Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам душо. Среќа што се брзо се заборава кога ќе се гушне сонцето малечко. Господ секаде леснина да дава :hug::inlove::inlove:
     
    На minneymouse82, Martka и Adeline им се допаѓа ова.
  2. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    После 11 дена, иако сеуште под трауми ќе ја напишам и мојата породилна приказна.
    Два дена по терминот во 21 часот вечерта бришејќи се откако бев по мала нужда забележав исцедок лигав како мрсул со едно тенко како конче од пола сантиметар со црвена боја што претпоставувам беше крв. Мислев дека е пак некој исцедок. По петнаесетина минути повторно потреба за во тоалет, ги соблекувам пижамите и гледам на на нив паднало како топче, наизглед како мрсул или белка од јајце. Пишав и тука, беше јасно дека падна чепот и дека процесот почна.
    Утрото наредниот ден имав закажано амбулантски редовен преглед кај мојот доктор. На цтг-то покажуваше контракции почетни. Јас болки никакви. Му кажав на докторот дека ми падна чепот, ајде рече со среќа тргна работата. Ме викна повторно на цтг по 3 часа за да види како ќе се одвива работата. Наредното повторно покажа исти, минимални почетни контракции. Отворена бев 1 прст. Ме испрати дома со констатација дека мисли дека до вечерта ќе посака бебушка да излезе.Доколку не тргне процесот, поради презреана постелка и веќе ризик да се чека, договорот беше да веќе во 41 полна недела ми пуштат провокација и ме породат.
    Кога се вратив дома бев избезумена. Што од возбуда, што од среќа, што од страв.
    Вечерта добив огромна желба да одам да ги видам моите. Не чувствував ништо, освен скаменување на стомакот кое го имав во текот на целиот девети месец и болки во половината.
    Во два часот по полноќ почнав да чувствувам скаменување на стомакот пропратено со истовремени менструални болки во половината прво на 8, па на 6, па потоа на 5 минути. Болките беа идржливи, поради што и не знаев кога треба да одам. Додржав до 4 часот утрото кога почна да ме фаќа страв да не претерам со седењето дома. Тргнавме кон болница. Ме ставија на цтг. Контракции високи. Отворена повторно само еден прст. Др вика вака ми е ризик дома да те пуштам, те примаме.
    Во 5 часот утрото ме качија на патолошка. Цтг-а на секој час до два. Ги покажуваа истите контракции како и претходно. Во саботата околу 11 часот почна да истекува некоја течност жолтеникава која според др не беше плодовата. Беше полна со секрет некој жолтеникав кој имаше чудна миризба, да не кажам и смрдеше. Гаќите ми беа мокри постојано! Повторно вагинален преглед, повторно истиот наод, отворена само еден прст. Болки немав неиздржливи, но сепак имав!
    Ноќта почнаа силни болки во половината и овој пат покрај скаменувањето на стомакот имав ненормален притисок во долниот дел на стомакот, мислев бебе веќе излегува. Издржав цела ноќ, се тресев од болки. Сестрата на неколку пати доаѓаше да ме праша дали сакам да викне доктор, одбивав. 3наев дека нема потреба да си правам дополнителни стресови со вагиналните прегледи, кога знаев дека не е тоа тоа. А и бев решена да го чекам мојот доктор, кој знаев дека доаѓа утрото на работа.
    Така и беше. Во 9 часот утрото на визита кога го видоа цтг-то веднаш ме прегледаа вагинално. Напредок. Три (со помош на докторот) накај четири прста отворена. Докторот вика шетај. 3а три часа не седнав. Ходникот на патолошка го научив напамет заедно со сите плочки кои се во него поставени.
    Околу 11 и 30 прокрварев. Во 12 ме прегледа докторот шест прста отворена. Вагиналните прегледи ми беа исклучително болни. Како ништо досега. Добив клизма и ме спуштија во сала отворена седум прста.
