Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од тие ама ќе кажам за една жена што беше со мене во соба имаше 24 години и 4 дете дојде од родилна сала насмеана се смести во кревет и одма и го донесоа бебето а таа го дочека седната на газ и кажа дека е породена природно без сечење и не испукала и немала ниту еден конец а бебето и беше 4 300.Значи секоја чест за таквите пораѓаји.
     
    На Leo_29, Turna, lady.N и 8 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Па на осмото здравје со музика од породилна сала ќе искочи на табуретка качена.
     
    На Dust, marchi-cool, lackygirl и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    4то на 24 години? :^) Многу ѝ е исполнет животот изгледа.

    @FreeMind мој пријател гинеколог ми раскажа случка за ромка која и било 10то и не сакала жената повеќе да раѓа природно, сакала царски :D Неможеле да ја убедат, сакала да се самоубива, па ја успале и го извадиле вагинално. Можеш ли да замислиш :D
     
    На Leo_29, NarCis@, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.679
    Пол:
    Женски
    Ахахах... женава до десетто идела само за царски да се пораѓа :rofl: барем последно и било тоа? :wasntme:
     
    На NarCis@, azelea, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Се утепав од смеење :D
    Ги мотала каишите од цтг-то околу врат демек ако не ме оперирате ќе се удавам :rofl:
    На крај и лепенка добила на стомакот за да биде поавтентично :D
     
    На NarCis@, azelea, mariz и 7 други им се допаѓа ова.
  6. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Kitten женава исто ромка од 16 години раѓа.Кажа дека за првото и второто била шиена а за третото и четвртово ништо ни конец ни бутур ко машина за раѓање
     
    На Kitten и Kaetana им се допаѓа ова.
  7. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Хахаха ме изнасмеавте таман за денот да ми почне :rofl:
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Јас на 16 незнаев што е секс(facepalm)
     
    На marchi-cool, Ive13, hristinan12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме сега:P
     
  10. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Добро де тогаш се едуцирав со статии по нет, ако сакате подетално:rofl::rofl:
     
    На Ive13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    На мирц беше шемата остај ти имаше таму асл плс секоја вечер во интернет кафе, триевче саат време :D
     
    На happygirl, Mari*, Emma2 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Ахахаха имаше се, не ко сега :rofl:
     
    На srekice и FreeMind им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.259
    Допаѓања:
    170.476
    Јас сум првородка без конец и сечење
    Е второ наплати
     
    На Turna, NNA, Ladyyyy567* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.266
    Пол:
    Женски
    Како бе така, зар и тоа може :rofl: Или може, ама само по 9 родени бебиња вагинално :D
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.005
    Допаѓања:
    133.939
    Може патент и ставиле петиот пат, затоа успеало.
     
  16. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Требаше да го напишам ова додека бев во болница, сега дома со бебе едвај и да имам време да јадам :D

    Мојава приказна ништо посебна или драматична ама моја е па да си ја споделам. Бебе до крај беше карлично наместена и на последното цтг и ехо во 39та недела, докторот вика кажи кога сакаш да ја вадиме :D Излезе дека папочната врвца и е околу врат и дури и да пробува да се сврти нема да може. Беше среда, ми закажаа царски за петок, др вика утре ќе дојдеш да те примиме. Ме пукна возбуда и малце страв, некако многу брзо ми дојде :sweat:

    Си отидов дома и тој и наредниот ден, цел ден ги поминав во средување дома, пошо договорот беше мм да прави мекици дома, дека со малце гости а и не е кафански човек :D Четврток си дојде мм порано од работа, јас си се спремив, отидовме на вечера и благо обавезно нели. Отидовме во Систина на прием и имав многу среќа, ме сместија во апартман :party: А баш претходно на мм му раскажував дека тука имам прочитано дека некогаш така правеле ако немаат место. Така мм можеше скоро цело време да е таму со нас, без да смета на цимерка.
    Вечерта ми земаа историја, ми земаа крв и ми ја оставија таа пластиката-цревце на дланката и ова ме болеше и ми праеше проблеми цело време, малце лошо ми го наместија. И ме оставија да се одморам. Ми кажаа дека отприлика околу 10 ипол ќе ме земат па и со мм се договоривме тогаш да дојде.

