Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    Да ми ти е здраво и живо јуначето мајка, од Бога благословено.
    Претежок период си поминала, ама сега затоа гушкајте се и никој за ништо да не го слушаш. Дење, ноќе само гушкање.
    :hug:
     
    На Ddin, Vennera.aa, joan и 2 други им се допаѓа ова.
  2. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски
    Ја знам приказнава уште кога се роди со јунакоооот и исто плачам и се присетувам како солзи ми капеа додека ми раскажуваше мајченце:* исто сум и сега додека читам:hug:

    Бебулче е јуначе исто ко и мама.Живи здрави да сте да се гушкате да се радувате:inlove: гордост да ви е лепотанот.Нежно бело мило бебулче :l:
     
    На S.J.Parker, Vennera.aa, joan и 2 други им се допаѓа ова.
  3. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    За мене ти си само еден збор - ХРАБРОСТ
    Гушка и бацка до јунакот и мама.Гушкајте се колку душа ви сака
     
    На Vennera.aa, joan и Tukituki им се допаѓа ова.
  4. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е мајка. Што си се претрпела. и што не си паднала психички,зошто верувам на 60% од мајкиве би им било тешко да ја раскажаат сличнава приказна а не па да зборат со своите..Браво да сте живи и здрави па да исчекате уште дечиња :inlove:
     
    На Vennera.aa, joan, pile30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. joan

    joan Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.797
    Пол:
    Женски
    @Tukituki чувајте се и гушкајте цело време
    Кажи им дека науката кажува дека не постои нешто како „премногу држење во раце“, дека колку повеќе во раце кај мама, толку подобро
    Они нека си зборуваат што сакаат
    Ве гушкам!
     
    На Vennera.aa, Tukituki, pandelka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    Ти си мајка херој. Гушкајте се и уживајте еден со друг. Другите нека си зборат.
     
    На abc1234, Vennera.aa, Tukituki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.775
    Допаѓања:
    23.436
    Пол:
    Женски
    Твојава приказна ме расплака најмногу, да ти е живо и здраво, среќа да го прати цел живот.
    Како што поминуваат неделиве се поемотивна сум :o и ве читам и си плачам :) на сите ви посакувам се најубаво, и дај Боже за 9-10 недели да ја пишам мојата породилна приказна тука и да биде полесна :D
     
    На aceee99, FreeMind, pile30 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Мојата е долга и широка, има доста кои ја знаат, но еве конечно се осмелив споено во еден поголем пост (може и уште поголем да биде додуше).

    После 5 години, инсеминации, ИВФ 1 неуспешно, ИВФ 2 конечно успешно, па уште кога ни кажаа близначиња на среќата и немаше крај.

    * 24+0 на преглед скратен цервикс 19мм со фунелинг, заради инфекција не смее серклаж, а претходно чисти брисеви, кекс со мм никако, максимално пазење.. Следи строго лежење дома, само до ВЦ и на преглед.

    * 26+4 ме будат чудни менструални болки, и болки во кичма, по снег во 6 сабајле од Ѓорче до државна ме примија на ПИН, 2 прста отворена, пролабиран водењак едното близначе многу ниско, примено зреење, инфузии... Откриена и уреоплазма, од каде господ знае.

    Следат 3 недели строго лежење, само 2 пати станата од кревет за преглед и краток туш во столица седната, инаку цело време лежење со крената карлица, доктори ме зезаа стој на раце дека правам. Цело време инфузии, боцкања со Клексани, антибиотици. И роденден таму "прославив".
    Бебенцата им задаваа главоболки на сестрите зошто беа немирни дур ги уловат на ЦТГ. Ќе лежев јас уште многу но за жал...

