Што да се коментира после сево ова, само за наежување е!!!!! Скроз ги имам сцените во глава. Жениште си ! Ж е н и ш т е !!!!! Фала ти што се ни долови од А до Ш. Ма, фала ти за се!! И спомна некој дека многу ќе фалиш овде, и навистина е така. Те доживуваме за своја, и така и ќе си бидеш се до Мајчински муабети а таму веќе пак ќе сме си свои на своето. Поздрав драга, и само храбро и понатаму. Од убавини да не куртулите ни ден!
Кај мене нус појава се појави кај епидуралната. Пред да ти ја стават ќе ти ги исчитаат нус појавите, многу се. Во секој случај ти сама ќе одлучиш во моментот. Ако видиш дека оди брзо и можеш да се справиш со болките ( мора да боли нема безболно породување ) не земај ништо. Но ако увидиш дека немаш сила веднаш прифати ја бидејќи навистина ќе немаш болки од тој тип.
И јас сум за, нормално страв од болки, ама ќе видиме здравје како ќе налага самата ситуација Како сте со малата ?
@FreeMind напорно но убаво искуство, нели? Многу убава приказна, а и убаво си ја опишала до детал. Имаш цел живот што да раскажуваш Само проблемчето можело да ве заобиколи, но и тоа ќе се среди. Инаку имаме имењачки.
@FreeMind честитки мила Да сте живи и здрави сите,Емили да ве радува цел живот. Не сум мајка сеуште,но читајќи те мислам јас раѓав,така ти е доловена приказната што сопира здивот дур чита човек. Ви посакувам убави денови на адаптација во проширен состав
Ми ја земаа малата, па ајде си велам да си пишам и тука како што е редот Јас немам многу за раскажување бидејќи кај мене се случи се тооолку брзо. 31.01.2019 Се започна околу 2 часот изутрина на 31.01 кога добив слаби болки во кичма. Се мислев многу дали сум за на лекар бидејќи во пределот на стомакот не чувствував ништо, но мм е страшен паничар и ме убеди барем да одиме да ѕирнеме. Поради негов ќејф решив да отидам највеќе за да му речам ,,Ете што ти реков!". На цтг не покажуваше болки, но сепак докторката ме прегледа и констатираше дека сум отворена 3 прста. Ми рече дека е се во ред и дека ако не пукне водењак или не се јават силни болки да дојдам дури за 5 дена на контрола (а јас имав закажано цтг и преглед на 01.02 во 8и30). Си заминавме дома, јас дури пресреќна дека ,,испаднав во право"! Си легнав да спијам, но се разбудив околу 9 и си отидов до работа да го однесам боледувањето. Потоа си прошетав и отидов на ручек кај моите. Таму ме преовлада заморот. Заминав дома околу 8 вечерта, се избањав и легнав околу 10. Помина 12 и оп нов ден на повидок. 01.02.2019 Околу 12ипол ме фатија болки, ме разбудија од сон. Помислив стомак ме боли за по голема нужда. Отидов и пак си легнав. После половина час исто така. Исцедок премногу со сукрвица. Повторно игнорирам се и си правам филм во главата дека ми се оди во веце. Поминува и тоа. Јас ептен заморна заспивам пак. Околу 3 часот болките зачестија и јас упорно си одам во веце. Таму завршувам и пак си легнувам. Затворам очи и паѓам како во кома од замор. Се будам после 10мин и не знам дали застанало времево или стварно болките се на 10мин. Нормално зашто болница кога постои фемина болките стануваат појаки со интензитет од 5 минути. Си одам упорно во веце и си пишувам на фемина. Наеднаш болки на 3-4минути. Го будам мм, пакувам торбица дури и пеглам тетра пелени мислев се лажни бидејќи очекував преемногу да ме боли. По пат си застанавме во аптека и отодов во болница. Околу 7 и нешто ме ставија на цтг. Сестрата рече не покажува јаки болки, си велам ок значи не е тоа тоа, баш како што си мислев. Сепак друга сестра се решава да ме прегледа вагинално и на ехо. Сестрата само викна по друга да носи пижама и итно во родилна сала бидејќи сум 9 прста отворена. Јас во шок ме качуваат горе, без никаква историја за мојата бременост. Јас на бокс сите околу мене поставуваат прашања, инфузии, земаат крв, мерат притисок - со еден збор хаос. Почнав да напнувам и многу побрзо ќе родев ако од сам старт сфатев дека треба да напнувам како да имам запек. Отпосле сфатив дека јас и дома сум си напнувала. Се породив прилично брзо(мислам дека шиењето траеше подолго од раѓањето). Единствено што бев омалаксана дека два ноќи по ред не спиев и ужасно бев гладна и жедна (не планирав да раѓам тогаш). Една од бабиците ми бутна намокрена газа за да имам сила. Шиењето траеше околу 40мин, доста комплицирано бидејќи внатре дури мн длабоко бев распукана. Имам повеќе од 10 конци и едвај станувам, а за седнување да не зборам - mission impossible! Како и да е! Сега се сунчаме добивме жолтица, ама битно сме живи и здрави и очекуваме утре да си одиме дома. Ми недостига категоријата бременост, но ве чекам сите во категоријата бебе!! Со лесно на сите и никогаш не заборавајте колку сте силни!!!
