Искуство за пороѓај? Јас можам да ти помогнам да означам некоја со три деца како @❤️Sneze❤️ и @tambelina , но нивните приказни можеш да ги најдеш неколку страни поназад.
Редно е и јас да пишам,пред да се породам сто пати ги препрочитав сите приказни. Термин ми беше 15.05, а се породив на 21.05, на 18 бев на контрола(петок) и докторот ми вика ако не добиеш болки до вторник ке останеш во болница ние ќе ти дадеме болки, а по тоа што прочитав за компликации од провокации само се молев да си дојде се природно и за среќа така и беше. Во неделата вечер во 22:50 ја почувствував првата болка и си мислев ај може се лажни, си легнав ама пак болка и пак и пак.. гледам саат 23:30 јас 5 пати почувствував болка и одеднаш нешто мокро, станав гледам крв и знаев тоа е тоа. Во Чаир отидовме во 1 и 3 прста отворена, ме примија ЦТГ пак ме прегледа доктор 3 прста вика слаби ти се болките ќе те пратам на патолошка таму ќе си седиш до сабајле ќе си ќутиш и ќе си трпиш, викам добро болки на 5 м имав додека се раздени после почести, девојчињата со мене у соба ми викат ти многу имаш болки што не викнеш доктор, викам мене ми рекоа да седам и да трпам а и сигурно треба да се посилни болките за раѓање и така дочекав визита болки ненормални и си викам сега ако ми речат отворена 5-6 прста ќе се отрујам и кога ми кажаа 8 море накај 9 вика докторката ти си за на бокс и одма ме однесоа уствари сама се влечев по ходниците и ми пукнаа водењак и тогаш почнаа болки до лудило беше 8:30 го прашувам докторот за колку ќе биде, за 1 саат вика, ај добро си мислам ќе издржам и почнаа напони не се издржува викам неможам да се контролирам ми доаѓа да напнувам ајде и тој вика епа супер ајде тогаш биткај, биткам јас ама некако не ми успеваше секое буткање тој ме стискаше за стомак ме сецнаа малку јас напнувам како знам и умеам и излезе синко. Мојот заклучок е дека не е толку страшно и штом излезе бебе одма си реков па можам јас уште едно да родам, ние жените многу сме биле силни и тие што мислите дека нема да издржите ќе издржите само без страв. Накратко толку да ни се живи и здрави дечињата и поздрав
Ајде љубовчиња, со лесно на сите. Немојте воопшто да се плашите, опуштете се максимално, слушајте си музика, шеткајте и не мислете на пораѓајот. Сите сме приказна за себе.. Ве гушкам сите и да бидам искрена би си родила четврто, ама маж ми не ми дава веќе, се упрпал нешто
Бидејки терминот ми поминуваше веке 41 а бебе не растеше веќе ме фати паника што зошто и како ке се породам па бркав врски највеќе ради бебе и растењето отколку за породувањето. Одејќи ден гак ден чаир бидејќи барав одговор. Ми го најдоа др. Бајалски кој поради првата бременост инсистираше на царски. Јас избезумена тоа што најмалку го сакам ама нема назад. Се договоривме недела да ме прими вторник да правиме царски. Страв дали ке издржам оти 41 и како секогаш што сум малер јас понеделник ноќеска без да приметам оти пак немав болки викам сестро мене нешто чудно ме боли вика ај цтг ама дојде една докторка ме прегледа и вика ти си 6 прста отворена ајдееее а сабајле треба царски да ме породат. И ме однесоа предпородилна цтг се по ред но цтг мирно болки нема и ме вратија пак назат во соба. И до сабајле така јас во 7 саат 7 прсти отворена болки немам водењак пукнат си го дочекав докторот и ми направи царски. Ете така инаку царски мора мислење е потешко опоравувањето иде бавно.
