Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Моето 3.400 и не се спушти доле скроз горе беше,јас се отворив 8 прста но он си беше горе.
     
    На LiliBoz и Milobebence им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Кај мене засега не е големо бебе си оди со мерките го очекуваме од 3 до 3,5 кг најмногу, но имала долги нозе може ќе биде подолго.
    Беше доле за мерак додека не ме сместија во кревет и еве после две недели лежење она е горе качена. Тргајќи од мојата среќа во животот со гаранција ќе завршам како вас :)
    Туку 36та влегувам имам време за чучњеви секој ден и 3 саати движење со надеж да се симне ( а треба веќе да е наместена за излегување во 36та ама кај мене не е).
     
    На Mari* и lackygirl им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас со 10 прси птворена, бебе горе беше.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.729
    Јас до последен ден сите трговски ги роварев со саати, не се симна:D.
     
    На Mari*, srekice, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да раскажам имам и премногу пораки да не враќам на сите па решив да пишам а не дека е сјајна мојата приказна.. Не сме сите исти различни организми и тела...па вака :
    Во петокот отидов на преглед и на цтг во болница,докторот ме виде и ми рече остануваш време е...целата се звунив во прашалници ??? немав никакви болки а на цтг покажуваше мали контракции...Ме прегледа вагинално бев само прст ипол отворена...Вика ајде праќај го маж ти по торбата и да ти дадам апартман (дека барав) додека има слободен зошто само еден е,па ти одлучи си ако не денес утре ќе искача бебе....
    Почнав да се тресам мм вика остануваме..појде ја донесе торбата ме сместија ,во апартманот на патолошка,одлучен е чист,персоналот се прекрасни како и пред пораѓај така и отпосле,многу помагаат чистат цело време ми помагаат околу беби сабајлето после пораѓајот ме бањаа..немам никаква замерка...и да скратам :)
    Петокот ме следеа на цтг се поголеми контракции покажуваше,а јас мртов коњ...вечерта поспав едвај незнаев што ќе се случува,сабајлето во 8 ме разбудија пак на цтг и околу 10часот ми пуштија провокација преку инфузија...мм беше цело време со мене фала му на господ,чекавме си течеше инфузијата многу споро на секој 2 саата ја попуштаа...првите 2 саата се смеев како луда,после пoчнав да осеќам минимални болки...ми ја попуштија повеќе повторно после 2 часа ме фатија болки но издржливи отидовме на вагинален преглед отворена 3 прсти...си реков ова не е страшно не се страшни болови ќе издржам сигурно до 10 прсти ехеее...
    Кога се почна посилно,и посилно и посилно да боли..околу 4 часот пак преглед отворена 4 прста...е тука веќе највеќе ја пуштија инфузијата...со само 4-5 прста почнав да осеќам веќе премногу болка...
    Беше негде 5 часот попладне и така се до 10 часот бев отворена само уште еден прст,значи 6 прста со НЕНОРМАЛНИ болки...ми одеше да си ја искорнам косата,не викав не плачев ама затоа уште ме болат забите од што ги стискав цело време...
    Последен вагинален беше 11 часот 7 прста и ми го пукнаа водењакот ме качија горе во предпородилна сала,откако го пукнаа Господ у пижами го видов ама највистински :) мислев дека ова нема крај...ми се умираше викав по докторот да ме носи одма на царски дека ќе умрам :D он ми вика нема шанса,коа почнав да повраќам 3-4 пати вода исповратив и се тресев многу...ме виде Др и 10 мин пред полноќ ме качи на бокс го викнаа и маж ми да присуствува му се исполни желбата,ме држеше за рака ме охрабруваше и за 20 минути излезе бебка...се напнував многу ама ме сецнаа и дојде на свет мојата лепотица ми ја ставија одма на гради...бев избезумена плаче она плачам ја само повторував фала ти боже...
    Но мојата приказна ќе ја завршам без клишето што секој го кажува дека све се заборава...Никогаш нема да ја заборавам оваа болка...следен пат со закажан Царски дефинитивно!
    Ова беше природно ама имам јаки болки и сега од раната доле едвај станувам...цело време беше со мене беби во апатманот само навечер ја зимаа
    Се роди 50сантими и 3,300 грама...одлична е
    На сите само со лесно :hug::hug:
    Сега сме домче се гушкаме со најмилото суштество на светот,полна ми е куќата и прекрасно ми е на душата...:l:
     
    На NNA, abc1234, MarigoldA и 57 други им се допаѓа ова.
  6. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Епидурал не ти ставија?
     
  7. Ivke

    Ivke Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Во која болница беше породувањето?
     
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Не

    Чаир
     
    На Ivke му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ај не зезај, каков царски следен пат ќе излета како од пушка :D
    И јас како тебе после пукање на водењакот кога ме стегна првата болка ме облеа ладна пот и си вриштев во себе: сакам епидурал!!!! Ама шипак, знаев дека не даваат па џабе да се брукам да прашувам :D Издржав и јас мушки, но навистина таа болка нема да ја заборавам. НО, веќе со второво дете јас на болката не се ни сеќавам! ;) Секогаш е потешко со прво дете.

