Навистина храбра жена, мајка, браво за издржливоста да е живо и здраво синчето, цел живот да ве радува
Долго време не успеав да пишам... Мојата пиродилна приказна се случи на 03.01.2019г. Краен термин ми беше 22.01.2019г. Со мојата докторка се договаравме да ме породи царски, после 10 ти Јануари ,дека тпгаш ќе се враќаше од одмор. Но, мене секој ден после 01 ви, ми беше се потешко. Психички бев многу опадната ,а и синко брзо напредуваше, па последните прегледи беше понапред скоро три недели... На 03 ти имав закажано контрола ,а ако процени докторката , може да биде и царскиот(но,јас искрено не очекував). Одам на 03 ти, правиме ЦТГ, слаби тонови на бебе. Одма паника, докторката вели те хоспитализираме, па можно е и породувањето да биде денес. Мене срце во петици....возбуда, плачење, паника.... Уште едно цтг, овој пат добро. Спласнаа страстите....Но, јас и викам на докторката,, Јас сум спремна, ако сте и Вие, да одиме во сала"... Се насмевна ,им рече на болничарките да ми земат анамнеза и да ме спремат. Во 13ч.влеговме во сала, во 13:30ч.дојде на свет моето малечко чудо, моето сонце, мојата ѕвезда, мојот свет, моето синче тешко 4 кг.и 53 см долго. За лошото искуство од спиналната анестезија нема да пишувам, тоа се заборава... Агпар 9/10 А после еден ден детето ми го ставија на кислород и антибиотици..Е ТОА БЕШЕ ХОРОРОТ низ кој поминав една недела. Не ми го носеа во соба...одев низ ходници и плачев ден и ноќ....дијагноза бронхопневмонија! Едни педијатри викаа добар е, нема ништо, друга докторка, ми вели 24 часа се боревме за животот на твоето бебе. Да скратам, сега сме добри, дома сме, цицаме,се чуваме, растеме...напреднати сме 250 грама за една недела. Како и да е, задоволна сум од ГАК Скопје, од персоналот и хигиената(во глобала) Ова беше мојата породилна приказна во многу кратки црти, затоа што се сеќавам само на убавите моменти.
@Viki tonci големи гушки и искрени желби од среќа да не куртулите @Nina 2014 нежно девојче кое сега веќе МАМА Успеа друшке, успеавме, се лошо веќе заборавивме, рацете конечно ни се полни Машала, дечко спремен за во градинка си донела домче, нека е жив и здрав, од убавини да не може глава да крене
Да сте здрави и живи. Многу храбра мајка. Кога читам вака и гледам јас за што сум се жалела се срамам. Ве
Мојата втора породилна приказна Мислам дека држам рекорд во најбрзо породена ако грешам поправете ме Тие што ме читаа во труднички отприлика знаат како ми беше бременоста.Цела бременост уредна,школска,за на крај во деветти да ме извадат од памет и да ми кажат дека мешето на бебето заостанува за некои две три недели.Цел деветти ми помина одејќи по болници,на испитувања.Де клексани де Аспирин,па секоја недела на трансфузиологија,доплери,во Чаир секој втор ден.Упорно ми кажуваа дека бебето е ситно не напредува дека стои 2500 и повеќе од тоа нема да биде.За царски несакаа да слушнат па остануваше да се чека природно да почнат болки.Терминот помина бебе немаше абер да излезе ниту една недела од термин.Др Георгиев рече јас повеќе од 8 дена по термин не чекам ќе одиме со провокации.Ќе дојдеш во сабота ако до тогаш немаш болки не се отвараш ќе дојдеш во понеделник ќе те задржиме на патолошка и почнуваме со провокации. Фамозната сабота...Викнав дедо да го чува синко број еден ние раат да отидеме на преглед.Одиме таму правиме ЦТГ уредно на ехо бебо супер плодова вода си има значи останува во понеделник. Со маж станавме да си одиме и мене наеднаш ми текна немаме транспортер одиме сега да си купиме.После ми текна да си одиме на ручек Само знам дека правевме планови ако се породам вторникот средата ќе фатеше св Никола а сите блиски кум старосват вујко друштво сите го слават.И се натажив на детето никој нема на роденден да му доаѓа Утехата од маж рече абе не се секирај утре ќе те фатат болки ќе видиш не се секирај.Си дојдовме дома и само осеќав дека тешко се движам дека бебето е многу доле спуштено.Имав некои минимални болки чат пат ама си викам не бе ова бубрези се од умор е и слично. Едно време вечерта накај 9 сме си заспале сите во дневна и маж и синко и јас.Наеднаш се разбудив му викам на мм носи детето во спална да си спие а ти полека спремај се за на работа.