    * 29+4, во 5 часот се свртев да сменам позиција и осетив балон како да пукна во мене, ја викам сестрата ми пукна водењак, ми става ЦТГ мирно. Инсистирам дека осеќам болки, доаѓа млад доктор вика па нема истечено многу. Нема зошто крената карлица, ај спуштете го креветот, го спуштаат и одеднаш истече од мене, испитува со хартивче да бе плодова вода. Тие дур се разберат доаѓа докторката која ме породи, ме прегледува и вика луѓе 6 прста е отворена, итен царски, зошто едниот бебуш лошо свртен. Се ова се случува за 10-15 минути. Ме однесоа во сала, ме спремија, ставија спинална, и набргу на свет дојдоа Ведран 1310гр/42см, и Борјан 1200гр/37см, плачеа на цел минијатурен глас душички, дури ми ги донесоа да ги бакнам. Откако се стабилизирав по царскиот од ПИН ме префрлија на оддел, и истиот ден Ведран го префрлија на Детска клиника зошто им фалело респиратор, но Борјан беше во критична состојба и заради тоа ми дозволија следниот ден да влезам внатре, дури и ноџето му го погалив.
    Следното утро беше најтешко во мојот живот, кога дојдоа да ме информираат дека синчето ми починало вечерта. Ме лупнаа со инекција Дијазепам, ме однесоа да си го видам, сама побарав, ми дозволија и да си го земам во раце, си го галев 20 минути, маж ми дојде меѓувреме и тој да се збогува. Потоа седевме во чекална си се тешевме.

    Кога се вратив во соба ме пречекаа психолог, докторки, сестри, сакаа докторките да ме префрлат на друг оддел зошто веќе немам бебе во таа болница, да не ми било тешко со мајки со бебиња.
    Им реков кога планирате да ме пуштате? Можело следниот ден ако се е во ред, порано да те отпуштиме. Епа за 1 ден ќе ме маткате? Не ми се криви другите мајки со бебиња, баш ми е мило за нив. Ако толку сте мислеле зошто ме ставивте во крајна соба која е до бебињата кои ги слушав цела вечер, а знаевте дека моите се прематурчиња и во критична состојба. И ме оставија. Среќа со психологот разговарав претходниот ден, ја викнаа за цимерката до мене која беше малку со пречки, ама ја искористив и јас за муабет, и таа им рече оставете ја не ја малтретирајте.

    Следниот ден едвај чекав да си одам, и со влечење со мм отидов до Детска клиника да си го видам Ведран, кој по 47 дена во болница (со многу дешавки) од кои 1 месец и јас со него не пуштија домче. Сега е 8+ месеци и секој ден со љути фаци ме мава со рачето кога му давам кашичка, обожава цртани (ќе си пукнам), а 2 мечиња и цуцлите му се најголема љубов.
     
    На Anemona, dromka, Autumn_ и 115 други им се допаѓа ова.
  9. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Ах мајче ме расплака со постов,да ти е жив и здрав Ведран,само убавини во животов да те следат си се изнамачила.Ама пак на крајот искочи голем борец.Поздрав до тебе и Бедран и гушкајте се колку можете повеќе.
     
    На ane.bella, Harper, LiliBoz и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Aj iskustvo so treto poroduvanje da spodeli nekoj.
     
