1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Незнам, само што ме допре на едно место внатре со ехото вагинално рипнав од креветот, рече од овде крвариш. Бев чистена со вакум дека ич не искочи постелката и шиена и внатрешно, но поима немам до каде внатре. Во Чаир буквално пливав со задникот во локва крв, а ми менуваа подлога цело време, не беше нормално тоа 100% После 30 дена крварев светла крв како од рана баш, 10+ дена... Мислев мензис е, баш со тебе мислам дека зборував.. + анемија страшна ми се направи, така да не било баш природно тоа крварење...
     
    Последна измена: 11 август 2018
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Терминот ми беше 13.07.
    На 17.07, на преглед во Чаир утрински, отворена 1 прст и тапи болки во половината. Ме задржаа за да ме следат до вечерта, цврсто одлучена да одам на природен пораѓај. Ноќта према 18ти, една провокација и пак тапи болки, утредента 2 прста отворена и неверојатни мачнини. Докторката ми вика - имаш вишок вода, ќе пробаме пак со провокација или одиш на царски. Мене, срце ме здоболе кога ми го кажа тоа. Упорна бев за природно и така и би - утредента на 19ти откако стивнаа болките, ми го пукнаа водењакот зошто веќе примив две провокации и пладнето добив најгрозни болки на свет. Мислам дека тие 5 часа ми беа најпеколни ама на крај се породив како што сакав - природно.
    Целиот процес сега ми се чини толку далечен и како да не се случил баш така со сите тие маки и превирања и неспокој.
    Моментот кога ми ја ставија на гради се вознесов и си реков ооо ова стварно се дешава бе!:D

    Утредента бев како да ме згазил воз. Ми паднало железото, газот расцветан си го осеќав, вагината ко да сум родила слон, ми се плачеше од све и не сакав никого, најмалку себе или бебе. Она што никој не го кажува во тие први моменти е дека толку си шизнат од целата траума што бебето ти е како непозната во равенката...
    Кога ми ја донесоа, веднаш почнав да ја ставам на града и за еден ден почна да цица и тегне. Гравче мало, толку ми се чинеше нестварна, како ли тоа јас ја родив, се прашував?

    И така жени... еве ја сега избањкана и како гномче со капче си спие во дневна меѓу три перници дур мама и тато мезат бомбоњери од мекиците.
    8):D
     
    На NEA, vitamina, Bulka12 и 38 други им се допаѓа ова.
  3. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Да, на 23, лавица мамина :inlove::D
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас стигнав да пишам во темава после неуспешни инсеминации, инвитро и киретажа...

    Термин ми беше завчера на 16ти август, но уште од почетокот на бременоста се знаеше дека ќе биде многу порано. Од критична 28ма недела, 2 пати прокрварување, строго мирување, инекции за зреење 2 дози, клексани по 2 на ден, па готово ме пораѓаат во 33та недела ептен намалена плодова вода, некако дотуркавме до 37 недела плус 6 дена. Голем успех за мене и докторот. Стресови, паники и многу непреспани ноќи цела бременост.
    На 31.07 ме примија во Систина за да ме пораѓаат наредниот ден. Планот беше природно и покрај лоша поставеност на бебуш ( главата набиена во бешика, а родилен канал повлечен наназад ) плус миом што си го носам сеуште. Ме примија во 19 часот следеше подготовка ( вадење крв, клизма ), а во 1 по полноќ ме качија горе во предродилна сала. За моја несреќа не успеав ич да дремнам бидејќи 3 жени се пораѓаа една по друга до мене.
    Хорор. Една паника ме фати.. Они викаат се дерат јас ги слушам и плачам. После секое беспомошно викање се слуша најубавиот детски плач. Си се тешам ќе биде се во ред ќе родиш и ти...
    Сабајле во 6 ми ставија провокација, а болките веќе беа почнати се појаки и појаки. До 8 ипол отворена веќе 4 прста дојде докторот ми го пукна водењакот. Во 9 епидурал.. Си викам готово толку од болките... Но епидуралот ми фати само на левата страна... цела нога парализирана неможев да ја мрднам, а на десна страна осеќав се. Буквално се. Цела среќа до 11 бев веќе 8 прста отворена и одма на бокс. Болки нереални, контракции до 150. Јас си ја удирам главата од боксот десно рацете кај што треба да ги ставам... Мм со мене ме теши јас веќе ништо не гледам.. Додека го чекавме докторот доаѓаат уште двајца ме гледаат и шепкаат нешто меѓу себе.. Додека сватам што е работата веќе почнуваат напони.. Др доктори викаат дека сум за царски сум имала преграда некоја и главчето немало да може да излезе... Јас од болки останувам без здив. Уште викаат се губат тонови на бебе. Кога ќе помислам на тој момент одма ми се слошува. Што е најтрагично докторката во тој момент вика нема слободна сала за царски... Дојде мојот доктор решен ќе ме пораѓа природно... Ми се качија на стомак стискаат ми бутаат раце внатре да ја фателе преградата хаос.. Ми викаат држи ги нозете мене левата парализирана се лизга неможам да ја додржам. Немав сила ни да викам... Напони, напони веќе немав здив реков неможам толку беспомошно никогаш не сум се осетила...И ме исекоа малку повеќе неможеше поинаку и ајде уште еднаш и на пладне се роди мојата долгоочекувана балеринка. Во тој момент бунило незнам ништо.. Чувства сеуште никакви.. Ми ја покажаа беличка, мала, плаче ... мене уште лошо... лежев 2 саати на бокс.. неможев да се освестам. По некое време се исповратив незнам од каде.. Тогаш ми олесна и станав свесна дека сега сум мајка. Сега морам да сум силна. Среќа, страв, емоции еден куп. Во соба кога ме вратија ми ја донесоа одма ..мало, мало ама одма фати цице :D И еве од тогаш уште не ми се верува дека ова сонце мало што го држам излегло од мене... :inlove:
     
    На eta, Ava.84, Autumn_ и 48 други им се допаѓа ова.
  5. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Досега кога читав породилни приказни ги читав површно како да се далечни од мене. И се чудев кога некоја ќе пишеше дека се расплакала. Ама еве и мене ми дојде денот и се расплакав на твојата приказна. Хормоните си го почнаа своето. Да сте здрави и живи. Убава среќа да ја прати малата цел живот.
     
