Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Да :)
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Гледам тактички не сече.:D
    Јас супер поминав со неа.
     
  3. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Првиот пат сум сечена со огромен рез, така морало сигурно. Сега поминав без рез а тоа што подпукнало рече повеќе естетски ќе го фати со конче за да изгледа се на место. И на место е се кога ќе се видам, свака и част :)
     
    На TeddyGrey и mimiiiii им се допаѓа ова.
  4. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.257
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас да ви ја раскажам мојата породилна приказна.
    Во понеделникот наутро заминав на цтг, после цтг следеше преглед со рака и докторот кажа дека сум 4 цм отворена, ама дека бавно ќе трае се, па ме пушти да си одам дома и на секои 3 часа да се враќам на ново цтг и преглед.
    Со секој преглед со рака докторот пробуваше да ме приотвори повеќе, беше многу болно и почнав многу да крварам. Последното цтг покажуваше ненормални болки, сестрите и докторите идеа еден по еден и беа изненадени како лесно со дишење ги поминувам, а реално јас не ни ги осеќав. Пак насилен преглед со рака каде докторот буквално ми го извади чепот. Ме испратија дома, ми кажаа да се наспијам и утрото во 8 да одам пак на преглед.
    Си појдовме со мм кај мајка ми, си муабетевме па крај 23ч си дојдовме дома и си легнавме.
    Во 00.20 ми пукна водењакот, ме фатија болки, силни но подносливи. Одморив 20тина мин и тргнавме за во болница.
    Неможев да долежам на цтг то, свиреше, јас се виткав ама хоророт ми дојде кога пак ме прегледаа вагинално, во моментот имав контракција а докторот упорно ровареше со цела рака внатре, пиштев од болка, 7цм отворена.
    Ме одвлечкаа до цтг пак пошо сака неможев веќе да одам, ми се чини дека од тој момент натака помнам само блиц моменти. Докторот почна да вика по сестрата да спремат сала за цезареа, друга сцена ме соблекуваат набрзина, почна да ме фаќа напон, ме носат до операциона сала, незнам колку пати ме боцкаа, вениите прскаа, неможеа да наместат инфузија.
    Контракција, темнење, освестување и така во круг..
    Ме легнаа за да ја боцнат спиналната, јас контракции секоја минута, една од сестрите ме милуваше и ми зборуваше како да дишам, да се контролирам за да му помогнам на бебето побрзо да излезе. Се свиткав, ме боцнаа и цела болка ми ја снема.
    Бев будна и слушав се што зборуваа, во 2 и 05 мин ја извадија мојата ќеркичка, 3200 г и 49 цм, прогнозите на матичниот за тежината беа дека бебе ќе биде 4 кг..
    Откако ја извадија ме зафати катарзично тресење, докторите свикаа на анестезиологот нешто околу адреналинот не помнам што.. следна слика легната на интензивна, се тресев од студ, две сестри околу мене ме тријат на цело тело и пробуваат да ме затоплат. За кратко време ме спремија за во соба, мм ме чекаше пред собата, собрав сила, му се насмеав и му кажав дека имаме бебе.
    Следните неколку дена во болница поминаа потешко, првите три дена многу тешко успевав фа се движам, но веќе четвртиот и петиот се освежив.
    Најтешко ми беше што неможев сама да си го поземам бебе иако лежеше до мене.
    Сега сме дома, среќни, се гушкаме, плачеме, се доиме.
    Нема поголема среќа од оваа :l:
     
    На MarigoldA, muchacha_a, Lara 27 и 60 други им се допаѓа ова.
  5. Viki tonci

    Viki tonci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2018
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    803
    Пол:
    Женски
    @monik55
    Ako imas malku vreme , te molam pisi mi vo koja nedela bese poroduvanjeto
    Kako e maloto,dali bevte vo inkubator, primase zreenje predhodno?
    Jas uzgleda vo 37 ke me pravat carski pa malku se plasam za maloto dali ke bide ok vo taa nedela. Izvini sto te zamoruvam. Fala ti i baknezi za maliot junak na mama
    P.S Probav so l.p ne mi dozvoluva
     
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас бев 36 недела бебето ми одговараше по мерките на 38 недела,имавме закажано царски за на 25 декември но во спиење ми пукна водењакот отидовме одма на клиника ме примија на паталошка и дента неме земаа за царски се договоривме утре дента во 8 сабајле да ме опериа мојата докторка.
    Во 7 вечерта наеднаш ме фатија многу јаки болки неиздржливи,мојата докторка не пренела дека сум за царски и ме качија во предродилна во 1 ноќта со триста маки,горе го видов господ ме качија на бокс за да се отворам побрзо демек природно де отворив 8 прста јас напни бебе кажи се горе,така си ја мавав главата до 5 сабајле ме убедуваа да ја чекам докторката моја до 8,но во 5 и 20 ме земаа на царски ме оперирсше друга докторка.
    Малиот се роди 3,400 здрав и прав дечко.
    Никакво зррење не сум добила бидејки немаше никаква индикација.
    37 недела е веќе 9 месец и нема потреба од зреење ниту во инкубатор.
    Малиот си е со мене во соба.
     
