Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    14.040
    Пол:
    Женски
    Мене само кратко ми го доближаа до лице да го бакнам и дури сабајлето ми го донесоа во 6, а се породив вечерта во 8. Ноќта не можев да спијам шо од болка, од возбуда, па и филмој ме маваа дан ми го сменат бебето со друго. :D
     
    На Turna, Elena ena, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.256
    Допаѓања:
    170.463
    Мене момата ми ја ставија на гради без пресечена да е папочната врвца
    Само што испадна ја ставија и ми рекоја ајде да се запознаете
    Може 15-30секунди ја оставија и после ја зедоја да ја средат
    За цело време ми беше пред очи кога ја средија неа и мене ,ме ставија на кревет за носење ми ја дадија да ја држам и у соба директ
    За саат време и ајде да цица има нема млеко она влече со саати
    Ја земаа само за бањање и менување памперс
    Тоа беше моја наредба бебето да не ми се тргне од видик
     
    На Puffy2019, Turna, Elena ena и 8 други им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ти како мене и јас не давав да ми се тргне од очи и кога беше во делот за опсервација висев на врата и го гледав дека одма карши беше.
    Ке го слушнев дека плаче знаев дека е он и правец кај него.
     
    На gjoker4e и NNA им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.256
    Допаѓања:
    170.463
    Изгорени и напатени
    Страв лозје чува
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Малечкоxxx

    Малечкоxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Каде се пораѓаше?
     
  6. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    33.984
    Пол:
    Женски
    И мене само што испадна ми го ставија на града дирекно ама не цицаше туку да се запознаеме а додека траеше процесот на шиење и средување на мене јас си го гледав бебо цело време и ден денес се сеќавам на се што се случи и после 2ипол години.
     
    На NNA, duffi, only44you и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    И мене во Чаир ми го ставија на гради одма, директ од доле на мене без пресечена папочна врвка, да си го видам и да го бацнам :inlove: Каква возбуда и адреналин имав, цело тело ми играше, се тресев и неможев да го контролирам.. нозете горе на бокс ми се тресеа неконтролирано :lol: Е со второто тоа не го осетив, дали дека второ, дали дека царски... незнам, осетив олеснување, пресреќна дека заплака и дека е добро, ама тој адреналин и возбуда го немаше.
     
    На NNA, Coco31, Малечкоxxx и 5 други им се допаѓа ова.
  8. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Ааа и тоа е нешто, браво за Чаир, незнаев дека може и така
     
    На gjoker4e и only44you им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    Ама не цицаше :D Го ставија, го гушнав, го бацив, па за некое време едвај ми го земаа :lol: Не ми се даваше :lol:
    Сакав да кажам дека не ги зимаат одма одма, туку ги оставаат на мајките прво некоја минутка :)
     
    На NNA, duffi, TutiFuti и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nina 2014

    Nina 2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Мила Емкааа,
    Така е душичке, се лошо заборавивме, ги имаме бебушки во раце и ништо друго не е важно...вредеше секоја боцка, секоја болка, секоја солза.
    Господ сите до една да ги направи мајки.
    Ти благодарам за целата поддршка цело ова време :*
    Те гушкам силно мила моја:hug:
     
    На kukla21, NNA, Ringishpil_ и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Исто потполно во Чаир одма на гради и се тресев цела ама буквално тресење без контрола :):l:
     
    На NNA, TutiFuti, Малечкоxxx и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    А зошто си дозволила (било кога и да е) да те гледаат 10 студенти па и ПЛУС раце да брцкаат :|
     
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Во мое време душо моја, немавме право да му свикаме на докторот, тоа беше почитување, страв и ..ма појма немам уствари...па така се учеа студентите, на живи луѓе, немаше јутуб, интернет, кукли.,.а и не знам денес како учат, можеби исто:$
     
    На NNA, Bella* и gjoker4e им се допаѓа ова.
  14. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ihhhhh breeee .... i dvete me rasplakavte. Ve gushkam najsilno :hug: ;(
     
    На NNA, emkaemka и Bebulleee им се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug:

    @only44you :hug:
    И чекам мекици за 3тата среќа :l:
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  16. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ke bide naskoro i toa mila moja :inlove:
     