    Веднаш во предродилна на цтг. Болки имам, контракциите место да одат нагоре, паѓаат. Во два часот вагинален 7 прста. Во пет часот исто. Одејќи накај столот за преглед осетив нешто почна да ми тече меѓу нозете. Ми пукна водењакот. Не истече целосно и со едно долго метално ми го допукнаа. Констатираа дека е заматен. Веднаш ме вратија на цтг. Од тука почнаа пеколни болки. Плачев. Само ги погледнував контракциите на цтг то кои покажуваа и до 130. Мислев дека умирам. Дополнително не мрдав повеќе од седум прста. Ма не одење, не клекнување, не држење раширени нозе и клекнување долу за да се спуши бебето, ништо не помагаше. Не викав. 3наев дека тоа нема воопшто да ми помогне. Солзите сами ми течеа неконтролирано. Докторите беа постојано околу мене. Бев страшно изнемоштена. Два ноќа немав спиено ниту еден час. Првата ноќ беше кога од дома ги имав болките, а втората иако се обидував кој лежел на патолошка знае колку викања има таму и колку не може човек да остане имун. А моите болки го правеа сетоа тоа многу поневозможно. Се сеќавам во еден миг се покрив со чаршавот преку главата и се обидов да игнорирам се околу себе. Немав ниту јадено два дена. Појадокот само (кифличките од фурна Диме) го јадев. Дента пред да се породам кога поминале жените за ручек јас сум спиела. Вечерата исто ја скокнав. Дента на породувањето знаев дека ова бебе тој ден ќе дојде на свет па каснав едно кифличе. Но тоа е ништо. Поради сета таа исцрпеност се губев па ме враќаа со декстрозен инфузионен раствор. Веќе бев цели шест часа во предродилна без никаков напредок. Дојде и 19 часот. Болки невидени. Повторно вагинален преглед. Овој пат од неколку доктори. Бебето веќе беше под висок ризик. А и јас. Плодовата вода матна. Бебе високо поставено и во последен миг се свртело со лиценцето кон надворешната страна (што ако добро разбрав оневозможува да се спушти). Дадов се од себе за да родам природно. Кога веќе сфатив дека се е под ризик ги молев да ме спасат. Беше неиздржливо. Тоа е таква исцрпеност да знаев дека ако ме качат на бокс јас веќе нема да имам сила никаков напон да дадам.
    Во 19 и 15 наредија да се спреми сала за царски. Од тука веќе се е филм. Од ставањето на катетер кое за мене беше една од најнепријатните работи, преку транспортот со количка до сала, моментот кога само се сеќавам хигиеничарката ми рече тука остави ги влечките. Добив два убода за спинал. Првиот не го погоди. Или мрднав. Не знам. Не е ни важно. Од тој момент една нога еден влече, друга друг. Нели да не се здрвам па да не можат да ме поместат. Умрев од страв да не не фати анестезијата па да чувствувам се. Додека јас стравував слушнав плач. Не бев ни свесна дека тоа е моето бебе. Ја свртев главата лево и го видов како го носат. Почнав да плачам неконтролирано. Од среќа. Од олеснување. Од се. Веројатно од емоциите за време на операцијата почнав да се губам. Мислев се онесвестувам. Не се ни сеќавам на сите моменти. 3нам само дека постојано ми зголемуваа кислород.
    Не почувствував никакво тегнење како што опишувавте некои тука кога ви ги ваделе бебчињата. Ми го дадоа бебе да го бубнам. Потоа стандард процедура во шок соба. Се на се поминаа десет минути откако ме внесоа во сала до моментот кога го извадија бебче. 3а помалку од 40 минути веќе бев на креветот во интензивна.
    После операцијата немав никакви проблеми. Внесов повеќе од три литри течности во првите осум часа.Немав главоболки, ниту вртоглавици. Мислам дека тоа ме спаси. Немаше кој да ми подаде. Не ни очекував сестрите да трчаат да ми даваат во уста. Се снаоѓав, иако неподвижна. Со цевче, во мало филџанче метално, малку по малку мислам веднаш се исчистив од анестезијата. Станав по само 12 часа. 3а тоа какви беа болките нема да коментирам. Но, знаев дека немам избор. Се измив се освежив и ме ставија во количка и правец на одделение.
    Најтешко во тие 12 часа ми беше што не го видов бебе. Едвај чекав. Само тоа ми беше во мислите. Дека е добро знаев, постојано имав информации од докторите кои ме породија. Едноставно горев од желба да го видам бебе.
    И покрај се, имам чувство дека се запознав и со едниот и со другиот тип на породување. Прв пат ми ее, ако некој мисли дека грешам нека ме поправи. Бескрајно ми е жал што не ми се исполни најголемата желба да родам природно, но Господ така сакал. Важно е дека сега и бебе и јас сме добро.
    Ви посакувам на сите да поминете многу, многу полесно од мене.
    Урмите не помогнаа. Се измачив цели пет недели да ги јадам иако ми создаваа невидени киселини. Бев упорна и пробав се. Но најмалото издиригира да биде како тоа сака, а не мама.
    Срреќно труднички. Не се плашете. Дишете болки. И бидете умни пациенти. Јас и покрај се добивав пофалби од персоналот како молчам при такви болки. А што ако врескав...
     