    Наредно сабајле ме разбудија во 6, ми ставија клизма :)tmi:) и инфузија (пошо до полноќ ми дадоа да пијам течности) и веќе беше 8 саат, сестрата ми вика, околу 9 доаѓаме. Кога ме фати една паника дека мм нема да стигне на време да дојде да се видиме пред да ме земат, му се јавувам и му викам да си се нацртал тука пред 9. Среќа стигна, се изгушкавме и 9:17 беше кога ме носеа накај операциона сала. Бев многу смирена, иако очекував дека во тој момент ќе ме спука и нервоза и сè :D
    Во операциона сестрата таму почна да ми објаснува што како ќе тераме, за анестезијата итн. И доаѓа анестезиологот и он ми го објаснува истото и ме гледа смирена и вика: шо сакаш да кажеш дека не се плашиш? викам: не :D Ми ја стави анестезијата, ни првото ни второто боцкање не ги осетив и ми отрпнаа нозе и легнав. И почнаа киселините. :D Се исплашив да не се исповратам и и кажав на сестрата и ми ставија лек во инфузија ама џабе. Дур не ја извадија бебка, не поминаа :D
    Интересно беше чувството додека ја извадат, не осеќав болка, ама го осеќав секое тегнење и допирање на нозе и сл. Пошо сестрата ми кажа дека кога ќе ја вадат ќе осетам тегнење, и на секое тегнење, јас мислев, сега ќе биде, сега ќе биде :D Ќерка ми се роди во 9:48, тешка 4200г. 51см. :inlove: Ми ја покажаа, ја бубнав и ја земаа (да ја средат и да ја покажат на тато). Апгар скор 9/10.
    Во 10:48 ме однесоа во соба за будење и демек ми ставија нешто за спиење ама јас бев будна цело време таму, саат ипол и ги гледав другите како се будат :D
    Штом почна да пушта анестезијата и да ги виткам колената, ме земаа да ме симнат доле и долу во соба ми викаат премести се на овој кревет. Не знам искрено како успеав да го направам тоа (facepalm)

    Мм ме чекаше, он веќе ја имаше видено и ми покажуваше слики, пораснато бебе, срце на мајка :inlove:

    Да скратам, првите два дена ми беа најтешки, особено вториот кога почнаа со инекциите за матката од кои имав многу болки, и од кога го извадија катетарот па морав да почнам да станувам. Ме станаа уште во 6 сабајле и до крајот на вториот ден веќе станував сама. Болеше упм ама се тешев дека сè полесно ќе станува. После 2 недели веќе бев опраена скорз, и еве 2 месеци покасно, др дури и ме пофали колку брзо ми заздравело сè. 8)