  11. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ај да ја споделам и јас мојата породилна приказна додека ми е пресно.
    Водењакот ми пукна кај 7 часот утрото на 8.11 во 38 г.н недела без ни на крај памет дека тој ден ќе раѓам. Матичниот ме предупреди дека за брзо ќе се роди мојата принцеза бидејќи ми е млечна плодовата вода а бебе ниско поставено и зрело за излегување но др што требаше да ме пораѓа ми викаше дека ќе терам до термин. Тој ден мм беше трета смена и само што си дојде од работа. Денот ни беше испланиран да одам на депилација и фризер и да се додетарм за големиот ден. Му реков ич да не си легнува доколку не е уморен за да доспремиме и др работоти за бебето бодејќи јас се чувствував посебно свежо. Но кога се вратив од тоалет мм веќе беше заспан па си легнав и јас. Но штом легнав почувствував мн слаба менструална болка и некој чуден звук како да ми скркореа цревата и нешто како да ми потече долу. Да не беа др симптоми ќе помислев дека е секрет и немаше да проверам. Испадна дека сепак е плодовата вода и го извесрив мм. Ми рече дека тој не се разбирал и продолжи да спие а јас во меѓувреме се искапав и избричив бидејќи пропадна одењето на кознетичар. Го разбудив мм ги спренив документите и некаде кај 9 стигнав на болница. По пат имав слабу менструални болки кои од возбуда не ги регистрирав.
    Ме примиа веднаш и др на ехо ми вика не бе си имаш доволно плодова вода да не е секрет. И викам дека сум сигурна дека тоа е тоа, па ај ме прегледа со спекулум. Охо ми вика ти веќе 2 прста отворена. Ми отворија историја и ме сместија во соба. Ми ставија и 1/4 вагиналетка и ајде на цтг. Тоа скока покажува силни контракции ама јас ги чувствував како благи менструални болки. Ме прочистија и ми го викнаа анестезиоологот да се договориме за епидурал. Јас бев одлучена дека сакам без бидејќи имам изразена сколиоза и знаев дека нема да ми фати ама ај реков да се консултирам. Бидејќи и тој не можеше да ми гарантира а во меѓувреме се отворив 7 прсти без да сетам и многу брзо решив да си ги дишам болките. Уште еднаш напомнувам дека дишењето мн помага.
    Потоа додека ме прегкедуваа др увиде дека имам ниско поставена симпифиза па се обедуваше неколку пати да ми го заврти цервиксот. Е поболно од тоа не знам дали има. Веќе кога се отворив 8 или 9 прсти почна да ме боли повеќе и да имам контракциу на пола минута. Тогаш веќе почнаа да ми велат дека бебе не сака да соработува и да се спушти со главата. Дополнителен проблем беше мојата симпифиза па ајде уште неколку пати се обидуваа да ми го завртат цервиксот. Се уште можев се стоечки да трпам, но кога ме приклучија на провокација мислам го видов пеколот. Дојде др што требаше да ме пораѓа јас веќе скоро отворена 10 прсти ааа вика овде за 5 мин готово р. Го донесоа топлото креветче, се спремија акушерките и сестрите од неонатологија. Си викам дојде крајот на моите маки ама не. И се така ај ќе биде за 5 минути постој, полежи на лево, крени ја ногата, клечи, мрдај ја карлицата. Уште стој на раце што не правев. Контракциите ми беа на неколку секунди но сега веќе немав болка туку неиздржлив напон мислев ќе експлодирам. Др ми вика немој никако да напинаш ќе го загушип бебето. Во меѓувреме бев цело време приклучена на цтг и се ободував да дишам и издишувам кратко за да му носам кислород на бебе но не успевав до додржам. Напоните беа посилни од мене, неиздржливи и постојани. Ми го распаруваа секој дел од моето тело. Ајде ми вика др да пробаме напинај. Напинав со сета сила но бебе нема, не излага. Кога напнував се потспушташе но штом немам контракција се враќа. Сум имала силни напони какоза 10 да родам ми се смееше др и супер сум напинала ама ова мора да е девојче штом олку се инаети ми вика. На крај веќе клекнав и почнав да напнувам. Др ми вика ајде пробај на нива како ги раѓале порано. Јас му викам не ти плаќам ако си го родам сама. Во цела мака уште и смеа. Инфузијата цела се исполни со моја крв од што напнував. Тогаш видов на цтг дека му паднаа тоновите на моето бебенце. Пулс 110/120 се уште нушто алармантно но сепак паѓаат. Го погледнав часовникот. Точно 2 часа како бев 10 прсти отворена. И на крај пресеков. Сакам царски реков. Не поминаа ни 5 минути јас веќе бев спремна и во сала. Ми наместија катетар и дојде ред да ми ставаат спинална. Јас им велам за џабе ем не можам ни мирна да седам. Цели време бев во контракции. Ама процедурата била таква и мија пиставија. Ме допираат ми вика го чувствуваш ова. Јас ја кревам втаван ногата. Го гледам др веќе ме мачка со јод и држи скалпер. Јас пиштам дека се чувствувам и клоцам со двете нозе. Наредно ми ставија маска и се сеќавам какоми викаат ајде буди се и премести се на креветов не планираме да те креваме. Прашав за бебе ми камаа дека е супер со апгар 8 и 9. Ми олесна и пак призаспав на кратко. По 2 часа ми ја донесоа принцезата и ми викаат еве ја таа што ка намачи мама а јас на се ова претходно заборавив во истиот миг.
    Арно ама моите маки не завршија тука. По 4 де а кренав температура. Ме испуштија со објаснувањр дека ми е од млекото. По 3 дена откако ме испуштија излезе дека имам инфекција на раната. Пиев антибиотик и еве 3 недели од тогаш сеуште ми течи. Ми велат било масно ткиво не било ништо. Сега кога го пишувам ова имам болки во раната си велам од времево е. Веќе по болници неми се оди. До пред ндекој ден одев за преврски и за клексани. Сега со позитивна мисла си ка гушкам душата моја и се обидувам да добијам амнезија на овие неколку недели изминати и се молам конечно да станам и да не ми е ништо.
     