Нека е жива и здрава Брзо опоравување. Инаку ако неможеш да седнуваш од шиеното и дома земи си ќебе од овие поларниве и заролај го и напраи круг ко гнездо со дупка ќе можеш да седнуваш така
Јас добив совет од акушерката да се седи директно на газот со цела тежина, побрзо заздравува раната. Значи не на работ од креветот, така многу боли, туку убаво седната повлечена наназад, нозете да висат само од коленици надолу. @Annie.mk1 честитки, живи и здрави да сте!
Па пробав, може требаше да додадам. Дефинитивно поудобно е така седењето отколку по накај работ. Јас без проблем седнав во кола веќе петтиот ден кога ме земаа од болница.
Мене најудобно ми беше со цела тежина убаво седната, но на перница (не ептен мека перница, така средно). На каучот не ставав плус перница, но на столчиња кога седнував да јадам, па обавезно си ставав и каде каде беше полесно. Имаш право за ваквото седење. Најлесно е да лежиш тој период, ама кога мора да седнеш, така е "најдобро" да речеме Секако секој ден е се подобро, се издржува. Со лесно мајки, брзо опоравување и брзо гушкање дома
Јас 5тиот ден седев без никаква мака во кола 3 саати, и тоа на две места сечена со многу конци. И не седев претходно како што опиша ти туку седев на страна '' на клинци'' Значи сакам да кажам на глава седи нема побрзо да ти заздрави раната.
Кога би ја раскажала мојата сторија пред породување на некој режисер, гарантовано ќе беде снимен филм.....море за плачење е.... Ајде на кратко.... -породилни болки, одам на гинекологија, доктор брца рака и вели..."Ајјјј, нога фаќам".. Јас бленам у таван -Истиот тој доктор и вели на сестрата да ги викне студентите за да видат карлично поставено дете...а јас си седам така фино лепо со болки, расчепатена на бокс...и.... -Доаѓаат 10тина студенти.......докторот им вели на сите да брцнат рака и да кажат што опипуваат.... Можете да замислите јас на такви болки реденка трпам...секој брцна рака а јас умирам Откако завршија со реденката, јас љута и омалаксана им викам: -Аман, барем кажете ми која нога ја испофаќавте, за да знам кога ке се породам да не се чудам зошто една на бебето мое му е излижана нема одговор....а мене правец на РТГ...е немаше тогаш ултразвук...ртг... и не кажувам после.......
Многу јако. Не можам ни да замислам како ти било ама сега е многу смешно. Посебно со "реденката". И ја примив многу раце ама на секои два часа, не беше реденка. Жива и здрава да си 100 и кусур години.
Природно ли си породена? Мајка ти да не си ти? Јас сум родена карлично, после реденка студенти... цела болница ја викнале да гледаат карличен природен пораѓај Ептен и било весело на мајка ми...
Природно породена, тогаш немаше анестезија а царскиот беше озлогласен...ме исекоа, партал ме сторија а ме шиеа после два сати..оладена, што да кажам..ужас.