Зошто не те породија природено? Нели се пораѓа природно после царски? Живо и здраво бебето да биде, големо да расти и да ве прави среќни
Мене првото ми беше природно затоа сакав природно, но вадено со вакум, и матката и цервиксот распукан. Докторот несакаше да ризикува да не пукне нешто и затоа царски и исто немав болки и напон а се отварав. Иако природно е полесно @Ava.84
Еве ја и мојата породилна приказна со второта принцеза се договоривме со докторката на 29 вечерта да отидам за утрото да ме породат со провокации.Бев многу исплашена измешани безброј емоции страв трепет вознемиренос а и срека дека ке си ја видам мојата малечка принцеза...Таа ден цел ден осекав некој минимални болки се спремивме со сопругот и тргнавме кога стасавме пред болницата пиевме кафе од став еден саат пред болница седев на глупата собирајки храброст.....Влегов натре ме прими друга докторка мојата требаше сабајлето да дојде да почнеме со провокација ме провери докторката на смена и ми реше дека сум еден прст отворена уште вечерта ми ставија клизма и ме однесоја во предродилна ми ставија вагиналетка на цтг казуваше болки со 80 интизитет кој јас баш ги осекав јако си вика белким до сабајле ке бидам шест прсти отворена ме прегледа сестрата кај 4 нокта се разоцрав кога ми кажа дека сум два прста отворена и донесе инвузии да ми приклучи провокација јас побрав епидурал пред да приклучи провокација дојде анестезологот таман да стави епидурална беме ке ме фатат болки така да се врткавме едно пола саат дока ја намести и со епидуралот ми ја прикучија и провокацијата али веке ништо не осекав стасаа докторката негде кај осум саатот ме прегледа и јас уште само два прсти отворена при прегледот откри функцонала дистокија и вика за тоа со привиот порагај толку си се изнамачила ова ке оди долго да одиме на царски мене од вознемиренос почна цело тело да ми игра дури и вилицата и осегав голем студ притисокот наедна скокна 150 додека ме носеа во сала и на мене и на сопругот солзи ни тече по лицето од возбуда пред да ме внесат ме бакна и остана да чека да си ја види керкичката. Во девет влегов во сала во 9 и 20 дојде на свет нашата принцеза ми ја ставија да ја гушнам со зборовите Види иста е како тебе плачев на глас од срека на сити им посакув да ја дозивееат таа срека тоа со зборови не мозе да се опише.......Кога ме односеа во шок соба со душа чекав да ме однесат во соба да го видам сопругот и мојата принцеза поубаво да си ја видам и да ја гушнам и сега имам две сакпоцени ланчиња околу мојот врат а тоаа се рачињата на мојте дечиња...
првото ми беше мн.крупно а јас ситна немав болки и се заглави во канал и за да не отидеме и јас и бебе а немаше време за царски оти сите знаеме какво е здравството се чека до последно и завршив со вакум бебе го враќаа со вештачко дишење кога излезе не плачеше. Е сега дали од гурање дали од вакуумот знам дека парче ме направија. Затоа второво со царски жива брука дете од 2700 кг со царски а дете 4200 природно. Но тоа е нашето здраство
Ајде и јас да ја пишам мојата приказна после скоро три месеци, со синко во една рака. Се боревме за дете неколку години. Мојата неплодност е резултат на нестручно изведена операција на јајници од пред 10 години (нашето државно здравство кога си ургентно примен и завршуваш во рацете на кој ќе ти се падне!) Како последица, друга операција да ја среди првата, а резултат намалени јајчани резерви и непроодни туби. Чаре - инвитро! Првото стимулирано инвитро, неуспешно (проследено со големо разочарување и депресија од моја страна). Втор обид инвитро на природен циклус - без извадени јајце клетки. Трет обид на природен циклус, една јајце клетка што стана синко. Воведов можеби и не е за породилниве приказни, ама сакав да го опишам сиот пат. Др Ивановски ме следеше сета бременост, не бев кај никој друг. Ако ви се верува, ехото ја покажа точната килажа ден пред породување 3760. До термин имаше уште десет дена, бепчо растеше по 350 гр неделно, главчето му беше 9.8 см, а постелката веќе зрела. Јас плус и се плашев дека докторот одеше на одмор ден по терминот, ми беше огромна подршка и имав сто процентна доверба само во него, особено по горките искуства. Се договоривме да се проба со провокации иако докторот не беше најнадежен, заради големината на бебето и мојата тесна карлица која го изненади при прегледот зошто сум инаку крупна. Провокациите исто ко да не ги примив. Добив контракции, релативно силни и на еднакви и блиски интервали, но не се отварав. После 6-7 саати не бев отворена ни см. Др Ивановски си го свика тимот и за 5 мин се најдов во операциона сала. Имам прекрасно искуство со царскиот. Баш го доживеав царски! Дали заради претходни операции нивото на поднесување болка ми е зголемено, дали заради адреналинот од среќа, хормоните...не знам од што, но раната речиси и не ја приметив. Анестезиологот ми објаснуваше како ќе се одвива процедурата. Ми рече за десет минути ќе си го видиш детето. И јас се насмеав, мислев се зеза. Буквално за 10 мин ме предупредија дека ќе почувствувам влечење. Синко излезе речиси заспан, скроз смирен. Му требаше некој момент да осети дека е надвор и да заплаче (прва оценка деветка затоа ) Бев убедена дека го гледам најубавото нешто на светот (уште сум ) Почнав да се лигавам и апаратот почна да свири. Се вознемирија докторите но набрзо сфатија дека е само моментална возбуда. Петте дена во Систина ги доживувам како пријатен мини курс по мајчинство и како гооолем одмор пред неспаните ноќи дома. Ете, и јас имам син. На моменти мислев дека е невозможно, но не се предавав. Сега е веќе голем, 2.5 месеци и 6.7 кг. Искуството со бременоста и породувањето ми се онолку убави, колку што неубав беше сиот процес до забременувањето. Веројатно за рамнотежа во животот На др Ивановски ќе му будам вечно благодарна.
