Јас сватив дека сега си ми комшика кога ќе видев Мајка со количка ќе прашував Петро ти си? Иначе честитки многу мие мило за тебе
Мојата породилна приказна почнува во 8 наутро. Навечер си легнував со кокошките, па затоа и станував рано дури и кога бев втора смена на работа. Бев 37 недела, со намера да идам на работа до 39та. Подработев некои домашни работи сабајлето, попладнето на работа до 9 вечерта. Генерално ме штедат на работа, но се погоди похаотичен ден, па имаше малце трчање дента. Ништо посебно, не ми беше нешто тешко, како и секој обичен ден. Дома дојдов накај 9ипол, јадев, одморив, и накај 11 мислев да си легнам. Си викам ај ќе пуштам машина за перење, па сабајле да си ги пружам алиштата. Како што чучнав пред вратичката и почнав да ја полнам машината, добив нагон на мокрење. Додека да се исправам и да седнам на шолјата што беше на 30см од мене, ги направив пижамите жива вода. Си викам, до толку да не можев да додржам и да се измочам, срамотилаци... Ама некако многу количина ми се виде, па викнав по маж ми: "Или се измочав или ми пукна водењакот!", а тој ми се изнасмеа, како може да не ја знам разликата мегу двете Откако си ги сменив пижамите, ставив улошка, што ја направив утоп во рок од 10 минути и веќе бев сигурна дека е водењакот во прашање. Се консултирав со една акушерка, рече да одам до болница да проверат, ако е плодова вода во прашање, ќе треба да останам во болница. Набрзинка спакував што мислев дека ќе ми треба, си реков што ми требаше да си купам големи улошки пред некој ден, си ја барав бељата, детево мисли спремна сум да искача . Отидовме во болница, ме прегледаа, докторката вика врв од прст си отворена, ајде ќе те примиме. Се облеков во спавача и ме однесоа на патолошка. Се погодив во исто време со уште една девојка, се качивме двете, таа возбудена ептен, а јас и викам ајде да поспиеме додека немаме болки, па утре да раѓаме. Само што се наместив да спијам, почнаа болките накај 1 сабајлето. Дирекно траат 1 минута и на 3 минути одвоеност. Си викам ќе се породам до сабајле. Леле колку бев грешка... Да го скратам пострашниот дел, од 1 ноќта до 1 попладнето, болките само се зголемуваа во траење, со се помала пауза помегу две контракции, 4 пати ме проверуваа, отворена само 1 прст. Докторите упорно прашуваат дали се појаки болките. Јас им викав дека не можам да бидам реална дали се појаки или јас веќе сум преморена, два дена будна, па не можам да издржам. Накај 2 не можев веќе ни да станам од креветот за да одам на бокс да ме прегледаат, и почнав да се губам мегу контракции. Од умор буквално се онесвестував, и се будев кога почнуваше наредната контракција. Траат по 2ипол минути со помалку од минута пауза. Им викав на сестрите дека мора да ми најдат чаре зошто осеќав дека немам сила да трпам, а онесвестена не знам како ќе успеам да го изгурам бебето дури и да се отворев. Во 2ипол повторно бев 1 прст отворена, и ми дадоа инекции спазмекс и дијазепам. После 4 контракции заспав. Се разбудив по 1 саат, болките се исти, ама јас со малку повеќе сила. Успеав да станам од кревет, отидов до сестринската соба, им кажав дека еве се разбудив и за сега можам да издржам. Мислев еве се одморив, ќе тераме цел ден. Издржав цели 2 саата, и пак бев на истото. Не можев ни да зборам од болки, немаше паузи меѓу контракциите, и бидејки не можев да отидам до бокс, на креветот ме прегледаа, пак 1 прст отворена. Веќе беше 6 попладне, и една од сестрите рече дека веќе нема смисла чекањето, ќе ме носат во сала. Додека да се организираат, донесоа количка, дојде нов доктор (веќе 5ти или 6ти по ред, сите ме видоа ), и вика ај да видам што толку викаш, ела на бокс да те видам. Немав сила ни да му речам дека не можам да станам од креветот а не да одам до соседната ординација и да се качам на боксот. Виде-не виде, ме прегледа на креветот. Само успеав да слушнам "Па она веќе е отворена". Подоцна ми кажаа дека сум била околу 7 прста. 