Аа добро затоа не ми беше јасно како е можно.. иако и законски можеш да отвориш ама каша попара се направија овие 3 месеци веќе ништо не се знае
Јас вака направив...до 28.04 бев на патолошка, потоа не отворив породилно туку со потврда од матичен ја доставив до работа и си останав дома како дел од мерките си вонреднава. Сега сум до 30 мај безбедна и ако до тогаш не се породам од 1-ви ќе отворам породилно оти на 11-12 јуни ми е термин
Ослободувањето поради бременост и родителство важи додека траат времените мерки ,ане до 30мај додека важи вонредната состојба
Јас за мојот случај си зборев☺️ со вонредната состојба и мерките кои важат , до тогаш може и да се породам па до тогаш велам сум покриена на работа. Здравје боже ќе видиме како ќе биде☺️
Јас и ти сме ист термин и јас ако не се породам на 1ви ќе отворам породилно, не губам многу така да не е цел месец пред термин.
Да јас и ти ептен исто со терминиве, само мислам дека кај мене ќе биде брзо работава инаку вака спадив месец од породилното, кое ќе му значи на бебушко уште време со мама ама пак ќе речам само да сме живи и здрави друго не е важно. Инаку мене не ми дозволија стариот одмор да си го искористам, па затоа вака со потврда и добро излезе
И мене не ми дозволија 9 дена ми пропаднаа за џабе... Да сме живи и здрави ние и да си се олесниме пак ќе си бидеме повеќе од 8 месеци со бебињата и јас се надевам дека брзо ќе биде работата и кај мене али на бебе му е убаво во стомак
Дали некој ке знае да ми каже.За породилно се земаат ли предвид месеците што сум на патолошка,од април сум на патолошка во октомври ми е терминот.Не ми е јасно за породилно која сума ке се исплака
Здраво женски ми требс помош некој ако знае. Бев невработена кога останав бремена и ме пријавија во фирма да плаќам придонеси. Од 13 декември 2019 ме пријавија а термин ми е 29 јули. До тогаш ке имам 7 и пол месеци. Е сега ме интересира до кога да бидам пријавена во фирмата за да можам да земам породилно? Кога би требало да им кажам да ме одјават? Позз
Не сум многу упатена... Дали воопшто ќе ти следува породилно ако те одјават пред да се породиш? Мене ми има логика да си седиш пријавена до крај и после само да си отвориш труднично и откако ќе ти заврши трудничкото да те одјават. Ама може грешам, баш би сакала да слушнам мислења, во обиди за бебе сме и не сум пријавена и јас никаде доколку останам трудна и ја би се пријавила во некоја фирма пример 7 месеци за да зимам породилно.
Цело време додека си на породилно треба да бидеш пријавена. Фирмата нема никакви обврски кон тебе,фондот те плаќа. А законски не смее да те одјави додека си на боледување, во случајов породилно. Така да фирмата би требало да те одјави прв ден кога ќе ти заврши породилното.
Тоа ме интересираше секако немаат обврска кон мене ништо не плаќаат, е кога ке заврши тогаш може да ме одјави. Фала многуу за одговорот
Здраво, дали има некоја мајка што живее и е породена во Австрија? Доколку има Ве молам пишете ми во порака, сакам нешто да прашам. Фала