Ги читам породилниве приказни и решив да ја напишам мојата. Се случи на 08.05.2018 г. 39 недела денот кога требаше да одам во Чаир втора контрола. 06:00 часот се разбудив и нормално по 3 пат за во ВЦ, бев завршив работа и назад на спиење, си викам има уште време да поспијам. Арно ама само што легнав осетив нешто мокро, ајде назад во ВЦ, водењакот прснал си тече по малку плодова вода. И назад во спална, го разбудив маж ми, му викам : требаше денес на контрола ама изгледа ќе идам на раѓање, станувај да се спремиме и да одиме. Стигнавме во Чаир ме прегледа Др. 3 прсти отворена и како што е процедура спавача, влечки, мерење притисок и во породилно. Во породилно ме прегледуваа на саат време може и повеќе, јас немав јаки болки. После неколку саати бев отворена 5 прсти ми ставија клизма и решија да ми стават провокација. Точно за времиња незз зошто немав со мене ни саат ни па телефон.Се направи смена на докторите а мене ми почнаа јаки болки. И така си чекав да дојде докторката да ме прегледа за да и кажам дека многу ме боли и имам напон. И после неколку пати викање по сестри и доктори дојде докторката и рече да ме носат во родилна сала да ме остават да кружам околу бокс. И ајде сега се радувам не сум веќе у кревет да чекам се ближи пораѓајот, а болки ненормално многу јаки ме боли се виткам и викам па преќинува болката, земам воздух да дишам и вртам кругови околу боксот. Ајде после незз колку време ме легнаа на бокс и ме оставија сама. Дојде докторката и ми вика ајде напнувај ако не напнуваш ние не можеме да ти помогнеме и си излезе. Јас сама како знам така напнувам се мачам и после некое време се собраа да ме пораѓаат видоа неможам сама. Еден стиска на стомак друг ми вика ајде напнувај ти ич не напнуваш, трет ајде продолжи така супер е. Јас напнувам мислам очи ќе ми прснат а бебе не излегува. И гледам од врата влегува друг доктор со вакум и ме сецнаа и со вакум ја извадија во 16:45ч.мојата душичка мала. Ја замотаа и ми ја дадоа на гради . После дојде анестезиолог ми ставија целосна и на шиење. Се разбудив одморена мислам цел ден спиев ама уште траеше шиењето, така последните неколку конци ги осетив убаво. Тешко беше ама се заборава болката. Сега уживам во мајчинството
Ајде и јас во темава Мојава приказна малку подолга е,ама ќе скратам 26+4гн.хоспитализирана на пин,близначка бременост,цервикс 1см,ЦТГ покажува контракции,јас не ги осеќам. Прв ден на пин,токолиза магнезиум ми пуштаат,за 3 саати контролно ЦТГ,болки 100ка,ја ништо.Дигаат паника,под хитно се нарачува нов лек,атосибан ,досега употребен само на една мајка (сопруга на некој доктор,а сега секојдневно го користат,ја заморче бев ).Се печати упатство како се пушта лекот,околу мене 5др.ја немам поима што се случува,само знам дека плачам зашо ги гледам сите испаничени.Тече лекот за 2 саати мирно ЦТГ.Така 48 саати со инфузија у рака,станување нема.Поминаа 48 саати,наредни ЦТГ-а мирни све супер. Следено 3ден на ЦТГ се губат тонови на 2ро бебе,пак узбуна,паника,требување крв за мене,потпишување согласност за хитен царски,пак плачки. ЦТГ тече еден саат,ехо им текнува да ми направат, на ехо се ок,ајде пак цтг,и тоа ок.И така минуваат денови,на 9от ден,докторот гледа ЦТГ и им кажува,пуштајте 2ра доза зреење.Утре дента 15.06.2018 станувам со мали болки,ме ставаат на ЦТГ,тоа мирно. За пола саат барам ново цтг и тоа мирно,мене болки на 5минути,ме гледа докторка вика затворена си ништо не е,пуштање токолиза да ми се смират болки,ама не ,продужуваат болки на 3мин,се убедувам со сестрата да викне Др.дека ќе раѓам,не бе мирно ЦТГ уживај ништо не ти е. Почнаа болки на 1мин, токолиза истечена,доаѓа Др.случајно,ме прегледува и настанува викање,носете на бокс женава раѓа(се врти на сестрата,зашто не ме викна,,сакаш во кревет да роди).Така и беше,стигнав на бокс и се породив за 5 мин.Од бокс во соба,ииодма барање да одам кај бебуши,мајка. Доаѓање до инкубатор на второ бебе,мајка пресреќна го виде,кај прво бебе мама паѓа у несвест,и не го виде,на количка и ме вратија во соба. Е после неколку саати дојде вистинската болка,кога ми соопштија дека второто бебенце е при крај,да за после 2саати дојдат да ми кажат дека починало(немав храброст да го видам).Ама тука е мојот јунак,81 ден борба,за да на 82ден дојде дома на гушкање. Надвор од темава-сите што попуваат дека сум го научила во раце,да го научив затоа што детево два ипол месеци немаше добиено љубов и гушќање,сега ја осети и си ја бара,а мама и тато се тука да му ја пружат.