16 саата не се отворив ни еден прст, сега за 1 саат сум се отворила 7. Да не веруваш! Додека ме симнаа во породилна сала и ме ставија на бокс, рекоа дека сум 9 прста. Се породив во 8 навечер. Самото гурање и раѓање беше ништо во споредба со болките целиот ден. И сечењето го осетив, ама не беше ништо страшно. Толку бев уморна, што мораше да ме извикаат да отворам очи да го видам бебето, ама не ми го дадоа, дирекно го однесоа во друга соба. И онака не можев рака да дигнам. Ми ставија анестезија, спиев може 2 саата на боксот. Во меѓувреме ме сошиле, ме покриле со ќебе зошто се тресев од ладно, и ми пуштиле инфузија. Во соба ме однесоа во 11. Пробав 2 пати да станам, и два пати ми се слоши. Успеав да станам од кревет дури накај 5 сабајле, и кратко потоа го донесоа и бебето. Притисокот ми се вратил како што ми беше пред бременоста, низок. Дури мислеа да ми дадат и крв, ама им реков дека нормален ми е тој притисок. Во очите ми беа испукани капиларите, немаше бело воопшто. Оригинал зомби бев Најважно од се, во моментот кога можев малце свесно да размислувам, си реков сама на себе дека сепак не беше толку страшно, и здравје ќе раѓам пак. Да се надеваме со малце побрзо отварање овојпат. Само храбро, мамички, за џабе не рекле све се заборава. Не дека стварно заборавив, ама на крај си викаш дека вреди за малото чудо .
Ајде додека имам вишок време Приказната за бременоста ја знаете на долго и широко. Траеше 40+3 според доктор, според мои проценки точно 41+0. Едно од најтешките искуства во мојот живот. Бидејќи одвај чекав да заврши и среќна сум што не сум бремена повеќе породилната приказна ми се виде полесна. Имав закажано породување со провокација на 31 Јануари. Случајно или не тоа е датумот кој е поврзан со мојот дедо кој многу го сакав и воедно роденден на мојата мајка. Она од прв ден се надеваше дека внука и баш на денот ќе и се роди, како да знаеше жена. На 30ти решив да го послушам советот од една моја блиска по болка од прв ден од форумов аја која ме советуваше последниот ден да го посветам на себе си. Така фино лепо си станав рано си го прошетав кутрето, си се средив и си испаднавме на прошетка па на ручек. Многу убав ден сончев никакви знаци за раѓање, но најбитно од се, се наполнив позитивна енергија која на крајот и ми недостигаше бидејќи чекањето премина во фрустрација и негативност. Вечерта околу 19 часот додека чекав да дојде терминот за вечерна прошетка на мојата омилена маза седев на софата и се обидов да станам да се облечам. Наеднаш добив клоца доле вагинално која не е вообичаена во бременоста напротив е отсечна и силна, буквално како да ве клоцне некој по задник. Наеднаш истече вода. Знаев дека пукна водењак, али не беше цела кофа така да имав време да се средам. Сите возбудени по дома проблем во сообраќај при движење кој лево кој десно. За десет минути веќе бев во кола на пат кон болница. Болницата ми е 30 мин оддалечена. Немав болки бев возбудена и насмеана. Направивме селфиња по пат да има да памети како мајка стаса на породување од уво до уво насмеана. Дури и песните ми ги погодија на радио. Болките почнаа уште во кола. Редовни и не беа како дотогаш. Само што се пријавив во болница и ме примија на цтг болките се засилија. Во 19.40 веќе бев во болница. Цтг покажува мали контракции отворена