    На monik55 и emkaemka им се допаѓа ова.
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Ајде и јас да ја споделам својата приказна додека бебуш спие,а и додека не сум ја заборавила :D.
    Уште во 38 недела кога бев на цтг ми извадија памет дека сум пред пораѓај ( не за друго излегов од работа за да одам на цтг и потоа требаше да се вратам).
    Отворена бев 1 прст ( што е како ниеден :^) ) и покажуваше болки кои не ги чувствував. Со вакви индикации сакаа да ме остават во болница,ама јас им реков дека сум излезена од работа и дека морам да се вратам. Не дека толку ми беше за работата,колку што не бев спремна за останување,бев решена дека сакам да сум си дома додека не бидам сигурна дека породувањето почнува. Не сакав психички да се измачувам седејќи во болница,ако реално за тоа нема потреба.Бев на работа, целата возбудена дека ќе ми пукне водењак и ќе се породам тука.
    Филмови :$ :D :worried:
    Си дојдов дома, иако алиштата за бебето ми беа средени,торбите за бебе и мене спремни,маж ми ептен беше исплашен,како тој да ќе оди да раѓа, почнал да мести креветчиња,количка,да спрема соба за славење и што уште не.
    И јас бев возбудена, посебно кога видов дека почна чепот по малку да паѓа.Си реков,готово е,јас ќе се породам,си легнав да спијам и очекував секој момент да почнат болки. Воопшто не се плашев од самото породување, ептен бев психички спремна.
    Но вечерта ништо не се случи,ниту наредната,ниту наредната.... А јас исчекував секој божји ден (waiting) .
    Термин ми беше на 01.01,а се породив на 06.01, докторката ептен погоди дека ќе се породам во 38 недела.
    Отидов на 03.01 на цтг бидејќи ми е поминат терминот,ми рекоа дојди за 2 дена повторно,покажуваше болки,ама јас не ги чувствував. Отидов повторно на 05.01 сега беше друг доктор,овој пат цтг беше ептен мирно,ги прегледа документите од ехо,некако се испогуби докторот и ми рече : Не ти бил терминот на 01,дури на 25 ти е |( :o Е како така? А тој да ми рачунал не по датум на последна менструација,туку според датумот кога сум била на ехо (facepalm) .
    Откако се разбравме едвај каде греши,ми рече оди си дома,па после празниците дојди,цтг е мирно,рано е за породување.
    Си дојдовме дома, бев кај мама на гости, потоа подготовки за Бадник,јас правам планови што ќе појадувам зошто се пости. Бев сигурна,ама и се надевав дека нема да се породам за Бадник. Ми се јадеше баница,гравче,риби...:D не сакав да ја пропуштам вечерата. Ама Господ сакал поинаку.Вечерта на 5 си легнавме околу 22:00, и му реков на маж ми, немој случајно да ме буди за кафе,сакам да се наспијам,бидејќи цел 9 месец пукнав од киселини,а вечерта некако послабо имав.
    Но,во 01:30 осетив малку болки,претходно во труднички цело време кукав дека единствено ми е страв да не не ги почувствувам болките и да не се породам дома. Болките не ми беа јаки, па почнав да листам по нет,да се доедуцирам за болките и за дишењето при болки.
    Откако почнуваа почесто да ми се јавуваа, иако послаби,си реков ајде да вклучам мерач на контракции да видам на колку време се и дали се правилни. Контракциите ми беа на 8 мин,па на 5,па на 3, па на 6 мин... И така се зголемуваа и намалуваа интервалите наизменично.
    Бидејќи не беа јаки си помислив,овие сигурно се лажни,штом не се намалува временското растојание,туку се јавуваат така без врска.Станав да одам до вц во 03:00 може и 03:30 да беше, и оп,пукна водењакот. Отидов во вц,секогаш има топла вода,овојпат немаше. Го вклучив бојлерот и се вратив во кревет да почекам да се згрее вода (facepalm) .
    Откако се стопли водата појдов да се истуширам,повторно истече иста количина плодова вода. Се истуширав и почнав да се облекувам,и дури тогаш го разбудив маж ми,да не крева узбуна порано и да паѓа во несвест. Се облеков,го почекав тој да се среди ( на момент помислив дека се онесвестил во вц), наместо тој мене да ме чека,јас стојам на влезна врата и чекам, со песна појдов да раѓам.Знаев дека од тој ден веќе ништо нема да е исто.
    А сабајлето беше најубаво во мојот живот,мирно,тивко,бело небо,вее крупен снег и се покриено со бело снегче,се околу мене сипка.
    Стигнавме во болница во 04:45, ме прими докторката,мислам дека цтг беше нормално,без поголеми болки,ама бидејќи е пукнат водењакот докторката вика дојди да те орегледам.Патем,ми се погоди онаа докторка која и сакав да ме пораѓа. Отворена бев 4 прста, вика за брзо ќе се породиш,облечи ја спаваќата и ;)вклучете и клизма. Е нашето здравство е трагикомично,па по ставањето клизма влегов во вц,кое се наоѓаше веднаш до докторката,внатре нема светло,нема со што да се избришеш откако ќе се измиеш,се се слуша надвор....:$ :doh: :$
    Завршив со празнењето,едвај го наалав тушот да се измијам,шољата не ни успеав да видам во каква состојба остана,божем ја исплакнив со тушот,ама за околу неа не гарантирам. Излегов од вц,целата посрамена,и секако со мокар газ :@