    На NEA, Autumn_, Anna-Karenin и 4 други им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јака жена, браво!
    Што се случува ако се онесвести некоја од болки во сред пораѓај? Зарем сите издржувате болки?
    Извинете за краток оф топик али не прочитав ниту една да паднала во несвест во болки, а јас имам нетрпеливост на болка и незнам ова како би го преживеала свесно до крај.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Па некоја сила имаш во моментот, што не ти дава да се онесвестиш и ретко некоја да се онесвестила скроз :) Гледаш само да извадат од тебе здраво, право бебче и тоа дава сила. Јас од кога се породив се онесвестив од изнемоштеност само и плус слабокрвна што бев...
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.547
    И да се онесвестиш следната болка ќе ре освести.
     
    На Autumn_, Bebulleee, AngIv и 5 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.833
    Пол:
    Женски
    И јас имам многу низок праг на толеранција на болка, страв ме фаќа :sweat:
    Миличка да е жива и здрава принцезата, си се намачила многу :|
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Леле божее:worried:
     
  11. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека кислородот што го даваат на трудниците да го дишат е баш за таа цел, ако и се слоши на жената веднаш да се поврати.
     
    На FreeMind и mariz им се допаѓа ова.
  12. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    И јас мислев секој момент ќе се онесвестам.. Затоа по пораѓај ме ставија на кислород 2 саати. Ама се издржува зашто во тој момент тие болки ги чуствуваш ама битен е бебуш само. Само си викаш да излезе ништо др не е битно. Јес да јас за второ не би се осудила сега. Читаш ти раскажуваат ама кога ќе искусиш поинаку е. Инаку со епидурал ако ти фати треба е безболно додека дојдат напоните бар ќе имаш сила кога ќе треба. Јас бев неспиена истоштена од болки затоа на крај изгубив сила... Со лесно да поминеш и со среќа :inlove:
     
    На FreeMind и mariz им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Ке видиш дека за некоја година пак ке си посакаш :mm: И јас страшно поминав со првото, без епидурал воопшто (најди ми ја приказната тука пред 3год што ја пишав), па се осудив за второ :lol: И за второто не поминав сјајно, па и трето сакам :D
     
    Последна измена: 17 август 2018
    На Sexybaby86, FreeMind, ***Najsrekna*** и 4 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Со првото поминав исто. Болки до онесвестување, неуспешна епидурал со парализирање само на една страна, со седење врз стомак и притискање на истиот, влечење со вакуум на бебето...
    Па еве, големата е 3 год. средното 1.5 а најмалото пола година.
    Едит: плус и со едно кебе ме виткаа (facepalm). Ме стегнаа околу половина и го стегаа стомакот :worried:

    Може не се забораваат дешафките, ама болката и сите мисли во текот на пораѓајот да. Желбата за второ и трето не беше ниту за делче намалена.
    Дади си време да закрепнеш, се друго со време. Порано или покасно не е важно, ќе почуствуваш кога ќе бидеш спремна.
     
    Последна измена: 17 август 2018
    На 24.07, NarCis@, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Браво! Херои сте ми вие со по две, три деца. Ти се дивам! По пораѓајот имам друга претстава што значи мајка. Инаку многу детаљи и скокнав што намерно што ненамерно. Другото болно ми беше што само што ја извадија постелката видоа дека не е цела па докторот стави ракавици т.е ракави едни огромни па ми ја набута цела рака внатре да ми буричка да бара делови од постелката. Мене ме боли а ќутам си викам издржав до сега... Како цела утроба да ми ја преврте.. А да и шиењето си го осеќав ;( Се надевам дека ќе се осудам пак на второ и дека кога ќе ми спомнат пораѓај нема да ми се слошува одма од самата идеа...
     
    На kukla21, Martka, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Ми текнува на золва ми , сликата како не може да седи, пробуваше да дои на нозе на крај се откажа ... Оттаму знам дека ич не ти било лесно :( Ајде помина :)
     
    На mariz и forumce им се допаѓа ова.
  17. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Браво за храброста ! Се надевам дека и јас ќе сменам мислење за некоја година...
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Не заборавај дека сите се херои.

    Сите кои ја испишале својата приказна во овие страни и сите оние кои одат по друг пат за бебче и ден тука ќе ја споделат породилната приказна.
     
    На dunika, LiliBoz, do-re-mi и 10 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Нека се живи и здрави само викам! Само нека си имаат лесно детство, без никакви маки. Тој еден ден брзо ке го заборавиш верувај :hug:
     
    На Melinda85, Sexybaby86, *Milicka* и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Ве читам и Ви се восхитувам, јас сеуште и после 3 ипол години немам храброст да ја раскажам мојата породилна приказна, но ќе кажам и покрај се што поминав сега сум пресреќна што до мене го имам син ми, мојата среќа и мојот водич низ животот. Не се заборава, но болката и стресот низ кој што поминав се ништо во споредба со љубовта и нежноста која секојдневно ја добивам. Се надевам дека во февруари ќе помине се многу полесно и со насмевка на лицето се ќе напишам и раскажам.
     
    На 24.07, duffi, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.