    На MarigoldA, Lara 27, vitamina и 51 други им се допаѓа ова.
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ајде веќе кога малце спалснаа емоциите да пишам убаво.
    За оваа убавина да ја добијам се боревме 3 години и имавме една голема загуба и уште една не така болна како првиот пат.
    Бевме договорени на 25 декември да ме примат и по пат на царски рез да се роди мојот син.
    Но на 13 ноќта во спиење ми пукна водењакот јас мислев сум се измочкала но кога отидов во тоалет убаво си течеше.
    Со мм како миле паника еден на лево друг на десно,се спремивме и правец на клиника без торбица без ништо,ме примија на патолошка дојде мојата докторка ме прегледа и ме остави за другиот ден во 8 часот да ме оперира,но кажа и ако ме фатат болки во текот на ноќта пак ќе биде царски.
    Но тоа на мене ми го кажа на никој друг не го пренела.
    Во 10 вечерта ме фатија одеднаш силни болки не полека туку наеднаш,ајде же прегледуваа 3 прста отворена бебе скроз горе,со триста плачки и молби пак доаѓаше докторка ме прегледуваше истот цело време а јас рикав од болки.
    И цело време ми викаа мораш да ги истрпиш до сабајле за твојата докторка да дојде.
    Во 1 после полноќ ме качија во родилна на бокс само јас бев и убедени беа дека ќе се породам природно и ме оставија да се отворам,се отворив 8 прста но бебе не се спушта,рикав исто како да ме колат,во 20 за 5 се симна една докторка и доктор помлади и ги молев дека јас неможам природнонда родам туку мора царски се качија горе,јас пак истите болки беќе станав и модра кругови бели имав по цело тело и почнав да крварам чиста крв со крупни парчиња.
    Ме стави на цтг ништо неми кажаа пак отиде и одма се врати сестрата да ми каже дека одам одма на царски,ме средија се јавив на сопругот дека ме носат на царски за да дојде одма.
    Јас сите болки се ги криев од него.
    Во 5 и 30 почнаа да ме спремаат и 5 за 6 се роди мојот борец кој го издржа сето ова.
    Маж ми и татко ми одма дошле им го покажале бебето мене ми го ставија на гради но јас се изгубив одма заспав.
    Господ здравје да и даде на докторката што ме породи др Златеска што ликот не и го ни памтам ни незнам дали ја видов од што бев изгубена.
    Вечерта го прати Маџунков да ме види како сум а другите денови праќаше сестри.
    Битно се се заврши и дома си дојдов со бебенце најубаво на свет.:inlove:
     
    На abc1234, azelea, DuchessAnn и 64 други им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    23.446
    Пол:
    Женски
    @mamaJana @monik55 слични приказни имаме, кога ве читав повторно го преживеав 10ти Декември :sweat:
     
    На Milobebence и @Verba им се допаѓа ова.
  9. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.257
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го забележав, ептен слично сме поминале.
    Ќе се заборави, иако од време на време кога ќе се сетам на вечерта ми се наежува кожава кога ќе ја видам бебка ми поминува се :inlove:
     
    На lackygirl, Milobebence, @Verba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    И мојата е слична со 8 часа поминати во предродилна и болки невидени а бебе горе..
     
  11. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.257
    Пол:
    Женски
    Значи декемврискиве бебиња мм ни е... :D
    Ќе испадне дека стрелците се поголеми инаетџии и од јарците!
    Еве го в раце спие, се кроти како јагненце :inlove:
    Да ни се живи и здрави, за следните бебенца барем ќе знаеме дека сме дирекно за на царски, а не да ги трпиме сите болки и стресови и пред и после раѓање..
     
    На azelea, Bella*, ***Bony*** и 2 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @monik55 а која докторка требаше да те пораѓа?
     
  13. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Штом ти го пратиле Маџунков сигурно одма си се ококорила 8)
    Со него плакнев очи две недели на пин,за на крај да ме породи жена му :D
    Гушки за бебуш:inlove:
     
    На DuchessAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Таа што ми ја водеше цела бременост Лазарова,ама на крај не искочи како што треба наместо дента одма да ме породеше она ме остави за другиот ден.
    Криво ми е колку ја фалев колку доверба за на крај да ме зезне.

    Кунае како и е на жена му сите сестри трчаат по него.
    А сестрата ми вика знам јас што ти да донесам:rofl:
     
    Последна измена од модератор: 24 декември 2018
    На Milobebence, Coco31, Bella* и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Аааааа,ама и женчето му е мн убаво :makeup:
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.936
    Допаѓања:
    123.502
    Ептен:smirk: Преубав пар се :angel:
     
    На Milobebence, monik55 и Tukituki им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    23.446
    Пол:
    Женски
    И јас така се тешам за друго здравје Боже, барем овие природниве болки нема да ги трпиме, само царскиот (иако е поболен). :D ќе заборавиме за година две :smirk:
     
  18. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    @mamaJana @monik55 се изнаплакав читајќи ве ;( браво за вас и за сите слични Борци сте секоја чест, јас незнам како би го поминала тој дел и повеќе нема да читам ке ме фати страв :sweat: на крај се се исплати само се нека помине со добро, уживајте со бебушките :hug::hug::hug:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Ако добро ме држи сеќавањето ти го чувствуваше горе цело време пред крај? И сега ве читам уште еднаш и викам не би ја да попијам нешто слично, кај мене скроз на дијафрагма е закачено меѓу ребра:^)
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    23.446
    Пол:
    Женски
    Да јас цело време горе со осеќав, и горе било :) можи дека поголемо бебе (4300 се роди со 54см) не се спушти во родилен канал.