    На Малечкоxxx, Alanna, vitamina и 58 други им се допаѓа ова.
  3. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Си се изнамачила мајче ама битно се поминало и сега гушкајте се со малото :* да сте живи и здрави гушки од баткото
     
    На minneymouse82, NNA, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Браво мајка, да сте здрави и живи, побрзо опоравување па ајде следно породување како песна да ти биде и да ти се исполни желбата за природно. Ма да начинот на породување не ја прави ниедна поголема мајка од друга. Гушкајте се со бебуш и уживајте :inlove::hug:
     
    На NNA и @Verba им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    23.445
    Пол:
    Женски
    Господ да ве чува, маки големи си имала. Ме расплака искрено. :hug:
     
    На @Verba му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Кога те читам вака се прашувам дали некоја родилка воопшто минува лесно.
    Макар што јас ако родев природно ќе поминев лесно скоро како на филм. Се уште не ми се верува дека како прворотла се отворив за 6/7 часа откако ми пукна водењак без никаква тегоба претходно. Изгледа кај мене урмите имаа ефект иако изедов само 5. Што ми е најсмешно вчера ги фрлив црви фатиле.
     
    На Milobebence, FreeMind, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Јас урми не јадев, а од пукање водењак до пораѓај завршив за 4 саати, без провокации, што би рекла @milaaa991 како на филм...
    Нема правила .....
    Уживајте со малечките... Сѐ се заборава.
    @@Verba битно пројде и сте живи и здрави.
     
    На NNA, Milobebence, fina erika и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Стварно ме трогна приказнава се навратив наназад пуштив некоја солза...мило ми е што сте добри но исто како кај мене, зар не гледаат бе дека е високо бебе дека жена се мачи толку долго па да те однесат сами на царски, не се ли свесни дека тука има потешкотија па зар да ги молиме бе ... Јас ги молев ама ми се смееја во лице и не ме направија царски.. гушкај бебе и не мисли:hug::l:
     
    На Martka и @Verba им се допаѓа ова.
  9. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    Избега бебе час до два пред да ме пратат на цезареа
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    76.259
    Пол:
    Женски
    Искрено и природен и царски си искусила во едно, еве како породена и така и така, ти кажувам дека и двете си ги искусила. Ах тој Чаир, зар мора до толку да се форсира, траума за цел живот. Затоа и мене нозе ми се вратија вториот пат и одбрав приватна болница, иако сите викаат се се заборава, кога ке дојде моментот пак да се искуси се сеќаваш на секој детал. Најбитно сега сте добро :hug::hug::hug:
     
    На pile30, ma4e1311 и @Verba им се допаѓа ова.
  11. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    Не ми е жал за тоа драга Мариз. Тоа беше моја желба. Докторот само сакаше да ми ја исполни. А и немаше индикација за царски се до последниот час до час ипол. Жал ми е што се измачив и пак не успеав. Заради се што потоа искусив заради неподвижноста и проблемите со бебе кои ми настанаа потоа од типот гладно, со мајка врзана за кревет
     
    На Bella*, Milobebence и mariz им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал мила дека овие болки ги помина на крај. Едноставно така требало да биде. Ме расплака скроз. Чувајте се ве гушкам!
     
