Исто и мајка ми... вика до ден денес дека знаело доле да ја заболи Јас сум и прво дете.. тек после со сестра ми и било уште пострашно, иако со глава она била.. целата рана од првиот карличен пораѓај и испукала Денес ретко пораѓаат природно ако е карлично поставено бебето, ризик и за мајката и за бебето е..
Како бе ртг бабе? Па кога си раѓала? Еве мајка ми вика имало ултразвук пред 35 години. Мене све ми се чини ти од мајка ми помлада ќе да си
Тоа значи дека сум постара од мајкати! Ртг обичен...мој рбет се гледа и на бебето коскичките...озрачен пред раѓање..ама така беше порано
Ај додека мм и малата спијат, јас да раскажам Како што го добив тој тампон добивав се повеќе и посилни контракции, па 2 пати ми ставија инфузија против болки од која бев цела пијана. Почнав пак да повраќам и не престануваше. Во 22 часот не се издржуваше веќе па добивав нагон како за голема нужда. Ме однесоа во породилна сала се качив едвај на тој кревет и бидејќи не можев да мочам сама, морале со катеда да го испразнат мочниот меур. Давав напони, бев доволно отворена и мораше да пукне некако водењакот. После неколку напони пукна, бидејќи бев цела пијана и не бев при свест немав сила да одговарам на прашања кои ми ги поставуваа станував само кога доаѓаа контракциите, за тоа време затварав очи да поспијам Цела изгубена ми пречеше и мм кога ми зборуваше. Така давајќи напон во 23: 46 се роди малата 54 цм 3910 гр. Почна малку да плаче но веднаш престана кога ми ја ставија на гради и наеднаш не искака сите Почна да цица, не се одвојуваше од града. Ме прегледаа дали треба шиење, кога видоа на 4 места распукана дури и внатре и кожа однадвор Ми дадоа опивка ама џабе се чувствував. Крв изгубив доста, за неколку дена ќе земат крв да видат колку е паднато железото. Малата ја имаат на контрола 48 часа поради стрептокока што немав направено ама досега се е во ред, фала богу. Се на се брзо се одвиваше, во рок од 1 час се породив откако почнаа најсилните болки. И не е вистина дека се се заборава. Јас ништо не заборавив, единствено нешто е тоа што од толку страдање ќе си видеш нешто што е дел од тебе, најневиното суштество на светот А да не заборавам, без епидурална се породив. На сите идни мајки им посакувам да бидат силни и пред се стрпливи, најважно од се правилно дишење. Со господ напред се ќе биде во ред.
Се измaчи,сo душa чекaше дa се oлесниш,мaшaлa гoлемкo бебче изгледaнo вo меше нa мaмa. Бидете ни живи и здрaви,oпoрaвувaј се пoскoрo Пaтем,сменувaј прoфилнa сликa!
Ако ти пишам дека те премислив нема да ми веруваш. Ете убава приказна на крај и брза, машала бебе ќе трча за три недели Да ти е жива и здрава, а ти одмарај зошто први 48 часа со паднато железо не се интересни. Ако ти паднат како топки крв пред мокрење не се плаши не се органите се чистела матката
Честитки, нека е жива и здрава, за брзо гушкање дома Викаш не е вистина дека се заборава, па вистина за ден не се заборава Ке видиш дека понатака нема да се сеќаваш какви биле болките, ке ти текнува само на моментите, а на болката не
Честитки мајка ! Не си породена овде штом веднаш ја оставиле да цица? Многу сакав да го искусам тоа ама за жал овде не им е пракса да го остават бебето на гради
кај нас го носат после саат ипол да си го видиме а за доење после околу 3 саати. Мора да се почне одма за да со време се развие рефлексот за цицање. Инаку ништо не правиме,ни ние ни бебето
Абе ќе се развие рефлексот и ќе се успее во доењето, не дека не, ама тој првиот контакт со голо неизбришано бебе на града ми е онака "природа" ствар и сакав да осетам ама кај нас мора да ги средат, да ги стабилизираат, друг протокол имаат
да за тоа си во право. Посебно не даваат ако си со царски. Чекај не е завршен пораѓајот чекај плацентата да се извади побрзај анестезијата ќе престане да дејствува чекај бебето да се среди мора да се исчистат носот и очите не смее така да се остават треба веднаш....
Охххх душа.... Добро бар се се завршило како што треба. Еххх низ што се не поминува една мајка ... Како и да е , живо и здраво да биде ќеркичето и засекогаш да ве радува
Мене и двете ми ги ставија на гради да ги гушнам ама не веднаш по вадењето, некоја минута помина и завиткани у пешкир со капа на глава, кратко траеше тоа и после следи одма ајде сега постелката, па шиење итн...и следно го гледаш за 3 саати Сум гледала клипови од породување,како го вадат така го даваат на мајката и оставаат да ја најде градата, а ја наоѓаат одма, каков инстинкт е тоа, ме воодушевува