@Vennera.aa Да ви е жива и здрава,само радости да ви носи. Тебе поббрзо закрепнување,па се читаме во мајчински сега со бебушките
Ај да ви раскажам додека е свежо уште Вчера дојдов во болницата околу 11ч со пукнат водењак од дома, откако првин ми падна чепот. Ме прегледа доктор, отворена 3.5/4 прсти и ме оставија. До 15ч со послаби болки стигнав до 6прсти, и од 15:30ч почнаа јаките болки на 3-4 мин. Мислам дека прв пат во животот бев благодарна за болните менструации, бидејќи болките ми беа отприлика такви, само без апчиња Во 18ч веќе бев 9 прсти отворена и ме качија на бокс. 4 пати ме проверија вагинално, и доста непријатно беа тие прегледи. Дојдоа двајцата доктори, и заедно со акушерката ме породија во 5 напони вкупно. Беше брзо и со мноогу болни напони, и многу викав, не знаев дека го имам тој глас во мене После цела ноќ ме дереше грлото. Кога видов само како му излегува главчето, знаев дека сум блиску, и со уште еден напон и мислам дека планина симнав од мене, ми олесна во секоја смисла Го гушнав бебо на градите, и се заборавив во секундата Постелката излезе потоа, ме сошија, и тоа е мојата породилна приказна. На сите им посакувам така лесно и брзо да поминат
Да сте здрави и живи. Ако си прворотка ова е породилна приказна која секој ја посакува. Честитки уште еднаш
Јас мојата приказна од пред 5 години не сум ја раскажала. Ќе се потрудам да бидам што пократка. На почеток покасно дознав дека сум бремена и ионака неспремна си ги издржав многу лесно 9те месеци. Ни мачнина ни болка ама баш ништо. Чекаме на крај контракции и од тоа ништо. Бебе не сака ни да се спушти мене полесно здравје. И одам на царски. По разговор со анестезиологот дојдовме до заклучок да примам лесна анестезија зашто брзо ме фаќа (искуство од други операции претходно) и анестезиологот става од најслабата анестезија но поголема колочина чисто за секој случај. За 3 секунди јас кома. Операцијата успешна кога одеднаш се слуша докторот како се дере по мене и ме шлапа да се освестам. Јас слушам се обидувам да мрднам со рака ама безуспешно. Одеднаш црна темница и огромна дупка. Слушам само анестезиологот вика докторе го ваѓам тубусот. Само што го изваде веднаш се потрудив да се освестам да мрднам да подстанам... Као демек побрзо ќе пушти анестезијата. Ме префрлија на кревет јас здрвена во стомакот малку да се помрднам боли на чуден начин. Ме носат во соба иде докторот да ме види цел пребледен ја му викам ништо не ми е. Ми забрани дента да станувам а сите пациенти дента породени со царски после пладне станаа. На крај дознавам од мртвите ме вратиле со 2 пати срцев застој и еднаш со престанок на дишење. Причина - поголема доза на анестетик. Јас смирена мува не ме лазе само чекам дете да ми донесат. Истата ден само еднаш ми го донесоа. Цела болница ја кренав. Па јас не сум овде за да одмарам туку дете да родам. Вечерта ми го донесоа накратко и се побунив. Од утре им реков до мене ќе биде (секако имаше креветчиња за бебиња) вечерта кренав температура градите камен. И сега викам што да правам вие дете не ми носите како да се празнам? Па брадавиците мали бебе не може да влече. Ајде молзење болки стискање... Малку и спиев. Нон стоп нешто се расправав се чудев како не ме избркаа. Реагирав кога ќе станам не сум јас инвалид. Хаос беше. Којзнае која криза ја имав. Ме задржаа и сабота и недела(а се породив вторник) со образложение дека мора да ги празнам градите зашто премногу ми беа цврсти и дека може да добијам маститис. Се обучив со молзење со бебе со станување и си тргнав за дома. Сирора јас не знам сега како со бебе. Првата вечер слабо облечено и покриено иако дома беше топло. Вака ддетето камен ладно. Другата вечер затурулено облечено повиено покриено се вцрви и му излегоа брунчиња од претоплување. му фатив чекор од третата вечер. И чудно постпородилни болки не осеќав или не обрнав внимание. Се на се гајле сум немала.