    На @Verba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Во која болница се породи, како си задоволна? Јас се породив во Чаир пред година и пол, искрено не би одела пак :(
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    76.259
    Пол:
    Женски
    Во Чаир пред 3ипол години, а во Ремедика пред 1година. Во Ремедика завршив само итен царски, поради многу мекониум во плодовата и пад на тоновите на бебе. Но на лошо од таму неможам да се сетам, а од Чаир.. на многу работи неубави се сеќавам...
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Еве и јас со мојата приказна.
    Требаше на 23ти јуни да се породам ама поради тоа што немаше место а јас без болки ме оставија за 24ти.
    Имав некој благ страв ама ете викам ајде денес ќе се олеснам и ќе си го видам моето малечко. Ме префрлија на патолошка, јас веќе крај на 42ра недела ни Б од болка, абер за пораѓај 0. Ај викам ќе си каснам малце пред пораѓај и дур се освестам кај сум што сум ме викнаа за клизма.Океј.Погадно од тоа не сум осетила башка и колку грозно се осеќав што шољата немаше даска а, газов прцкаица коа напраи веќе си претпоставувате :D викам леле сес на крај ли детево инфекција ќе фати.Ајде помина и тоа и ми ставија инфузија со провокации.Чекам саат-два и оп, почнаа болки.И си мислам е де, ова ли се тие неиздржливи породилни болки што сите се жалат, де де, ништо страшно. Болките беа као благ удар у грб точно на секои 5мин.Саатот негде околу 3попладне. Ок, помина уште саат и ме симнаа у сала.му пишувам на мм готово еве ме симнуваат кај и да е се пораѓам ја за пола саат.Мислев така идело тоа, плукни залепи.Се симнуваме доле, со мене едно девојче таа вика се дере ооф оф жално ме глеа ми вика девојче ќе умрам, ја ја гледам викам што и е толку на оваа, ова боли ама не е до толку умирачки.Аха не било.Како што поминуваше време болките се појаки и појаки м ислиш некој боксови у грб ти мава.Срце јуначко не издржа, викав ко кретен колку што ме држи глас, изнемоштена без храна ни вода, плачев мислев умирам, се фатив на креветот и бев ко од Егзорцизмот.На 5мин превиткував кичма.Плачев и го молев Господ да се амилува некој да ме пораѓа царски.На крај го видов и докторот и му плачев го преколнував да ме пораѓа.12саати едвај 6прста отворена.Па он со нешто водењак ми пукна знам ни тоа не беше пукнато.Таман решија да ме спеемат за царски ете ти, итен случај пред мене.Може пола саат чекав ми личеше ко пола ден да е.Едвај на нозе бев, дадов се од себњ но премногу болеше па легнав, може и затоа не бев доволно отворена.
    Памтам дека кога конечно влегов во собата за цараки буквално веќе не осетив болка.Дали и одма ми ставија спинална не знам тие минути бев у шок.Само реков нека успее анестезијава не дај боже да осетам нешто.Анестезиологот ептен кул човек ми праеше муабет за врееме на. операцијата и само осетив едно време како докторот буквално ми го притиска плодот и оп..заплака бебето.Ми го донесоа да го бацам (дур пишувам се присетувам и солзи ми доаѓаат) и го земаа а мене ме однесоа во шок соба каде од сиот тој напорен ден се комирав.Едвај чекав да поминат тие 12саати за. да го видам бебето.
    Јас викам едно бебе два пати го родив, за среќа ако некогаш се решам на второ мора да биде царски, бар да не поминувам низ пеколните болки пак.
    Многу сакав природно да биде и ете искусив дел од тоа.Џабе пешачев секој ден, не се отворив и крај.За урмите тек сеа разбрав :)
     
    На Sexybaby86, Dust, Ava.84 и 28 други им се допаѓа ова.
  16. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Ех неможев да одолеам на темава :D
    Јас имав ептем лесна бременост, дај Боже сите да си дочекате. Се породив еден ден пред термин. Ама осеќав дека ќе бидит, само пред сопругот не покажвев зш тој паничар.
    Станавме сабајлето и да одиме на црг, демек побрзо дан ни заминит докторката во сала. А каков ден беше лепота. Едно сонцеее. Уште му замервам на мм шо ојдовме рано рано на контрола. :D
    Стандард процедура ме ставија на црг, кога после некоја мин го глеам сопругот праи чудни фаци. Му викам шо ти е? Земав ја тел и уклучвам предна камера за да го прочитам цтг, пошо зад глава ми беше тоа читачот. Кога глеам покажува на 60 па 80. аиииии
    Доаѓа докторката ми вика осеќаш нешо, не и викам. Се чудат. Ме стана ми вика чеј да видам дал си отворена. Оп 4 прсти.
    Ајде ми вика слекви се и позз се со сопругот денес раѓаш. Лелелеее. Збунки. Ја таква цела окезена па уште малер сама во соба.
    Цтг почна константно на 80 ја абер нишо не осеќам. Ми пукнаа водењак околу 16 ч. Утоп. Си викам абе ова мн течело, убо по пат шо не ми пикна.
    Ама госпожава абер нема од излегвење. Лежи, лежи не се долежвит. И околу 19 ч почнаа лека по лека да ме факет болки.
    Се отворив околу 8 прсти. Пак колку језиво тоа со прстите на секое кога ти буричкет.