    На vitamina, 24.07, orhideea и 57 други им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.775
    Допаѓања:
    23.436
    Пол:
    Женски
    Оф душо си се намачила многу, ама вреди крајот и велат се заборава :) си помина на редот сега гушкајтесе со бебушка. :hug:
     
    На Martka и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  13. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ајде со лесно кај тебе и за брзо и ти да си се гушкаш со бебушот. И да споделиш овде лесна и убава приказна.:hug:
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На minneymouse82, aceee99, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам душо. Ајде за брзо и ти ќе си имаш едно вакво ангелче :inlove:
    И немаш место за паника нормално е се тоа. Некогаш ќе клоца некогаш ќе спие. Кога ќе видиш колку мн спијат новороденчињата се ќе ти биде јасно. Уживај си во бременоста максимално за брзо ќе ти фалат овие денови. Не дека и после не е убаво ама имаш ново грижи и обврски.:hug:
     
    На Martka, PeachGirl, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Да ти е жива и здрава куклата но колку се плука по државна клиника,ова што го прочитав за приватна клиника е дно дна.
    Особено овие зборови од докторот:
    Др ми вика ајде пробај на нива како ги раѓале порано.

     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    и мене ми падна во очи. не знам зашто онда воопшто работи ко гинеколог тој .. на нива немало гинеколози..
     
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Целиот третман нејзин во болницата ми падна во очи бидејки ја измачија и после пораѓајот а ова сега што го прочитав крај беше.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Мислам дека докторот има мислено на позицијата на која порано се пораѓале на нива, велат дека е најлесна. Како чучњеви до ден денес во Африка е единствена опција за породување без кревет без ништо.
    Важно сега си подобра. Инфекција од плодност е недозволива, приватна болница. Гушкајте се.
     
    На mariz, Kitten, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    И на мене природно ми идеше така да напинам па затоа др ми рече. Не видов нишш навредливо или непрофрсионално во тоа туку напротив ме насмеа во тие мигови. Сепак гравитацијата си го прави своето и сестрите потврдија дека мн се имале породено така.
    Инаку за условите, негата, љубезноста и достапноста на сестрите се беше супер. Се чувствував речиси како во хотел само што се ме болеше. Чистење по неколку пати на ден и дезинфицираа. Сестрите од неонатологија беа максимално посветени да научам да дојам. Трпеливи и истрајни по 100 пати кога ги барав бидејќи не можав да си ја менувам од града на града.
    Е сега како ја добив инфекцијата и дали таму нз. Не сакам никого да окривувам. Сега сум мн подобра и сакам да забаровам. Тоа што ми се искомплицира е Господова работа до некаде и никој не знае како ќе завршев на државна. Можеби супер а можеби мн полошо. Се е на крај и до среќата на човекот. Мене би ме чудело кај мене се да помине мазно. Немам јас таква среќа во животот.:x:rofl:
     
    На 24.07, orhideea, Chanell* и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Жива и здрава малата солзи ми надојдоа кога прочитав дека на тие болки(кои многу добро ги знам) биднало царски, но битно се помина, здрави прави тоа е најбитно, сега гушкајте се многу:inlove::hug:
     
    На Martka и Milaаа991 им се допаѓа ова.