епидурал. Едвај ме боцнаа. Во 2 и пол ми ја ставија конечно епидуралната. Имав болки редовни, издржливи ама болни. Тогаш бев 1 прст отворена. Си викав толку болки за 1 прст... Кај е крајот. Среќа фати епидуралот, па демек требаше да заспијам да одморам-има време. Во 4ч. ме разбуди водењакот - таман задремав пола саат. Цела се тресев, самото тело ми играше. Во 6ч. бев веќе 6 прсти и веќе накај 7 и нешто почнав да осеќам напони. Ме качија на бокс во 7 и 45 - во 8и10 на 08.08. искочи здраво право бело бебуле... Пројдов без провокации, се чудеше и докторката колку лесно и брзо пројдов. Утре си идеме дома - е тек сега со лесно нека ни е
Вечерта 22.07, сите спијат јас на форумов прашувам дали болките во половината се породилни.. Помина 12, па 1 часот после полноќ, јас седам и со долевам со кока кола, кичмата на десна страна боли до степен едвај да се свртам.. Страв ми беше да легнам да спијам да не ме фатат болки а јас сама дома, мм во 3 требаше да станува и да излезе .. Тоа боли јас трпам, од пусти жал не го будам него. Во 2 часот ми светна дека така не можам да трпам веќе, станав и се истуширав, спремив несесер се облеков и легнав малку да одморам. Почекав да се разбуди мм и му реков “јас имам болки веќе неколку часа”, он набрзина се спреми и тргнавме во 5 сабајле. Стигаме на ургентен, јас едвај се движам од што боли, ме ставаат на цтг и тука не знам што се случи оддеднаш јака болка во желудник осетив, ме обли жешка па ладна пот и бев ко во транс.. Цтг то покажува само една контракција и тоа на 20мин, грлото затворено скроз. Докторката која беше дежурна вика враќај се дома, не раѓаш за брзо. По моја иницијатива се слушна со докторката што требаше да ме пораѓа, она вика задржете ја, никакво одење. Ме качија во соба, го испратив мм и со страв чекам што ќе се случува. Добив клизма, се истуширав и почнаа со цтг, мислам крај немаше. После некое време ме однесоа во предродилна, ми ставија вагиналета за омекнување на грлото, па пак цтг, полудев сама. Доаѓа докторката после веќе 6 часа од прием, ме прегледува со рака, ниту омекнало грлото ниту почнало отварањето. Бебуш веќе извртен со саати на десна страна и не мрда, си го гледам стомакот чуден ама не коментирам, никогаш претходно така не била наместена. Се погледнаа чудно со болничарката, вика нема шанса ова бебе да излезе природно џабе ќе те мачиме,ќе те спремаат за царски. Низ цел стомак беше протегната, ептен чудна позиција заземала. Си добив инфузија, ме зема сестрата и отидовме горе на царски. Јас ко во транс, се тресев ко лист, 3 пати неуспешно ставање спинална, преплашена бев едвај се опуштив. Отрпнав одма и почнаа со сечење.. Зјапам ко теле некое во сијалиците, и слушам плач ама не реагирам, ми покажуваат бебе ама викам нема шанси за 5 мин да го извадат, ова сигурно не е моето Коа се свестив ја побарав да ја бакнам, ја бацив во чело и првите солзи радосници ми се истркалаа Од таму ме префрлија на интензивна на уште една доза инфузии Од интензивна до моментот кога ме преместија во соба и ми ја донесоа ми се чинеше цела вечност помина, кога ја донесоа во соба бев уште во шок и неможев да поверувам дека конечно е тука, дека ја гушкам мало човече копија на татко и, со едно малечко носе и напупено устенце Недела дена ни требаше дури да се свестиме дека станавме родители, дека не е сон. Си се гушкаме веќе деноноќно 20тина дена, и сакам уште најмалку 3 пати да го доживеам истото Малку се занесов пишувајќи,простете
Жива и здрава нека ви е.На 23 ли е родена? Мојата е на 23 само пред 2 години Исто од 22 почнавме со провокација за на 23 во 1:45 да се роди.
Каква е таа рана во матка? Сме правеле муабет ама ова ми е ново и чудно. А крварењето после пораѓај не е исто после природен и цезареа. Јас пак крварев 40 дена, па пауза 10 дена, па пак прокрварев.