    Околу 21 ч мислев ќе прегорит ЦТГ. Кога ме фати кичма да ме болит, мислев ќе се поделам на два дела. Фала Богу бабицата ми се погоди. Ми даваше насоки како да дишам. Само се молев шо побрзо да ме носет на бокс.
    Околу 22ч ме зедоја под мишки и ме качија едвај. На сета мака кога земав да се смејам. Се чудеа сите околу. Им викам- ам добро не е ова ко на филмојне? Зш чаршавче не ми клајте над стомак :D Башка едната потпиралка на боксот беше скршена па морав сама да си ја држам ногата.
    Некако кога ги видов сестрите и бабицата околу мене мн полесно се осекав. Ич не пиштев, само се концентрирав на дишење и на муабет кога поминвеше болката.
    Со 4 напони беба излезе ко катапулт во 23 ч.
    Вистина све се заборават кога ќе си го видиш бебуш.
    Дај Боже сите да си дочекате. Сегде Господ са дават.:*
     
    На Малечкоxxx, lizaname, Alanna и 39 други им се допаѓа ова.
  17. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Е вака исто требаше да биде и мојата породилна приказна ако соработуваше госпожава моја. Ама не таа принцеза била и сакала да излези царски зошто да се мачи да ја витка главата. :D
    Шала на страна мн сакам вакви лесни породилни приказни без мн мачење. Не дека си поминала и ти лесно. Само жена што се обидела да раѓа ги знае тие болки, но кога се тече мазно и без компликации е супер.
    Мене вчера една другарка ми вика е оти се жалиш дека ти било тешко кога се породи со царски. Нема што повеќе да коментирам тука.
    Бидете здрави и живи и весели. :hug:
     
    На minneymouse82, NNA, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    14.040
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на потпиралката :DЕдната сестра ми ја држеше ногата и туркаше со сета сила, ми вика другата нога ти тргај ја накај тебе. Абе како и викам, јас немам сила да дишам. Ајде мора така. Ја држев шо ќе прам. :D
    Пак ко ме носеа во родилна таа бабицата цело време се жалеше од прстот шо ја болел. Јас и викам ај пак ти шо се жалиш, појќе од ова не болит. На сета мака да се посмејме. :rofl:
     
    На 24.07, minneymouse82, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Ај додека е ептен свежо да ви ја раскажам мојата втора приказна..
    Денес ми беше термин, а јас веќе разлабавена бебка ќе тера после термин, имав договорено за преглед и цтг послепладне ама не се ни надевав на породување.
    Доаѓам на преглед во 3 ипол ме ставаат на цтг 15 минути ни болка ни контракција(тоа цтгто не чинело), го гледа докторката вика нешто не ми штима да те видам вагинално, јас 5цм веќе отворена, ми вика имаш болки јас ништо, ајде викна сестра и да ме прими. До 16ч спремаа документација, ајде клизма, ми го пукнаа водењакот јас уште си немам абер од болки, во 17ч ми ставија провокација па во 18 почнав да осекам болки и во 18и40 бев на бокс и за 15 минути со 3-4напони се породив. Е сега бебка ја водеа цело време за поситна па не ме сецнаа ама испадна поголемка 3590 и 54цм па јас си испукав си заработив неколку конци и сега ја очекувам принцезата да ми ја донесат да се запознаеме и погушкаме. Се надевам нема да си имам мака со раната и брзо ќе ми мине опоравувањето. На сите идни родилки ви посакувам брзо и лесно породување барем колку моето.
     
    На Sexybaby86, Dust, mama*rose и 73 други им се допаѓа ова.
  20. Nina 2014

    Nina 2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Честитки мила! Живи,здрави,најсреќни...
    Колку убава и лесна приказна :) , дај Боже сите со ваква приказна да сме :*
     
    На Milobebence, minneymouse82, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.