Што ти е жена на цела мака она гледа да замие wc шољатада си жива се насмеав Мило ми е што лесно помина и вака да се насмееме
Затоа и напишав дека е така колку и да звучи глупаво,бидејќи сигурно има многу кои ќе се најдат во ситуација како мојата. Моето породување ќе беше совршено,ако напнував како што треба. Не знаев дека тоа се напони за да се роди бебето,јас се плашев дека клизмата не си ја завршила убаво работата,па ако напнам ќе направам беља на боксот и ќе се посрамам. Иако претходно имав слушнато за такви искуства,сепак не знаев дека е тоа така. Затоа докторката мораше да ми скока на стомакот за да ми помогне,3 недели после тоа ме болеа ребрата
Мене на бокс коа ме праша докторката што осеќам и одговорив како да ми се оди по голема нужда. И ми викаше ајде какај... Стискај. Оно дете искочи. Истото чувство ваљда сме го имале сите.
Ти благодарам Од толку пишување сум заборавила да пишам дека се породив во 07:45,а во болница стигнавме во 04:45.
Браво,опишано баш како што е,до деталМногу слична со мојата приказна кога се породив со првото дете-само што имаше струја во вц-то фала богу. ПС: надевам ќе поминам и сега со второво така полесно
Јас не добив клизма иако бев отидена рано наутро за провокациа, ваљда не практикуваат..па ништо страшно не се случи, ми рекоа ако осеќам каква било потреба за вц да не се стискам..не се ниту помочкав ниту искакав, ваљда затоа што ми рекоа да одам гладна..а и да се случи нешто мислам дека нив не им смета и се спремни за тие работи..
Во Германија не. Урината со катетар ти ја празнат бидејќи пиеш цело време додека трае породувањето ако си поврзана на цтг, иначе сама стануваш до тоалет ( имаш во породилната соба ).
@Kaffe , @lizaname , @Elena ena , и останатите ајде пишете ги и вашите приказни додека не сте ги заборавиле
Ај јас ќе бидам кратка зошто веќе си поминаа 2 години па да видиме колку ме држи сеќавање. Веќе влезена во полна 41 недела сабајлето со мм ај ќе одиме на прошетка (малце подалеку од болнициве) и така цело сабајле си помина јас абер немам. После некое време јас си клекнувам дека нозе не ме држат веќе и опппп нешто ми тече. Мене тука паника ме фаќа одма му кажувам на мм брзо пали колата мене ми пукна водењакот. И во кола се возиме а јас се туфкам не знам што да правам дали директ у болница или прво до дома да земам торба. Ај викам одиме до дома (дека сум читала може и 2 саати да не се породиш коа ќе пукне). Лека полека си се туширам јас зимам торбата и во болница. Одам таму и кажувам на сестрата вака и вака ми пукна водењак и она се смее и ми вика е добро де имаш време никој не се породил одма од кога дошол со пукнат водењак. И ајде чекам имаше жена пред мене за преглед чекам да ме прими док за ехо. Болки имам ама не многу страшни и не ни ми текна да видам на колку време се. Ме прегледува док се крева паника гледа 9прста отворена брзо брзо се пресоблекувам и со сестрата кај др док на бокс. Одам таму и таму док гледа колку сум отворена и вика брзо брзоо носете ја на бокс ќе се породи тука.Значи нема време ни за клизма ни ништо буквално ништо. И откако се качив на бокс за неполни 15мин (со стискање на меше од стр на док) излезе мојата убавица. Напомена: бебка беше многу активно бебе по цели денови не ме оставаше раат а навечер кога спиев тогаш највеќе преткаше, а од сабајлето пред пораѓај јас ич не ја осетив дури му викам на мм детево не мрда се успало изгледа. Така да мој совет од кога ќе пукне водењак одма во болница зошто јас да почекав уште малце ќе се породев во кола П.С. На сите им посакувам вака брз и лесен пораѓај без многу страшни болки П.п.с не бев толку кратка ама ете една охрабрувачка приказна од мене
Ме интересира има ли некоја што се породила природно и без сечење и без да распука? Пошто ми се чини по дифолт сите ги сечат сега. Мајка ми кога се породила не распукала воопшто а 4 кг бебе родила, па се прашувам има ли уште вакви случаи? Може не е прашањето за тука ама не најдов посоодветна тема
Jas ne raspukav nit me secea.. 1 cm mislam samo mi rekoa a 4360 kg bebe rodiv Posle edna nedela bev kako nova skroz