    Ме одведоа во предродилна,имаше уште една таму на која и беа вклучиле провокација,па викаше,шеташе,офкаше.... Си викам сигурно и мене допрва ќе ми почнат такви болки.
    Ме одведоа на мерење кг,висина,притисок, запишување податоци,земање крв и ме вратија во собата.
    Ги осеќав болките помалку,па си легнав на креветот на лева страна и претпазливо дишев за време на контракциите. Ме пофалија сестрите и докторката дека сум ептен издржлива и прибрана родилка. Ме прегледа пак,веќе бев 8 прсти отворена и ми рече можеш да раѓаш. Имав напони,ама пустата не знам дека тоа е тоа,па си развив филмови во глава дека не сум се убаво испразнила од клизмата и дека ме тера за голема нужда (facepalm) Се качив на бокс,викаат напнувај,е како да напнам- ќе направам беља на боксот,ќе се посрамам.
    Секако не напнуваав убаво,онака како што треба,па докторката ми рипна малку на стомакот. По неколку минути излезе син ми,го видов и го однесоа. Чудно се чувствував во моментот и среќна и изгубена. Го однесоа бебчо,2830 г и 51 цм,а јас на шиење.Ми рекоа само 1 конче,ама како многу време да ме шиеа. Чувствувам како шијат,и болеше и не многу,ама повеќе непријатно чувство. Ме покрија и ме оставија 2 сата на бокс,како и што е ред. Син ми уста не затвори,цело време вриштеше, страв ме беше да не му е нешто,да не се загуши од плачење,ама гледам сестри поминуваат никоја не реагира. Ја прашувам едната да не не му е добро па плаче,не вика,така си плачат.
    ;( ;( ;( Жалничко како да го слушам,па веќе сум мајка, срце ме боли.
    Потоа ме однесоа во една соба,па ме преместија во друга,откако се испразни и ми го донесоа син ми.
    Е тогаш веќе бев при себе,возбудата помина,свесна сум дека сум мајка. :inlove:
    И тоа е мојата приказна,сум се распишувала,не е ни чудо зошто постов го пишувам два дена. :wasntme:
    Моето породување беше ептен лесно и брзо,без големи неиздржливи болки и вооошто не беше страшно.Мислам дека голема улога игра психата,треба да сте опуштени,да не се плашите,дишењето треба да е увежбано, и да останете прибрани.А можеби и зависи од тоа кој колку поднесува болки и од самиот организам.
    Битно,треба да сте опуштени и да не си создавате стресови со тоа кој како поминал.Сите сме различни...
    Првите 3 месеци имав големи мачнини,секој ден повраќав,имав киселини, ништо не можев да јадам,едвај стоев и издржував на работа. Од 4-6 месец веќе бев подобра и ми беше најубавиот период од бременоста,а од 7-9 веќе се ме болеше,ми се кочеше ногата,не можев да најдам положба за спиење,не можев да спијам,ми се појавија ненормални киселини и повторно повраќање и мачнини. Се измачив малку во бременоста,ама затоа породувањето беше лесно.
    Ви посакувам на сите да се породите вака како мене,воошто да не се мачите и брзо да се оправите од породувањето.Но,како и да е,вистина е дека ништо не ви е веќе важно кога ќе го видите тоа мало сонценце. Барем јас моите болки од шиењето ги заборавив.:D :D :D
    А да, :!: и докторката ми кажа,нареден пат кога ќе треба да се пораѓам,да си отидам кога ќе ги почувствувам првите болки,да не калкулирам многу,за да не се породам дома .
    Изгледа со право се плашев дека можеби нема да ги почувствувам болките и ќе се породам дома.Да не ми пукнеше водењакот,ќе чекав да ми бидат правилни болките,ќе добиев нап,за кој ќе мислев дека ме тера да одам во вц и недај боже ќе го родев бебето во вц шоља :D :D :D И не дека не се едуцирав за време на бееменоста,секој ден се живо читав, сестра ми ми го раскажуваше своето искуство дека и таа цело време седела на шоља мислејќи дека и се оди во вц.
    Ама додека не осетиш на своја кожа не можеш да знаеш.Мислев дека ќе почувствувам дека бебето ми излегува од напред, а не како од газ да ми излегува. Е тоа е совет за млади,прворорки,кои ќе се најдат како во мојата ситуација. Не се стресувајте,не ви се оди во вц туку бебето почнува да излегува.
    Се извинувам за долгиот пост, некако се заборавив пишувајќи,ама кажав се што сакав,без да пропуштам ниеден детал. Се надевам дека нема да се откажете на половина читање :D
     
    На Dust, TheGoldenPeach, Bebulleee и 49 други им се допаѓа ова.
  18. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    Дај боже сите лесно вака да поминеме :hug::*
     
    На TeddyGrey, hello-kitty.90, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Многу убава приказна мајче.
    Ова со тоалетот и празнењето исти прашања си вртам јас у главата :D:lol:
     
    На TeddyGrey, hello-kitty.90, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    @hello-kitty.90 и јас имав чувство дека го родив преку гз :)
     
    На TeddyGrey, Happyinlove и srekice им се допаѓа ова.