Еве ја и мојата.... слична е на таа од Мила991... Понеделник 10.12 на преглед, термин до 09.12 болки немав, докторката ме прегледува со прсти и вика 4 си отворена, ќе те задржиже ќе го пукниме водењакот и ќе те породиме (колку лесно звучи) се нафатив, морав, сега да сум ќе се вратев дома и ќе почекав бар уште 1 недела да добијам природно болки. Нејсе бидна се Направивме цтг болки нема, слаби. Ме спремија се клизма, спавача и ја чекам док во предродилна сала, иди ме гледа пак со рака (и уште 2 други ми ги ставија рацете) бебе високо не беше спуштено во родилен канал и ми го пукна водењакот и да чекам болки. Ова 12ч пладне, лежам, одам, чекам болки немам, не покажуваше ни на цтг, поминаа 2 саати иди док ме гледа пак со рака, уште високо 5-6 прсти отворена. Ајде провокација, почнаа болките веднаш, по некое време иди пак ајде пак со рака (4 ме гледаа со рака ме осакатија, крв ми се растече) се отварам но бебето е високо нема шанса да слези, мора царски, јас ваква Му велам да почекаме уште малку за природно, ок ќе чекаме вело док ама нема шанса да се спушти ама ако сакаш ајде. Болки почнаа почесто, поголеми, напон немав и така до 18:00. Идат ме зедоа на бокс пак да ме проверат до кај сум. 2 докторки и 2 акушерки сите ми се изредија со рацете, мн прокрварив, ништо велат високо е готово царски те правиме, ми ставија катетер и чекаме анестезиолог. Јас се уплашив малку, болките си продолжија... Анестезиологот дојде дури во 21;30ч дотогаш на 3мин имав болки. Почна подготовка, ми ставија спинална 2 пати ме боцкаше и во 22:00ч се расплака синко јас бев зашеметена, само ми го донесе да го видам и ништо не гледав 4300г тежок и 54см долг. Вечерва беше првото станување и не да болеше, не се опишува, само тие што поминале знаат. Ми го дадоа и да го видам вечерва, но пак го зедоа неможам уште сама да се грижам за него неможам ни за мене. Па се надевам од утре полесно ќе биде Се на се, тешко беше, ама вреди секоја болка за нашите најмили
Да е здрав и жив синот. Гордост да ви биде. За тоа што сега ти е тешко и ти се чини дека никогаш нема да можеш да функционираш нормално е не се плаши. Со секој изминат ден ќе бидеш се подобро и подобро и еден ден кој ќе биде мн брзо ќе се разбудиш и ќе заборавиш дека воопшто си правена операција. Првото станување е најстрашно, а секое наредно е се полесно. Жалам што на крај морало и кај тебе царски да бидне, ама битно и двајцата сте добри. Машала за големината на бебе, ние таа тежина на месец ја постигнавме ама и јас се породив две недели пред термин.
мене после царски ми беше тешко прв пат ко станав. Осеќав како камен да имам во стомак што ми тежи и ме влече надоле и не можев да се исправам. Најнервозна бев на канилите од инфузиите. ми рекоа внимавај на нив кога функционираш. За на крај да побарам да ми ја извадат најитно и со секоја инфузија да ме боцкаат со игла зашто тоа е смрт за мене.
Да ви ја шкртнам на кратко и мојата втора породилна приказна. Рај Знаев дека мора да биде полесно од првиот пат ама до волку лесно не мислев. Се породив точно во 38ма недела, ноќта претходно нешто направи бебето внатре,како да се измести, како да натежна на дебело црево и баш ме заболе, изгледа се сместило во позиција за излагање. Рано сабајлето како да ме разбудија менструални болки, во вц гледам поголем дел од чепот на хартија, инаку со денови по малку го бришев безбоен. Околу 8 ја осетив првата контракција, по извесно време втората,симнав апликација за да ги мерам и почнав фино лепо да чистам дома јер маж и дете треба да оставам у чисто нели Контракциите ми беа дел болни,дел онака, на интервали далечни 20-30мин па и со прекини, нерегуларни скроз. Генералка комплет дома, избањата, серија изгледана,маж вратен од работа и на мисла дали воопшто ќе се пораѓам дента. Почнаа да ми се губат некако болките, но сепак отидовме на преглед околу 6 попладнето. 5 прсти отворена, грлото меко премеко, док вика ова ќе оди многу брзо, а јас веќе болки снемав. Додека ме сместат, цтг едно друго јас скоро 7 прсти отворена. За епидурал немаше ни време ни потреба ама јас инсистирав од страв да не ме стегнат во секој момент болки како прошлиот пат па да се изгубам да неможам да раѓам. Ми ставија епидурал, па мала провокација од која веднаш пукна водењакот и се отворив одма до 9 прсти. Блага паника, трчање накај родилна, со неколку напони излезе девојчето, јас свежа, насмеана уште не ми се веруваше дека и вака се раѓало Не ме сечеа, потпукнав тук и таму минимално, ме сошија кратко и ајт со здравје
Околу 1 навечер осеќав болки,ама не многу силни па си ги игнорирав,си гледав тв. Околу 15 до 2 почнав посилно да ги осеќам и тоа на 5 мин. Станав за до вц и одеднаш осетив нешто како ми протече,розеникава течност како со малку крв помешано. Се јавив во болница ми рекоа одма да тргам. Таму одма цтг,ехо,немав некои болки,ама 3 прста отворена. Останав ама многу бавно се отварав. Околу 11 бев 6 прста отворена и со ненормални болки,па решив за епидурална. Ми дадоа,болки немав,дремнав малку се одморив. Арно ама 15 сатот дојде ја уште ни абер ни болки ни ништо. На крај две бабици ме стискаа на сѕомакот да помогнат да излезе бебе. Излезе после не знам колку напињања. Плаче бебе јас бетер,маж збунет не знае што се случува. Бебе тежи 3930,главче 38цм,53цм долго. На крај врвот беше шиењето. Можам да kажам се изнамачив,уште сум слаба малаксана и со бртоглвици. Знам дека е клише,ама штом го гушнав,се ми помина. Идни мамички ви поскувам лесен пороѓај.
Машала големо бебе. Да ви е живо и здраво. А каде се пораѓаше ако не е тајна, приватна болница или државно? Впрочем ставаат ли епидурална во државна?