    Знам дека многу обична приказна на многу долго ја раскажав ама ете. И за крај да сумирам, презадоволна сум од Систина, од условите, грижата и негата. Дефинитивно таму би раѓала пак.
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, hermosa и 34 други им се допаѓа ова.
  17. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Дојде и мојот ред
    22.02. гледам на саат уште 1 саат и го надминав терминот. Му викам на мм, да прославиме со еден секс да ме расположи малку. Таман си заспав после тоа осетив едно туп во стомакот и топла вода ми протече. Срипав од кревет и викам водењакот пукна и трк во купатило. Истече баеги по мое, па земав се истуширав и се средив долу зошто депилацијата ми беше закажана за утредента. Се облеков ставив влошки и мм ме чека ајде во болница, му викам епа ајде, кога веќе си го наострил толку, тоа е:rofl: На цтг болки минимални, скоро ич, вагинален преглед 3 прста отворена, па уште др вика ај да видам дали е пукнат водењакот а од мене мислиш рекичка со повремен водопад си тече. Немаше место на патолошка па ме качија во предродилна сала, таму прием, цтг и чепче за прочистување. Од 00.40 до 05.00 јас болки ептен мали во кичма, стомакот ништо, сите околу мене офкаат, ги испраќам на пораѓај, дочекувам нови родилки јас абер немам :hai: Веќе кај 5 саат ми се појавија болки појаки во половината на секои 15 минути, така до кај 7 саат кога ме префрлија на патолошка зошто се ослободил кревет. Е таму обратна ситуација, сите си лежат, си грицкаат, јас офкам од болки и шпартам по ходник за побрзо да се отворам. Од 08 до 14.00 јас имав болки на 10 минути па на 7 минути, редовни, јаки и само во половината. Веќе почна да ми се повраќа од болка и и реков на сестрата да ме зирне на цтг, дека ми е многу болно. Цтг покажува болки ама не нешто јаки и ми вика сестрата како ќе раѓаш ти ако ова не можеш да го истрпиш, јас ја гледам и и барам да ми измери притисок дека губам сила, притисокот 160/90 а обично имам 110/70 па ајде викаат докторка. Ме гледа она , д-р Ливринова, Господ здравје да и даде, и ми го чепка стомакот мек, ме гледа вагинално вика 6 прста отворена и кога кажа ајде горе Паркер да раѓаш мислам дека ќе ја испобацував :D ме качија во предродилна пак, ми ставија некоја инјекција мислам спазмекс, и во 16.00 ме ставија на бокс. Таму ми уклучија и провокации, со што болките во половината се зајакнаа и доаѓаа на 5 минути. Од 5 до 6 веќе болките беа на минута а некогаш мислам и дека немаше пауза меѓу нив па и погласно офкав а малку и ммкав. Во 18.00 часот се роди госпоѓицата на мама со 5 напони, без мама да пушти глас ама затоа докторката и сестрите само викаа и се дереа сега напни, сега диши, ајде мајка, еве го :rofl: ми ја дадоа одма да ја гушнам, да полежи малку на мене, и по 5 минутки ми ја земаа. Се смееше докторката Бог да чува она ќути и напнува а ние сме се раскрекале сите да не слушнат:D Бебка ја однесоа а мене ме оставија на бокс до 9 зошто никаде немаше слободен кревет да ме однесат.
    Ме сецнаа доле, сигурно имам некои 5-6 конци од кои и сега не можам да седам на газ.
    Ноќта кај 12 ме станаа, се истуширав и успеав да поспијам малку. Утредента кај 1 ме симнаа кај родилките и дури после 5 часот ми ја донесоа бебка. Вечерта се мачевме да цицаме, немаше мама млеко а башка и позиција за седење не можеше да најде. Многу ме болеше раната, цело време бев бледа и изгубена во просторот со вртоглавици, и хормони до плафон, плачев и се смеев (facepalm) Утредента не пуштија да си одиме, значи сабота околу 00.30-01 примена во болница, во 18.00 породена, во понеделник во 09.00 отпуштена од болница, иако до 13.00 чекавме папирологија да се среди.
    Сега сме домче, се гушкаме, цицаме, мама доби млекце па измеѓу грутките и топлите облоги и одмолзувањето станав и фонтана за млеко :lol: можам да кажам дека дури денес, 5 дена после породувањето почнувам да си доаѓам на себе. И така јас се породив со ниту една болка во стомак, се во половината, дури и кога напнував ко за "какање" мене стомакот не ме заболе туку половината која веќе не ја ни осеќам за моја :whew:. Поздрав од мене и ви посакувам лесен пораѓај на сите :inlove:
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, Dust и 44 други им се допаѓа ова.
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Јас првото на 22 го родив природно без пукање и без сечење. После 3 часа ми го донесоа синко и бев способна да се грижам сама за него. Дури им љубоморев на мм и блиските што славеа без мене. Сега после 14 год ќе ви кажам како ќе поминам за некој месец:D ама сега не сум 22 тукуза малку 37
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, NNA и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    welcome to the club .. така да, ајде малце кураж за нас оснататите староротки :makeup: ;)
     
    На NNA, FreeMind, Bebulleee и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Како староротки Ема?;) ние ќе сме најмлади мамички. Староста според децата:). Со лесно и убави мисли се ќе биде. Поздрав.
     
    На NNA, Annath, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.