еден сантим или ниеден што би рекла бабицата. Вели ќе потрае ова има време до породување. Ја познавав од прошетка низ болницата, бабицата е една од најискусните овде и најмила на свет. Ми даде совет да прошетам да не ми е досадно. Се симнавме доле во хол, болките почнаа на пет минути и тоа силни да бидат. Дали шеткав 20 минути и се вратив назад зошто не можев да стојам на тие болки. Побарав топка како на курс да ги ублажам болките - заеби ја топкава си реков ова боли. Ми даде топла крпа да ставам на половина - заеби боли. Легнав на боксот почнав со дишење да ги контролирам. Ме ставија на цтг редовно, проверка во 21 ч отворена 4 прсти. Бабицата почна да се смее вика ова ќе биде најбрзото отварање со прво бебе во историјата на болницава. Само продолжи да дишеш правилно и нема да биде ништо страшно. Во десет саат побарав епидурална не од што не можев да ги издржам болките туку од страв дека ќе дојдат посилни и почести. Овие беа на 2 минути со пауза од една минута али ми се чинеше дека веќе нема ни пауза. Во 23 ч стаса тимот од анестезија. Прво ме убедуваа дека можам до крај без анестезија бидејќи сум 5/6 прста отворена, па испаднаа надвор да ми дадат време да размислам. Бабицата ме молеше како издржи вака ќе го собориме рекордот брзо ќе испадне бебето до 1 саат ќе го имаме не ставај анестезија. Али стравот од болки си го направи своето, се одлучив за епидурал. Во најголемите контракции речиси јас наведната во седечка позиција оптегам грб да ми стават анестезија. Господ на гаќи се прошета низ соба, му викам седи кај ќе одиш журкава само што почна. Епидуралната за среќа рамномерно делуваше и брзо. Снемав болки за секунда. Радиото беше пуштено во позадина. Си легнав да одморам. Убаво ми дојдоа два саати одмор. Мојов речиси заспа не се дешава ништо. Цтг смирено болки нема никакви, дојдоа на нула. И кога беа најјаки не одеа над 80 што значи апарат не може точно да ја покаже силината на контракции. Бабицата донесе чај се напивме уште софра да се поставеше и да вечеравме на боксот. Во 01 часот проверка целосно отворена, десет сантими за бебе се е подготвено и поставени се сите инструменти. Бабицата се подготвува за породување епидуралната се повлекува ги чувствувам контракциите. Бебе не излегува се врти лево десно. Пробавме на лева страна, на десна, легната на грб, клечејчи, седејќи нема позиција да испадне главчето од матката. Контракциите не се силни да излезе бебе ми рече бабицата, епидуралната ги успала скроз. Викна доктор да уклучат провокација. Повторно Господ на купаќи овој пат пред мене. Дишење правилно, што ми викаат тоа правам. Издишувам на цел глас со викање. Мојот пулс и на бебе се изедначува саатот е веќе 3. Два саати пробува во породилни канали да испадне. Бабицата е цела испотена и ме држи за рака не оди никаде. Цтг вели дека е вознемирена само диши правилно те молам. Јас како одличен ученик дишам, ме боли но малата е поважна од мене. И давам воздух и сила да испадне работиме како тим. Ми велат да напнувам, напнувам колку што можам најсилно. Енергијата ми е слаба али се држам цврсто. Ногата ми е на бабицата на врат ја жалам дека неа и е потешко. Од епидуралната не ни ги сеќавам нозете како ѕидови ми се. Докторката вели дека мора да забрзаме бидејќи долго време излегува. Провокација на макс ставена, болки секоја секунда. Велат не доволно силни контракции да го исфрлат бебе останува само мојот напон. Напињам долго време. Бебе ја вади главата па пак назад. Еден чекор напред еден назад. Мора да те пресечеме вели. Викам сечи само вади ја побрзо. Почувствував само дека испадна и почнав да плачам. Саатот 4.34. Силни