Беше негде 23:15 отворив Фемина и баш си пишавме со @Bella дека немаабер бебево за искачање нема ништо ново.И наеднаш осетив една страшна болка.Клекнав на земја цела се свиткав и тука почна да тече водењакот.Ама тоа не беа капки него без престан млазови.Викнав по маж ајде одиме пукна водењакот.Како одам низ соба така се е лом вода насекаде.Сирото детенце го земавме во кебе и со нас во Чаир.Оно незнае што се случува целото збунето.Стигнав во Чаир нит крвна група нит книшка ништо.Се разбуди малиот се растрча низ ходник,таа на шалтер упорно бара маж ми да одел дома по крвна група.Ме прими докторката не сум сигурна ама мислам дека сеуште е стажант можеби грешам.Вика супер 6 прста отворена ти одиш во предродилно.Ми вика на колку минути имаш болки а јас ги имав секоја минута мислам дека Се слушна со докторката на смена таа запнАла нека оди на патолошка.Докторката и вика ок ѕирни ја женава ќе ти се породи до патолошка дур стигне.Ме стави во количка ме однесе кај докторката таа вика охо 8 прста ти ќе раѓаш.Одам на бокс лелелелелел луѓе хорор филм.Ниту една жена светла испогасени.Прашувам никој не се пораѓа никој нема ??Викаат никој.Со првото кога бев таму беше како во Охрид низ чаршија летоска.Каква спротивност.Набрзина ми направија пак цтг заради бактеријата брза инфузија антибиотик појма немам што ама знам дека немаше време да истече.Викнав одма ме ставија на бокс.Арно ама синко се качи нагоре па ме станаа да си постојам да се спушти.После некои десет минути само се раздрав јас готово неможам веќе и ме качија на бокс.Напнат два трипати и он почна да искача.Акушерката вика чекај чекај немам крпи немам ништо да го фатам.Арно ама дете почна да искача она само зема го сврте и излезе.Син најубав на мајка цели 3 кила маже.Ми го легнаа на стомак се галевме.И сите застанати карши мене,сите жени вечерта се погодија,ме гледаат и типуваат дали еден конец дали два ќе сум имала.И се сврте Акушерката и им вика е сте се заебале нема шиење нема ни еден конец.Јас се збунив мислев не постои пораѓај без шиење.Само ме легнаа ме оставија два саати.Среќа една специјализантка ми даде моб се чув со маж му кажав имаш син Јас поминав прелесно беббка малку беше на терапија ради покачено црп.За 3/4 дена не пуштија дома. Ако кажам дека сама се породив нема да излажам.Знам дека на доктор Георгиев и Др Бојчова ќе им бидам вечно благодарна за сета поддршка за цела смиреност што ја покажаа.Докторката што се води дека ме породи не ме ни допре т.е ни збор утешителен не кажа.Во главно задоволна како помина се.Во Чаир влегов во 00/12 ч во 01:55 се роди моето жабче.
Сега ве читам не знаев дека сте се породиле @monik55 ,@simona_baby честитки ,да ви се живи и здрави,симона малиот ти се родил на ист ден со ќерка ми претпоставувам 17 ти ,многу стрелчиња да ви кажам ептен им е убав знакот . Честитки и за @Viki tonci , @Bella* @Nina 2014 и за другите храбри мамички што ги пропуштивhug:
И јас бев од среќлиите втор пат, во 10 ме примија, во 11 породена, ама мислам со @Mari* нема шанси апсолутно никој Е ако дојде некоја да каже дека во кола се породила, тогаш ќе ја предадеме титулата
Во контекст на муабетот,јатрва ми кога се пораѓаше во првото дете имало ваква случка на цимерката што и била в соба,жената дошла трето да раѓа и по пат во таксито почнало да излегува детето,главата почнала да му се гледа,такистот сирот паника го фатило да не го роди во кола, сестрите надвор со количка ја пречекале и само ја качиче до породилно и бебето експресно го извадиле
Јас ќе се породев во ходник со второто. (срам не изеде)Стигнавме во 07. 55 во болница заедно со докторката со која бевме договорени да ме породи,во 08.15 се роди бебе. После 18 часа со првото ,второто се роди експресно,просто неверојатно.
Мајка ми ме родила за 18 минути, влегла и родила, толку. Не стигнале ни да и земат историја, ни да ја прегледаат, ништо, само легнала, напнала и сум излегла бела, розева, како бомбона.
Аиии ептен ми е мило срцко сварно прелесно...колку пишувавме што како ќе биде и ете...Браво сварно те гушкаммм
Jас само што дојдов дома кренав корпа алишта за перење пошто шлог ме мавна кога видов куп. Се понашам ко да немам рана. Само се дерат по мене ко по дете.