    Многу ми е драго што со сопругот сте ја доживеале оваа среќа ^_^
    Криво ми е што јас немав прилика.
     
    На vitamina, minneymouse82, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  10. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам тука...бев 37+4 без воопшто да се посомневам дека баш тогаш ќе биде работата. Бев на обичен преглед, дури ни цтг не направив. Кога си легнав..пробав да заспијам и во вртењето лево/десно осетив водичка меѓу нозете...ај реков ќе игнорирам...се додека не видов дека пижамите ми се лом. Баш пишав и на форумот истата вечер за да прашам дали се работи за пукање на водењак. Да, тоа беше водењакот..па почнаа благи болки во кичма, па напред и се решив право на болница. Торбата тогаш ја спремив по брза постапка. Појдов со одвај еден прст отворена. Докторот сам рече ќе оди побавно отворањето...и беше така. Трпев херојски јаки болки до 9 прсти...мора да признаам прегледот со раце не го трпев најдобро, и не соработував доволно со докторите..нозете никако да ги задржам на бокс..мрдав со цело тело..ама во ниту еден момент не побарав царски..за на крај да излезе дека бебе турка во кичма, потесна карлица и напоните не беа јаки доволно за да го истуркаат бебето. Доктороторите решија итен царски рез да ме направат. Од 00:40 кога пукна водењакот па сѐ до 17:27 траеше цел мој пораѓај..и природните болки и царскиот заедно. Се намачив...ама тоа е мајка. Со лесно кај сите. Ви благодарам за честитките :*
     
    На NNA, abc1234, MarigoldA и 37 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.261
    Пол:
    Женски
    Што не летна како од пушка кај мене :rofl: Јас во поголемите баксузи сум уствари... :D

    @PeachGirl @Bella* и на другите мајки, честитки, уживајте си бебињата, тазе ви е, но навистина се заборава на болката. На моментите ке ви текнува, ама каква била болката скроз ке заборавите, верувајте :) @Bella* Убаво е што си имала голема поддршка, е тоа не се заборава :)
     
    На Milobebence, Bella*, PeachGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Охх, за жал така му доаѓа :(
    Битно помина, здрави и живи :)
     
    На PeachGirl и mariz им се допаѓа ова.
  13. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Точно така !
    Татица уште е под еуфорија и на сите раскажува колку е среќен што присуствувал и дека никогаш нема да заборави.Да не беше он може и на царски ќе завршев на крај од толку што бев исцрпена а тој ми даваше сила.
    Ем тоа и битно е и да знаат муживе низ што се не поминуваме за време на цел процес и породување,треба да видат и да Ценат!! :):hug:
     
    На abc1234, CameliaMiller, Lolipop23 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Царскиот уште појке ке те болит, 3-4 дена со катетерот на тебе врзана за кревет не можиш да се завртиш саглам,рана болит печит,при најмало мрднување ти се чинит ке ти распукат раната и да не должам многу цел месец и кусур дури се опоравиш како шо требит!! Па ти размисли си :)
     
    На lackygirl и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.729
    Не знам за други, но мене после 12 часа ме станаа, се движев, и ми извадија катетар.
    Царскиот поминав многу подобро од едниот спонтан пораѓај.
     
    На NNA, CameliaMiller, LiliBoz и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Јас третиот ден веќе бев дома и со бебе што треба да се грижам за него :D.
    Ме станаа после нецели 6 часа и за два дена ме пуштија. Никаков проблем не видов со раната , освен една недела болки при станување и седнување.
     
    На CameliaMiller, LiliBoz, Bella* и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.261
    Пол:
    Женски
    Мене втор ден ми го извадија, втор ден сама станував и сама одев до вц, дома за една недела како нова бев, се сама правев, сама бањав бебе и сама бањав 2ипол год детенце. Многу полесно поминав отколку со првиот природен пораѓај, многу полесно опоравување имав. Се зависи и кај секого различно, ама искрено полесен ми беше царскиот.
     
    На CameliaMiller, NarCis@, Bella* и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Богами кај секој е различно..Како читам искуства се двоумам и јас сега за второто породување..Со првото беше нормално,прилично лесно и брзо,само што одма после тоа ми останале парчиња од постелката па со рака ми ги вадија без анестезија,без ништо..и плус шиење,па не можев цел месец да седам ко што треба а и раната долу си болеше.Сега сум 27+5 -нормална бременост ,но стварно се двоумам меѓу царски и спонтано:emo::wasntme:
     
    На Bella* и mariz им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.261
    Пол:
    Женски
    Абе јас трето да раѓам, пак ке тргнам за природно... но до кај што се може, со сила никако :) Ајде како и да биде, само со лесно, најбитно е на крај да сте и ти и бебе добро :hug:
     
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    23.446
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме болеше, премногу, ме станаа после 24ч од интензивна и потоа сама станував со огромни болки. Ми го оставија бебето сама се грижев за него, а неможев ни за себе да се грижам, после 10 дена почна помалку да ме боли. В понеделник 3 недели правиме уште ме боли при станување, при кашлање, во вц кога одам... и за второ бебе да одам пак би сакала природно, но овдека пракса е ако е прв царски мора и втор.