емоции почнав да плачам на глас. Јас плачам малата врз мене плаче али не е тој плач што укажува дека дише правилно. Плаче и бабицата. Докторката ја вика шефицата на болница. Знам дека нешто не е во ред ме фаќа паника. Јас сум добра, али нешто се случува. Притисокот ми паѓа на нула се губам. Ми ставаат инфузија, а бабицата ми ги држи нозете на врат. Местат за шиење- не ме боли. Викаат брза помош од детска клиника. Апгар тест 10ка. Сатурација 100. Она чудно плаче. Доаѓа специјалист за новородени да ја прегледа. Вели инфекција ќе уклучиме на антибиотик. Само прашувам дали е страшно и опасно. Велат не, но мора веднаш да се реагира. Ми ја земаат и ставаат во преносен инкубатор. Ми даваат само да ја бакнам. Пак се губам. Гледам дупло или две смени се споија. Сите стојат над глава кај мене. Пак притисокот паднал. Бабицата ми вели ќе имаш контракции да ја извадиме плацентата. Нова тура контракции и напињање, испадна. Се е во ред. Ме преместија на болнички кревет се враќам на себе си. Добивам појадок и чај веќе е 7 саат. Сакам да спијам ужасно многу ми се спие. Идат еден по еден анестизиолог да тргне се од епидурална, нова бабица крвна слика, доктор за проверка. Ме сместуваат на оддел. Доаѓаат две докторки да ме информираат за Емили, она е добра инфекција е ќе и помине. Можеш да одиш во детскиот оддел ( тоа е друга болница) само кога ќе можеш за себе да се грижиш. Тоа е наш совет, а твој избор. Не и треба нова инфекција нели. 24 часа подоцна сеуште лежам на истиот кревет. Добивам слики од Емили со баба и во болница. Душата ми е на место. Измокрив сама, сама станав до тоалет. Железото ми паднало скроз после породување. Мора да уклучам таблети. Али после голема столица која 24 часа ја немам. Јас и онака сум небитна веќе. Идам денес во болница бидејќи можам да стојам на нозе. Сеуште сум слаба али до утре ќе бидам како нова. Време е за нова приказна
@FreeMind како те читам се потсетив дека тазе породена шетав по ходник за побрзо да се среди раната од царскиот. слушнав жена во родилна како дава напони. и искрено избегав ко мене породена ќе ме легнат таму мислиш ќе раѓам пак една паника кога ме фати и сега те читам и како кажуваш си дишела јас почнувам да дишам ко за пород Шала на страна, секоја чест мајка. Мило ми е што сте добри и ти и бебе
Cestitki da e zdrava i ziva Emili i ti pobrzo da zakrepnis, najubavo ime si i dala na kerkickata i jas si go imav toa ime rezervirano no ispadna bebka da e since
Ги искуси првите болки за : што значи да си мајка... finally :Wellcome in the club Да сте ми живи и здрави следува најпрекрасниот период мајкичке Те гушкам и преубаво име си и дала ептен ме бендиса
ќе ми недостигаш за да се жалиме колку не е бременоста убав период. Се разнежнив мајка,знев дека ќе дишеш правилно. Наспиј се денес од утре ќе те читам во бебе
@FreeMind уште еднаш да е жива и здрава и вие ао неа И мене не ми избегаа солзите Те чекаме во мајчински
Не верувам некој да го прочита ова а да не се расплаче. Доста емотивно и поучно за нас,а многу храбро од твоја страна што сепак завршило се како што треба.Секоја чест на тебе и на малата Емили Е сега читајќи го текстов имам дилема околу епидуралната. Дали мислиш дека самата анестезија го пролонгирала и отежнала самиот процес на породување и дека можеби без неа би било многу побрзо (сепак поболно)?
Јас имав епидурална. Се породив експресно. Доктор не стаса да облече мантил, 15 мин на бокс. Нема врска епидуралот.
Несакан ефект на епидуралот е баш тоа, не значи дека кај сите ќе е така но мое мислење епидуралот го има успорено самиот чин, битно приказната има среќен крај